Георги Ајановски

Од Википедија — слободната енциклопедија

Георги Ајановски (Воден, Егејска Македонија, 25 февруари 1941 - ) — македонски прозаист и писател за деца.

Животопис[уреди | уреди извор]

Тој е син на Вангел Ајановски-Оче, истакнат водач на деец на македонското национално движење (НОД) од Егејска Македонија. Роден е во четиричлено семејство заедно со неговата сестра Дора и двајцата браќа Ристо и Владимир. Тој бил евакуиран во Народна Република Југославија на 8-годишна возраст.[1]

Дипломирал новинарство во Скопје. Од 1962 до 1997 година работел во НИП Нова Македонија, како новинар и уредник на рубриката во „Вечер“, а потоа како главен и одговорен уредник на весникот „Нова Македонија“. Постојан дописник на „Нова Македонија“ од Москва. Основач[2] и директор на НИК „Денес“ и на весникот „Македонија Денес“.

Автор е на публицистичките трудови „Признавањето на Македонија“, „Сибирски години“, „Елена Галкина-Краснаја“ и на монографијата за „Мирка Гинова“.[3] Автор е на книгите: „Вани“ (роман за деца, 1973), „Вани“ (втор дел, 1998). Член на ДПМ[4] од 1974 година.[5][6]

Награди[уреди | уреди извор]

Добитник е на наградата Крсте Мисирков и на наградата за животно дело во новинарството.[5]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. peoplepill.com. „Georgi Ajanovski: Aegean Macedonian journalist (1940-) | Biography, Facts, Career, Wiki, Life“. peoplepill.com.
  2. „„МАКЕДОНИЈА ДЕНЕС" – Македонска енциклопедија“ (англиски). Архивирано од изворникот на 2021-03-01.
  3. Ajanovski, Georgi (1992). Irina Ginova Mirka. Nova Makedonija.
  4. „Членови на ДПМ – Друштво на писатели на Македонија“.
  5. 5,0 5,1 Личности од Македонија. Скопје: МИ-АН. 2002. стр. 14. ISBN 9989-613-28-1. На |first= му недостасува |last= (help)
  6. „АЈАНОВСКИ, Георги“. Македонска Енциклопедија. 2018-10-23.