Ема Ватсон

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Ема Ватсон
Emma Watson.jpg
Ватсон потпишува автограми пред Grauman's Chinese Theatre, 2007
Роден(а) Ема Шарлот Дуер Ватсон
15 април 1990 (1990-04-15) (24 г.)
Париз, Франција
Занимање Актерка
Активност 2001 - се уште
Официјална веб-страна

Ема Шарлот Дуер Вотсон (англиски: Emma Charlotte Duerre Watson, родена 15 април 1990) е француско-британска актерка,[1] која се прославила со улогата на Хермиона Гренџер, една од трите главни улоги во филмскиот серијал за „Хари Потер“.

Биографија[уреди | уреди извор]

Вотсон одржувала врска со британскиот играч на рагби Метју Џени, но врската се распаднала на крајот на 2014 година. Потоа, во медиумите се појавиле гласови дека тајно се гледала со британскиот принц Хари. Меѓутоа, во февруари 2015 година, на својот профил на „Твитер“, Вотсон ги демантирала таквите озборувања.[2]

Филмска кариера[уреди | уреди извор]

Вотсон била одбрана да ја глуми Хермиона кога имала само девет години, а претходно имала глумено само во училишни претстави.[3] Од 2001 до 2007 година, таа глумела во пет филма од серијалот за „Хари Потер“, заедно со Даниел Редклиф и Руперт Гринт, а глумела и во последните две продолженија: „Хари Потер и Полукрвниот Принц“ од 2009 година, како и во двата дела од „Хари Потер и Реликвиите на смрта“.[4] За работата во серијалот за „Хари Потер“ Вотсон има добиено неколку награди, а заработила над 10 милиони долари.[5]

Во 2007 година, Ватсон изјави дека учествува во два не-Хари Потер филма: адапцијата на романот Чевли за балет и еден анимиран филм, Приказната на Десперокс. Чевли за балет се прикажуваше на 26 декември, 2007 на публика од 5.2 милиони и Приказната на Десперокс, базиран на приказната на Кејт ДиКамило, се прикажуваше во 2008.[6]

Филмографија[уреди | уреди извор]

Година Наслов Улога
2001 Хари Потер и Каменот на мудроста Хермиона Гренџер
2002 Хари Потер и Одајата на тајните Хермиона Гренџер
2004 Хари Потер и Затвореникот од Азкабан Хермиона Гренџер
2005 Хари Потер и огнениот пехар Хермиона Гренџер
2007 Хари Потер и Редот на фениксот (филм) Хермиона Гренџер
2007 Ballet Shoes (филм) Паулин Фосил
2008 The Tale of Despereaux Принцезата Пеа
2009 Harry Potter and the Half-Blood Prince Хермиона Гренџер
2010 Harry Potter and the Deathly Hallows – дел 1 Хермиона Гренџер
2011 Harry Potter and the Deathly Hallows – дел 2 Хермиона Гренџер
2011 My Week with Marilyn Луци
2012 The Perks of Being a Wallflower Сем
2013 The Bling Ring Ники
2013 This Is the End Хермиона Гренџер
2014 Noah Ила


Референции[уреди | уреди извор]

  1. „Warner Bros. Official site“. (Flash: click appropriate actor's image, click "Actor Bio"). harrypotter.warnerbros.co.uk. http://harrypotter.warnerbros.co.uk/gobletoffire/master/index.html. конс. 2006. 
  2. „За наводната врска со принцот Хари“, Утрински весник, година XVI, број 4718, вторник, 24 февруари 2015, стр. 24.
  3. Emma Watson“, The New York Times (конс. 12 јануари 2008).
  4. Warner Bros. (2007-03-23). "Daniel Radcliffe, Rupert Grint and Emma Watson to Reprise Roles in the Final Two Instalments of Warner Bros. Pictures' Harry Potter Film Franchise". Соопштение за печат.  (консултирано на 2007-03-23)
  5. Stenzhorn, Stefan. „Potter star Watson "rich enough to retire"“, RTÉ.ie Entertainment, 27 јули 2007 (конс. 27 јули 2007).
  6. Gould, Lara. „Hermione Set for BBC Role“, The Sunday Mirror, 5 август 2007 (конс. 6 август 2007).

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Wikiquote-logo.svg
Викицитат има збирка цитати поврзани со: