Аниме

Од Википедија — слободната енциклопедија
Википе-тан

Аниме (јапонски: アニメ) — стил на анимација што потекнува од Јапонија. Аниме најчесто се прикажува на телевизија, или се продава на ДВД после нивното прикажување. Понекогаш и видеоигрите наменети за компјутер или за разните играчки конзоли содржат делови или сцени што би можеле да се окарактеризираат како аниме.

Некои манга-стрипови што заслужиле со својата оригиналност, приказна и начин на цртање, кој едноставно мора да се види, се адаптираат во аниме во соработка со оригиналниот автор на мангата. На ист начин се развиваат и компјутерските игри. Често, заради подобар ефект, мангата и анимето со исти ликови, имаат ист почеток, но во даден момент приказната скршнува во друг правец, па и завршува поинаку. Најчесто, ако значи дека е емитувана последната епизода од аниме серијата, не значи дека е издадена последната глава од манга стрипот. Некогаш меѓу нив има години разлика. Кон популарните аниме наслови често се приклучуваат и долгометражни цртани филмови кои добиваат продолженија, негокаш и дури 13 дела во случајот со Dragon Ball, а понекогаш и играни филмови и телевизиски програми.

Познати аниме се: Dragon Ball, Naruto, My Hero Academia, Attack on Titan, Death Note, Bleach, Fairy Tail и др.