Десетте лаги на македонизмот (книга)
Од Википедија, слободната енциклопедија
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
Десетте лаги на македонизмот (бугарски: Десетте лъжи на македонизма) е книга од бугарскиот историчар Божидар Димитров, директор на бугарскиот Национален историски музеј, во која главно се негира постоењето на етнички Македонци и нивната историја.
Според Димитров, македонизмот оперира со 10 основни лаги:
- Современа Македонија и македонскиот народ - наследници на Античка Македонија и античките Македонци
- „Чистите Македонски Словени" и „Бугарите - Татари"
- Светите браќа Кирил и Методиј, Свети Климент Охридски, Свети Наум Охридски, свети Гораст, свети Сава, свети Ангелариј - „Македонски просветители" и „автори на македонската азбука"
- „Македонскиот" цар Самуил и неговата „македонска" држава
- „Охридската архиепископија (1019-1767 г.) - македонска црква"
- За „македонските преродбеници" и за „Бугарската егзархија" - која го завладеала „македонскиот" народ
- ВМРО - организација на „Македонци" за ослободување на „македонскиот народ"
- „Крсте Петков Мисирков - Македонец број 1 за XX век"
- Херојската борба на македонскиот народ против „бугарските“ окупатори 1941-1944 г.
- За радоста на Македонците од нивното повторно вклучување во Југославија во 1944 г. и 250.000-те „Македонци" во Бугарија
