Рики Мартин
Од Википедија
| Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
| Оваа статија или заглавие има потреба од викифицирање за да ги достигне стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме помогнете во подобрувањето на оваа статија со соодветни внатрешни врски. |
Енрике Мартин Моралес[1] е роден на 24 декември 1971, во Хато Реј, Порторико. Кариерата ја има започнато како член на латиноамериканската група Менудо, по што во 1990 започна да гради соло кариера. Откако го заврши средното образование, го напушти Сан Хуан и се пресели во Њу Јорк. Во САД кариерата ја започнува во неколку сапуници и театри (Alcanzar Una Estrella). За глумата во 1993 година ја има добиено наградата Хералдо.
Во 1994 година се сели во Лос Анџелес. Во 1995, целосно се посветува на неговата пејачка кариера, издавајќи го неговиот трет албум. До 1998, се посветува на Бродвеј, за да истата година го издаде четвртиот албум, Vuelve, кој постигна платински тираж. На Светскиот ФИФА куп е избран да ја пее песната Copa de la Vida, неговиот прв светски познат хит.
Во 1999, Рики го издава првиот албум на англиски јазик. Како продуценти на албумот се јавуваат Desmond Child, Diane Warren и William Orbit, а Мадона се јавува како специјален гостин. Се редат потоа хитови како "Livin' La Vida Loca" (7 пати платинест тираж на албумот, 22 милиони копии). Во ноември 2000, излегува англискиот албум „Sound Loaded“, кој ги донесува хитовите "She Bangs" и добропознатиот дует со Кристина Агилера "Nobody Wants to Be Lonely". Рики веднаш се искачува на првите места на сите светски музички листи. Во 2001 Мартин го пушта албумот насловен „La Historia“, кој ги содржи неговите најдобри хитови испеани на шпански. Нешто подоцна, истиот албум „The Best of Ricky Martin “, препеан на англиски, е продаден во над милион примероци. Досега, Рики Мартин има продадено над 55 милиони примероци од своите албуми.[2]
Од светскиот магазин „People“ тој е номиниран за еден од најубавите мажи во светот. Тој, исто така е основач на фондацијата „Fundación Ricky Martin“, непрофитна организација која собира пари за сиромашните и болните.
[уреди] Приватен живот
На почетокот, Рики тврдеше пред медиумите дека е вљубен во мексиканската ТВ водителка Ребека де Алба, со која имаше on/off „врска“ цели 14 години, наводно дури и планирал да ја побара за жена, но со излегувањето на албумот "Life" тој потврди дека неговата врска со Де Алба е прекината.[3] По ова, животот на Рики Мартин оди под микроскопот на медиумите и публиката, задирајќи во неговиот приватен живот и сексуалната ориентација. Сепак, ниту ги одбегнува прашањата на новинарите, ниту пак одговара на нив дека е стрејт, со што би ги запрел гласините дека е геј.
Сепак за магазинот Plus 7 Days, тој изјавува: „Јас сум современ човек, живеам потполн живот, не чуствувам никакви бариери во себе. Современиот свет го сфаќам како отворен форум, каде ништо не е забрането, освен криминалните активности. Ако сум геј, зошто не би признал? Јас сум нормален маж, кој сака жени и секс. Јас сум вистински Порториканец со жешка крв, но никогаш не ме привлекувале мажи...“[4]
На 20 август 2008 година, Рики Мартин објави дека постанал татко на две момчиња-близнаци. Бебињата се родиле по пат на гестационална сурогација (сурогат-мајка).[5] На 10 декември Мартин ги објави и имињата на бебињата –Валентино и Матео. Моментално, Рики е повлечен од сцената, посветувајќи се целосно на своите деца.[6]
[уреди] Референци
- ↑ http://www.imdb.com/name/nm0005193/bio
- ↑ http://rickymartinmusic.com/portal/bio/bio.asp
- ↑ http://www.youtube.com/watch?v=NjdwrxtfHm0
- ↑ http://www.planetout.com/news/feature.html?sernum=185
- ↑ http://www.peoplestar.co.uk/index.html?news=205
- ↑ http://celebrity-babies.com/2008/12/15/ricky-martin-introduces-valentino-matteo/