ВМРО-БНД

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

ВМРО - Бугарско Национално Движење (ВМРО – Българско национално движение, ВМРО-БНД) е националистичка политичка партија во Република Бугарија чиј лидер е Красимир Каракачанов.

Со оглед на контроверзите и скандалите во кои партијата е вклучена[1] [2] [3], како и поради подемот на партијата на Волен Сидеров, на последните парламентарни избори коалиција на ВМРО-БНД едвај го надмина прагот од 4% освоени гласови за да освои пратенички места во бугарскиот парламент.[4]

ВМРО-БНД се противи на регистрација на македонски организации во Бугарија кои се залагаат за почитување на посебност на македонскиот национален идентитет и се залага за присоединување на Република Македонија кон Бугарија [5].

Историја[уреди]

ВМРО-БНД е наследник на ВМРО-СМД. Затоа во почетокот кон името на оваа партија било додадено името „Сојуз на македонските друштва“ (ВМРО-СМД) со намера таа да се потврди како „легитимен наследник на македонските емигрантски организации“ и на ВМРО на Тодор Александров и Ванчо Михајлов.

ВМРО-СМД е основана на 15-16 декември 1989 година во Софија како Сојуз на Македонските Културно Просветни Друштва. Во јануари 1990 година кратенката ВМРО се јавува за прв пат по 56-годишен период на забрана. Инаку, после превратот од 19 мај 1934 година ВМРО била забранета во Бугарија. Во почетокот ВМРО-СМД е невладина организација која што се залага за „решавање на македонското прашање“.

Се прогласува како "непартиска, самостојна и независна организација, обединувајќи ги на патриотитски и демократски темели претставниците на македонските бегалци, на нивните деца и на сите родољубиви Бугари, кои што се спремни да ја штитат бугарската национална кауза во Македонија. Официjaлно објавената цел на ВМРО-СМД е комплетното и трајно решавање на македонското прашање врз темелот на историската вистина, политичката правда и меѓународните договори. ВМРО се бори против денационализацијата и асимилацијата на бугарското население во Вардарска и Егејска Македонија."

Во 1999, го променува името на ВМРО-БНД и се претвора во политичка партија.

Првиот лидер на ВМРО-СМД е доцентот по историја од Софискиот универзитет "Свети Климент Охридски" Димитар Гоцев од Панчарево, општина Пехчево. Во 1992 г. претседател на ВМРО-СМД е Стојан Бојаџиев од Егејска Македонија. Во 1995 г. Бојаџиев навршува 80 години и на конгресот во Ќустендил се повлекува од претседателството. Од 1995 до 1997 г. организацијата се води од тројца сопретседатели: Красимир Каракачанов, Рајна Дрангова (внука на полковник Борис Дрангов) и Евгени Еков.

Во 1997 година претседателското место го зазеде Красимир Каракачанов, којшто и денес раководи со организацијата.

Политика, политика во однос на Македонците, Македонија и во однос на другите малцинства во Бугарија[уреди]

Антимакедонско пано на бугарско-македонската граница поставено во 2009 година од стана на бугарската шовинистичка организација и партија ВМРО-БНД

Оваа партија спаѓа во групата на националистички десничарски конзервативни партии.

Во јануари-февруари 1997 година се смета дека ВМРО-БНД одиграла голема улога во настаните во за уривање на владата на Бугарската социјалистичка партија.[се бара извор]

Во интервју за македонските медиуми претседателот на ВМРО-БНД Каракачанов категорично изјавува дека Бугарија нема териториални претензии кон Република Македонија[6], иако актовностите на подмладокот на партијата во тоа го демантираат.[7]

ВМРО-БНД се противи на регистрација на македонски организации во Бугарија кои се залагаат за почитување на посебност на македонскиот национален идентитет.

Веќе години наназад, приврзаници и симпатизери на оваа националистичка бугарска партија создаваат проблеми при прославите поврзани со македонскиот револуционер Јане Сандански, кога крај гробот на Јане традиционално се собираат Македонците од Пирин и другите делови на Бугарија. Таков инцидент е забележан и при прославата во 2006 година, кога приврзаниците на ВМРО-БНД над гробот на Јане Сандански истакнале транспарент со провокативна содржина „Македонија е бугарска“ при што со протестна нота до бугарскиот амбасадор реагирала и Владата на Република Македонија.

Во текот на парламентарните избори во 2009 година за да се спречи гласањето на околу 100.000 бугарски Турци во огранизација на оваа партија бил блокиран граничниот премин Генералово.[8] [9] Овие луѓе биле протерани во доцните осумдесети, а денес со оглед на своето потекло поседуваат и бугарско државјанство.

Контроверзи[уреди]

Некои во Бугарија сметаат дека ВМРО-БНД е формирана од Службата за државна безбедност на поранешната Народна Република Бугарија чиј член на времето бил и самиот Каракачанов.[3]

Се смета дека ВМРО-БНД е една од најбогатите партии во Бугарија.[3] [1] Располага со голем недвижен имот од чии приходи ја финансира сопствената пропаганда и партиски живот. Имотите кои партијата ги поседува претставуваат и извори на контроверзи.

Во медиумите може да се прочита дека имотот на некогашната ВМРО на Тодор Александров и на Ванчо Михајлов сега е во сопственост на ВМРО-БНД.[3] и дека со формирање на фондацијата на ВМРО партијата е приватизирана.

Во една прилика Каракачанов изјавува дека целта на ВМРО-БНД е да стане посилна од бугарската држава.[3]

Еден од скандалите во партијата, излегол на виделина пред петнаесетиот конгрес на партијата (на 15 декември 2001 година) кога подмладокот од Софија објавил декларација во која се бара оставка на Каракачанов и на целото раководство:

„Конгресот е предвреме изманипулиран. Престојат уставни промени“ со кои ВМРО ќе се регистрира како организација чија цел е остварување на профит... На таков начин ќе се избегне секаква контрола од даночните служби... ВМРО веќе не постои. Внатрешната македонска револуционерна организација се претвори во приватна партија на Красимир Каракачанов...[2]


Според ова, некои бугарски медиуми сметаат дека е веќе очигледно кои им биле намерите на водачите.[2] Некои од медиумите ја нарекуваат партија за лична употреба.[10] [2]

Избори[уреди]

До изборите за 36-то Народно собрание во октомври 1991 г. ВМРО-СМД прогласува Декларација за неучествување во предизборни коалиции и политички партии.

Во 4 јули 1999 година ВМРО и Движење „Ѓурѓовден“ потпишуваат општа декларација, во која ја декларираат блискоста како национални и патриотски движења.

На локалните избори во октомври 1999 година ВМРО-БНД учествува самостојно во 20% од општините во Бугарија и добива 63.000 гласови. Тие ќе се претворат во 132 општински советници и 6 градоначалници. На претходните општински избори ВМРО имаше 31 општински советници. На изборите за општински советници ВМРО во коалиција добива 502.231 гласови - 472 места, - 15,44% од општинските советници. На изборите за градоначалници ВМРО како дел од коалицијата во која учествува добива 130.514 гласови и 105 места, коешто е 7,54% од општиот број на гласови во Бугарија.

Во пролетта 2005 година, оваа партија влегла во предизборната коалиција Бугарски народен сојуз која освоила 5,70% од гласовите. ВМРО-БНД во претходниот состав на Бугарското собрание има 5 пратеници од вкупно 240. Карактеристично е дека подмладокот на ВМРО-БНД, ВМРО-МО (Младинска организација), односно Националниот младински комитет кој шири невистини за македонскиот народ и зестапува една иредентистичка политика[7].

Изборниот резултат на локалните избори од 2007 година покажува дека ВМРО-БНД добива градоначалници во областните градови Пловдив (вториот наjголем град во Бугарија) и Силистра, и во други градови како Сандански, Петрич и Мелник во Пиринска Македонија. ВМРО-БНД добива гласови и во општините на Пловдив.

На парламентарните избори одржани во 2009 година како дел од една коалиција добива само 4,1% од гласовите со што едвај се квалификува за да добие пратенички места во новиот парламентарен состав.[4]

Наводи[уреди]

  1. 1,0 1,1 http://www.sedembg.com/68/page5.htm Каракачанов превърна легендарното ВМРО в партия за лична употреба - “Независима” фондация със седалище в Пазарджик се разпорежда с имотите на македонските бежанци
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 http://www.sedembg.com/69/page6.htm - Македонският дом е построен върху дарена общинска земя - Това обяснява защо нейният нов-стар притежател Кр. Каракачанов се врече на Софиянски и БСП
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 http://bg.altermedia.info/?p=3756 Истината за присвоените имоти и реалните цели на Каракачанов
  4. 4,0 4,1 http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=110981 Софискиот градоначалник го освојува Парламентот?
  5. ВМРО. Годишнина от подвига на Мара Бунева. 2011 г.
  6. http://www.youtube.com/watch?v=Yq4GMl1j5zg Каракачанов на А1плус
  7. 7,0 7,1 http://www.vmroyouth.org/files/images/%20%D0%BD%D0%B0%D1%80%D0%BE%D0%B4%20%D1%81%D0%BC%D0%B5.preview.JPG vmroyouth.org - Карта
  8. http://www.novinite.com/view_news.php?id=105352 Bulgaria Opposition Party Blocks Turkey Border
  9. http://www.southeasteurope.org/subpage.php?sub_site=2&id=17500&head=hl&site=3 Turkish Voting Rights Come Under Attack in Bulgaria
  10. http://www.macedoniainfo.com/karakachanov.htm ВМРО-БНД - партия за лична употреба

Надворешни врски[уреди]