Вуди Ален

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Woody Allen

Allen at the 2009 premiere of Whatever Works
Роден(а) Allen Stewart Konigsberg
декември 1 1935 (1935-12-01) (78 г.)
Brooklyn, New York, U.S.
Народност Jewish
Занимање Actor
Director
Screenwriter
Comedian
Musician
Playwright
Активен период 1950–present
Сопружник Harlene Rosen (1954–1959)
Louise Lasser (1966–1969)
Soon-Yi Previn (1997–present)
Роднини Letty Aronson (sister)

Ален Стјуарт Кенигсберг, познат како Вуди Ален, е американски сценарист, режисер, актер, комичар, џез музичар, автор и драматург.

Разновидните специфични филмови - од драми до ексцентрични секс комедии, динамиката на творењето и обемната работа го прават Вуди Ален значаен американски режисер.

Вуди Ален ги пишува, режира, а во повеќето од своите филмови и глуми. Тој, меѓу другото, испирацијата ја црпи од литературата, сексот, филозофијата, психологијата, еврејскиот идентитет и историјата. Вуди Ален е реномиран џез кларинетист кој уште во раните години покажал интерес кон музиката којa започнувајќи како обична тинејџерска пасија кулминира со редовни јавни настапи на разни мали собиралишта во неговото родно место, Менхетн, и повремени појавувања на разни џез фестивали.

Настапите на Вуди Ален со Презервејшн Хол Џез Бенд и Њу Орлеанс Фјунерал Гегтајм Оркестра ја донеле филмската музика во неговата комедија „Слипер“, а настапите на една ретка Европска турнеја во 1996 година е тема на документарниот филм „Вајд Мен Блуз“.

Ран живот[уреди]

Вуди Ален е роден во Њујорк, син на Нети (моминско име Чери; 8. ноември 1906 година - 27. јануари 2002 година), сметководителка во семејната продавница за деликатеси, и Мартин Кенигсберг (25. декември 1900 година - 13. јануари 2001 година), келнер и изработувач на накит. Израснал во еврејско семејство, неговите баба и дедо биле имигранти кои зборувале германски и јидиш. Неговите родители израснале во Долен Ист Сајд, Менхетн. Лети, сестрата на Вуди Ален, е родена во 1943 година и израснала во Мидвуд, Бруклин. Тој немал многу среќно детство. Неговите родители не се согласувале и имал тежок однос со мајка му, која била строга и темпераментна. Во своите рани години, Ален зборувал јидиш и осум години посетувал еврејско училиште. Потоа, почнал да го посетува Јавното училиште 99 (сега Исак Асимов - школа за наука и книжевност) и средното училиште Мидвуд. Во тоа време, Ален живеел во стан на 1402 Авенија К, помеѓу Ист 14-та и 15-та Стрит. Иако е комична личност, Вуди Ален повеќе го интересирал бејзболот отколку училиштето, а неговите остри раце осигурувале да биде меѓу првите избрани во тимот. Тој ги импресионирал своите соученици со трикови со карти и магионичарските таленти. Пишувал вицови и шеги за да собере пари, ги давал на агентот Дејвид О. Албер кој ги продавал на колумнисти во весници. Според Ален, неговиот прв објавен виц гласи: „Вуди Ален вели дека ручал во ресторан со Б.С.Ц. Цени - безобразно скапи, циркусантски цени“ (Б.С.Ц. - Биро за стабилизација на цените). Почнал самиот да се нарекува Вуди Ален. Тој бил исклучително талентиран млад комичар. Подоцна се шегува дека кога бил млад често бил праќан во летни меѓуверски кампови каде што деца од сите раси и вери немилосрдно го тепале. На 17 години законски го сменил името во Хејвуд Ален. Тој веќе заработувал повеќе од неговите родители заедно. По средното училиште, го посетувал Универзитетот Њујорк каде што студирал комуникација и филм, кратко време го посетувал колеџот „Сити“ во Њујорк, но брзо се откажал и подоцна се стекнал со знаењето самостојно. Најпосле, тој предавал во Новото Училиште (Њујорк). Исто така, учел со професорот по творештво Лајош Егри.

Кариера[уреди]

Автор на комедии[уреди]

По неуспешните обиди да студира, Вуди Ален станал редовен писател за Херб Шринер, првично заработувајќи 75 долари неделно. На 19 години започнал да пишува сценарија за „Ед Суливан Шоу“, „Тунајт Шоу“, за специјалните изданија на „Сид Цезар“ по-„часот на Цезар“ (1954-1957 година), и други телевизиски емисии. Додека работел за „Сид Цезар“, Вуди Ален заработувал 1500 долари недело. Работејќи таму, Вуди Ален соработувал со Дени Симон, кој имал придонес во изградбата на стилот на пишување на Ален. Во 1961 година, Ален започнува нова кариера како стенд-ап комичар дебитирајќи во клуб во Гринвич Вилиџ наречен „Дуплекс“. Примероци од стенд-ап изведбите на Ален може да се чујат на албумите „Години на Стенд-ап комичар“ и „Ноќни клубови“ 1964–1968 (вклучувајќи ја и класичната изведба насловена „Д Мус“ (Лосот)). Ален пишувал за популарната телевизиска емисија „Кандид Камера“ (скриена камера)каде што и се појавил во неколку епизоди. Ален, заедно со неговите менаџери, развил невротичен, нервозен и интелектуален лик во своите стенд-ап изведби, што било успешен потег кој обезбедил редовни изведби во ноќните клубови и на телевизија. Ален започнал со пишување на раскази и стрипови за списанија како „Њујоркер“. Тој ја модернизирал темата инспирирана од традицијата на С.Ј. Перелман, Џорџ С. Кофман, Роберт Бенчли и Макс Шулман, четворицата истанкати комичари на „Њујоркер“. Ален е успешен автор кој има издадено четири збирки кратки дела и драми. Тоа се ,„Израмнување на сметките“, „Без пердуви“, „Несакани дејства“ и „Чиста анархија“. Неговите први прозни дела се под силно влијалие на будалестиот хумор полн со игри на зборови на С.Ј. Перелман. Ален внел значајна иновативност во жанрот на комичниот монолог и неговата стенд-ап комедија се смета за многу влијателна.

Драматургија[уреди]

Вуди Ален станал и успешен драматург на Бродвеј и во 1966 година ја напишал „Водата не е добра за пиење“ во која глумеле Лу Џејкоби, Кеј Медфорд, Анита Гилет, и Ентони Робертс кој воедно е и идниот филмски партнер на Ален. Филмската адаптација на драмата во режија на Хауард Морис била промовирана во 1969 година, а во неа глуми Џеки Гилсон. Бидејќи Ален не бил задоволен со филмската верзија на неговата драма, тој во 1994 година режирал трета телевизиска верзија во која глумел заедно со Мајкл Џ. Фокс и Меим Бајалик. Тој глумел и во следната негова драма на Бродвеј, „Засвири ја уште еднаш, Сем“. Претставата била промовирана на 12. февруари 1969 година и била изведувана 435 пати со Дијана Китон и Ентони Робертс во главните улоги. Ален, Китон и Робертс повторно ги играат улогите и во филмската верзија на драмата режирана од Херберт Рос. Ален се најшол на насловната страна во изданието од 21. Мај на Магазинот „Лајф“. Тој има напишано неколку драми од еден чин кои опфаќаат добро познати Аленови теми, вклучувајќи ги „Риверсајд Драјв“ и „Олд Сејбрук“.

Рани филмови: Комедија без облик[уреди]

Сите Аленови рани филмови биле комедии без облик како оние на Браќата Маркс. Како и сите чисти комедии така и неговите имале прост заплет и биле изградени од комична конструкција, постојани невербални, кратки шеги и фарси. Првиот филм на Вуди Ален е „Што има ново, маче?“ 1965 година, продукција на Чарлс К. Фелдмен. Ален го напишал првичното сценарио за филмот. Ворен Бити го најмил Ален да го измени сценариото и да се појави во краток дел од филмот, но за време на измените улогата на Бити се намалувала додека Аленовата се зголемувала. Вознемирен, Бити се откажал од продукцијата. На местото на Бити најмен бил Петар О Тул, а улога добил и Петар Селерс. Селерс бил доволно голема ѕвезда за да ги бара најдобрите сцени и редови што барало брзи измени во сценариото. Со ова Ален ја согледал важноста да се има контрола врз своите текстови. Имајќи предвид дека повеќето негови филмови не заработуваат многу и малите суми на пари кои неговите продуценти успеваат да ги соберат дотолку што Ален бара од своите актери да работат за доста помали плати, тој е еден од ретките писатели и режисери кој успеваат да имаат контрола врз својата работа.

Првата режисерска работа на Ален е „Што има, Тајгер Лили?“ (1966 година, напишана во соработка со Мики Роуз), земајќи го веќе постоечкиот јапонски шпионски филм - „Кокусаи Химицу Кејсатцу: Каги но каги“ (1965 година), „Интернационална тајна полиција: Клуч на клучовите“ - претставува англиска синхронизација на филмот од Ален и неговите пријатели со нов комичен дијалог.

Ален се појавува и во продолжението на Фелдмен, „Што има ново маче“, пародијата на Џемс Бонд „Казино РОјал“. Голем број на писатели придонеле кон остварувањето на филмот, но Ален повторно е автор на својот дел од сценариото иако тоа не било дадено во завршните кредити.

Ален го напишал, режирал и глумел во „Грабни ги парите и бегај“ во 1969 година. Истата година глумел и во своето специјално шоу, „Вуди Ален Спешл“. На шоуто изведувал стенд-ап комични рутини пред публика и глумел во скеч со Кендис Берген во кој тие се појавуваат голи, но камерата не ги покажува нивните голи тела. На специјалното шоу се појавиле и вокалната поп група 5та димензија кои ги извеле своите хитови „Воркинг он а груви тинг“ и „Вединг бел блуз“. Либи, спонзорот на шоуто, емитувала комични реклами во кои глумел Тони Рандал како декектив. Во периодот од 1971 до 1975 година Вуди Ален ги режирал и глумел во "Банани", "Сè што секогаш сте сакале да знаете за сексот (Но сте се плашеле да прашате)", "Слипер" и "Љубов и Смрт". "Грабни ги парите и бегај" и "Банани" ги напишал во соработка со неговиот пријател од детството Мики Роуз.

Софистицирани комедии во стилот на Лубич[уреди]

По првичните чисти комедии следејќи ја традицијата на Браќата Маркс, Ален се префрлил на софистицирани комедии во стилот на Лубич воведувајќи заплет на местото на простите комични конструкции. Ален се решил за овој жанр во последователната кариера. Тој ја напишал и глумел во филмската верзија на „Засвири ја уште еднаш, Сем“, режирана од Херберт Рос во 1972 година. Вуди Ален глумел и во „Фронтот“ (режиран од Мартин Рос) во 1976 година, филмот е хумористична и потресна претстава на холувидската црна листа во 1950-тите години. Во 1977 година филмот „Ени Хол“ освоил четири „Оскар" награди меѓу кои награда за најдобар филм и најдобра актерка во главна улога за Дајан Китон. „Ени Хол“ ги поставува стандардите за модерните романтични комедии, а уникатната облека во која Дајан се појавува во филмот започнала мал моден тренд (машката облека како што е вратоврската и волениот џемпер кој всушност бил на Дајана). Додека филмот сеуште бил во изработка, го носел насловот „Анхедонија“, што значи неспособност да се чувствува задоволство, а заплетот бил мистериозно убиство. Навидум, тој заплет не бил доволен (подоцна бил искористен за филмот „Мистериозно убиство во Менхетн“), Ален по продукцијата го монтирал филмот да се фокусира на романтичната комедија помеѓу карактерот на Ален, Алви Сингер и карактерот на Китон, Ени Хол. Во новата верзија под името „Ени Хол“ (именувана по Китон, нејзиното презиме Хол и прекарот Ени) заплетот сè уште е за неспособноста да се чувствува задоволство. Филмот е на 35-то место од 100-те најдобри филмови на „Американскиот филмски институт“, а 4-то место од 100-те најдобри комедии на „АФИ“. Филмот „Менхетн“, снимен во 1979 година е црно бел и може да се смета како омаж за Њујорк. Како и во повеќето Аленови филмови, протагонистите се од повисоката класа на академици. Иако ги исмева претенциозните интелектуалци, приказната е преполна со нејасни референци што ја прави помалку достапна за општата публика. Црно белите мислења на церебралните ликови од Менхетн се карактеристика на многу Аленови филмови вклучивајќи ги и „Злосторства и престапи“ и „Ени Хол“. Заплетот во „Менхетн“ е насочен кон комплицираните односи помеѓу средовечниот Исак Дејвис (Вуди Ален) и 17 годишната Трејси (Мариел Хемингвеј).

Во периодот меѓу „Ени Хол“ и „Менхетн“, Ален ја напишал и режирал мрачната драма „Ентериери“ (1978) во стилот на покојниот шведски режисер Ингмар Бергман кој значително влијаел врз Ален. „Ентериери“ претставува значително отстапување од Аленовите „првични, смешни“ комедии (цитат од „Спомени Ѕвезден прав“ во 1980-тите).

1980-тите[уреди]

Аленовите филмови, па дури и комедии, од 1980-тите години имаат сериозен и филозофски призвук. Некои од нив се дела создадени под влијание на европски режисери, особено Ингмар Бергман и Федерико Фелини. „Септември“ наликува на Бергмановиот филм „Есенска соната“, исто така Ален користел многу елементи од Бергмановиот филм „Диви јагоди“ во „Друга жена“. Слично на тоа, класичниот филм на Федерико Фелини „Амаркорд“ бил силна инспирација за „Радио денови“. Во приказната на „Спомени Ѕвезден прав“ се раскажува за успешниот режисер Сенди Бејтс, игран од страна на Вуди Ален, кој изразува незадоволство и презир кон своите обожаватели. Во жалост за неодамна починатиот пријател, карактерот вели: „Повеќе не сакам да пишувам смешни филмови“ и понатаму во филмот разни карактери (вклучувајќи и вонземјани) му кажуваат на Бејтс дека ги ценат неговите филмови, особено првичните, смешни филмови. Ален верува дека ова е еден од неговите најдобри филмови.

Вуди Ален комбинира трагични и комични елементи во филмовите „Хана и нејзините сестри“ и „Злосторства и престапи“, во кои раскажува две приказни кои се поврзуваат на крајот. Тој, исто така, ја продуцирал карактеристичната трагикомедична пародија на документарниот филм „Зелиг“. Тој направил три филма за шоу бизнисот: „Бродвеј Дени Роуз“, во кој игра улога на њујоршки шоу бизнис агент, „Пурпурната роза на Каиро“, филм кој ја претставува важноста на киното за време на депресијата преку ликот на наивната Сесилија, и „Радио денови“, филм за Аленовото детство во Бруклин и важноста на радиото. „Пурпурната роза на Каиро“ бил прогласен за еден од стоте најдобри филмови на сите времиња од страна на списанието „Тајм магазин“, а Ален го опиша како еден од неговите три најдобри филмови заедно со „Спомени Ѕвезден прав“ и „Меч поен“. (Ален ги дефинира како „најдобри“ не во смисла на квалитет, туку дека се најблиску до оригиналната замисла.) Во 1989 година, Ален го снимил филмот „Њујорк сторис“ кој претставува антологија за њујорчаните во соработка со режисерите Френсис Форд Копола и Мартин Скорсезе . Аленовиот расказ „Едипов комплекс“ е за еден невротичен адвокат и неговата мајка. Неговиот расказ ги задоволил критичарите, а филмот доживеа огромен успех.

1990-тите[уреди]

Во црно белиот Филм „Сенки и магла“ (1992) на Вуди Ален кој е снимен во чест на германските експресионисти се среќава музиката на Курт Веил. Потоа, Ален ја напишал критички поддржаната драма „Сопрузи и сопруги“ (1992) која добила две номинации за Оскар: Џуди Дејвис за најдобра споредна женска улога и Вуди Ален за најдобро оригинално сценарио. Филмот „Мистериозно убиство во Менхетн“ (1993) кој е комбинација на неизвесност и црн хумор го означи враќањето на Дајан Китон, Алан Алда и Анџелика Хјустон. Тој им се врати на поведрите филмови со филмот „Куршуми над Бродвеј“ (1994) со кој се здоби со номинацијата за најдобар режисер, проследен со музичката комедија „Сите велат - те сакам“ (1996). Сцените со пеење и танцување во „Сите велат - те сакам“ се многу слични на оние од музичките комедии во кои глумат Фред Естер и Џинџер Роџерс. Комедијата „Моќната Афродита“ (1995), во која голема улога игра грчката драма, и донесе Оскар на Мира Сорвино. Џез Комедијата-драма „Свит енд Лоудаун“ исто така доби две номинации за оскар: Шон Пен (најдобар актер) и Саманта Нортон (најдобра споредна женска улога). Кон крајот на деценијата, Ален им врти грб на поведрите филмови и се концентрира на помрачните сатири во „Деконструирајќи го Хари“ (1997) и „Селебрити“ (1998). Единственото „појавување“ на Ален во ситуациска комедија до сега (2009) е телефонскиот разговор во епизодата „Вечера со Вуди“ од комедиската програма „Слободни стрелци“. Во оваа епизода програмата оддаде признание на дел од филмовите на Ален. Ален го даде и гласот на главниот лик од анимираниот филм „Мравки“ (1998) во кој игра улога слична на неговите претходни невротични улоги задно со многу актери со кој работел и претходно.

2000-тите[уреди]

Првиот филм на Ален во соработка со „Дримворкс“ студиото „Ситни измамници“ (2000 година) (римејк на комедијата „Кражба“ (1942) на С.Џ. Перелман, во која глуми Едвард Г. Робинсон) претставува промена во насока каде Ален почнува да дава повеќе интервјуа и прави обид да се врати на своите корени на фарсата. „Ситни измамници“ имаше помал финансиски успех со заработувачка од повеќе од 17 милиони долари на домашниот пазар, но следите четири филмови забележале огромен успех вклучувајќи го и најскапиот филм на Ален, „Клетвата на килибарната скорпија“ (со буџет од 26 милиони долари).

„Холивудски крај“, „Уште нешто“ и „Мелинда и Мелинда“ добиле неповолна критика од веб страната за филмски критики „Ротен Томејтос“ и имале заработувачка од по 5 милиони долари на домашниот пазар. Некои критичари тврделе дека по „Свит енд Лоудаун“ филмовите на Ален се лоши и дека времето на Ален поминало. Други критичари се поблаги. Роџер Ербет пишува критирајќи го малку саканиот „Мелинда и Мелинда“: Не можам да го отстранам сомнежот дека филмовите на Вуди би имале подобар прием ако предходно немаше направено филм или секој негов филм е Санденс деби. Неговиот углед не е ајкула на суво, туку албатрос кој Ален со восхитувачка економичност има наредено критичарите да го носат на својот грб. Вуди Ален му даде мала улога на својот кумашин Квинси Роуз во „Мелинда и Мелинда“. Тој беше избран за соработник на Американската академија на науките и уметностите во 2001 година. „Меч Поен“ (2005) е еден од најуспешните филмови на Ален во изминативе 10 години, и има добиено генерално позитивни критики. Дејствието се случува во Лондон, а во него глумат Џонатан Рајс Мајерс и Скарлет Јохансон. Овој филм е значително помрачен од првите четири филмови во сорабтка со филмското студио Дримворкс СКГ. Во „Меч Поен“, Ален го поместува својот фокус од њујоршката интелектуална висока класа на лондонската богата висока класа. Филмот заработил повеќе од 23 милиони долари на домашниот пазар (повеќе од било кој од неговите филмови во последните 20 години) и над 62 милиони долари на меѓународниот пазар. „Меч Поен“ му ја донесе првата номинација за Оскар на Ален по номинацијата за најдобро оригинално сценарио во 1998-та година. Тој исто така доби и номинации за „Златен Глобус“ за пишување и режирање кои се првите номинации за „Златен глобус“ од 1987-та година. Ален изјавил дека тоа е најдобриот филм кој го направил во интервјуто за магазинот „Премиер“.

Ален се врати во Лондон да го сними филмот „Сензација“ во кој глумат Јохансон, Хју Џекмен, Иан Мекшејн, Кевин Мекнели и самиот тој (кој останува да биде последен филм во кој Ален глуми). Филмот бил премиерно прикажан на 28. Јули 2006 год. и добил мешани критики. Тој во Лондон го сними и „Сонот на Касандра“. „Сонот на Касандра“ премиерно бил прикажан во Ноември 2007 година, а во него глумат Колин Фарел, Јуан Мекгрегор и Том Вилкинсон. По завршувањето на третиот филм во Лондон, Ален оди во Шпанија. Тој направил договор да го сними „Вики Кристина Барселона“ во Авилес, Барселона и Овиедо. Снимањето започна на 9 Јули 2007 год, а во него глумат Скарлет Јохансон, Хавиер Бардем, Ребека Хол и Пенелопе Круз. Зборувајќи за тамошното искуство, Ален вели: Возбуден сум што ја имам можноста да работам со Медиапро и да снимам филм во Шпанија, земја која ми стана драга. „Вики Кристина Барселона“ доби добри критики и освои „Златен глобус“ за најдобра музичка комедија, а Пенелопе Круз доби Оскар за најдобра споредна женска улога.

Ален вели дека „преживува“ на европскиот пазар. Европската публика се покажала отворена кон неговите филмови, посебно во Италија, Шпанија и Италија каде публиката е масовна (нешто со што се шегува во „Холивудски крај“). „Многу работи се променија во САД, сега е многу потешко да се направи добар краток филм“, вели Ален во интервју во 2004 година. „Лакомите студиа не ги интересира добар филм - двојно се посреќни ако дојдат до добар филм, но нивната цел се комерцијалните филмови. Ги сакаат само филмовите кои чинат 100 милиони долари, а заработуваат 500 милиони долари.“

Во Април 2008 година Ален започна со снимање на филм наменет за постарата публика во кој глумат Лери Дејвид, Патриша Клаксон и Еван Рејчел Вуд. Премиерата на „Што и да функционира“ била во 2009 година. Филмот е опишуван како црна комедија и ја следи приказната за неуспешен обид за самоубиство кој преминува во љубовен триаголник. Ален го напишал сценариото за „Што и да функционира“ уште во 1970-тите и улогата на Лери Дејвид била првично предвидена за Зеро Мостел кој починал истата година кога филмот „Ени Хол“ искочил.

2010-тите[уреди]

Во филмот „Ќе сретнеш висок црн странец“ снимен во Лондон во Јули 2009 година глумат Антонио Бандерас, Џош Бролин, Ентони Хопкинс, Анупам Кхер, Фрида Пинто и Наоми Вотс. Премиерата театрално се одржала на 23 септември 2010 година во САД. Во мај 2010 година бил прикажан на Канскиот филмски фестивал, а на 12 септември 2010 година бил прикажан на меѓународниот филмски фестивал во Торонто. Ален изјави дека следниот филм ќе го носи насловот „Полноќ во Париз“, а во него ќе глумат Адриен Броди, Овен Вилсон, Марион Котилард, Рејчел Мекадамс, Кети Бејтс, Мајкл Шин и првата дама на Франција Карла Бруни. Приказната на филмот следи семејство на службено патување во Париз вклучувајќи и млад брачен пар чии животи ќе се променат. Филмот дебатирал на Канскиот филмски фестивал на 12 мај 2011 година. Ален за време на конференцијата за печатот изјавил дека сака „емоционално“ да го прикаже градот. „Сакав да биде онака како што јас го гледам Париз - Париз низ моите очи“, додаде тој.

Следниот филм на Вуди Ален „Боп ДеКамерон“ е комедија која ќе се снима во Рим. Промоцијата е закажана во 2012 година. Филмот ќе го означи враќањето на Ален пред камерата по неговата последна улога во филмот „Сензација“.

Идни проекти[уреди]

Ален со години сака да направи филм за почетоците на џезот во Њу Орлеанс. Филмот под привремениот наслов „Американскиот Блуз“ ќе ги следи крајно различните кариери на Луј Армстронг и Сидни Бекет. Вуди изјави дека овој филм би чинел меѓу 80 и 100 милиони долари и затоа веројатно нема да биде снимен.

На 18 мај 2011 година најавија дека Вуди Ален ќе изведува серија на едночинки на Бродвеј под името „Условно кажано“ во соработка со Елејн Мај и Итан Коен. Џон Тортуро е на листата за да ги режира овие три мали драми. Предпремиерата на „Условно кажано“ ќе се одржи во септември, а премиерата е закажана за октомври 2011 година.

Еминентност во филмскиот свет[уреди]

Во текот на својата кариера, Ален се здобил со голем број на признанија и награди на филмски фестивали и годишни национални филмски доделувања на награди кои му оддаваат признание како режисер, сценарист и актер. Ален намерно ги повлекува своите филмови од можноста да се земат предвид за потенцијален добитник со тоа што премиерно ги претставува надвор од конкуренцијата на филмските фестивали.

  • Аленовиот филм „Ени Хол“ доби четири „Оскар“ награди во 1977 вклучувајќи ја и наградата за најдобар филм.
  • Ален ја доби „О. Хенри“ наградата за неговиот кус расказ под наслов „Кугелмас Епизода“ објавен во „Њујоркер“ на 2 мај 1977 година.
  • Два пати ја доби наградата „Цезар“ за најдобар странски филм, прв пат за филмот „Менхетн“ во 1980 година и втор пат за филмот „Пурпурната роза на Каиро“ во 1986 година. Седум други негови филмови имаат добиено номинации за наградата.
  • Во 1986 година доби „Златен глобус“ за најдобро сценарио за филмот „Пурпурната роза на Каиро“, а во 2009 година ја доби истата награда за најдобар филм за музичката комедија „Вики Кристина Барселона“. Тој бил и четири пати номиниран за најдобар режисер, четири пати за најдобро сценарио и два пати за најдобар актер (музичка комедија).
  • Во 1995 година Ален ја доби наградата „Златен лав“ за животно дело на Венецијскиот филмски фестивал.
  • Вуди Ален доби награда за животно достигнување од американското Здружение на режисерите во 1996 година.
  • Во 2002 година Ален се здоби со наградата „Принц од Астурија“, а подоцна во Овиедо, Шпанија подигнаа статуа на Ален во природна големина.
  • Во 2002 на Канскиот филмски фестивал година на Вуди Ален му беше доделена наградата „Златна палма“ за животно дело. Единствено тој и Ингмар Бергман ја примиле оваа награда.
  • Во анкетата „Комичарот на комичарот“ во 2005 година, Вуди Ален беше изгласан од колегите комичари за третиот најкомичен акт на сите времиња.
  • Ален ја доби титулата почесен доктор на науки на универзитетот Помпеу Фабра во Барселона, Шпанија во Јуни 2007 година.

„Оскар“ награди[уреди]

Вуди Ален три пати ја добил наградата „Оскар“, а бил номиниран вкупно 21 пат: четири како сценарист, шест како режисер и еднаш како актер. Тој има повеќе „Оскар“ номинации од кој било друг писател, сите во категоријата - најдобро оригинално сценарио. Тој се смета за петтиот најдобар на сите времиња со шест номинации за најдобар режисер. Актерите кои глумеле за него редовно добиваат награди или номинации за нивната работа во Аленовите филмови, особено во категоријата најдобра споредна улога. Филмот „Ени Хол“ освои четири „Оскар“ награди (за најдобар филм, најдобро сценарио, најдобар режисер и за најдобра актерка). „Ени Хол“ доби и петта номинација за Вуди Ален како најдобар актер. „Хана и нејзините сестри“ освои три: за најдобро сценарио, за категориите најдобра споредна машка и најдобра споредна женска улога; а беше номиниран во четири други категории вклучувајќи ги најдобар филм и најдобар режисер. И покрај пријателските признанија од „Оскарите“, Ален и понатаму одбива да присуствува на церемонијата или воопшто да ги препознае победите. Тој само еднаш се има појавено на „Оскар“ доделувањата. Во 2002 година се појави ненајавен за да ги замоли продуцентите да продолжат да ги снимаат своите филмови во Њујорк по 9-11 нападите со зборовите: „Ништо не треба да претставам, ништо не треба да прифатам. Само морав да зборувам за Њујорк.“ Публиката стана и ракоплескаше, а потоа Вуди најави монтажа од видео клипови за Њујорк.

  • Пет актери имаат добиено шест „Оскар“ награди за нивната работа во филмовите на Ален: Дајан Китон (најдобра актерка, „Ени Хол“), Мајкл Кејн (најдобра споредна машка улога, „Хана и нејзините сестри“), Даен Виест (најдобра споредна женска улога, „Хана и нејзините сестри“ и „Куршуми над Бродвеј“), Мира Сорвино (најдобра споредна женска улога, „Моќната Афродита“) и Пенелопе Круз (најдобра споредна женска улога, „Вики Кристина Барселона“).
  • Десет актери имаат добиено номинации за „Оскар“ за нивната работа во филмовите на Ален: Вуди Ален (најдобар актер, „Ени Хол“), Џералдина Пејџ (најдобра актерка, „Ентериери“), Мартин Ландау (најдобра споредна машка улога, „Злосторства и престапи“), Чез Палминтери (најдобра споредна машка улога, „Куршуми над Бродвеј“), Морин Стаплтон (најдобра споредна женска улога, „Ентериери“), Мариел Хемингвеј (најдобра споредна женска улога, „Менхетн“), Џуди Дејвис (најдобра споредна женска улога, „Сопрузи и сопруги“), Џенифер Тили (најдобра споредна женска улога, „Куршуми над Бродвеј“), Шон Пен (најдобар актер, „Свит енд лоудаун“) и Саманта Мортон (најдобра споредна женска улога, „Свит енд лоудаун“).

БАФТА[уреди]

Ален е добитник на голем број на БАФТА (Британска академија за филмски и телевизиски уметности) награди и номинации за најдобар филм, најдобар режисер, најдобар актер и најдобро сценарио. Во 1997 година му беше врачена почесната награда БАФТА за животно дело.

  • 1978 година - Победник - Најдобар филм - „Ени Хол“
  • 1978 година - Победник - Најдобро сценарио - „Ени Хол“ (со Маршал Брикмен)
  • 1978 година – Победник – Најдобар режисер – „Ени Хол“
  • 1980 година – Победник – Најдобар филм – „Менхетн“
  • 1980 година – Победник – Најдобро сценарио – „Менхетн“ (со Маршал Брикмен)
  • 1985 година – Победник – Најдобро сценарио – „Бродвеј Дени Роуз“
  • 1986 година – Победник – Најдобар филм – „Пурпурната роза на Каиро“
  • 1986 година – Победник – Најдобро сценарио – „Пурпурната роза на Каиро“
  • 1987 година – Победник – Најдобро сценарио – „Хана и нејзините сестри“
  • 1987 година – Победник – Најдобар режисер – „Хана и нејзините сестри“
  • 1993 година – Победник – Најдобро сценарио – „Сопрузи и сопруги“
  • Номинации за најдобар филм биле „Хана и нејзините сестри“, „Радио денови“, „Злосторства и престапи“.
  • Номинации за најдобар актор во „Ени Хол“, „Менхетн“, „Хана и нејзините сестри“.
  • Номинации за најдобар режисер на „Менхетн“, „Злосторства и престапи“.
  • Номинации за најдобро сценарио за „Зелиг“, „Радио денови“, „Злосторства и престапи“, „Куршуми над Бродвеј“ (со Даглас Мекграт).

Почетни секвенци[уреди]

По филмот „Љубов и Смрт“ сите филмови на Ален започнуваат со истиот стил на почетни секвенци кои вклучуваат серија на црно-бели насловни карти со класичен шрифт (најчесто Windsor Light Condensed) што потсетува на јапонскиот режисер Јасуџиро Оѕу, проследени со џез музика која понекогаш може да се чуе и подоцна во филмот (на пр. „Радио Денови“). Актерската екипа е преставена по азбучен ред на една насловна карта. Се среќава отстапување во „Деконструирајќи го Хари“ каде насловните карти се снимени испреплетени со јамка. Друго отстапување се среќава во „Менхетн“ кој започнува со црно-бели снимки од градот Менхетн проследени со „Рапсодија во сино“ на Гершвин, а насловот на филмот е прикажан како знак на зграда. Насловите се дадени на крајот на филмовите.

Театар[уреди]

Иако познат по своите филмови, Ален има и доста успешна кариера во театарот која започнува со скечовите кои ги напишал за смотрата „Од А до Ш“ во 1960 година. Наголем успех постигнала „Водата не е добра за пиење“ која премиерно играла во 1968 година и продолжила да се игра 598 пати во тек од две години на Бродвеј. Успехот на Ален продолжил со „Засвири ја уште еднаш, Сем“ (1969 година) во која глумеле Ален и Дајан Китон. Претставата играла453 пати и добила три номинации за наградата „Тони“, иако ни една од номинациите не била за Аленовото глумење или сценарио.

Ален напишал голем број на едночинки меѓу кои најпознати се „Бог“ и „Смрт“, објавени во 1975 година како дел од збирката „Без пердуви“

Драмата „Лебдечка светилка“ прв пат била изведена на Бродвеј во 1981 година. Без оглед на добрите критики драмата била комерцијален неуспех. И покрај две номинации за наградата „Тони“, и една добиена награда за глумата на Брајан Бекер (кој ја добил и Светската театарска награда и наградата „Драма деск“ во 1981 година), драмата била изведена само 62 пати. Тоа е последното дело на Ален кое било изведено на Бродвеј од 2008 година. По долгата отсуство од сцената, Ален се враќа во театарот со едночинката „Централ Парк Запад“ која е дел од театарска вечер позната под името „Death Defying Acts“ составена и од новите дела на Дејвид Мемет и Елејн Мај во 1995 година. Во следните неколку години биле изведувани значајни дела на Ален во кои тој не учествувал директно. Драмата „Бог“ била изведена во културниот центар „Банко до Бразил“, а театарски адаптации на „Куршуми над Бродвеј“ и „Септември“ биле изведени во Италија и Франција без Аленовото учество. Во 1997 година кружеле лажни гласини дека Ален пишува нова драма во која ќе глумела неговата сопруга Сун-Ји Превин. Ален конечно се вратил на сцената во 2003 година со драмата „Писателска блокада“ составена од две едночинки „Олд Сејбрук“ и „Риверсајд Драјв“ кои биле изведени на Оф-Бродвеј. Оваа продукција била распродадена а воедно била и Аленовото деби како директор на сцена. Истата година искочила вест дека Ален пишува сценарио за музичка комедија според „Куршуми над Бродвеј“, но претставата никогаш не била направена. Во 2004 година по долгогодишната пауза од 1981 година беше изведена првата долгометражна драма режирана од Ален, „Секонд хенд меморија“ која продолжено играла на Оф-Бродвеј. Во јуни 2007 година било најавено дека Ален ќе дебитира во театарот со режирање на драма која тој не ја напишал и со режирање на опера - поинакво толкување на операта „Џани Скики“ на Пучини за операта во Лос Анџелес - која дебитирала на Дороти Чендлер Павилјон на 6 септември 2008 година. Коментирајќи за режирањето на операта Ален изјави: „Не знам што правам“. Неговата продукција на операта го отвори фестивалот на Два Света во Сполето, Италија во јуни 2009 година.

Бракови и врски[уреди]

Харлин Розен[уреди]

Ален се оженил со 16 годишната Харлин Розен на 19 години. Бракот траел 1954-1959. „Тајм“ пишува дека овие години биле „лути“ и „збунети“. Розен, која Ален во своите стенд-ап настапи ја нарекува „Ужасната г-ѓа Ален“, го тужела Ален за клевета заради коментарите на Ален на телевизиско интервју кратко по нивниот развод. Ален пак, раскажува друга приказна во стенд-ап албумот „Стенд-ап комичар“ од средината на 1960-тите. Во настапот Ален вели дека таа го тужела заради некоја шега која тој ја кажал за време на интервју. Розен била сексуално злоупотребена пред нејзиниот апартман и според Ален весниците пишувало дека бил извршен сексуален „прекршок“. Во интервјуто, Ален рекол: „Знаејќи ја мојата поранешна жена, сигурно не било прекршок на законот за движење“. Во подоцнежното интервју за „Дик Кавет Шоу“, Ален повторно зборувал на оваа тема, ги повторил своите коментари и изјавил дека бил тужен за 1 милион долари.

Луиз Ласер[уреди]

Ален се оженил со Луиз Ласер во 1966 година. Се развеле во 1969 и Ален не се оженил повторно сè до 1997 година. Ласер глумела во три филмови на Ален по разводот - „Грабни ги парите и бегај“, „Банани“ и „Сè што секогаш сте сакале да знаете за сексот (Но сте се плашеле да прашате)“ - и се појави на кратко и во „Спомени Ѕвезден прав“.

Дајан Китон[уреди]

Во 1970 година Дајан Китон добила улога во претставата на Ален „Засвири ја уште еднаш, Сем“ на Бродвеј. Во текот на нејзиното изведување таа и Ален биле во романтична врска и иако се разделиле по една година, Дајан продолжила да глуми во голем број од филмовите на Ален вклучувајќи ги филмовите „Слипер“ каде глуми футуристички поет и „Љубов и Смрт“ каде глуми карактер составен врз основа на романите на Толстој и Достоевски. Филмот „Ени Хол“ е доста важен за кариерите на Ален и Китон. Се смета дека улогата била напишана специјално за Дајан бидејќи правилното име на Дајан е Дајан Хол. Подоцна таа глумела во „Ентериери“ каде игра улога на поет и во „Менхетн“. Во 1987 година Дајан имала кратко појавување како пејачка во ноќен клуб во „Радио Денови“ и била одбрана да ја замени Мија Фароу во „Мистериозно убиство во Менхетн“ поради проблемите кои се јавиле во личниот и работниот однос меѓу Ален и Фароу. Дајан Китон нема работено со Вуди Ален по „Мистериозно убиство во Менхетн“. Вуди Ален и Дајан Китон останале блиски пријатели и по крајот на нивната романтична врска.

Стејси Нелкин[уреди]

Според „Лос Анџелес Тајмс“ општо познато е дека филмот „Менхетн“ е базиран на романтичната врска меѓу Ален и актерката Стејси Нелкин. Нејзината мала улога во филмот „Ени Хол“ била отстранета од филмот, а нивната врска, иако Ален никогаш не ја потврди јавно, започнала кога таа имала 17 години и го посетувала средното училиште Стејвасант во Њујорк.

Миа Фароу[уреди]

Во периодот околи 1980-тите години Ален започнува 12 годишна врска со актерката Миа Фароу која имала главни улоги во неколку Аленови филмови во периодот од 1982-1992. Ален никогаш не се оженил со Фароу и живееле одвоено. Тие посвоиле две деца, Дилан Фароу (која го променила своето име во Елиза, а сега е позната како Мелоун) и Моше Фароу (сега познат како Мојсеј). Тие имале и едно биолошко дете, Сачел Фароу (сега познат како Ронан Шејмас Фароу). Ален не посвоил други од семејството на Фароу вклучувајќи ја и Сун-Ји Фароу Превин ( посвоената ќерка на Миа Фароу и Андре Превин, сега позната како Сун-Ји Превин). Ален и Фароу се разделиле откако Фароу открила фотографии од голата 21 годишна Сун-Ји кај Ален. Во нејзината автобиографија, Фароу пишува дека Ален признал дека имал врска со Сун-Ји. Откако се разделиле започнала долга јавна правна битка за старетелството на нивните три деца. За време на претресот Фароу тврдела дека Ален сексуално ја злоставувал нивната посвоена ќерка Дилан која тогаш имала 7 години. На крајот судијата заклучил дека обиненијата за сексуалното злоставување се неубедливи но Аленовата врска со Сун-Ји ја нарекол „крајно несоодветна“. Фароу го нарече извештајот на истражната комисија „саниран, и затоа помалку веродостоен“ и додаде дека има „сомнежи во врска со веродостојноста на извештајот“. Таа го добила старетелството. На Ален му било забрането да ја посетува Мелоун, Ронан смеел да го види Ронан само под надзор. Мојсеј, кој сега има 14 години, не сака да го види Ален. Во интервју за „Бенити Фер“ во 2005 година Ален изјавил дека освен штетата што му ја нанела на неговиот углед тоа што Фароу ги открила фотографиите од Сун-Ји е „среќен настан - еден од најсреќните во мојот живот [...] Тоа беше пресвртница кон подобро.“, а за неговата врска со Фароу рекол „Сигурно има работи што би ги направил поинаку [...] Кога ќе размислам, веројатно требаше да излезам од таа врска многу порано.“

Сун-Ји Превин[уреди]

Откако се раздели со Миа Фароу во 1992 година, Ален ја продолжи својата врска со Сун-Ји Превин. Иако тој никогаш не бил во брак со Миа Фароу, и никогаш не бил очув на Превин, неговата врска со Сун-Ји е опишувана како татко кој е романтично инволвиран со неговата посвоена ќерка бидејќи бил гледан како некој кој имал улога на татко во животот на Превин. На пример, во 1991 година „Њујорк Тајмс“ го опишува семејниот живот на Ален со зборовите, „Ален и Сун-Ји личат на брачен пар повеќе од некои веќе во брак. Постојано се во контакт и ниеден татко не го поминува времето со децата како Ален.“ И покрај изјавите на Превин дека Ален никогаш немал улога на татко во нејзиниот живот, нивната врска се смета за скандалозна. Во тоа време тој имал 56 години, а таа 22 години. На прашањето дали нивната разлика во години е погодна за „здрави и еднакви односи“ тој одговара дека еднаквоста не е услов во една врска и дека „срцето сака тоа што го сака. Нема тука логика. Запознаваш некој, се вљубуваш и тоа е тоа.“ Ален и Превин се венчале на 24 декември 1997 година во Палацо Кавали, Венеција. Тие посвоија две ќерки, Бекет и Манзи Тио по џез музичарите Сидни Бекет, Манзи Џонсон и Лоренцо Тио Џуниор. Биолошкиот син на Ален и Фароу, Ронан Шејмас Фароу вели за Ален, „Тој ми е татко, оженет со мојата сестра. Тоа ме прави негов син и зет. Морално неприфатливо. Не можам да го видам. Не можам да имам врска со мојот татко и да сум морално доследен... Живеев со овие посвоени деца и затоа тие се моето семејство. Да кажам дека СУн-Ји не ми е сестра е навреда за сите посвоени деца.“

Кларинетист[уреди]

Ален е страствен љубител на џезот кој има важен дел во музиката на неговите филмови. Тој почнал да свири како дете и го зел своето сценско име од кларинетистот Вуди Херман. Почнал со јавни настапи кон крајот на 1960-тите. Ален и „Презрвејшн Хол Џез Бенд“ ја создале музиката за филмот „Слипер“. Еден од најраните телевизиски настапи бил на „Дик Кавет Шоу“ на 20 октомври 1971 година. „Вуди Ален и неговиот Њу Орлеанс Џез Бенд“ свират секоја понеделничка вечер во хотелот „Карлајл“ во Менхетн и специјализираат во областа на класичниот Њу Орлеанс џез од почетокот на дваесеттиот век. Документарниот филм „Вајлд Мен Блуз“ (режиран од Барбара Копл) ни ја прикажува европската турнеја од 1996 година на Ален и неговата група како и неговата врска со Превин. Групата има издадено два албума, Бунк проектот (1993) и музиката од филмот „Вајлд Мен Блуз“ (1997). Ален и неговата група свиреле на Џез фестивалот во Монтреал две последователни ноќи во јуни 2008 година.

Дела за или инспирирани од Вуди Ален[уреди]

Покрај филмот „Вајлд Мен Блуз“ режиран од Барбара Копл има многу други документарни филмови со Вуди Ален вклучувајќи го и телевизискиот документарен филм од 2002 година „Вуди Ален: Живот во филм“ режиран од филмскиот критичар од „Тајм Магазин“ Ричард Шикел кој е составен од исочоци од филмовите на Ален испреплетени со интервју на Ален и „Митин ВА“ кратко интервју на Ален со францускиот режисер Жан Лук Годар. „Чекајќи го Вуди Ален“ (2004) е краток филм кој го исмева „Чекајќи го Годо“ на Самуел Бекет и во кој глуми Моди Розенфилд. Во периодот од 1976 година до 1984 година Стјуарт Хампл го напишал и нацртал стрипот „Во Вуди Ален“ базиран на Аленовата филмска личност. Вуди Ален е инспирирација на „Централ Парк Запад Приказни“ (издавач Балдини Кастолди Далај, 2005) од Глауко Дела Шиука (италијански соработник на Колумбиа Журнализам Ривју, Њујоркер, и Џуиш Вик од септември 2003 година). Филмот „Ентериери“ на Вуди Ален ја инспирирал песната „Death of an Interior Decorator“ од албумот „Transatlanticism“ на групата „Death Cab for Cutie“. Текстописецот и пејачот на „Манчестер Оркестар“ Енди Хул го наведува Ален како еден од главните музички инспирации и има напишано неколку песни во негова чест вклучувајќи ги „Alice and Interiors“, „Play it Again Sam! You Don't Have Any Feathers“, „Golden Ticket“ и „Sleeper 1972“. Во романот „Лав Крипс“ на Аманда Филипаки е прикажана сцена во која група набљудувачи на птици во Центар парк ги забележуваат Вуди Ален и Сун-Ји како излегуваат на терасата од нивниот дом и како прилично се возбудуваат. Една личност од група на анонимни прогонувачи на лекување не може да издржи и граба двоглед од еден набљудувач на птици за да ги гледа Вуди и Сун-Ји. Во шпанскиот роман на Џианина Браски „Јо-јо боинг“ се опишува забава каде Вуди Ален трепери и пелтечи додека ги објаснува литературните класици и филмовите на Фредерико Фелини. Во 1967 година ДиСи Комикс објавиле стрип „Шоукејс“ #71 во кој се среќаваат Вуди Ален и измислената поп група „The Maniaks“. ВО 2003 година Кејт Блек го напиша, го режираше и глумеше во наградунавиот филм „Get the Script to Woody Allen“ во кој еден млад невротичен писател е опседнат со неговата скрипта да стигне до Вуди Ален. Во 2010 година беше прикажана британската романтична комедија „Менкатен“ во кој Фил Дринкватер и Колин Вархурст патуваат од Манчестер во Њујорк со цел да снимат документарен филм за тоа како Вуди Ален и неговите филмови влијаеле на нивната работа од другата страна на светот.


Психоанализа[уреди]

Вуди Ален поминал 30 години на психоанализа. Голем дел од неговите филмови имаат обраќање кон психоанализата. И во анимираниот филм „Мравки“ во кој Ален го позајмува својот глас на главниот лик Зи се отвора со класично Аленово комично дело. „Момент магазин“ пишува, „Тоа е двигател на неговите егоцентрични дела.“ Џон Бакстер, автор на делото „Вуди Ален - Биографија“ пишува, „Анализата е стимулирачка, па дури и возбудлива за Ален.“ Ален вели дека престанал со психоанализата кога почнал да се гледа со Превин и вели дека сеуште е клаустрофобичен и агорафобичен.

Филмографија[уреди]

Главна статија: Филмографија на Вуди Ален

Театарски дела[уреди]

Покрај режирањето, пишувањето и глумењето во филмови, Ален има и напишано и настапувано во голем број на Бродвеј театарски продукции.

Година Наслов Кредити Место
1960 „Од А до Ш“ Сценарист,Писател (Книга) Plymouth Театар
1966 „Водата не е добра за пиење“ Сценарист Coconut Grove Театар, Флорида
1969 „Засвири ја уште еднаш, Сем“ Сценарист, Изведувач (Алан Феликс) Broadhurst Theatre[1]
1975 „Бог“ Сценарист
1975 „Смрт“ Сценарист
1981 „Лебдечка светилка“ Сценарист Vivian Beaumont Театар
1995 „Централ парк запад“ Сценарист Variety Arts Театар
2003 „Олд Сејбрук“ Сценарист, Режисер Atlantic Theatre Company
2003 „Риверсајд Драјв“ Сценарист, Режисер Atlantic Theatre Company
2004 „Секонд Хенд Мемори“ Сценарист, Режисер Atlantic Theater Company


Библиографија[уреди]

Издадени драми[уреди]

  • „Водата не е добра за пиење: Комедија во два чина“ (1967), ASIN B0006BSWBW
  • „Засвири ја уште еднаш, Сем“ (1969), ISBN 0-394-40663-X
  • „Бог: Комедија во еден чин“ (1975), ISBN 0-573-62201-9
  • „Лебдечка светилка“ (1981)
  • „Три едничинки: Риверсајд Драјв, Олд Сејбрук, Централ парк запад“(2003), ISBN 0-8129-7244-9
  • „Писателска блокада: Две едночинки“ (2005), ISBN 0-573-62630-8 (вклучувајќи ги „Риверсајд Драјв“ и „Олд Сејбрук“)
  • „Секонд Хенд Мемори: Драма во два чина“ (2005)
  • Едночинките „Бог“ и „Смрт“ се вклучени во Аленовата колекција „Без пердуви“ од 1975 година.


„Мравки/ Гласот на Зи“


Куси раскази[уреди]

Антологии[уреди]

Збирка проза на Вуди Ален (1992), ISBN 0-517-07229-7. (Збирка куси раскази објавени во „Израмнување на сметките“, „Без пердуви“ и „Чиста Анархија“.) Инсанити дефенс: Збирка проза. Њујорк: Рандом Хаус Трејд Пејпербекс, 2007година, ISBN 978-0812978117.


Џебна книга[уреди]

„Приказна за лудакот“ (1986), ISBN 1-55628-001-7 (Краток расказ објавен во „Несакани дејствија“.)

Наводи[уреди]

  1. „Woody Allen Biography (1935–)“. filmreference.com. http://www.filmreference.com/film/33/Woody-Allen.html. конс. 28 февруари 2008.