Линукс

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Оваа статија се однесува на оперативниот систем ГНУ/Линукс. За јадрото Линукс, видете Линукс (јадро).


Такс, маскотата на Линукс

Линукс (познат и како ГНУ/Линукс) е јадро т.е. кернел за оперативен систем. Започнат е како хоби проект на Линус Торвалдс во 1991, а со помош на огромен број програмери од целиот свет, денес е еден од најпознатите примери за Слободен софтвер. Терминот Линукс се однесува стриктно на Линукс кернелот, но денес често се користи за да се опише целиот оперативен систем, кој е всушност комбинација на Линукс кернелот и ГНУ алатките. Оттаму, фер и правилно e користењето на терминот „ГНУ/Линукс“ во контекст на оперативниот систем во целост. Постојат повеќе од 300 различни дистрибуции на ГНУ/Линукс. На почетокот Линукс бил развиван и користен од страна на ентузијасти. Од тогаш па наваму како алтернатива на неслободните Unix и Microsoft Windows, Линукс ја има добиено поддршката на неколку од мамутите во индустријата за информатичка технологија како што се IBM и Hewlett-Packard. Линукс исто така станува сè попопуларен како оперативен систем за работни станици (работна површина). Аналитичарите го препишуваат овој успех на независноста од компаниите, ниската цена за имплементација, безбедноста и стабилноста.