Фредерик Лејтон
| Фредерик Лејтон Frederic Leighton |
|
Фредерик Лејтон, Прв барон Лејтон, автопортрет 1880 |
|
| Роден | 3 декември 1830 Скарборо, Англија, Обединето Кралство |
|---|---|
| Починал | 25 јануари 1896 Лондон, Англија, Обединето Кралство |
| Националност | Англичанец |
| Поле | сликарство и вајарство |
| Обука | Едвард фон Штајнле |
| Правец | Академизам |
| Влијаел врз | Френк Бернард Дикси |
| Награди | Римска награда, Легија на честа |
Фредерик Лејтон, Прв Барон Лејтон (англиски: Frederic Leighton, 1st Baron Leighton), ПКА, (3 декември 1830–25 јануари 1896) бил англиски сликар и вајар. Во неговите дела се прикажани историски, библиски и класични содржини.
Содржина |
Биографија [уреди]
Лејтон е роден во Скарборо во семејство кое се занимавало со увоз-извоз. Се образувал во Универзитетската Колешка школа во Лондон. Потоа го стекнал правното образование во континентална европа, прво кај Едвард фон Штајнле, а потоа кај Џовани Коста. Кога бил во Фиренца, на возраст од 24 години, каде учел во Академијата на убави уметности, ја насликал поворката на Чимабуевата Богородица низ Борџо Алегри. Живеел во Париз од 1855 до 1859, каде ги запознал Енгр, Делакроа, Коро и Миле.
Во 1860 се преселил во Лондон, каде се поврзал со Предрафаелитите. Го проектирал гробот на Елизабет Барет Браунинг за Роберт Браунинг во Англиските гробишта во Фиренца во 1861. Во 1864 станал придружен член на Кралската академија, а во 1878 станал нејзин претседател (1878–96). Неговата склптура „Атлет како се бори со со питон“ (1877) се сметала за зачеток на ренесанса во современото британско вајарство, која се анрекувала Ново Вајарство. Неговите слики ја претставувале Британија на Големата изложба во Париз во 1900.
Му било дадено витештво во Виндзор во 1878, а осум години подоцна бил прогласен за баронет. Тој бил првиот сликар кому му е доделено перство, на Новогодишната Почесна листа во 1896.; Лејтон починал следниот ден од ангина пекторис.
Бидејќи бил нежнет, по смртта, неговото баронство згаснало по постоење само еден ден; ова е рекорд на сте времиња. Неговата куќа во Холанд Парк, Лондон е музеј, наречен Лејтонова музеј-куќа. Во него има негови цртежи и слики, како и некои скулптури (меѓу кои и „Атлет како се бори со питон“).
Хронолошки преглед [уреди]
- 1864 - Придружен член на Кралската академија
- 1868 - Академик на Кралската академија
- 1878 - Претседател на Кралската академија
- 1878 - Чиновник во Легија на честа
- 1886 - Прогласен за Баронет
- 1889 - Ја добива Римската награда за вајарство
- 1889 - Придружен член на Институтот на Франција
- 1896 - Прогласен за британски пер
Галерија [уреди]
-
„Заробената Андромаха“
-
„Последната стража на Херона“
-
„Чимабуевата Богородица во поворка по фиренските улици“
Видете исто така [уреди]
- Листа на избрани дела од Фредерик Лејтон (англиски)
- „Ромола“ – роман од Џорџ Елиот илустриран од Лејтон
- Академска уметност
- Англиска сликарска школа
- Листа на британски сликари
| Заедничката Ризница има податотеки поврзани со: „Фредерик Лејтон“ |
Надворешни врски [уреди]
- Скарборо, родното место на Лејтон (англиски)
- Лејтоновата музеј-куќа (англиски)
- Брајан Јодерова страница за Лејтон на goodart.org (англиски)
- Лејтонова галерија на MuseumSyndicate (англиски)
| Почесни титули | ||
|---|---|---|
| Претходник Сер Францис Грант |
Претседател на Кралската академија 1878–1896 |
Наследник Сер Џон Еверет Миле |
| Перство на Обединетото Кралство | ||
| Претходник Новосоздадено |
Барон Лејтон 1896 |
Наследник Згаснало |
Оваа статија содржи текст од дело во јавна сопственост: „Frederick_Leighton,_Baron_Leighton“. Енциклопедија Британика (XI). (1911). Cambridge University Press.