Панаѓуришко богатство

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Панаѓуришкото златно богатство

Панаѓуришкото златно богатство (бугарски: панагюрско златно съкровище) е антички тракиски златен сервис за пиење кој се состои од девет златни садови со вкупна тежина од околу 6 кг. Откриено е на 8 декември 1949 година во околината на градот Панаѓуриште, Бугарија. Му припаѓало на непознат владетел на племето Одриси од крајот на ІV и почетокот на ІІІ век п.н.е.

Сервисот вклучува фиала со пречмик од 25 см, една амфора со облик на кентаур, три ритона со женски глави (на амазонки), три ритона со животински глави и еден, обликуван како преден дел од телото на козел. Ритоните се украсени со рељефни ликови на митолошки сцени со познати јунафци од старогрчката митологија.

Панаѓуришкото богатство е дел од збирката на Археолошкиот музеј во Пловдив.

Надворешни врски[уреди]