Виктор Габер

Од Википедија — слободната енциклопедија

Виктор Габер (Скопје, 8 декември 1948) — македонски дипломат од кариера, филателист и публицист[1].

Животопис[уреди | уреди извор]

Габер е роден во Скопје на 8 декември 1948 година. Основно и средно образование завршил во Скопје. Дипломирал во 1973, а магистрирал во 1979 година на Правниот факултет во Скопје. Работел како втор (1980 – 1981), и прв секретар во Амбасадата на СФРЈ во Атина (19811984); прв советник за политички прашања во Амбасадата на СФРЈ во Тирана (19891993); потсекретар во МНР на Македонија (19931996); шеф на дипломатската мисија на Македонија во Италија, од каде ја покрива и АРЕ и шеф на постојаната мисија на Македонија кај ФАО, ИФАД и Светската програма за храна (19962000); вонреден и ополномоштен амбасадор на Македонија во Австралија (2004–2008)[2]; претседател на Дипломатскикот клуб - Скопје од 2009. Габер е секретар на Сојузот на Фимателисти на Макеодија од 2019 гоидна.

По потпишувањето на Договорот од Преспа во 2018 година Габер е именуван за ко-кординатор на Заедничкиот интердисциплинарен комитет за историски, археолошки и образовни прашања, оформен согласно чл.8. ст. 5 од овој Договор.

Библиографија[уреди | уреди извор]

  • Односот на Грција кон македонското национално малцинство по Првата светска војна, 1985;
  • За Македонската дипломатија, 2002
  • Премрежјата на македонскиот интелектуалец, 2003;
  • Колатерална штета, 2006;
  • Recognition and Denial, 2008;
  • Името Македонија-историја, право, политика, 2010[3];
  • Крсопатите на Венко Марковски, 2012;
  • Дипломатија и политика, 2013;
  • Скопје на поштенски марки – историја и мотиви, на македонски и англиски во соавторство со Климе Поповски, 2018;[4]
  • Нико Зупанич и Македонија во 1903 година, 2022.

https://arhiv.mk/2022/09/13/%d0%be%d0%b1%d1%98%d0%b0%d0%b2%d0%b5%d0%bd%d0%b0-%d1%81%d1%82%d1%83%d0%b4%d0%b8%d1%98%d0%b0%d1%82%d0%b0-%d0%bd%d0%b8%d0%ba%d0%be-%d0%b7%d1%83%d0%bf%d0%b0%d0%bd%d0%b8%d1%87-%d0%b8-%d0%bc%d0%b0/

  • 100 Години Велес историја на поштенски картички, соавторство со Зоран Стрезоски, 2023.

https://balkaninsight.com/2019/05/17/greece-north-macedonia-commission-wont-rewrite-history/

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Архива на Министерство за надворешни работи на РМ, Скопје, 2007
  2. „Амбасадорот Виктор Габер си замина од Австралија“. /www.informator.ws. 22 декември 2008. Посетено на 2010-04-17.
  3. „Промоција на книга од Виктор Габер“. Утрински Весник. 30/03/10. Посетено на 2010-04-17. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)[мртва врска]
  4. Скопје на поштенски марки, монографија на Поповски и Габер. Архивирано од изворникот на 2018-07-18. Посетено на 2018-06-16.