Википедија:На денешен ден/Архива/Ноември

Од Википедија, слободната енциклопедија
Скокни на: содржини, барај

Ова е Архивата на рубриката „На денешен ден...“

Истата има започнато да функционира на 25 јуни 2007.


Јануари - Февруари - Март - Април - Мај - Јуни - Јули - Август - Септември - Октомври - Ноември - Декември

Начин на користење на шаблоните во рубриката


Денес е понеделник, 28 мај 2012; часот е 23:38 (UTC)

Шаблон:Ноември 2012 Извор

[уреди] 1 ноември

Настани

1512  Таванот на Систинската капела во Ватикан, насликан со фрески од Микеланџело, за прв пат ѝ е претставен на јавноста.
1755  Во катастрофалниот земјотрес проследен со цунами што го зафатија Лисабон загинаа 60.000 луѓе.
1946  Обединетите нации формираа Меѓународен фонд за помош на децата (УНИЦЕФ).
1952  Американците ја активираа првата пробна хидрогенска бомба на островот Ениветок во Пацификот.
1954  Во Алжир започнало востание против францускиот колонијализам, кое по 8 години резултирало со независност. По тој повод 1 ноември е прогласен за национален празник на Алжир.
1973  Од ранжирната станица Трубарево тргна првиот електричен воз во Македонија.
1981  Антигва и Барбуда добива независност од Велика Британија.
1993  Стапува во сила Договорот од Мастрихт, со што се создава Европската Унија.
1998  Создаден е Европскиот суд за човекови права.
2002  Македонското Собрание со 72 гласа „за“ и 28 „против“ ја избра новата Влада на Република Македонија, предводена од Бранко Црвенковски.


Родени

1339  Рудолф IV Австриски, војвода од Австрија.
1351  Леополд III Австриски, војвода од Австрија.
1549  Ана Австриска, сопруга на Филип II Шпански.
1757  Антонио Канова, италијански вајар (†1822)
1801  Винченцо Белини, италијански оперски композитор.
1813  Петар Петровиќ - Његош, владика и владетел на Црна Гора.
1839  Ахмед Мухтар Паша, отомански Голем Везир.
1842  Стојан Новаковиќ, српски политичар и научник.
1864  Елисавета Фјодоровна
1871  Стивен Крејн, американски писател.
1880  Алфред Вегенер, германски метеоролог и геолог.
1892  Александар Александрович Алехин, руски шаховски велемајстор, еден од најголемите мајстори во историјата на шахот.
1902  Еуген Јохум, германски композитор.
1921  Владимир Ќосевски, македонски архитект и урбанист.
1923  Викторија де лос Анхелес, каталонска оперска пејачка
1923  Гордон Диксон, канадски писател на научна фантастика.
1941  Дивна Лакинска, македонски андрагог.
1943  Алајдин Абази, македонски академик, универзитетски професор и член на МАНУ.
1946  Џанг Деџианг, заменик-премиер на Кина (економија)
1957  Сади Беџети, македонски универзитетски професор.
1963  Рик Ален, член на Лед Цепелин.
1972  Пол Диков, шкотски фудбалер.
1972  Тони Колет, австралиска актерка.
1973  Роберт Лукетиќ, австралиски филмски режисер.
1979  Милан Дудиќ, српски фудбалер.
1983  Јелена Томашевиќ, српска поп пејачка.
1983  Јоко Огура, јапонски модел.


Починале

921  Ричард Бургундски, војвода од Бургундија.
955  Хенрик I Баварски, војвода од Баварија.
1391  Амадеус VII Савојски, гроф од Савоја.
1399  Јован V Британски, војвода од Британија.
1546  Јулио Романо, италијански уметник.
1642  Жан Николе, француски истражувач.
1804  Јохан Фридрих Гмелин, германски хемичар.
1860  Александра Фјодоровна, руска императорка.
1894  Александар III Александрович, руски цар.
1903  Теодор Момсен, германски историчар.
1907  Алфред Жари, француски драматург.
1972  Езра Паунд, американски поет.
1995  Васил Иљоски, македонски драмски писател.


[уреди] 2 ноември

Настани

676  Папа Дониј станал папа.
1570  Голем наплив од Северното море ги разурнал бреговите од Холандија до Данска, при што загинале над 1000 лица.
1687  Од султанскиот престол на Отоманската империја бил симнат Мехмед IV.
1789  Во Франција е национализиран голем дел од недвижниот имот на Католичката црква.
1795  Француска револуција: Почеток на француската директорија.
1914  Русија ѝ објавила војна на Отоманската империја.
1936  Формирана е Канадската радиодифузна корпорација, национална радио и телевизија на Канада која постои и денес (СВС).
1936  Пуштен е во работа телевизискиот сервис на британската радиодифузна коропорација ББЦ (ВВС). Телевизискиот канал, под името ВВС1 функционира до денес.
1953  Пакистанскиот парламент ја прогласил државата за Исламска Република Пакистан.
1956  Унгарија објавува дека излегува од Варшавскиот пакт.
1965  Албанскиот лидер Енвер Хоџа објавува дека неговата земја влегува во сојузнички односи со Кина.
1991  Патријарх Вартоломеј I станал вселенски партијарх, односно патријарх на Цариградската Патријаршија.
1988  За прв пат на интернет се појавил вирус.
1999  Црна Гора ја вовела германската марка за своја валута.
2004  Џорџ Буш станал претседател на САД.


Родени

69 п.н.е.  Клеопатра, последниот владетел на Египет кој владеел како Египетски фараон.
1699  Жан-Батист-Симеон Шарден, француски сликар.
1755  Марија Антоанета, принцеза на Австрија и кралица на Франција и на Навара.
1795  Џејмс Полк, претседател на САД.
1815  Џорџ Бул, британски философ и математичар.
1844  Мехмед V, отомански султан.
1854  Исидор Гунсберг, британски шахист.
1865  Ворен Хардинг, претседател на САД.
1906  Лукино Висконти, Италијански филмски режисер, сценарист, еден од зачетниците на неореалистичката филмска школа.
1929  Ричард Тајлер, канадски физичар.
1932  Стојан Ристески, македонски научен работник, поет и раскажувач.
1938  Софија Грчка, кралица на Шпанија.
1962  Трајко Вељаноски, Претседател на Собранието на Република Македонија.
1974  Нели, американски рапер.


Починале

1950  Џорџ Бернард Шо, британски писател, романсиер, музички и драмски критичар.
1963  Нго Дин Дием, претседател на Јужен Виетнам.
1990  Панче Мировски, првиот лирски тенор на македонската оперска сцена и своевидна легенда на Штип.
2004  Тео ван Гог, холандски режисер.


[уреди] 3 ноември

Настани

1903  Со поддршка на САД, Панама прогласила независност од Колумбија. Претседателот на САД, Теодор Рузвелт не сакал да ѝ плати на Колумбија колку што барала за САД да изградат канал помеѓу Атлантикот и Пацификот. Следната година, во договор со новата влада на Панама, САД ја започнале изградбата на Панамскиот канал.
1918  Во Падова, Италија, Австро-Унгарија војска потпиша капитулација, со што практично се распадна кралството Австро-Унгарија.
1944  На предлог на Поверенството за просвета, Президиумот на АСНОМ донесе решение за отворање на гимназии во градовите: Скопје, Битола, Штип, Куманово, Прилеп, Струмица, Тетово, Велес и Охрид.
1944  Во селото Горно Врановци, е донесена одлука за основање на Школата за народни учители во Скопје.
1951  Со посебна уредба на владата на НР Македонија е формиран Отсекот за правни науки при Правно-економскиот факултет во Скопје. На 1 јули 1956 г. Отсекот за правни науки се одвои како посебна високообразовна институција.
1992  Генералниот конзул на Сојузна Република Германија во Скопје, господин Ханс Лотар Штепан, преку Министерството за односи со странство, ја извести Владата на Република Македонија, дека позитивно го решила нејзиното барање за отворање на Генерален конзулат на РМ во Бон.
1993  Република Македонија доби статус на набљудувач во ГАТТ - Меѓународен договор за трговија и царински тарифи.
2004  Републиканецот Џорџ Буш, по втор пат е избран за претседател на САД. Џорџ Буш, кој е 43-тиот американски претседател, на должноста стапи на 20 јануари 2001 година. Буш е син на Џорџ Буш Постариот, кој беше претседател на САД од 1989 до 1993 година.


Родени

1500  Бенвенуто Челини, италијански вајар, златар и сликар
1749  Даниел Радерфорд, шкотски физичар и хемичар
1801  Винченцо Белини, италијански композитор
1901  Леополд III, крал на Белгија
1945  Герд Милер, германски фудбалер


Починале

1954  Анри Матис, француски сликар и вајар.
1988  Круме Кепески, македонски педагог, лингвист, преведувач, собирач на македонски народни умотворби, граматичар, автор на првата Македонска граматика.
1989  Никола Солдатов, познат македонски новинар.
2007  Александар Дедјушко, руски глумец.
2010  Виктор Черномирдин, премиер на Русија


[уреди] 4 ноември

Настани

1814  Прогласен е норвешкиот Устав, со кој оваа земја стана независно кралство, поврзано со Шведска само преку персонална линија.
1893  (23 октомври по стариот календар) Во Солун, со учество на истакнатите македонски револуционери Даме Груев, Петар Поп Арсов, д-р Христо Татарчев, Иван Хаџи Николов, Антон Димитров и Христо Батанџиев, формирана е Внатрешната македонска револуционерна организација (ВМРО). Најголемо дело на Организацијата беше Илинденското востание во 1903 година. На Рилскиот конгрес организацијата го доби називот Внатрешна македонско-одринска револуционерна организација (ВМОРО). Покрај споменатите македонски револуцонери, носители на организацијата беа Гоце Делчев, Ѓорче Петров, Пере Тошев, Димо Хаџи Димов, Јане Сандански, Никола Карев и многу други револуционери.
1944  Единиците на НОВ на Македонија по борбите што ги водеа на приодите кон Битола го ослободија градот.
2004  САД ја признаа Република Македонија под уставното име.


Родени

1575  Гвидо Рени, Италијански сликар.
1840  Огист Роден, француски скулптор.
1956  Џордан Рудес, клавијатурист на американската прогресивна метал група Dream Theater.


Починале

1847  Феликс Манделсон - Бартолди, германски композитор, пијанист и диригент.


[уреди] 5 ноември

Настани

1492  Морепловецот Кристофер Колумбо во својот дневник запиша дека пронашол „едно вкусно растение од кое живеат луѓето. Тоа беше прв пишан документ во кој се спомнува царевката.
1630  Со мирот во Мадрид заврши Англиско - шпанската војна. Претходно Армијата на Шпанија која во оваа земја се бореше со Австрија против Англија, Франција и Холандија, беше поразена на море и на копно.
1854  Кримска војна: Битка кај Инкерман.
1940  Демократот Франклин Рузвелт го победи на изборите републиканецот Вендел Вилки и по третпат е избран за претседател на САД.
1956  Британските падобранци се спуштија во Порт Саид во рамките на тројната британско-француско-израелска агресија врз Египет за контрола на Суецкиот канал. Со енергична акција на Обединетите нации и САД, агресијата беше запрена, но остави политички последици врз целиот регион и врз светот.
1969  САД го лансираа првиот вселенски брод „Маринер-3“ во правец кон Марс. Поради некои технички грешки мисијата претрпе неупсех.
1992  Демократскиот кандидат, гевернерот од Арканзас, Бил Клинтон убедливо победи на претседателските избори дури во 40 држави на САД.
2009  Садам Хусеин е осуден на смрт.
2008  Барак Обама стана претседател на САД.


Родени

1615  Ибрахим I, отомански султан.
1701  Пјетро Лонги, Венецијански сликар (п. 1785.)
1854  Пол Сабатје, француски хемичар и нобеловец (п. 1941.)
1912  Александар Гаревски, македонски градежен инженер.
1913  Вивиен Ли, англиска филмска и театарска актерка.
1931  Бранко Гапо, македонски филмски режисер.
1931  Милчо Ристов, македонски академ.
1936  Иван Стамболиќ, српски политичар.
1959  Мирче Клечкароски, македонски поет.
1959  Брајан Адамс, канадски рок-музичар, гитарист и фотограф.
1971  Џони Гринвуд, член на групата Radiohead.
1992  Магомед Оздоев, руски фудбалер.


Починале

1515  Мариото Албертинели, Италијански сликар.
1879  Џемс Кларк Максвел, шкотски физичар.
1980  Бане Андреев, активист на комунистичкото, работничкото и студентското движење во Југославија и Македонија.
1992  Арпад Ело, унгарско-американски физичар, статистичар и шаховски мајстор.
1994  Милан Младеновиќ, фронтмен на култната екс-ју група од Белград - „Екатерина Велика“ (ЕКВ)


[уреди] 6 ноември

Настани

355  Констанциј II го прогласил Јулијан Отпадник за цезар.
1315  Данте Алигиери е осуден на смрт.
1512  Фернандо Магелан пристигна на Молучките острви.
1860  Абрахам Линколн станал претседател на САД.
1942  Во селото Битуше, Гостиварско, проработи првата партизанска печатница во Македонија „Гоце Делчев“.
1943  Втора Светска војна: Советската армија го ослободил градот Киев.
1944  Ослободени се градовите: Радовиш, Дојран и Валандово.
1984  Роналд Реган повторно е избран за претседател на САД.
1996  Хрватска била примена во Советот на Европа.


Родени

1479  Хуана I Кастилјска, кралица на Кастилја и Леон.
1494  Сулејман Величенствениот, отомански султан.
1661  Карлос II , крал на Шпанија.
1787  Вук Стефановиќ Караџиќ, реформатор на српскиот литературен јазик.
1814  Адолф Сакс, белгискиот призводител на дувачки инструменти.
1909  Трајко Прокопиев, истакнат македонски композитор и диригент
1921  Јован Кокаловски, македонски поет, новинар и публицист.
1939  Јордан Добревски, македонски писател за деца и драмски автор.
1948  Роберт Хибнер, германски шахист.
1979  Алесандро Балан, италијански велосипедист.
1987  Ана Ивановиќ, српска тенисерка


Починале

1032  Папа Јован XIX, римски папа.
1406  Папа Инокентие VII, римски папа.
1632  Густав II Адолф, шведски крал.
1836  Шарл X, француски крал.
1893  Петар Илич Чајковски, најистакнат руски композитор и еден од најголемите симфоничари во 19 век.
1915  Христо Чернопеев, бугарски офицер, учесник во македонското револуционерно движење.
1933  Андреј Љапчев, премиер на Бугарија.
1989  Владимир Хоровиц, еден од најпознат пијанисти на XX век.


[уреди] 7 ноември

Настани

680  Започнал Шестиот Екуменски собор во Цариград. Главна одлука на соборот, кој траел до 16. септември 681. година, била дека Исус има двојна природа - човечка и божја, и со тоа биле побиени и прогласени за ерес тврдењата на монотелитистите дека има само божја природа.
1665  Започнал да излегува најстариот преживеан весник, „Лондон Газет“.
1917  (23. октомври по стариот календар) Во Петроград избувна социјалистичката револуција во Русија, подоцна наречена Октомвриска револуција.
1944  НОВ: Ослободен е Охрид
1995  Во хотелот „Мармора“ во Истанбул беше потпишан договор за формирање мешовит македонско-турски деловен совет. Советот е формиран со цел да ги разрешува сите пречки во трговската соработка меѓу Република Македонија и Република Турција.
2004  Во Република Македонија се одржа неуспешен референдум за отфрлање на предложената територијална организација на државата.


Родени

630  Констанс II Ираклиј, византиски император.
1787  Вук Стефановиќ Караџиќ, реформатор на српскиот јазик и азбука.
1829  Марко Цепенков, собирач на народни умотворби.
1867  Марија Склодовска - Кири, француски научник.
1879  Лав Троцки, руски революционер.
1888  Венката Раман, индиски физичар.
1903  Конрад Лоренц, австриски зоолог.
1913  Албер Ками, француски писател.


Починале

644  Омар ибн ал-Катаб, вториот калиф на исламот.
1550  Џон Арасон, последниот римокатолички епископ на Исланд.
1817  Жан Андре Делик, швајцарски геолог и метеоролог.
1850  Феликс Арвер, француски поет и драматург.
1878  Абрам Рабинович, советски шахист.
1980  Стив Меквин, американски актер.
1992  Александар Дубчек, словачки политичар (р. 1921)


[уреди] 8 ноември

Настани

392  Византискиот император Теодосиј I го воведува христијанството како официјална религија на Византија.
1620  Триесетгодишна војна: Битка на Бела Планина и решителна победа на Светата Римска империја.
1793  Во Париз француската револуционерна власт го отворила Лувр за јавноста како музеј.
1889  Монтана станала 41-ва држава на САД.
1895  Експериментирајќи со електрицитет, Вилхелм Рентген ги открил Икс-зраците.
1932  Франклин Делано Рузвелт е избран за претседател на САД.
1941  Основана е Комунистичката партија на Албанија.
1944  НОВ: Ослободени се Штип, Неготино и Струга.
1960  Џон Ф. Кенеди е избран за претседател на САД.
1977  Грчкиот археолог Манолис Андроникос го открил гробот на Филип II Македонски во Кутлеш (Вергина).
1995  Француската десничарска влада неочекувано поднесе оставка, но претседателот Жак Ширак побара од премиерот Ален Жипе, да остане на функцијата и да го формира новиот кабинет.
1995  Република Македонија официјално стана 38-ма членка на Советот на Европа.


Родени

30  Нерва, римски император.
1622  Карл X, крал на Шведска.
1656  Едмонд Халеј, англиски астроном, геофизичар, математичар и физичар.
1837  Илија Чавчаваѕе, грузиски писател, поет и новинар.
1848  Готлоб Фреге, германски математичар.
1868  Феликс Хаусдорф, германски математичар.
1875  Милан Матов, револуционер и брат на Христо Матов.
1878  Димитрија Чуповски, еден од најистакнатите и најдоследни организатори и афирматори на македонската национална мисла.
1878  Димитар Влахов, истакнат македонски револуционер, политичар и публицист.
1900  Маргарет Мичел, американска писателка.
1906  Михаило Апостолски, македонски академик, народен херој и генерал-полковник.
1920  Божидар Видоески, македонски писател, македонист, познат лингвист и член на МАНУ.
1935  Ален Делон, француски актер и режисер.
1977  Јусуп Абдусаломов, таџикистански борач.
1980  Луис Фабијано, бразилски фудбалер.
1983  Бланка Власиќ, хрватска атлетичарка.
1983  Павел Погребњак, руски фудбалер.


Починале

618  Адеодат I, римски папа.
955  Агапит II, римски папа.
1719  Мишел Рол, француски математичар.
1226  Луј VIII, француски крал.
1647  Џон Милтон, англиски поет.
1890  Сесар Франк, француски композитор.
1945  Атанас Лозанчев, македонски револуционер.


[уреди] 9 ноември

Настани

1494  Семејството Медичи завладеало со Фиренца.
1799  Во Франција се случува државниот „Преврат на 18 бример“ предводен од Наполеон Бонапарт.
1918  Во Берлин, по побуната на воената морнарица и работничкиот штрајк, царот Вилхелм II абдицирал. Тоа бил крајот на Германското царство и почеток на Вајмарската Република. Власта ја презел водачот на социјалдемократите Фридрих Еберт.
1921  Ајнштајн ја добил Нобеловата награда за физика за неговата работа на фотоелектричниот ефект.
1938  Кристална ноќ во Германија: нацистите убиле 92 Евреи, a 25-30.000 биле одведени во концентрациони логори. Започнала физичката ликвидација на Евреите.
1944  НОВ: Ослободен е Велес.
1971  Народна Република Кина е примена во членството на Обединетите Нации.
1985  Советскиот шаховски велемајстор Гари Каспаров во 23-та година од животот стана најмлад светски првак во историјата на шахот, по победата над Анатолиј Карпов.
1989  Демократска Република Германија (Источна) ја отвори својата граница kon Сојузна Република Германија (Западна) - „падна“ Берлинскиот ѕид.
1993  На конференцијата на Организацијата за храна и земјоделство (ФАО), во Рим, се изврши гласањето за нов генерален директор, а приемот на Република Македонија во ФАО предизвика големо интересирање.
1993  Војската на босанските хрвати, по неколкудневно бомбардирање, го урнала Стариот мост во Мостар, изграден во 1566 г.


Родени

1389  Изабела Валоа, сопруга на Ричард II.
1818  Иван Тургењев, руски писател († 1883.)
1841  Едвард VII, крал на Обединетото Кралство.
1855  Александрос Зајмис, грчки премиер.
1888  Жан Моне, француски политичар.
1902  Митрофан Неделин, советски генерал.
1929  Имре Кертес, унгарски писател.
1932  Јордан Костадинов, прв претседател на ОМО Илинден.
1934  Карл Саган, американски астроном († 1996.)
1945  Валериј Сердјуков, гувернер на Ленинградската област.
1950  Алдо Климан, собирач на македонски и хрватски старини.
1972  Ерик Дејн, американски актер.
1974  Алесандро дел Пјеро, италијански фудбалер.


Починале

959  Константин VII Порфирогенит, византиски император.
1778  Џовани Батиста Пиранези, италијански уметник (графичар)
1923  Димитар Ацев, македонски комунист.
1970  Шарл де Гол, француски генерал и државник.
1972  Елисие Поповски, делегат на Првото заседание на АСНОМ.
1918  Гијом Аполинер, француско-италијански писател.
1991  Ив Монтан, француски актер.
1992  Александар Дубчек, словачки политичар.


[уреди] 10 ноември

Настани

1444  Во битката кај Варна, крстоносците доживеале голем пораз од страна на Османлиите.
1605  Улис Алдрованди, италијански научник
1871  Хенри Мортон Стенли го пронаоѓа исчезнатиот истражувач и мисионер, Др. Дејвид Ливингстон во близината на езерото Тангањика (тогаш ја изговорил позната реченица: Доктор Ливингстон, претпоставувам?)
1926  Хирохито станува цар на Јапонија
1961  Сталинград бил преименуван во Волгоград.
1994  Во Брисел е отворена светската изложба на пронајдоци, истражување и индустриски иновации „Еурека 94“, на која Македонија за првпат беше самостојно претставена. На изложбата учествуваа 32 земји со околу 1.200 пронајдоци. Македонија беше претставена преку законот за заштита на индустриската сопственост.


Родени

1483  Мартин Лутер, основач на протестантизмот и водач на реформацијата во Германија.
1668  Франсоа Купрен, француски композитор.
1697  Вилијам Хогарт, англиски сликар.
1759  Фридрих Шилер, германски поет и писател.
1888  Андреј Туполев, руски и советски авиоконструктор.
1919  Михаил Калашников, создавач на АК-47.
1928  Енио Мориконе, италијански композитор.
1931  Тома Прошев, македонски композитор.
1942  Михаил Левенски, македонски поет, раскажувач, драмски автор.
1958  Шазим Мехмети, македонски поет, сликар и публицист.
1965  Еди Ирвајн, возач на Формула 1.
1969  Јенс Леман, германски фудбалски голман.
1969  Елен Помпео, американска актерка.
1985  Александар Коларов, српски фудбалер.


Починале

461  Лав IIII, римски папа.
1241  Целестин IV, римски папа.
1444  Владислав III, крал на Полска.
1549  Павле III, римски папа.
1891  Артур Рембо, француски поет
1907  Лазар Маџаров, македонски револуционер.
1938  Мустафа Кемал - паша, наречен Ататурк - татко на Турците.
1944  Миклош Радноти, унгарски поет.
1965  Алдо Нади, италијански мечувалец.
1968  Јован Бошковски, македонски писател, филмски критичар, преведувач и сценарист.
1982  Леонид Брежнев, советски државник.
2001  Кен Киси, американски автор
2003  Канаан Банана, прв претседател на Зимбабве
2006  Вера Ацева - учесник во НОБ и народен херој на Југославија.


[уреди] 11 ноември

Настани

1675  Готфрид Лајбниц за прв пат применил интегрално сметање за да ја пресмета површината под кривата y = x. Но бидејќи не ги објавил своите идеи сѐ до 1684, некои сметаат дека ги присвоил од Њутн.
1887  Погубени се анархистите – Хејмаркетски маченици: Огаст Спајс, Алберт Парсонс, Адолф Фишер и Џорџ Енгел.
1889  Вашингтон е примен како 42 американска држава на САД.
1918  Јозеф Пилсудски влегува во Варшава и Полска повторно станува независна држава.
1943  Во селото Сливово, Охридско, формирана е Првата македонско-косовска НОУ бригада. Таа беше формирана од НОП баталјон „Мирче Ацев“, Кичевскиот баталјон, Првиот косовски баталјон „Рамиз Садику“, „Вториот косовски баталјон „Борис Вукмировиќ“ и од четата на придружните баталјони на Главниот штаб на Македонија. При формирањето имаше 700 борци и го доби називот ударна.
1944  Втора Светска војна: Ослободено е Куманово.
1963  Во Скопје излезе првиот број на дневниот весник „Вечер“.
1965  Белото малцинство ја прогласува Родезија за независна држава.
1973  На 101 километар на патот Каиро - Суец, потпишана е спогодбата за прекин на огнот меѓу Израел и Египет. На тој начин официјално престанаа воените операции во „октомвриската војна“, на Блискиот Исток.
1990  Во Социјалистичка Република Македонија се одржаа првите слободни повеќепартиски избори.
1995  Во Брисел, шеснаесетте земји членки на НАТО му дадоа „зелено светло“ на предлогот на Политичкиот комитет, Република Македонија, да биде 27-ма потписничка на програмата „Партнерство за мир“.
2006  Во Малме, Шведска, е востоличен Владиката Пимен, осми по ред член на Синодот на МПЦ, на кого му е доделена Европската епархија.

Родени

1821  Фјодор Михајлович Достоевски, голем руски и светски писател.
1922  Курт Вонегат, американски писател.
1928  Неџати Зекирија, македонски писател.
1939  Милка Зафирова, македонски градежен инженер.
1945  Даниел Ортега, никарагвански претседател
1962  Деми Мур, американска актерка.
1974  Леонардо ди Каприо, американски актер.
1980  Раде Врчаковски-Врчак, макеоднски пејач.
1982  Асафа Пауел, јамајкански атлетичар


Починале

405  Арзакиј Константинополски, Патријарх на Константинопол.
1331  Стефан Дечански, крал на Србија.
1855  Серен Кјеркегор, дански философ
1884  Алфред Едмонд Брем, германски природонаучник и зоолог.
1990  Јанис Рицос, поет на грчката левица.
2004  Јасер Арафат, палестински лидер


[уреди] 12 ноември

Настани

1933  Хитлеровата Национал-социјалистичка работничка партија доби мнозинство во парламентот и дојде на власт во Германија. Тогаш настана најмрачното движење во поновата историја на светот - нацизмот, кој доведе до Втората светска војна. Нацизмот беше доктрина која на човештвото му навести истребување на народите во походот за „големогермански простор“.
1941  Советските вооружени сили го запреа надоаѓањето на нацистичките сили кон Москва.
1992  Во Берлин започна судењето на поранешниот претседател на Источна Германија, Ерих Хонекер. На најспектакуларниот судски процес во Германија, Хонекер одговараше за убиство на 12 бегалци. На клупата на обвинетите се најдоа и шест поранешни членови на Министерството за национална одбрана.
2001  Тројца припадници на специјалната единица на македонската полиција „Лавови" загинаа, а повеќе се ранети во близина на тетовското село Требош.


Родени

1547  Клаудија Валоа, француска принцеза.
1833  Александар Бородин, Руски композитор и хемичар (п. 1887.)
1840  Огист Роден, француски скулптор (п. 1917.)
1866  Сун Јат Сен, кинески политичар.
1933  Борислав Ивков, српски шахист.
1934  Леонид Штајн, украински шахист.
1953  Василис Карас, грчки пејач.
1961  Надја Команечи, романска гимнастичарка.
1972  Пабло Зарницки, аргентински шахист.
1974  Дарио Шимиќ, хрватски фудбалер.
1975  Алесандро Бириндели, италијански фудбалер.
1976  Мауро Каморанези, италијански фудбалер.
1979  Мунтазар ал Зејди, иракски новинар.


Починале

607  Бонифациј III, римски папа.
1035  Кнут Велики, дански крал.
1252  Бланка Кастиљска, кралица на Франција.
1693  Марија ван Остервејк, холандска барокна сликарка.
1903  Камиј Писаро, француски уметник.
1916  Персивал Лоуел, американски астроном.
1973  Иван Точко, истакнат современ македонски писател и новинар.
1981  Херман Пилник, аргентински шахист.
1989  Долорес Ибарури - Ла Пасионарија, шпанска револуционерка.
1988  Јаника Балаж, југословенски музичар.


[уреди] 13 ноември

Настани

1944  НОВ: Ослободено е Скопје
1945  Францускиот генерал Шарл де Гол е избран од 555 пратеници за претседател на привремената влада на Франција. Во новата коалициска влада, влегуваат и петорица комунисти.
1994  Швеѓаните на референдум одлучиле дека нивната земја може да се приклучи на Европската унија.
1997  Петнаесет земји меѓу кои и Република Македонија, ја потпишаа Европската конвенција за националностите.
2006  Европската Унија одобри преговори за визни олеснувања за Западен Балкан.


Родени

354  Августин Хипонски, хриатијански философ.
1312  Едвард III, крал на Англија.
1813  Петар Петровиќ - Његош, владика и владетел на Црна Гора.
1818  Михаил Катков, руски публицист.
1834  Николај Столетов, руски офицер.
1850  Роберт Луис Стивенсон, англиски писател.
1882  Добри Даскалов, македонски револуционер и војвода.
1884  Добри Даскалов, македонски револуционер.
1899  Хуанг Сјенфан, кинески историчар и антрополог.
1915  Станко Липша, оперски пејач.
1922  Климе Стојоски, македонски партизан.
1957  Стивен Бекстер, британски писател.
1959  Хари Костов, премиер на Македонија.
1965  Владимир Трајковски, претседател на Македонското научно здружение за аутизам.
1969  Џерард Батлер, шкотски актер.
1982  Куми Кода, јапонска пејачка.
1991  Џефри Брума, холандски фудбалер.


Починале

565  Јустинијан I, византиски император.
867  Никола I, римски папа.
1093  Малколм III, шкотски крал.
1143  Фулк Ерусалимски, крал на Ерусалим.
1357  Иван II Московски, кнез на Московското кнежество и голем кнез на Владимирско-Суздалското кнежество.
1868  Џоакино Росини, италијански композитор.
1981  Винсент Фереира Пастиња, мајстор по афро-бразилската боречка вештина Капуера.
1903  Камиј Писаро, француски сликар.
1912  Патријарх Јоаким III, патријарх на Константинопол.
1974  Виторио де Сика, италијански режисер и артист.


[уреди] 14 ноември

Настани

1944  Група македонски артисти организирани во полупрофесионалниот ансамбл „Кочо Рацин“ во Битола, на македонски јазик ја изведоа едночинката „Ѓоре Магаревски“, од современиот македонски писател Владо Малески. Со тоа беше означено раѓањето на Народниот театар во Битола и раѓањето на драмската уметност во Македонија.


Родени

1650  Вилијам III, англиски крал.
1719  Леополд Моцарт, австриски композитор.
1765  Роберт Фултон, северноамерикански инженер и пронаоѓач.
1838  Аугуст Шеноа, хрватски писател, автор на реалистички раскази и фељтони, романтичарски песни и историски романи.
1840  Клод Моне, француски сликар, еден од основачите на импресионизмот.
1889  Џавахарлал Нехру, индиски државник, еден од основачите на политиката на неврзувањето.
1922  Бутрос Бутрос Гали, египетски политичар и поранешен Генерален Секретар на ОН.
1935  Хусеин I, крал на Јордан.
1941  Филип Симоновски, истакнато име на македонското новинарство, уредник и публицист во „Нова Македонија“.
1946  Денко Малески, прв министер за надворешни работи на Македонија.
1984  Марија Шерифовиќ, српска пејачка .


Починале

565  Јустинијан I, византиски император.
1263  Александар Невски, Голем кнез на Владимирско-Суздалското кнежество.
1391  Никола Тавелиќ, хрватски светец.
1522  Ана де Божу, ќерка на Луј XI.
1716  Готфрид Вилхелм Лајбниц, германски философ.
1831  Георг Вилхелм Фридрих Хегел, најистакнат претставник на германската идеалистичка философија.
1884  Алфред Едмонд Брем, германски природонаучник и зоолог.
1915  Андриј Лисенко, украински писател.
1946  Мануел де Фаља, шпански композитор.,
1977  А. Ч. Бхактиведанта Свами Прабхупада, индиски хиндуистички теолог.


[уреди] 15 ноември

Настани

1492  Кристофер Колумбо, откривајќи ја Америка, ја направи и првата белешка за употребата на тутунот меѓу Индијанците. Тоа беше првиот пишан документ за ова растение, кое наскоро го освои не само стариот континент - Европа, туку и целиот свет, а за кое медицината утврди дека има штетно влијание врз човековото здравје.
1577  Сер Франсис Дрејк, англиски гусар, морепловец и адмирал, тргна на патување околу светот. Неговата активност е од големо значење за англиското колонијално ширење, особено во Северна Америка. Интересно е дека токму Дрејк го пренесе компирот од Америка во Европа, во 1596 година.
1920  Лигата на народите во Женева ја одржа својата прва седница. Лигата е формирана на 28 април 1919 година, со цел да се обезбеди мир и меѓународна соработка на членките на Лигата, но набрзо, поради спротивставените ставови меѓу големите сили, загуби секакво влијание на светската сцена.
1944  Во Скопје, во руинираните простории на некогашната Воена болница кај „Гази Баба“ (Полумесец), беше сместена Болницата на Главниот штаб на НОВ и ПО на Македонија.
1988  Палестина е прогласена за независна држава.
1994  Беа објавени официјалните резултати од пописот, кои покажаа дека во Република Македонија има 1.936.877 жители.
1995  Република Македонија стана членка на програмата на НАТО, Партнерство за мир.
2001  Прогласени Амандманите на Уставот на Република Македонија, во согласност со Охридскиот рамковен договор.
2002  Заврши пописот на населението.
2003  Започна втората фаза од акцијата за собирање на доброволно предаденото нелегално оружје во Македонија.
2004  Премиерот Хари Костов поднесе оставка.


Родени

1316  Жан I, крал на Франција.
1397  Никола V, римски папа.
1738  Вилијам Хершел, англиски астроном.
1862  Герхарт Хауптман, германски драматург.
1891  Ервин Ромел, позна и како „Пустинска лисица“, германски фелд-маршал (п. 1944.)
1895  Олга Николаевна, ќерка на Николај II.
1912  Кирил Пенушлиски, македонски фолклорист.
1927  Џемаил Вејсели, македонски политичар.
1937  Јафет Кото, американски актер.
1954  Александар Квашневски, претседател на Полска.
1956  Златко Кранчар, југословенски и хрватски фудбалер и тренер.
1983  Александар Павловиќ, српски кошаркар.
1983  Фернандо Вердаско, шпански тенисер.


Починале

1028  Константин VIII, византиски император.
1280  Свети Алберт Велики, доминикански епископ.
1630  Јохан Кеплер, германски астроном, математичар и физичар.
1670  Јан Амос Коменски, чешки образовен и религиозен лидер.
1787  Кристоф Вилибалд Глук, германски композитор и диригент.
1802  Џорџ Ромни, истакнат англиски портретист.
1808  Мустафа IV, отомански султан.
1916  Хенрик Сјенкјевич, полски новинар.
1976  Жан Габен, француски филмски и театарски артист.
1983  Таки Хрисик, македонски композитор и музички педагог.
2009  Патријарх Павле, српски патријарх.


[уреди] 16 ноември

Настани

534  Објавена е втората и конечна ревизија на Јустинијановиот Кодекс.
1912  Прва балканска војна: Започнува Битолската битка помеѓу српските и турските воени сили.
1918  Унгарија објавува независност од Австрија.
1940  Еден месец по создавањето, нацистите го оградиле со ѕидови Варшавското гето и им го забраниле излезот на неговите жители - Евреите од Варшава. Околу 440.000 Евреи останале изолирани од светот во нехумани услови сѐ до ослободувањето во 1945. Десетици илјади луѓе умреле од глад и болести. Повеќе од 310.000 оттаму биле испратени во логорите на смртта, каде што биле убивани во гасни комори.
1945  Операција „Спојувалка“: армијата на САД тајно прифатила 88 германски научници и инженери да работат на развојот на ракетната технологија.
1945  Основан е УНЕСКО.
1962  Скопје, главниот град на Република Македонија, го зафати катастрофална поплава.
2001  Македонскиот претседател Борис Трајковски го потпиша писмото со кое формално се потврдува амнестијата за поранешните членови на т.н. ОНА кои доброволно го предале оружјето.


Родени

42 п.н.е.  Тибериј, римски император.
1762  Караѓорге Петровиќ, српски револуционер.
1898  Симеон Кавракиров, македонски револуционер.
1900  Евгениј Босилков, бугарски католички свештеник.
1920  Тодор Циповски - Мерџан, народен херој на Македонија.
1922  Џин Мајрон Амдахл, американски компјутерски архитект.
1922  Жозе Сарамаго, португалски писател.
1923  Чеде Филиповски - Даме, народен херој на Македонија.
1948  Мате Парлов, југословенски боксер.
1962  Стевица Кузмановски, македонски фудбалер и тренер.
1974  Пол Сколс, англиски фудбалер.
1982  Амаре Стадемаер, американски кошаркар.


Починале

1093  Маргарита Шкотска, кралица на Шкотска.
1272  Хенри III, крал на Англија.
1766  Доминикус Цимерман, германски рококо архитект.
1797  Фридрих Вилхем II, крал на Прусија.
1850  Александар Арон, германски и француски шахист.
1960  Кларк Гејбл, американски оскаровец.
1993  Лучијано Лиџио, мафијаш, меѓу најбараните лица во Италија и инспирација за романот „Кум“ на Марио Пузо.
1995  Петре Прличко, доајен и еден од втемелувачите на македонската театарска уметност, актер и режисер.
2006  Милтон Фридман, американски економист и нобеловец.


[уреди] 17 ноември

Настани

1558  На англискиот престол дојде кралицата Елизабета I, за време на чие владеење Англија ги консолидира внатрешните состојби, се ослободи од притисокот на Шпанија и излезе со своите бродови на сите светски мориња. Истата година, англиската флота ја порази шпанската „непобедлива армада“ и со тоа ја начна моќта на својата соперничка во освојувањето на колониите.
1913  Првите бродови минаа низ Панамскиот Канал. По должина од 82 километри, каналот беше отворен во 1914 година.
1984  Прогласен е Светскиот ден на непушењето, на Петтата светска конференција за пушењето и за здравјето одржана во Канада.
1989  Со студентски протести во Чехословачка започнува Кадифената револуција.
1991  Усвоен е Уставот на Република Македонија, прв по прогласувањето на сувереност и самостојност.
2006  Американскиот Сенат едногласно усвои резолуција во корист на приемот на Македонија, Хрватска, Албанија и Грузија во НАТО.
2008  Поради попречувањето на приемот во НАТО, Македонија покрена тужба против Грција за прекршување на Привремената спогодба од 1995.


Родени

9  Веспазијан, римски император.
1291  Филип V, француски крал.
1755  Луј XVIII, француски крал.
1773  Витез Михај Чоконаи, унгарски поет.
1790  Август Фердинанд Мебиус, германски математичар, творец на Мебиусовата лента.
1887  Бернард Монтгомери, британски генерал.
1895  Кирил Преславски, принц на Бугарија.
1925  Рок Хадсон, американски актер.
1942  Мартин Скорсезе, американски режисер.
1944  Дени Девито, американски актер.
1963  Дилан Волш, американски актер.
1966  Софи Марсо, француска актерка.
1971  Мајкл Адамс, англиски шаховски велемајстор.
1983  Кристофер Паолини, американски романсиер.
1986  Нани, португалски фудбалер.


Починале

375  Валентинијан I, римски император.
474  Лав II, византиски император.
1558  Марија I, кралица на Англија.
1796  Катерина II , кралица на Русија.
1858  Роберт Овен, англиски социјалист.
1917  Огист Роден, француски скулптор.
1947  Виктор Серге, француски анархист
2006  Ференц Пушкаш, унгарски фудбалер.


[уреди] 18 ноември

Настани

1903  САД потпишаа договор со Панама, со што добија неограничено право за користење на Панамскиот Канал.
1991  Српските сили го освоија хрватскиот град Вуковар, по 87-дневна опсада.
1997  Делегација на Армијата на Република Македонија, при посетата на Турција, го пронајде и го фотографира крушевското црешово топче од периодот на Илинденското востание. Црешовото топче е пронајдено во Воениот музеј на Армијата на Турција.


Родени

1874  Крсте Петков Мисирков, истакнат македонски филолог, лингвист, историчар, фолклорист, етнограф, публицист, политичар, револуционер и борец за македонската национална афирмација.
1928  Александар Ежов, македонски книжевен критичар.
1960  Александар Донски, литературен преведувач, раскажувач и историчар.


Починале

1922  Марсел Пруст, француски писател и академик.
1936  Ганчо Хаџипанзов, македонски револуционер и поет, учесник во Шпанската граѓанска војна
1962  Нилс Бор, дански теоретски физичар, основач на теоријата за структурата на атомот.
1986  Љупчо Арсов, републички функционер за време на СРМ.
1991  Густав Хусак, претседател на Чешка.
2005  Ангел Чемерски, македонски револуционер и партиски функционер.
2007  Томо Софрониевски, македонски првоборец и политичар.
2008  Бранко Гапо, македонски филмски режисер.


[уреди] 19 ноември

Настани

1493  На своето второ патување за Америка, на кое тргнал со 17 бродови и со 1.500 луѓе, Кристофер Колумбо го открил островот Порторико.
1497  Португалскиот морепловец Васко де Гама на своето прво патување, во дотогаш непознат свет, го открил патот за Индија, околу 'Ртот Добра Надеж.
1902  Прва балканска војна: Крај на Битолската битка со победа на српските над турските единици.
1944  Тетово е ослободено во Втората светска војна, како последен ослободен град на територијата на Македонија.
1991  Пратениците на Собранието на Република Македонија едногласно донеле Декларација за меѓународно признавање на Република Македонија како суверена и независна држава.
2008  Џон Ки станува премиер на Нов Зеланд.


Родени

1600  Чарлс I, англиски и шкотски крал.
1711  Михаил Василевич Ломоносов, руски научник, писател, академик и енциклопедист со светски глас.
1805  Фердинанд де Лесепс, француски дипломат и инженер.
1831  Џејмс Гарфилд, американски претседател.
1833  Вилхелм Дилтај, германски фолософ, историчар.
1888  Хозе Раул Капабланка, кубански шахист.
1906  Павел Киров, грчки андартски капетан.
1917  Индира Ганди, претседател на индиската власт и истакнат лидер на Движењето на неврзаните.
1920  Бранко Зарески, македонски поет, критичар и публицист.
1936  Љубиша Самарџиќ, југословенски и српски актер.
1962  Џоди Фостер, американска актерка.
1971  Ирена Ветерова, македонска балерина.
1973  Дарко Ковачевиќ, српски фудбалер.
1976  Стилијанос Венетидис, грчки фудбалер.
1980  Владимир Радмановиќ, српски кошаркар.
1985  Крис Иглс, англиски фудбалер.


Починале

498  Анастасиј II, римски папа.
1557  Бона Сфорца, кралица на Полска и Ерусалим.
1828  Франц Шуберт, композитор.
1855  Михај Верешмарти, унгарски поет.


[уреди] 20 ноември

Настани

1959  Генералното собрание на Обединетите нации ја усвои Декларацијата за правата на детето, документ со кој се утврдени не само принципите за заштита на децата во светот, туку е и основан за помош на милиони деца. Со текот на годините со финансиска помош од Детскиот фонд се опремени многу здравствени центри во светот.
1959  Велика Британија, Норвешка, Шведска, Данска, Австрија, Португалија и Швајцарија во Стокхолм потпишаа Конвенција за формирање Европско здружение за слободна трговија (ЕФТА).
1970  Излезе првиот број на „Екран“, како седмичен колор прилог на весникот „Нова Македонија“ за ТВ, филм, радио и естрада. Од бр. 226 од 14 март, 1975 година излегува одделно од „Нова Македонија“ како ревија за РТВ, филм, сценски уметности и естрада.
1991  Во Скопје, во Собранието на Република Македонија, свечено е прогласен Уставот на Република Македонија, усвоен на 17.11.1991 година.
1993  Авион од типот „Јаковлев 42“ на македонската авиокомпанија „Авиоимпекс“ се сруши во близина на охридскиот аеродром. Во несреќата го загубија животот 115 лица .
1995  Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија, стана полноправен член на Меѓународната Хелсиншка Федерација, беше речено на Годишното собрание на Меѓународната Хелсиншка Федерација во Истанбул.
2001  Во Тетово е официјално отворен Универзитетот за југоисточна Европа.


Родени

270  Максимин Даја, римски император.
1851  Маргарита од Савоја, кралица на Италија.
1761  Пиј VIII, римски папа.
1902  Назим Хикмет, турски поет.
1906  Живко Фирфов, македонски етномузиколог, педагог, диригент и музички деец.
1916  Васил Куноски, македонски поет за деца.
1924  Беноа Манделброт, франко-американски математичар, познат изучувач на фракталите († 2010)
1925  Роберт Кенеди, американски политичар.
1945  Патријарх Кирил, патријарх на Руската Православна црква.
1953  Халид Бешлиќ, српски пејач.


Починале

1316  Жан I, француски крал.
1865  Франческо Маноел да Силва, познатиот бразилски композитор.
1894  Антон Григорјевич Рубинштајн, руски клавирски виртуоз и композитор, основач на Конзервативизмот во Петроград.
1910  Лав Николаевич Толстој, руски писател, ненадминат раскажувач, романописец, драматичар и општествен реформатор.
1925  Александра Данска, кралица на Обединетото Кралство.
1944  Јован М. Алексоски, македонски партизан.
1947  Волфганг Борхерт, германски поет.
1975  Франсиско Франко, шпански диктатор.
2000  Вјачеслав Котјоночкин, руски режисер и аниматор.
2006  Роберт Алтман, американски филмски режисер.


[уреди] 21 ноември

Настани

1992  Во Скопје е одржан Првиот конгрес на Лигата за демократија.
1994  Во Солунското пристаниште се блокирани 19.500 тони американска пченка за Македонија.


Родени

1658  Хенри Персел, најзначаен англиски композитор од времето на ренесансата.
1694  Франсоа Волтер, француски писател, историчар и филозоф.
1818  Луис Хенри Морган, американски етнолог и социолог.
1875  Никола Петров Русински, истакната личност на националната историја на македонскиот народ, социјалист и револуционер.


Починале 21 ноември (починале)

[уреди] 22 ноември

Настани

1908  Во Битола е усвоена албанската азбука.
1943  Либан стекнува независност од Франција.
1963  Во Далас е убиен американскиот претседател Џон Кенеди.
1974  Генералното собрание на Обединетите Нации и доделува статус на набљудувач на Палестинската ослободителна организација.
1991  Египетскиот политичар Бутрос Бутрос-Гали е избран за генерален секретар на Обединетите Нации, со што стана прв Арап (и прв жител на Африка) избран на таа функција.


Родени

1458  Јаков Обрехт, холандиски композитор.
1602  Елизабета , сопруга на Филип IV.
1616  Џон Волис, англиски математичар.
1819  Мари ан Еванс, англиска писателка.
1869  Андре Жид, француски романописец, есеист и критичар.
1877  Ади Ендре, најпознат унгарски лиричар.
1881  Енвер паша, турски командант.
1890  Шарл де Гол, претседател на Франција.
1940  Тери Гилијам, американско-британски режисер.
1984  Скарлет Јохансон, американска актерка.


Починале

1286  Ерик V, крал на Данска.
1318  Михаил II, голем кнез на Владимирско-Суздалско кнежество.
1617  Ахмед I, отомански султан.
1819  Лучијано Лиџио, мафијашки член, инспирација за романот „Кум“, на Марио Пузо.
1900  Артур Саливен, познат британски композитор и диригент.
1916  Џек Лондон, американски писател.
1963  Џон Кенеди, претседател на САД.
1971  Кирил Николов, македонски новинар.


[уреди] 23 ноември

Настани

1831  Штрајкот на лионските ткајачи прерасна во вооружено востание, на кое му се придружија и работниците од другите гранки. Тоа беше право масовно востание на работниците во услови на буржоаска монархија во Франција.
1944  По одлука на АСНОМ, формирана е Народната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ во Скопје.
1971  Народна Република Кина го зазеде своето место во ООН откако САД, по две децении спротивставување, се откажа од натамошното поддржување на режимот на Чанг Кај Шек, како претставник на цела Кина.
1995  Целиот свет ја поздрави мировната спогодба за Босна, која ја потпишаа тројцата главни актери на преговорите во Дејтон, Фрањо Туѓман, Алија Изетбеговиќ и Слободан Милошевиќ.
2003  Грузискиот претседател Едуард Шеварнадзе поднесува оставка по неколку недели масовни протести поради изборна измама


Родени

1760  Франсоа Бабеф, француски револуционер
1860  Хјалмар Брантинг, шведски социјалдемократ и премиер
1876  Мануел де Фалја, шпански композитор.
1877  Никола Карев, истакнат македонски социјалист и револуционер.
1899  Мануел дос Реис Машадо, мајстор по афро-бразилската боречка вештина.
1941  Франко Неро, италијански актер.
1988  Ендру Талански, американски велосипедист.


Починале

1966  Григор Витез, хрватски писател и преведувач.
1976  Андре Марло, француски писател есеист, теоретичар и историчар на уметноста.


[уреди] 24 ноември

Настани

1859  Првото издание на „За потеклото на видовите“ од Чарлс Дарвин излегло од печат и било распродадено истиот ден.
1936  Германија и Јапонија го потпишаа таканаречениот Антикоминтерна пакт, кој потоа го потпишаа и Италија, Манџуко, Унгарија, Шпанија и Албанија. Под Фирмата на овој пакт фашистичките земји го подготвуваа военополитичкиот сојуз, кој е санкциониран во 1940 година како „Троен пакт“.
1944  Во ослободеното Скопје, само десетина дена откако стивнаа последните улични борби, основан е првиот симфониски оркестар на денешната Македонска филхармонија. Имено во домот на Тодор Скаловски група музички вљубеници, од кои некои сѐ уште беа во партизански униформи, го формираа симфонискиот оркестар. На таа средба присуствуваа Васил Ѓаконов - Шпато, Тодор Календаров, Петар Трајков, Стефан Кралев, Александар Шалев, Фрањо Млчок, Херман Зип, Петар Симоновиќ и Душан Парлиќ.
1986  Заврши последниот дел на електрификацијата на пругата Скопје - Гевгелија со должина на електричната мрежа од 220 км. Електрификацијата почна на 05.01.1981 година.
1994  Во Скопје е отворена амбасадата на Руската Федерација.


Родени

1729  Александар Суворов, руски кнез и генералисимус.
1632  Барух Спиноза, холандски филозоф од еврејско потекло.
1864  Анри де Тулуз - Лотрек, француски сликар.
1891  Макс Аман, нацистички функционер.
1919  Вера Ацева, македонски партизан и народен херој на Југославија.
1927  Алфредо Краус, шпански тенор.
1938  Тахир Кадриу, македонски економист.
1949  Рахим Бурхан, македонски режисер.
1967  Октај Ахмед, македонски поет.
1985  Јулија Александрату, грчка манекенка, пејачка и актерка.


Починале

1870  Лотреамон, француски поет.
1985  Љубен Лапе, редовен член на МАНУ и редовен професор на Филозофскиот факултет во Скопје.
1989  Благоја Нешковски, истакнат македонски режисер и писател.


[уреди] 25 ноември

Настани

1867  Алфред Нобел го патентирал динамитот. Патентните права му донеле големи приходи од кои и до денес се финансира наградниот фонд на Нобеловата награда.
1918  Поранешната австро-унгарска провинција Војводина прогласила отцепување и приклучување кон Кралството Србија.
1936  Германија и Јапонија го потпишуваат Антикоминтерновскиот пакт
1939  Во Самобор, Хрватска, во печатницата на Драгутин Шпулер, излезе од печат збирката песни „Бели мугри“ од македонскиот поет и револуционер Кочо Рацин. Таа претставуваше стремеж за афирмација на македонската национална култура и на современата македонска поезија.
1965  Извршен е воен удар во Конго. Генерал Мобуто го собори претседателот Касавубу.
1973  Во Грција е извршен државен удар во кој е соборен диктаторот Пападопулос и Режимот на полковниците. Новата хунта на чело со генерал Гизикис веќе следната година им ја предаде власта на политичарите, па Константин Караманлис ја формира првата влада на национално единство.
1976  Суринам стекнува независност од Холандија
1977  Генералното собрание на ООН ја осуди израелската окупација на арапските територии само со четири гласа против - Израел, САД, Канада и Салвадор.
1990  ВМРО-ДПМНЕ победи на првите повеќепартиски избори во Македонија со 37 места во Парламентот. Сојузот на Комунистите на Македонија добива само 31 место.


Родени

1562  Феликс Лопе де Вега, шпански писател.
1881  Јован XXIII, римски папа.
1924  Анте Марковиќ, последниот премиер на СФРЈ.
1935  Миле Неделкоски, македонски поет.
1947  Наум Попески, македонски писател.
1948  Тодор Бојаџиев, македонски композитор.
1964  Павле Воскопулос, македонски политичар во Република Грција.


Починале

1185  Луциј III, римски папа.
1638  Николаус Стено, дански научник.
1878  Стојан Карастоилов, ајдутски војвода .
1885  Алфонсо XII, крал на Шпанија.
1915  Мишел Бреал, француски лингвист.
1957  Принц Георги, вториот син на Георги I, крал на Грција.
1968  Аптон Синклер, американски писател и публицист.
1974  У Тант, бурмански дипломат.
1991  Фреди Меркјури, рок - ѕвезда.


[уреди] 26 ноември

Настани

1917  Клубовите Монтреал Канадиенс, Монтреал Вандерерс, Отава Сенаторс, Квебек Булдогс и Торонто Аренас ја формирале Националната Хокеарска Лига (НХЛ).
1918  Собранието во Подгорица прогласило обединување на Црна Гора со Кралството Србија.
1922  Хауард Картер и Лорд Карнарвон го откриле гробот на Тутанкамон, стар преку 3000 години и целосно зачуван.
1942  Втора светска војна: започнало Првото заседание на АВНОЈ во Бихаќ, БиХ.
1986  Во Скопје излезе првиот број на додатокот за литература, идеи и култура на весникот „Нова Македонија“ - „ЛИК“.
1991  Беше пуштен во употреба автопатот Велес - Градско.


Родени

1827  Елен Г. Вајт, американски христијански водач.
1857  Фердинанд де Сосир, швајцарски лингвист.
1883  Михај Бабич, унгарски поет.
1909  Ежен Јонеско, романски-француски сценарист и драматург.
1919  Ѓоце Стојчевски - Амбарче, македонски борец и народен херој.
1939  Тина Тарнер, американска пејачка.
1969  Вадим Хамутцких, руски одбојкар.
1980  Алберт Монтањес, шпански тенисер.
1986  Бауке Молема, холандски велосипедист.
1987  Јоргос Цавелас, грчки фудбалер.


Починале

1504  Изабела I Кастилјска, кралица на Кастилја и Леон.
1981  Макс Еве, холандски велемајстор.
1983  Евгени Савов, судија на Врховниот суд на Македонија.


[уреди] 27 ноември

Настани

1095  На црковниот Собор во Клермон во Франција, папата Урбан Втори ги повикlа соборните црковни големодостоинственици и световните владетели да тргнат во воен поход против „неверниците“, Селџуци, кои ја зазеле „светата земја“ Палестина, со Исусовиот гроб во Ерусалим. Со тоа ја поттикна Првата крстоносна војна што започна во следната година.
1895  Шведскиот фабрикант Алфред Нобел, пронаоѓач на динамитот, во Париз напиша своерачен тестамент со кој каматите од големиот имот ги остава за развој на науката, литературата и на борците за мир. „Наградите треба да се делат без оглед на националноста“, пишуваше во тестаментот, со кој се основа Нобеловата награда за најголеми достигнувања на човековиот ум.
1919  По Првата светска војна, во која учествуваше на страната на Оската, Бугарија потпиша мир (Нејски мировен договор, потпишан во Неј на Сена) врз основа на кој Добруџа и припадна на Романија, приморјето на Тракија и на Грција, а градовите Струмица, Благоевград и Цариброд на Кралството СХС.
1926  Ахмет Бег Зогу во Тирана потпиша пакт со Мусолини за зајакнување на својот реакционен феудален режим во Албанија.
1942  Втора Светска војна: Француската морнарица потопи поголем дел од својата воена флота во тулонското пристаниште за да не падне во рацете на нацистите.
1946  Солунскиот партиски весник „Лаки Фони“ објави список на околу 100 лица од Леринско и од Воденско (претежно Македонци), кои беа интернирани на егејските острови.
1982  Лидерите на 31 африканска земја, на состанокот во Триполи, ги осудија Соединетите Американски Држави поради нивната „економска, воена и нуклеарна соработка со Јужноафриканската Република“.
1997  Во Брисел, со одобрение на Министерскиот совет на Унијата, беше одобрена Спогодбата за соработка и транспорт меѓу Европската унија и Република Македонија.


Родени

1701  Андерс Целзиус, шведски физичар и астроном.
1901  Емануел Чучков, македонски политичар.
1921  Александар Дубчек, лидер на Прашката пролет.
1931  Радмила Пашиќ, македонски археолог.
1940  Брус Ли, актер и борач.
1960  Јулија Тимошенко, украинска политичарка.
1960  Владо Јаневски, македонски поп-пејач и композитор.
1961  Авдија Пепиќ, македонски економист и политичар.
1963  Владимир Машков, руски актер.
1979  Александар Васоски, македонски фудбалер.
1982  Александар Кержаков, руски фудблер.


Починале

1570  Јакопо Сансовино, италијански вајар и архитект.
1955  Артур Хонегер, француски композитор.


[уреди] 28 ноември

Настани

1917  Клубовите Монтреал Канадиенс, Монтреал Вандерерс, Отава Сенаторс, Квебек Булдогс и Торонто Аренас ја формирале Националната Хокеарска Лига (НХЛ).
1918  Собранието во Подгорица прогласило обединување на Црна Гора со Кралството Србија.
1922  Хауард Картер и Лорд Карнарвон го откриле гробот на Тутанкамон, стар преку 3000 години и целосно зачуван.
1942  Втора светска војна: започнало Првото заседание на АВНОЈ во Бихаќ, БиХ.
1986  Во Скопје излезе првиот број на додатокот за литература, идеи и култура на весникот „Нова Македонија“ - „ЛИК“.
1991  Беше пуштен во употреба автопатот Велес - Градско.


Родени

1118  Мануел I Комнен, византиски император.
1489  Маргарет Тјудор, англиска принцеза.
1632  Жан Батист Лили, француски композитор.
1757  Вилијам Блејк, англиски поет.
1820  Фридрих Енгелс, германски револуционер.
1829  Антон Григорјевич Рубинштајн, руски композитор.
1857  Алфонсо XII, крал на Шпанија.
1887  Ернст Рем, германски воен офицер.
1907  Алберто Моравија, еден италијански писател.
1908  Клод Леви-Строс, француски антрополог.
1925  Никола Кордоски, македонски борец.
1928  Миодраг Павловиќ, српски писател.
1932  Бранко Илиевски, македонски раскажувач.
1946  Ален Лајтман, американски физичар.
1961  Ирина Саломикова, руска спринт-кануистка.
1977  Фабио Гросо, италијански фудбалер.



Починале

1680  Џовани Лоренцо Бернини, италијански архитект.
1907  Иван Гарванов, бугарски револуционер.
1941  Живоин Павловиќ, југословенски комунист.
1954  Енрико Ферми, италијански физичар.
1982  Елена, кралица на Романија.
2004  Јусуф Реџепи, македонски лекар.
2010  Лесли Нилсен, американско-канадски актер.
2011  Анте Марковиќ, последниот премиер на СФРЈ.


[уреди] 29 ноември

Настани

1913  Во Париз основана Меѓународната мечувалска федерација (FIE).
1926  Во Тетово е пуштена во редовно производство хидроелектраната „Пена“, прв и најстар хидроенергетски објект во Македонија (дотогаш сите биле на јаглен). Изградена е во периодот од 1924 до септември 1926 година. Инвеститор беше Тетовското индустриско акционерско друштво формирано на иницијатива на Михајлович, руски емигрант кој живееел во Тетово.
1943  Во Јајце започнува Второто заседание на АВНОЈ. Истиот ден на заседанието Јосип Броз Тито е прогласен за Маршал на Југославија.
1947  Генералното собрание на Обединетите Нации донесува резолуција за поделба на Палестина на еврејски и арапски дел.
1958  Скопје и некои други градови од Македонија имаа можност со добар прием да ја гледаат италијанската телевизија.
1962  Велика Британија и Франција потпишуваат спогодба за изработка на суперсоничен авион од типот „Конкорд“.
1973  Во Маврови Анови е формирано Здружението на радиостаниците во Република Македонија.


Родени

1797  Гаетано Доницети, италијански оперски композитор.
1932  Жак Ширак, Претседател на Франција.
1951  Мирче Нешовски, македонски поет.
1964  Мајк Матијевич, хрватски музичар.


Починале

741  Григур III, римски папа.
1268  Климент IV, римски папа.
1314  Филип IV Убавиот, крал на Франција.
1543  Ханс Холбајн Помладиот, познат германски раноренесансен сликар.
1634  Клаудио Монтеверди, италијански композитор.
1916  Војин Поповиќ-Вук, војвода на Српскиот комитет на четничката акција.
1924  Џакомо Пучини, италијански оперски композитор.
2001  Џорџ Харисон, член на Битлси.


[уреди] 30 ноември

Настани

1894  Македонскиот револуционер Гоце Делчев, лично од Даме Груев, примен е за член на ВМРО.
1966  Барбадос, еден од островите на Малите Антили, кој 300 години беше британска колонија, прогласи независност.
1998  Избрана Владата на Република Македонија, предводена од Љубчо Георгиевски.
2001  Собранието на Република Македонија, со мнозинство гласови, го прифати седмиот по ред владин состав на Премиерот Љубчо Георгиевски.
2005  Тито Петковски ја формира НСДП, како реакција на незадоволството кое подолго време владееше во редовите на СДСМ. Формирањето на оваа партија се смета како еден од главните фактори за поразот на владата на Владо Бучковски во јули 2006 година. На тие избори НСДП освои 6 пратенички места и стана дел од владејачката коалиција.


Родени

1508  Андреа Паладио, италијански архитект, создател на Паладијанскиот стил
1667  Џонатан Свифт, најголем англиски сатиричар, еден од најостроумните критичари на човековата природа и на општествените процеси.
1835  Марк Твен, голем американски хуморист, новинар и предавач.
1874  Винстон Леонард Спенсер Черчил, британски државник и писател.
1935  Стојан Андов, претседател на Либералната партија на Македонија


Починале

1900  Оскар Вајлд, англиски писател од ирско потекло.
2011  Илија Зимбо, македонски солист, камерен музичар и прв флејтист во оркестарот на Македонската опера и балет.
Јануари - Февруари - Март - Април - Мај - Јуни - Јули - Август - Септември - Октомври - Ноември - Декември

Начин на користење на шаблоните во рубриката
Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник
Други јазици