Божидар Димитров

Од Википедија — слободната енциклопедија
Божидар Димитров
Роден 3 декември 1945
Созопол,  Бугарија
Починал 1 јули 2018
Софија,  Бугарија

Божидар Димитров Стојанов (бугарски: Божидар Димитров Стоянов[1]; Созопол, Бугарија, 3 декември 1945 - Софија, 1 јули 2018) — историчар и политичар од Бугарија, директор на бугарскиот Национален историски музеј, доктор на историски науки, автор на бројни монографии и статии од областа на бугарската историја. Води емисија за историја, "Памет бугарска", која се емитува на бугарската национална телевизија БНТ1. Познат е и по своите изјави за негација на етничкиот македонски идентитет.

Животопис[уреди | уреди извор]

Божидар Димитров е роден на 3 декември 1945 година во Созопол, во семејство на бегалци од Источна Тракија. Околу неговотото етничко потекло постојат разни шпекулации: самиот тој се декларира за „потомок на Прабугарите“.

Својата кариера на научен и општествен работник ја има градено како член на Бугарската комунистичка партија, а потоа и во нејзиниот наследник, Бугарската социјалистичка партија. Бил член на Централниот комитет на БСП. Денес е член на општинскиот совет на Софија. Член е на Советот за духовен развој, под раководство на претседателот на Бугарија Георги Прванов.

Се тврди дека со години бил вработен во бугарската служба за државна безбедност како анализатор на балканската историја, иако нема официјални податоци од "Комисијата" (бугарски: Комисия за разкриване на документите и за обявяване на принадлежност на български граждани към Държавна сигурност и разузнавателните служби на Българската народна армия).

Специјализирал палеографија во Париз и Ватикан.

Во 2009 година Божидар Димитров станува народен пратеник од партијата ГЕРБ како мнозински кандидат од Бургаска област.[2] На 23 јули е номиниран од ГЕРБ за министер без портфељ, кој ќе се грижи за Бугарите во странство.[3] Останува министар до февруари 2011 година.

Неговата сопруга е глумицата Марта К’нчева, а ќерката - Марија. Починал на 1 јули 2018 година.[4]

Научник или манипулатор?[уреди | уреди извор]

Додека кај еден дел од широката јавност ужива големи симпатии, како „најдобар познавач на бугарската историја“, па дури и голем патриот, голем е бројот на оние кои го критикуваат за неговите настапи. Неговите изјави во однос на бугарската историја се преполни со емоционален набој, и според него, Бугарите и Бугарија се „најстарите во Европа и со најголеми заслуги за опстанокот и развојот на европската цивилизација“.

Последните години својата потпора ја наоѓа главно во помалите националистички партии (ВМРО-БНД), националната телевизија и приватните медиуми каде настапува како забавувач водејќи програми на историска тема.

Во неговите настапи се раководи од дневно-политички потреби и личен материјален интерес, поради што наместо научниот го применува популистичкиот пристап. Најдобар пример за неговата научна недоследност е фактот што самиот тој често себеси се побива. Така во својата книга „Десетте лаги на македонизмот“, покрај сите други неточности со кои изобилува изданието, тој тврди:

„Историската наука одамна утврдила дека античките Македонци се племе, кое било дел од грчката етничка заедница и чија територија до 4 век пр. Хр. се наоѓала во денешна Северна Грција. На територијата на Вардарска Македонија имало мала држава со монархиска форма на управување, населена главно со траки и илири, а управувана од владетели и аристократија со грчки имиња. Уште во антички времиња имало спор создаден по политичка причина, околу тоа дали Македонците се Грци или не.

Едно е јасно, дека тие не се славјани“[5]

Во весникот „Стандарт“ од 13 август 2006 година, Божидар Димитров го менува потеклото на Македонците во посебен народ, сроден со Траките и Илирите, чија македонска држава била сосед на Грција:

„Историската наука одамна утврдила дека античките Македонци се племе, сродно на Траките и Илирите. Нивното царство се наоѓа во непосредно соседство со древна Елада.“ [6]

Други примери за манипулација со историските факти:

„Десетте лаги на македонизмот“, како книга на Божидар Димитров, нуди куп примери во кои се огледува популистичкиот и ненаучен пристап на овој автор.

  • Фреската со ликот на бугарскиот кнез Михаил од манастирот „Св. Наум Охридски“ на брегот на Охридското Езеро ја нуди како „доказ за бугарскиот карактер на Македонија и Македонците“, вешто одбегнувајќи го фактот дека во македонските цркви се насликани портретите и на бројни српски и византиски владетели.
  • Како поткрепа на своите ставови го нуди и следниов податок: „Бугарскиот цар Борис I (852-889) е претставен како ктитор на Дебарскиот манастир Св. Иван Бигор, фреска 1871 г.“ Иако цар Борис не можел да биде ктитор (спонзор, финансиер) на манастирот Св. Јован Бигорски (или „Св. Иван Бигор, како што го именува) поради тоа што овој манастир бил основан околу 1020 година, или 130 години по смртта на цар Борис.
  • Тврди дека македонскиот археолог Микулчиќ напишал дека бугарскиот кан Кубер се населил во Македонија и така Македонците станале Бугари. Тоа е Димитровата најголема квазитеорија како Македонците станале Бугари. Но, Микулчиќ пишува дека според археолошките откритија Кубер населил околу 70,000 ромеи (византијци) во Македонија, додека самите бугари кои биле многу малку биле протерани од Македонија во јужна Албанија, од страна на Византија (Иван Микулчиќ "Средновековни градови и тврдини во Македонија", Скопје, 1996 г., стр. 32/33 ).
  • Божидар Димитров понатаму пушува дека Македонските Словени и бугарските Северјани (Анти- источно-словенски група) биле од исто потекло и ист народ, што е сосема неточно. Северјаните кои ја населиле цела Бугарија, освен пиринска Македонија и шопскиот крај биле од источната група на словени тнр. анти и не важат за словени, туку за антизирани ирански народи или пак мешавина на анти и ирански племиња (види кај 1. Р у с а н о в а, И. П. Оп. цит., с. 85-112. // 2. Ибидем, с. 92-93, фиг. 33// 3. Васильев М.А. Этногенетические и раннеэтноисторические процессы в славяноязычном мире в позднеримское и раннесредневековое время: анты и словене // Славяно-германские исследования. Т.1-2. Москва, 2000. С. 428-430). Северјаните кои потекнуваат од Русија биле еден народ составен од 7 племиња (види кај Г.В. Вернадский, "ОБРАЗОВАНИЕ КИЕВСКОЙ РУСИ (839-878 гг.)", Глава VIII, 1. Русские племена в девятом веке), но бугарите за да го забошотат тој факт и да пропагираат дека бугарските “слaвјани„ се исти со македонските, тврдат дека со северјаните се населиле 7 "непознати" словенски племиња на територијата на Бугарија. Македонските словени се од вендско(западно-словенско)потекло, а во 6 и 7 век забележани се борби меѓу словените и антите (северите) на Балканот.
  • Пишува дека Св. Кирил и Методиј, Св. Наум, Св. Климент се старобугарски светци кои го создале старобугарскиот јазик, но самите тие светци имаат оставено голем напишан труд зад себе и секогаш говорат за словени и словенски јазик во Македонија, но НИКОГАШ за бугари или бугарски јазик.
  • По пропаста на Самоиловото Царство 1018 година, Византија за да ги асимилира различните етникуми во својата држава ги менува имињата на окупираните територии; така, територијата на источна Тракија станува Тема Македонија, а жителите на Tемата Македонија за византијците се Македонци, без разлика на нивната етничка припадност. Цариград и областа околу него, станува Tема Тракија, а жителите на тема Тракија географски Траки. Територијата на Македонија, Црна Гора, делови од Албанија, цела сегашна Србија влегуваат во византиска Tема Бугарија (Воулгариа) и сите жители (Македонци, Срби, Црногорци, Албанци и Шопи) на темата Бугарија биле за Византија бугари (Voulgaroi). Правата, вистинска Бугарија станува Tема Паристрион, Загорје или Мизија (Мизија), а жителите Паристрионци, Загорци или Мизи. Затоа, се сретнува во византиската литература од 11 век па до 14 век, дека Србите (Трибалите), Македонците, Албанците се Бугари, меѓутоа бугарскиот пропагандист Димитров пишува само дека Македонците биле нарекувани Бугари, премолчувајќи дека и сите останати народи од Тема Бугарија биле нарекувани од страна на византијците - Бугари. Дури и далматинците во византиската литература се нарекуваат Бугари.[се бара извор]

Објавени книги[уреди | уреди извор]

  • Бугарските старини во Македонија - водич (2000)
  • Бугарите и Александар Македонски (2001)
  • Бугарите - првите Европејци (2002)
  • Десетте лаги на македонизмот (2006)
  • Македонија - света бугарска земја (2007)
  • Бугарската христијанска цивилизација (2007)

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Biographies: Bojidar Dimitrov“. Republic of Bulgaria Council of Ministers. Архивирано од изворникот на 2011-01-02. Посетено на 2009-09-05.
  2. „Избран за народен пратеник - мнозинско гласање - Божидар Димитров Стојанов“. Архивирано од изворникот на 2009-07-11. Посетено на 2009-07-22.
  3. Борисов го објави составот на новата бугарска влада[мртва врска]
  4. Почина проф. Божидар Димитров
  5. [1]
  6. [2]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]