Места во Хари Потер

Од Википедија — слободната енциклопедија

Во склоп на измислениот свет од Хари Потер серијалот, конструирани од Џ. К. Роулинг, постојат измислени локали во улога на клучни места за настаните во нејзините фантастични романи. Овие локации се прикажани подолу, категоризирани според тоа дали се живеалишта, училишта, трговски места или пак владини локации.

Живеалишта[уреди | уреди извор]

Дувлото[уреди | уреди извор]

Домот на Визлиеви, познат како Дувлото (англиски: The Burrow), e сместен во околината на градот Отери Св. Кечпол, близу домовите на семејствата Лавгуд, Дигори и Фосет. Дувлото се користи како главен штаб на Редот на фениксот во Хари Потер и Реликвиите на смртта додека не ја изгуби дадената заштита. Визлиевата куќа има седум ката. Куќата е доста стара и искривена, каде се чини дека само магија ја спречува да не падне. Наспроти бедниот изглед на куќата, за време на првата посета на Хари тој констатира дека таа е една од најдобрите куќи во која некогаш бил, и ја става на второ место по негово најомилено место во светот (по Хогвортс). Добро скриениот расадник служи како квидич терен за Визлиевите момчиња и (тајно) Џини Визли. Вистински квидич топки не смее да се користат во случај да тие избегаат и летнат во соседното нормално село. Голем број на градинарски гноми ползат во градината на Дувлото.

Визлиеви поседуваат еден необичен (можеби и единствен) часовник, приказ на грижата на Моли за благосостојбата на своето семејство. Наместо да прикажува време, на секоја показалка има испишано име на еден од Визлиеви покажувајќи на местото или благосостојбата на соодветната личност; кога Хари пристигнува во Дувлото во Хари Потер и Полукрвниот Принц, за време на војниот замав на Волдеморт, сите показалки се насочени кон „смртна опасност“. Непознато е од каде Визлиеви го имаат овој часовник, иако Моли тврди дека таа не познава никој друг кој поседува ваков часовник.

Литл Хенглтон[уреди | уреди извор]

Литл Хенглтон (англиски: Little Hangleton) е нормално село истакнато како место на потеклото на мајчинските и татковските предци на Волдеморт и како местото каде тој е повратен во својата телесна форма во Хари Потер и Пламениот пехар. Иако селото првпат се појавува во Пламениот пехар, четвртото продолжение од серијата, не е опишано сè до Хари Потер и Полукрвниот Принц, шестото продолжение.

Литл Вингинг[уреди | уреди извор]

Податотека:Littlewhinging.jpg
Литл Вингинг

Литл Вингинг (англиски: Little Whinging), во Сари, Англија, е измислено гратче на југ од Лондон. Роулинг наводно го создала местото да биде учтиво, стереотипично сателитско гратче во лондонската метрополитенска област, како контраст на уникатното и спектакуларно училиште Хогвортс.

Улицата на предачката[уреди | уреди извор]

Уличката на предачката (англиски: Spinner's End), така именувана во македонскиот превод на шестиот роман, е нормална улица, во која се наоѓа куќа која служи како летен дом на Северус Снејп.[1] Опишана е како една од неколкуте улици со идентични тули. Улицата се наоѓа во близина на валкана река, чиј брег е натрупан со отпадоци. Во близина се наоѓа напуштена мелница со висок оџак.

Влезната врата од куќата на Снејп се отвора директно во дневната соба која дава чувство на темна, тапацирана ќелија, содржејќи ѕидови исполнети со книги,[2] излитен мебел и пригушена светлина која доаѓа од лустер со закачена свеќа што виси од таванот. Скриена врата води до тесни скалила. Улицата на предачката првпат се појавува во Полукрвниот Принц, кога Снејп е посетен од Белатрикс Лестрејнџ и Нарциса Малфој. Во Реликвиите на смртта, откриено е дека Снејп живеел на Улицата на предачката како дете и дека Лили и Петунија Еванс живееле во истото гратче.

Училишта[уреди | уреди извор]

Бобатон[уреди | уреди извор]

Бобатон академија за магија
Beauxbatons Academy of Magic
Хари Потер училиште
Основано at least 700 years ago [ХП4]
Директор/ка Олимп Максим
Прво појавување Училиштето никогаш не е прикажано, но ученици од Бобатон се појавуваат во Хари Потер и Огнениот Пехар

Бобатон академија за магија (француски: Académie de Magie Beauxbâtons, англиски: Beauxbatons Academy of Magic) е измислено волшебно училиште, за првпат претставено во Пламениот пехар. Бобатон има историја која датира барем 700 години наназад, кога за првпат започнува да учествува во Тробојот. Иако никогаш не е јасно утврдено, училиштето најверојатно се наоѓа во Франција.

Бобатонските ученици следат строг систем на протокол кога станува збор за нивното однесување кон професорите, кое е забележително различно од тоа во Хогвортс (пр. стоењето кога нивната директорка ќе влезе во просторијата). Училиштето следи и различен испитен систем: во Хогвортс, главните наставни испити се земаат во петта и седма година, додека бобатонските ученици ги полагаат тестовите во шеста година. Во овој поглед, Бобатон споделува сличности со типично француско училиште.

Академијата е сместена во блескава палата. Храната, барем според поранешната ученичка Флер Делакор, е превкусна. Учениците носат сино-сиви свилени униформи. Наместо костими со оклопи, статуи од мраз кои блескаат како дијаманти за време на божиќната сезона се наоѓаат по страните на ходниците во Бобатон. Додека само женски бобатонски ученички се прикажани во филмот, книгите споменуваат дека училиштето има и машки и женски ученици, како доказ за ова тврдење е споменувањето дека, Парвати и Падма Патил (како ученички од Хогвортс) седат на маса полна со бобатонски момчиња на јулскиот бал.

Beaux bâtons на француски буквално значи „прекрасни стапчиња“, а може да се преведе како „чисти волшебни стапчиња“.[3][4][5]

Дармстранг[уреди | уреди извор]

Дармстранг институт за волшебна обука
Durmstrang Institute for Magical Learning
Хари Потер училиште
Основано барем пред 700 години [ХП4]
Директор/ка Игор Каркароф
Прво појавување Локацијата на училиштето никогаш не покажана, но ученици од Дармстранг се појавуваат во Хари Потер и Пламениот Пехар

Дармстранг институт за волшебна обука (англиски: Durmstrang Institute for Magical Learning) е измислено училиште за магии кое првпат е претставено во Пламениот Пехар. Училиштето постои барем 700 години кога за првпат почнува да учествува на Тробојот. Дамблдор ги претставува учениците од Дармстранг како „нашите пријатели од север“. Дармстранговите ученици носат огромни крзна со како крв црвени наметки. Учениците од Дармстранг споменувани по имиња се Бугари.

Дармстранг е познат по ставање нагласок на изучувањето на мрачните вештини. Додека останати училишта за магии во серијалот се ограничуваат до изучување на одбрана од мрачните вештини, дармстранговите ученици всушност ги изучуваат вештините. Во Релквиите на смртта, откриено е дека мрачниот волшебник Гелерет Гринделволд учел во Дармстранг. Тој исто така го изгравирал и симболот на реликвиите на смртта на еден од училишните камени ѕидови. Иако Дармстранг ги предаваат мрачните вештини како дел од нивната наставна програма, изгледа дека не дозволува волшебно експериментирање или тортура, ограничувајќи сè до изучување на теорија. Гринделволд бил изфрлен од Дармстранг поради изведување на такви дела на неговите соученици.

Името „Durmstrang“ е најверојатно алузија од германската фраза Sturm und Drang (Бура и стрес).[6][7][8][9][10]

Хогвортс[уреди | уреди извор]

Дијагоналната уличка[уреди | уреди извор]

Алејата Дијагон (Дијагоналната уличка)
Diagon Alley
Хари Потер локација
Податотека:Diagonalley.jpg
Локација Лондон
Намена Трговска улица/трговски центар
Прво појавување Хари Потер и Каменот на мудроста

Дијагоналната уличка (англиски: Diagon Alley) (игра од зборот „дијагоналност“), позната како алејата Дијагон или Дијагон алејата во македонскиот превод на шестиот роман, е измислена уличка сместена во Лондон. Уличката е пристапна за волшебничкиот свет, за кој е некој вид на економско средиште, но скриено од Нормалните. Како и да е, дозволено им е на Нормалните да влезат во неа ако имаат потреба да ги придружат своите Нормално-родени волшебнички деца. Ако некој волшебник или вештерка има потреба од нешто, шансисите се големи да тоа биде пронајдено токму овде.

Еден од влезовите во уличката може се достигнува пешки со преминување преку Дупнатиот котел. Гостилницата, невидлива за Нормални, лежи некаде покрај лондонскиот автопат Черинг Крос Роуд, помеѓу книжара и продавница за снимани видео записи. За да се влезе во Дијагоналната уличка, мора да се премине преку Дупнатиот котел до задниот двор и да се чукне една тула на ѕидот, која се наоѓа со броење на три нагоре и три преку, трипати. Поради дадената природа на областа, патувањето до и од Дијагоналната уличка најверојатно се прави преку повеќе волшебни начини како материјализирање или со користење на лет мрежата.[11]

DVD-то на Хари Потер и Одајата на тајните вклучува видео „предводена обиколка“ на Дијагоналната уличка, очигледно снимена на оригиналните филмски сцени.

Подем и пад[уреди | уреди извор]

Подем и пад (англиски: Flourish & Blotts, во македонскиот превод на шестиот роман именувано како Брашнавко и дамкавко) продава мношто книги поврзани со магии, вклучувајќи учебници за Хогвортските предмети и други книги од општо магичен интерес. Позади има агол посветен единствено на предвидување, кој вклучува мала маса натрупана со наслови како Предвидувајќи го непредвидливото: Заштитете се од шокови и Скршени топки: Кога претскажувањето излегува грешно. Уште еден мал оддел ја има книгата Смртоносни предзнаци: Што да направите кога знаете дека најлошото доаѓа.

Постави и тантели[уреди | уреди извор]

Постави и тантели (англиски: Twilfitt and Tatting's) е волшебничка продавница за облека сместена на Дијагоналната уличка, спомената во Полукрвниот Принц од Нарциса Малфој, која тврди дека повеќе би купувала таму отколку во продавницата на Мадам Малкин во присуство на Хермиона.

Белешки[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Granger, John (2006). Looking for God in Harry Potter. Tyndale House Publishers. стр. 182. ISBN 1414306342.
  2. Lackey, Mercedes (2006). Mapping the World of Harry Potter. BenBella Books. стр. 50. ISBN 1932100598.
  3. Eccleshare, Julia (2002). A Guide to the Harry Potter Novels. Continuum International Publishing Group. стр. 81. ISBN 0826453171.
  4. Killinger, John (2004). God, the Devil, and Harry Potter: A Christian Minister's Defense of the Beloved Novels. St. Martin's Press. стр. 57. ISBN 0312308698.
  5. Riphouse, Acascias (2004). The Harry Potter Companion. Virtualbookworm Publishing. стр. 443. ISBN 1589395824.
  6. Boyle, Fionna (2004). A Muggle's Guide to the Wizarding World: Exploring The Harry Potter Universe. ECW Press. стр. 203. ISBN 155022655X.
  7. Kirk, Connie Ann (2003). J. K. Rowling: A Biography. Greenwood Press. стр. 88. ISBN 0313322058.
  8. Knapp, Robbin D. (2005). German English Words: A Popular Dictionary of German Words Used in English. Lulu.com. стр. 105. ISBN 1411658957.
  9. Colbert, David (2005). The Hidden Myths in Harry Potter: Spellbinding Map and Book of Secrets. St. Martin's Griffin. стр. 19. ISBN 0312340508.
  10. Whited, Lana A. (2002). The Ivory Tower and Harry Potter: Perspectives on a Literary Phenomenon. University of Missouri Press. стр. 23. ISBN 0826215491.
  11. Предлошка:HP2ref, chapter 4

Поврзано[уреди | уреди извор]