Наусикаа од долината на ветрот

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
„Наусикаа од Долината на Ветрот“
Режирано од Хајао Мијазаки
Продуцент Исао Такахата
Сценарист Хајао Мијазаки
Настапуваат Суми Шимамото]
Горо Наја
Јоџи Мацуда
Јошико Сакаибара
Иемаса Кајуми
Музика Џо Хисаиши
Кинематографија Коџи Ширагами
Монтажа Томоко Кида
Студио Хакуходо
Нибараки
Токума Шотен
Топкрафт
Премиера 4 март 1984
Времетраење 116 минути
Држава Јапонија
Јазик Јапонски

Наусикаа од Долината на ветрот (風の谷のナウシカ Kaze no Tani no Naushika?) е јапонски, пост-апокалиптични аниме филм напишан и режиран од Хајао Мијазаки. Филмот е базиран на неговата манга со исто име. Присутни се еколошки теми и кога беше објавен во 1984 година беше претставен од страна на Светскиот фонд за природата. Иако направен пред основањето на Студио Џибли, Наусикаа од Долината на Ветрот се смета за почетокот на студиото и е често вклучена како дел од делата на Џибли, вклучивајќи ја и DVD колекцијата на истото студио. Меѓу многуте освоени награди и признанија, ја освои и наградата Animage Anime Grand Prix во 1984.

Кратка содржина[уреди]

Во Наусикаа од Долината на Ветрот, светот во кој Наусикаа, принцеза на Долината на Ветрот, живее бил уништен пред 1000 години од страна на Седумте Денови на Огнот. Од тогаш Морето на Гнилеж постепено уништува сè - живо и неживо. Наусикаа се обидува да ја пронајде причината за настанокот и ширењето на Морето на Гнилеж. Со голем напор бара лек за оние кои умираат од токсините кои ги шират растенијата и инсектите во Морето на Гнилеж. Има уште две земји како Торумекиа кои бараат начин како да го уништат Морето на Гнилеж и се спремни да направат сè само да ја постигнат својата цел, вклучувајќи го и воскреснувањето на последниот Бог Воин, еден од вештачките суштества кои го турнаа светот во Седумте Денови на Огнот.

Продукција[уреди]

Кога Токума Шотен го контактирале Мијазаки со цел неговата манга да ја претворат во филм, тој првично ги одбил, но потоа се согласил под услов тој да го режира филмот. Наушикаа е изработена од страна на аниматори најмени само за овој филм и платени од рамка. Еден по-истакнат аниматор е бил Хидеаки Ано, кој подоцна го режираше Neon Genesis Evangelion. Задачата на Ано беше да ги нацрта сцените каде God Warrior напаѓа, нешто што според Тошио Сузики е „поентата на филмот“.