Исао Такахата

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај


Исао Такахата
Роден Дата на раѓање и возраст
Исе, Префектура Мие, Јапонија
Занимање режисер
сценарист

Исао Такахата (高畑 勲 Такахата Исао?, роден на 29 октомври 1935) е јапонски аниме режисер често сметан за еден од најголемите режисери на аниме или јапоснки анимирани филмови кој некогаш живееле. Роден во Уџијамада (денешен Исе), префектура Мие, Јапонија е долгорочен колега на Хајао Мијазаки и ко-раководите во Студио Џибли. Неговите четири анимирани филмови во Студио Џибли опфаќаат извонреден спектар на жанрови: воен филм (Гробот на светулките), романтична драма (Only Yesterday), комедија (Моите соседи Јамада), и еколошка авантура (Пом Поко). Од исте овие, Гробот на светулките е сметан за еден од најдобрите воени филмови некогаш направени од страна на Роџер Еберт.

По дипломирање од Универзитетот за француска литература во Токио во 1959, Такахата се придружи на ново-основаната компанија за анимирани филмови Тоеи Дога, каде после кратко време се запозна со Мијазаки, и го режираше својот прв долгометражен филм Hols: Prince of the Sun. По финансискиот неуспех на филмот, луѓето во компанијата ги избегнувале Мијазаки и Такахата. Заради тоа двајцата го напуштиле студиото со цел да работат заедно и соробатувале на многу други филмови. За разлика од други аниме режисери, Такахата не црта и никогаш не е работел како аниматор пред да стане полноправен режисер.

Според Хајао Мијазаки „Музиката и учењето се неговото хоби“.

Филмови режирани од Исао Такахата[уреди]