Хари Потер и Одајата на тајните (видео игра)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Хари Потер и Одајата на тајните
Harry Potter and the Chamber of Secrets
Изработувач(и) Eurocom (PS2, Xbox и GCN верзиите)
Amaze Entertainment (PC и GBC верзиите)
Argonaut Games (PS1 верзијата)
Издавач(и) EA Games/Warner Bros. Interactive
Погон Unreal Engine 1.0
Подлоги PlayStation 2, GameCube, Xbox, PC, PSone, GBA, Mac, Game Boy Color
Датум на издавање СА 14 ноември, 2002
PAL 15 ноември, 2002
ЈПН 23 ноември, 2002
Жанр(ови) Акција, Авантура
Режим(и) Single player
Рејтинзи ESRB: Сите (E)
ELSPA: 3+
OFLC: G

Хари Потер и Одајата на тајните е видеоигра која беше пуштена во продажба во 2002. Беше издадена од Electronic Arts и дистрибутирана од Eurocom за PlayStation 2, Xbox и GameCube платформите. Исто така е дистрибутирана од Amaze Entertainment за PC, Game Boy Advance и Game Boy Color платформите. Оригинална верзија исто така беше создадена за PlayStation 1. Ова исто така е и последната игра за Game Boy Color во САД.


Ликови[уреди | уреди извор]

Забелешка: не се појавуваат сите наведени ликови во одредени верзии на играта.
Име Глас Инфо
Хари Потер Том Атенбороу Храбар дванаесет годишен волшебник. Главниот лик во играта и единствениот со кој може да се управува.
Рон Визли Грег Чилин Најдобриот пријател на Хари, најчесто виден како му помага на Хари да отиде во одредена училница или во кратки инсерти. Тој исто така се преобразува во Креб (не во компијутерската ни во Xbox верзијата) кога Хари се претвора во Гојл.
Хермиона Гренџер Емили Робисон Паметно девојче која ретко може да се види со Хари во најголем дел од играта, освен во инсерти. Таа е скаменета (парализирана) сè до крајот на играта.
Џини Визли Викторија Робинсон Помалата сестра на Рон, која мора да биде спасена од Хари на крајот на играта. IВо PS2, Xbox и GameCube верзиите, Хари исто така мора да најде одредени работи кои таа ги изгубила во дијагоналната уличка.
Фред и Џорџ Визли Џозеф Мекфејден Тие се близнаци, тие исто така се постарите браќа на Рон и Џини. Тие имаат многу мала улога во компијутерската верзија, но во PS2/Xbox/GC верзиите, тие го потсетуваат Хари на flipendo магијата, го учат како да фрла гноми и во Хогвортс тие отвораат продавница во кулата на Грифиндор каде Хари може да купува работи како: смрдливи бомби, неексплозивни балони, епрувети за напивки, Познати Волшебници и Волшебнички карти и alohomora книгата за магии. Продавницата е отворена само ноќе.
Невил Лонгботом / Еден од цимерите на Хари. Несмасно, изгубено момче. Во PS2, Xbox и GameCube верзиите, тој е заробен и Хари мора да ја научи магијата diffindo за да го спаси.
Драко Малфој Даниел Ирвинг Непријател на Хари и трагач на тимот за метлобој на Слитерин, најчесто може да се најде како душка наоколу навечер.
Мрачната Мирта Викторија Робинсон Дух кој живее во женскиот тоалет. Таа е поврзана со легендата на одајата на тајните. Во оваа игра таа е прикажна како мирно, тивко, тажно и уплашено девојче додека во книгата, а поготово во филмот како бунтовно, темпераментно и пискаво девојче.
Албус Дамбладор Џонатан Кид Директорот на Хогвортс. Иако е доста отсутен во поголем дел од играта, тој се појавува во инсерт во кој му кажува на Хари дека тој мисли дека Хари не е наследникот на Слитерент. Тој се појавува на крајот од секој ден да најави кој дом има највеќе бодови.
Професор Снејп Дејвид Кокер Наставникот по напивки во Хогвортс. Познат по строгоста, тој може да се види блиску до неговата училница во занданите.
Професорка Мек Гонагал / Наставничката по преобразување во Хогвортс. Нејзината училница може да се најде на првиот спрат од десната страна.
Професор Флитвик / Наставникот по магии во Хогвортс. Неговата училница се наоѓа на десната страна на вториот спрат.
Професор Локхарт / Наставникот по одбрана од мрачните сили. Неговата училница се наоѓа на третиот спрат.
Хагрид Дејвид Кокер Пола џин пола човек. Пријател на Хари. Тој може да се види во училишниот двор.
Професорка Спраут / Наставничката по Хербологија. Таа предава во стаклените градини, кои се наоѓаат на десната страна од дворот.
Мадам Хуч / Наставничката по летање. Таа држи часови по летање во училишниот тревник и таа секогаш може да се најде таму ако Хари сака да си ги подобри вештините. Присутна само во PS2, Xbox и GBА верзиите.
Оливер Вуд / Капитенот на тимот за метлобој на Грифиндор. Тој го вика Хари да дојде на првиот тренинг во годината и потоа тој може да се најде на стадионот ако Хари посака да си ги подобри своит вештини како трагач во метлобој. Овој лик е присутен само во PS2, Xbox, GBA и PC верзиите на играта.
Перси Визли Џозеф Мекфејден Радар на Грифиндор, постариот брат на фред, Џорџ, Рон и Џини. Перси може да се најде во кулата на Грифиндор во собата за учење навечер, тој не сака да биде вознемируван и ќе го исфрли Хари од собата ако го види или слушне. На жалост, единствениот начин да се дојде до продавницата на Фред и Џорџ е да се помине преку Перси. Овој лик е присутен во PS2, Xbox и GBA верзиите на игрите.
Пивс / Дух кој обожава да прави неред во Хогвортс. Ако Хари налета на него Пивс ќе го става во невољи сè додека Хари не најде начин да се оттргне од него. Овој лик е присутен само во компијутерската верзија на играта.

Останати глумци кои позајмуваат гласови[уреди | уреди извор]

Глас Личност(и)
Стивен Фрај Раскажувач
Шарлот Фаџ 11 ученици
Бен Ејвис 14 ученици