Индијана Џонс и кралството на кристалниот череп

Од Википедија — слободната енциклопедија
„Индијана Џонс и кралството на кристалниот череп
(Indiana Jones: Kingdom of the Crystal Skull)“
РежисерСтивен Спилберг
ПродуцентФранк Маршал, Денис.Л. Стјуарт Џорџ Лукас, Кетлин Кенеди
СценаристПриказна:
Џорџ Лукас, Џеф Натансон Сценарио: Дејвид Коеп
Главни улогиХарисон Форд
Кејт Бланшет
Карен Ален
Реј Винстон
Џон Херт
Жанравантура
ДистрибутерParamount Pictures
Премиера22 мај 2008
Времетраење124 мин.
Земја САД
Јазиканглиски
Буџет185 000 000 долари
Бруто заработка641 877 155 долари
ПретходенИндијана Џонс: Последната крстоносна војна
СледенИндијана Џонс и артефактот на судбината

„Индијана Џонс и кралството на кристалниот череп“ (англиски: Indiana Jones: Kingdom of the Crystal Skull) — американски авантуристички филм на Стивен Спилберг од 2008 година. Во главната улога се појавува Харисон Форд во улога на археологот и авантуристот Индијана Џонс, а покрај него, во филмот настапуваат и: Кејт Бланшет, Шија Лебаф, Џим Бродбент, Карен Ален и Џон Харт.[1] Продуцент на филмот е Џорџ Лукас. Дејството на четвртиот дел по ред филм од триологијата Индијана Џонс е сместено во 1957 година. Премиерата на филмот во САД како и во Македонија била на 22 мај 2008 година.

Содржина[уреди | уреди извор]

Приказната започнува во пустината Саутвест во 1957 година, во време на Студената војна. Инди (Индијана Џонс) и неговиот помошник Мак едвај ја избегнале блиската средба со советскиот агент. Имено, советските агенти забележале дека на професорот Индијана Џонс едно момче му носи шифрирана порака од стариот колега, професорот Харолд Оксли. Потоа, професорот Џонс се враќа дома, на Маршал Колеџот каде работите одат превртено – неговите неодамни активности го направиле посомнителен, па владата врши притисок врз Маршал Колеџот да го отпушти. На својот пат од градот, Индијана го сретнува младиот бунтовник Мут, кој има интересен предлог за авантурата. Мут е млад бунтовнк, момче кое немало нормално детство, го напуштил училиштето и станал опседнат од мотори. Ако му помогнел во сопствената мисија, би можел да наиде на едно од најспектакуларните археолошки откритија и во минатото – кристалниот череп Акатора, легендарниот објект на фасцинација, празноверие и страв.

Но, патот кон најоддалечениот крај Перу – земјата на древните гробови, заборавените истражувачи и златниот град откриваат дека во својата потрага не се сами. Советските агенти исто така се во жешка потрага по кристалниот череп. Главна меѓу нив е убавата Ирина Спалко (Кејт Бланшет), која го бара кристалниот череп околу светот, верувајќи дека тој може да им помогне на Советите да завладеат со светот. Инди и Мут го пронаоѓаат черепот, но мора да ги избегнат Советите, да се борат со непријателите и да спречат моќниот кристален череп да падне во најопасните раце.

Улоги[уреди | уреди извор]

Глумци Ликови
Харисон Форд Индијана Џонс
Кејт Бланшет Ирина Спалко
Карен Ален Мерион Рејвенвуд
Реј Винстон Џорџ МекХејл
Џон Херт Харолд Оксли
Џим Бродбент Дин Чарлс Стенфорд

Прифаќање од критичарите[уреди | уреди извор]

Според мрежното место Rotten Tomatoes, 79% од критиките на филмот се позитивни, а публиката му доделила нешто помал процент – 66%. Иако многу критичари имаат замерка околу приказната (за која велат дека е неиновативна), за главниот лик и за филмот во целост (San Francisco Chronicle и списанието Rolling Stone го нарекуваат најлошото продолжение досега), сите тие на крајот велат дека го одгледале филмот во еден здив и дека им нуди одговорна доза акција, хумор и романса. И тоа е она што ги привлекува гледачите на овој филм.

Наводи[уреди | уреди извор]