Хари Потер и Затвореникот од Азкабан

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
„Хари Потер и Затвореникот од Азкабан“  
Harry Potter and the Prisoner of Azkaban (Signature Edition).jpg
Оригиналната корица на оваа книга
Автор Џ. К. Рoулинг
Наслов на
оригиналот
Harry Potter and the Prisoner of Azkaban
Илустратор Flag of the United Kingdom.svg Клиф Рајт
Flag of the United States.svg Мери ГрандПри
Земја Flag of the United Kingdom.svg Обединетото Кралство
Јазик Англиски
Серијал Хари Потер
Жанр(ови) Фантазија
Издавач Flag of the United Kingdom.svg Bloomsbury
Flag of the United States.svg Scholastic
Flag of Canada.svg Raincoast
Flag of Macedonia.svg Култура
Издадена Flag of the United Kingdom.svg 8 јули, 1999
Flag of the United States.svg 8 септември, 1999
Страници Flag of the United Kingdom.svg 317
Flag of the United States.svg 435
Flag of Macedonia.svg 370
Претходна Хари Потер и Одајата на тајните
Следна Хари Потер и Пламениот пехар

Хари Потер и Затвореникот од Азкабан (англиски: Harry Potter and the Prisoner of Azkaban) е третиот дел од Хари Потер серијалот книги напишан од Џ. К. Роулинг. Книгата беше издадена на 8 јули, 1999. Книгата се здоби и со 1999 Коста Бук награди и со Брам Стокер награда, а е о предложена и за други награди што ја става книгата меѓу најславните фантастични дела во модерното време.[1] Филм базиран на книгата беше премиерно прикажан на 31 мај, 2004, во ОК и 4 јуни, 2004 во САД.

Содржина[уреди]

Вознемирувачки вести[уреди]

Хари поминува уште едно здодевно лето кај своите роднини Дарслиеви. На големо незадоволство на Хари сестрата на неговиот тетин, Марџ доаѓа на посета. Нејзината арогантност, вообразеност и мислења за родителите на Хари предизвикуваат да тој не сакајќи ја надуе со што таа излетува од куќата. Мислејќи дека ќе биде исфрлен од Хогвортс училиштето за магии и волшебништво решава да замине од кај Дарслиеви и почнува да талка по улиците. Талкајќи забележува црно мисериозно куче кое почнува да ‘ржи, не знаејќи ги вистинските намери на кучето пред него се појавува голем висок автобус. Дознава дека автобусот е таен автобус за волшебници и волшебнички наречен Витешки автобус. Во витешкиот автобус никој не знаејќи дека тој е Хари, му кажуваат за најновата вест во волшебниот свет, ладнокрвен убиец и поранешен следбеник на Лорд Волдеморт избегал од волшебничкиот затвор Азкабан. По непријатните вести оставен е пред „Дупнатиот котел“ каде е пречекан од министерот за магии, Корнелиус Фаџ од кој дознава дека остатокот од летниот одмор ќе помине таму поради сè уште необјаснети причини. Хари поминува забавен распуст и набргу се соединува со Рон и Хермиона. Хермиона решава да си купи мачка која почнува да го излудува Рон и неговиот стаорец Скаберс. Неколку дена пред да започне учебната година Хари наслушува од родителите на Рон дека Сириус Блек всушност избегал од Азкабан за да се одмазди на Хари.

На патот кон Хогвортс во Хогвортс Експрес, Хари, Рон и Хермиона влегуваат во купе во возот во кое има заспан човек покриен со мантил. Дискутирајќи ги неодамнешните настани придружени се од Невил Лонгботом и Џини Визли. Одненадеш возот застанува а во купето на Хари влегува морничаво црно суштество со качулка, а Хари веднаш се онесвестува гледајќи бела светлина и слушајќи пискав женски глас. Кога се разбудува останатите му објаснуваат дека човекот со мантијата е всушност професор во Хогвортс и кога суштеството влегло во купето се насочило кон Хари а човекот отскокнал и промрморел некои зборови и излегла бела светлина. Учебната година набргу започнува, Хари, Рон и Хермиона сега се во третата година која носи повеќе предизвици и повеќе предмети за изучување. Во меѓувреме Хари дознава дека мистериозното суштество во возот се вика Дементор и служи како чувар на волшебничкиот затвор, а оваа година неколку Дементори се поставени околу Хогвортс како чувари на училиштето поради можни напади од Сириус Блек. Дознава и дека суштеставата ја впиваат среќата од човекот и го оставаат да умира во страдање.

Чуварот на имотот, Рубеус Хагрид станува новиот професор по грижа за волшебните суштества, но уште на првиот час со годината на Хари, прекрасниот хипогриф Бакбик поради арогантноста на Мелфој го повредува и Мелфој е пратен во болница, а Хагрид е ставен под лупа на министерството. Човекот од возот, Ремус Лупин, се покажува како новиот професор по одбрана од мрачните вештини и брзо почнува да фаворизира Хари.

Наводи[уреди]

  1. „Honor roll:Fantasy books“. „Award Annals“. 15 август 2007. http://www.awardannals.com/wiki/Honor_roll:Fantasy_books. конс. 15 август 2007. 

Надворешни врски[уреди]