Википедија:На денешен ден/Архива/Октомври
Ова е Архивата на рубриката „На денешен ден...“
Истата има започнато да функционира на 25 јуни 2007.
1 октомври [уреди]
Настани
| 331 п.н.е. | Александар Македонски го победил Дариј III во Битката кај Гавгамела. |
| 1795 | Белгија е освоена од Франција. |
| 1827 | Руската армија под водство на Иван Паскевич го освојува Ереван, завршувајќи го милениумот на муслиманска доминација во Ерменија. |
| 1869 | Австрија ги издава првите поштенски разгледници во светот. |
| 1880 | Првата фабрика за електрични светилки е отворена од Томас Едисон. |
| 1891 | Во САД, Калифорнија, се отвора Стенфорскиот универзитет. |
| 1908 | Форд го претставува „Модел Т“, првиот автомобил кој се произведувал на лента. Со цена од долари, продадени се над 15 милиони возила во текот на 19-годишното производство. |
| 1943 | Околу 4.000 балисти, заедно со германски офицери и војници, на планината Буковиќ, кичевско, извршија напад врз слободната територија на Западна Македонија. |
| 1949 | Водачот на Комунистичката партија Мао Це Тунг го прогласил создавањето на Народна Република Кина. |
| 1989 | Во Данска е заснована првата легална хомосексуална семејна заедница. Според данскиот закон, се вика „регистрирано партнерство“. |
Родени
| 205 | Александар Север, римски император. |
| 1207 | Хенри III, крал на Англија. |
| 1507 | Јакопо Бароци да Вињола, италијански архитект и теоретичар. |
| 1644 | Алесандро Страдела, италијански композитор. |
| 1754 | Павле I, руски цар. |
| 1791 | Сергеи Аксаков, руски писател. |
| 1891 | Анѓел Динев, македонски општественик и публицист. |
| 1904 | Владимир Хоровиц, најпознат пијанист во 20 век. |
| 1920 | Шерафетин Неби, македонски актер. |
| 1927 | Том Босли, американски актер. |
| 1943 | Хусто Хорхе Падрон, шпански поет. |
| 1946 | Сервет Авзиу, македонски политичар. |
| 1946 | Александар Кујунџиски, македонски писател. |
| 1954 | Мартин Стрел, словенски пливач. |
| 1954 | Дончо Димовски, македонски математичар. |
| 1969 | Николаос, принц на Грција. |
| 1972 | Стевче Алушевски, македонски ракометар. |
Починале
| 1404 | Папа Бонифациј IX, римски папа. |
| 1684 | Пјер Корнеј, француски писател. |
| 1708 | Џон Блоу, британски композитор. |
| 1808 | Карл Готхард Лангханс, пруски архитект. |
| 1923 | Ефрем Чучков, македонски револуционер и војвода, член на ВМРО. |
| 1979 | Прегуњо, бразилски фудбалер. |
| 1986 | Тришо Стојановски, македонски писател. |
| 1994 | Пол Лорензен, германски филозоф. |
| 2003 | Анте Поповски, македонски поет. |
2 октомври [уреди]
Настани
| 1187 | Султанот Саладин го освојува Ерусалим по 88 годишно владеење на Крстоносците, што било повод за Третата крстоносна војна. |
| 1535 | Пловејќи узводно по Сент Лоренс, Жак Картие пристигнал до селото на Ирокезите Хошелага, денешен Монтреал во Канада. |
| 1608 | Пред Државниот совет во Хаг, холандскиот оптичар Ханс Либертеј го демонстрира првиот употреблив дурбин. Познатиот Галилеј првиот дурбин го употреби кон ѕвезденото небо, а Коперник и Њутн го усовршија толку многу што тој стана незаменлив инструмент во науката. |
| 1935 | Фашистичка Италија ја нападна Етиопија, една од ретките независни држави во Африка. |
| 1944 | Нацистите го загушуваат Варшавското востание. |
| 1990 | Киднапираниот кинески Боинг 737, слетувајќи на кантонскиот аеродром, се урива во два други авиона, убивајќи 132 лица |
| 1991 | Сите странски средства за информирање оценуваат дека „Белград почна нова воена офанзива“ (против Хрватска) и Југославија повторно е на работ на општа граѓанска војна. |
| 1992 | Во Рим, пред италијанскиот Парламент познат под името Монтециторио се одржаа протестни манифестации во полза на признавањето на Република Македонија. |
Родени
| 1452 | Ричард III, англиски крал. |
| 1847 | Паул фон Хинденбург, германски офицер и политичар. |
| 1852 | Вилијам Ремзи, шкотски хемичар. |
| 1869 | Махатма Ганди, индиски национален водач. |
| 1904 | Греам Грин, британски писател. |
| 1913 | Карл Милер, германски фудбалер. |
| 1924 | Хиџет Рамадани, македонски и југословенски правник и политичар. |
| 1935 | Омар Сивори, аргентински фудбалер. |
| 1951 | Стинг, британски музичар и актер. |
| 1984 | Горан Попов, македонски фудбалер. |
| 1987 | Матиас Кардасио, уругваиски фудбалер . |
Починале
| 1629 | Антонио Цифра, италијански композитор |
| 1264 | Папа Урбан IV, римски папа. |
| 1804 | Никола Кињо, француски изумител. |
| 1850 | Сара Бифен, англиски уметник. |
| 1927 | Сванте Арениус, шведски физичар. |
| 1962 | Борис Ј. Букреев, руски математичар. |
| 1973 | Паво Нурми, фински атлетичар |
| 1985 | Рок Хадсон, еден од најпознатите холивудски артисти. |
| 1991 | Димитриј Константинополски, патријарх на Константинопол. |
| 2001 | Франц Библ, германски композитор |
| 2007 | Катерина, грчка принцеза. |
3 октомври [уреди]
Настани
| 1873 | Капетан Џек и другарите се обесени за нивното учество во војната Модок. |
| 1918 | Царот Борис III го презема бугарскиот престол |
| 1929 | Кралството на Србите, Хрватите и Словенците е преименувано во Кралство Југославија, (Земја на Јужните Словени). |
| 1932 | Ирак добива независност од Британија. |
| 1943 | Главниот штаб на НОВ и ПО на Македонија упати Манифест до македонскиот народ во кој се изнесени основните прашања во врска со ослободителната борба на македонскиот народ, карактеристиките на ослободителното движење, потребата за единство на македонскиот народ со сите националности во ослободителната борба. |
| 1954 | Во Лондон на конференцијата на девет западни земји е одлучено СР Германија да стане член на Северноатланскиот пакт. |
| 1995 | Врз претседателот на Република Македонија Киро Глигоров е извршен атентат. Глигоров го преживеа атентатот со тешки повреди во пределот на главата. На местото на атентатот загина неговиот шофер Александар Спировски, а е повреден телохранителот на Глигоров, Илчо Теовски. |
| 1995 | Франција, наспроти меѓународниот притисок против нуклеарни тестирања, изврши нова нуклеарна проба во јужниот Тихи Океан. |
Родени
| 1720 | Јохан Петер Уз, германски поет |
| 1858 | Елеонора Дусе, италијанска актерка |
| 1895 | Сергеј Александрович Есенин, руски лиричар. |
| 1911 | Мајкл Хордерн, англиски актер |
| 1929 | Берт Стерн, американски фотограф |
| 1938 | Тереза Кесовија, хрватска пејачка |
| 1971 | Дарко Митревски, македонски режисер. |
Починале
| 1690 | Роберт Баркли, шкотски писател |
| 1701 | Џозеф Вилијамсон, англиски политичар |
| 1910 | Жан Анри Дигнан, швајцарски филантроп, основач на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во 1863 година кој подоцна прерасна во меѓународна организација. Во 1901 година ја доби Нобеловата награда за мир. |
| 1931 | Карл Ниелсен, дански композитор |
| 1994 | Даб Тејлор, американски актер |
| 2004 | Џенет Ли, американска актерка; останува запаметена по туш-сцената во Хичкоковиот филм „Психо“. |
4 октомври [уреди]
Настани
| 1725 | Формирање на Росарио во Аргентина. |
| 1824 | Мексиканскиот народ по долготрајна борба против шпанската колонијална војска се избори за независност и го прогласи Мексико за република со неофицијален назив „Соединети Мексикански Држави“. |
| 1883 | Првото патување на возот „Ориент Експрес“. |
| 1940 | Средба на Адолф Хитлер и Бенито Мусолини кај преминот Бренер со цел да го прослават „Челичниот пакт“. |
| 1941 | Во селото Чучер, скопско, е формиран првиот Народноослободителен одбор во Македонија, За прв претседател беше избран Петар Крстев Урдаревски. |
| 1957 | Советскиот Сојуз го лансира во орбитата околу Земјата првиот вештачки сателит „Спутник 1“ со пречник од 58 сантиметри и со тежина од 83 килограми. |
| 1993 | Во Москва беше емитувана одлуката на претседателот Елцин за воведување вонредна состојба во главниот град на Русија. Со неа се забранува секакво собирање, односно забрането е одржување на митинзи и демонстрации. Руската влада го повика народот да не се вклучува во немирите. |
Родени
| 1289 | Кралот Луј X од Франција |
| 1657 | Франческо Солимена, италијански уметник |
| 1720 | Џовани Батиста Пиранези, италијански уметник (графичар) |
| 1861 | Фредерик Ремингтон, американски уметник |
| 1886 | Луис Алберни, шпански актер |
| 1924 | Чарлтон Хестон, американски актер |
| 1973 | Крис Паркс, американски борач |
Починале
| 1669 | Харменсон ван Рајн Рембрант, холандски сликар, еден од наjпознатите во историјата на европското сликарство кој ја доведе до совршенство хуманизацијата на човековиот лик. Автор е на делата „Ноќна стража“, „Час по анатомија“ и „Христос во Емауд“. |
| 1821 | Џон Рени, шкотски инженер |
| 1944 | Ал Смит, американски политичар |
| 1951 | Вили Морети, американски гангстер |
| 1974 | Ен Секстон, американска поетеса |
| 2004 | Гордон Купер, американски космонаут |
5 октомври [уреди]
Настани
| 1502 | На своето четврто патување во Америка, морепловецот Кристофер Колумбо ја откри Костарика, земја на брегот на Карипското Море и Тихиот Океан, во Средна Америка. |
| 1582 | Според предлозите на комисија од врвни астрономи, папата Григур XIII извршил реформа на Јулијанскиот календар поради разликата во траењето на календарската (јулијанска) и природната година. Поради тоа, во Италија, Полска, Португалија и Шпанија деновите од 5. до 14. октомври во 1582. година се прескокнати. |
| 1864 | Индискиот град Калкута е скоро целосно уништен од циклон; 60.000 жртви. |
| 1910 | Португалија ја отфрла монархијата и се прогласува за република. |
| 1912 | Потписничките на Балканскиот сојуз-Србија, Бугарија, Црна Гора и Грција и предадоа ултимативна нота на Турција, по што почна Првата балканска војна. |
| 1915 | Бугарија влегува во Првата Светска војна како една од Централните Сили. |
| 1962 | Во Велика Британија е прикажан првиот Џејмс Бонд филм, „Др. Но“. |
| 1991 | Издадена е првата официјална верзија на Линукс кернел, верзија 0.02. |
| 1994 | Во Лондон е отворена првата презентација на предмети од бродот „Титаник“, што потона пред 82 години. Изложбата „Остатоците од Титаник“ поставена во националниот поморски музеј во Гринич, прикажува околу 150 од вкупно 3.600 предмети извадени од морското дно, откако бродот беше откриен во 1985 година. |
| 1995 | Собранието на Република Македонија со 110 гласови „за“ и само еден воздржан од присутни 111 пратеници, едногласно го усвои Законот за знамето на Република Македонија. |
| 1997 | Египетски официјални претставници соопштија дека почнува нова потрага по гробот на Александар Велики во срцето на медитеранскиот град Александрија, што тој го основал во 332 година п.н.е. |
| 2007 | На Градскиот стадион во Скопје, пред повеќе од 25,000 посетители, македонската музичка супер-ѕвезда Тоше Проески го одржува својот последен концерт; концертот е од хуманитарен карактер и е наменет за обнова на основните училишта во земјата. |
Родени
| 1695 | Џон Глас, шкотски министер |
| 1703 | Џонатан Едвардс, американски министер |
| 1820 | Дејвид Вилбер, американски политичар |
| 1901 | Џон Алтон, американски кинематограф |
| 1908 | Џошуа Логан, американски филмски режисер и писател. |
| 1930 | Павел Попович, советски космонаут |
| 1975 | Кејт Винслет, англиска актерка |
Починале
| 1565 | Лодовико Ферари, италијански математичар |
| 1606 | Филипе Деспортес, француски поет |
| 1880 | Жак Офенбах, француски композитор од германско потекло кој се смета за татко на операта. Негови најзначајни остварувања се оперетите „Убавата Елена“ и фантастичната опера „Хофмановите приказни“. |
| 1933 | Рене Адоре, француска актерка |
| 1986 | Мајк Бургман, австралијански тркач |
6 октомври [уреди]
Настани
| 1582 | Поради воведувањето на реформите во календарот, подоцна наречени Грегоријански календар според папата Грегор XIII, во Италија, Полска, Португалија и Шпанија овој ден во 1582. година е прескокнат. |
| 1600 | Во Фиренца, во Италија во палатата Пити, за време на свеченостите по повод венчавката на англискиот крал Хенри Шести со Марија Медичи, е одржана премиерната изведба на операта „Евридика“, прва опера во историјата што ја создаде италијанскиот композитор Јакопо Пери. |
| 1889 | Томас Едисон го покажува неговиот прв филм (слики во движење). |
| 1908 | Австрија ги анексира Босна и Херцеговина. |
| 1943 | Балистите запалија поваќе куќи во селото Кленоец и селото Попоец, Кичевско, а во наредните денови беа ограбени повеќе куќи и убиени луѓе во селата Душегубица, Иванчиште, Малкоец и други. |
| 1981 | Во текот на воена парада, убиен е претседателот на Египет Анвар ал-Садат од исламски радикали во војската. |
Родени
| 1459 | Мартин Бехајм, германски морепловец и географ |
| 1769 | Сер Исак Брок, британски командант |
| 1888 | Роланд Гарос, француски пилот |
| 1971 | Алан Стабс, англиски фудбалер |
| 1973 | Џеф Дејвис, американски комедијант |
Починале
| 1014 | Самуил, македонски цар |
| 1891 | Чарлс Стјуарт Парнел, ирски политичар |
| 1943 | Јосиф Јосифовски - Свештарот, народен херој на Македонија. |
| 1973 | Сидни Блекмер, американски актер |
| 2006 | Вилсон Такер, американски писател |
7 октомври [уреди]
Настани
| 1492 | Кристофер Колумбо ја одминува Флорида при промена на курсот. |
| 1506 | Папата Јулиј II и Франција ја окупираат Болоња. |
| 1769 | Англискиот истражувач Капетан Кук го открива Нов Зеланд. |
| 1840 | Вилем II станува крал на Холандија. |
| 1886 | Шпанија го укинува ропството во Куба. |
| 1931 | Направена првата инфрацрвена фотографија во Рочестер, Њујорк. |
| 1991 | Европската Заедница ѝ става ултиматум на Југославија за 24 часа да ги прекине воените дејствија на ЈНА, заканувајќи се со економски санкции. |
| 1993 | Основана Агенцијата за трансформација на претпријатијата со општествен капитал. |
Родени
| 1576 | Џон Марстон, англиски писател |
| 1748 | Карл XIII, крал на Шведска |
| 1885 | Нилс Бор, дански теоретски физичар, основач на теоријата на структурата на атомот. |
| 1910 | Ѓорѓи Абаџиев, македонски писател, еден од најпознатите прозаисти, публицист и историчар. |
| 1960 | Виктор Лазло, белгиски пејач. |
| 1984 | Мауро Сантамброџо, италијански велосипедист. |
Починале
| 1849 | Едгар Алан По, северноамерикански поет |
| 1894 | Оливер Вендел Холмс, американски писател |
| 1904 | Димитар Цанко, македонски преродбеник |
| 1959 | Марио Ланца, американски тенор и филмска ѕвезда. |
| 1985 | Христо Андонов Полјански, македонски историчар, ректор на Универзитетот „Кирил и Методиј“ во Скопје |
8 октомври [уреди]
Настани
| 451 | Во Калцедонија започнал Четвртиот вселенски собор. |
| 1600 | Сан Марино го усвоил привиот пишан устав во историјата со што станал првата уставна република. |
| 1793 | Во Париз за јавноста бил отворен музејот „Лувр“ кој дотогаш бил кралски дворец. |
| 1893 | Вилхелм Конрад Рентген ги открил таканаречените рентгенски зраци. |
| 1942 | Втора светска војна: Почнало големото истоварување на сојузничките трупи во Африка. Главен командант на операцијата бил генералот Двајт Ајзенхауер. |
| 1944 | На Скопска Црна Гора, Шеснаесеттата македонска НО бригада по тридневни борби ги одби нападите на балистичките сили од правецот на село Орман - село Бразда, кои се обидуваа да ја завземат комуникацијата Скопје - Качаник и да го овозможат сообраќајот на германските сили. |
| 1967 | Во Боливија е убиен Ернесто Че Гевара. Тој со Фидел Кастро учествуваше во кубанската револуција и стана симбол на современ револуционер меѓу младите на Европа и на двете Америки. |
| 1991 | Саборот на Хрватска донел одлука за раскинување на државно-правните врски со СФРЈ со која Хрватска станала независна држава. Ден на независноста на Хрватска. |
| 1995 | Руската воена врховна команда најави дека ќе ги насочи своите нуклеарни ракети кон Полска и Чешката Република доколку овие две земји му се приклучат на НАТО. |
| 2005 | Катастрофален замјотрес во Кашмир, Пакистан. Официјално загинале 87.350 лица, но според некои проценки, бројот на жртвите може да е поголем од 100.000. |
Родени
| 1789 | Џон Раглс, американски политичар |
| 1864 | Бранислав Нушиќ, српски комедиограф, сатиричар и критичар |
| 1917 | Валтер Лорд, американски автор |
| 1939 | Пол Хоган, австралијански актер |
| 1980 | Ник Канон, американски актер |
| 1985 | Бруно Марс, американски пејач. |
Починале
| 1652 | Џон Грејвс, англиски математичар |
| 1897 | Алексеј Саврасов, руски уметник |
| 1967 | Ернесто Че Гевара, јужноамерикански револуционер и борец за слобода |
| 1992 | Вили Брант, западногермански политичар, претседател на Социјалдемократската партија на Германија |
9 октомври [уреди]
Настани
| 1000 | Лејф Ериксон го основа Винланд и станува првиот Европеец во Северна Америка. |
| 1595 | Шпанската армија го зазема Камбраи. |
| 1604 | Супернова 1604, најскорешната супернова забележана во Млечниот Пат. |
| 1876 | Британскиот физичар, пронаоѓач на телефонот и учител на говорот на глувонемите Александар Греам Бел (1847-1922), кој подолго време живееше во САД, ја воспостави првата меѓународна телефонска врска меѓу Бостон и Кембриџ. |
| 1967 | Во Собранието на СР Македонија, под претседателство на д-р Милан Бартош, е одржана седница на Матичната комисија за формирање на Македонската академија на науките и уметностите, на која е извршено конституирање на МАНУ. |
| 1975 | На советскиот физичар Андреј Сахаров му е доделена Нобеловата награда за мир поради неговите „бестрашни напори за мир во светот и правдата за сите во светот“, се вели во образложението на Норвешкиот комитет за Нобеловата награда. |
| 1995 | Собранието на Република Македонија ја ратификува Привремената согласност меѓу Македонија и Грција. |
Родени
| 1547 | Мигел де Сервантес, прочуен шпански писател, автор на првиот реалистички роман во шпанската литература, ненадминливиот „Дон Кихот“. |
| 1757 | Крал Чарлс X на Франција. |
| 1894 | Владимир Мошин, еден од најголемите проучувачи и познавачи на македонската средновековна уметност и култура. |
| 1938 | Хеинц Фишер, австриски политичар. |
| 1973 | Тери Балсамо, американски гитарист |
Починале
| 1047 | Папата Климент II |
| 1569 | Владимир Андреевич, руски кнез |
| 1841 | Карл Фридрих Шинкел, германски архитект, урбанист и сликар. |
| 1934 | Александар I, Крал на Југославија (убиен) |
| 1956 | Марие Доро, американска актерка |
10 октомври [уреди]
Настани
| 1582 | Поради воведувањето на Грегоријанскиот календар во оваа година, овој ден не постоел во Италија, Полска, Португалија и Шпанија. |
| 1631 | Саконската војска ја зазема Прага. |
| 1889 | Формиран колеџот Бернард. |
| 1944 | Во селото Жегљане, кумановско, е формирана Кумановската дивизија, во чиј состав влегоа Шеснаесеттата, Седумнаесеттата и Осумнаесеттата македонска НО бригада. Имаше околу 5.500 борци. |
| 1946 | Во Скопје, во црквата „Свети Спас“, со сите државни почести и пред повеќе илјади граѓани од цела Македонија, беа положени моштите на истакнатиот македонски револуционер и идеолог Гоце Делчев, кои два дена порано македонската делегација ги донесе од Софија. |
| 1967 | Во Скопје, на свечената седница на Собранието на СР Македонија, е извршено свечено отворање на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ). |
| 1991 | Предадено е во употреба студиото на ТВ Прилеп. |
| 1993 | Андреас Папандреу победи на претседателските избори во Грција. |
Родени
| 1813 | Џузепе Верди, италијански композитор (п. 1901). |
| 1892 | Иво Андриќ, српски писател. |
| 1904 | Сотир Ставридис, македонски хирург и уролог, прв асистент во Хируршката клиника во Скопје. |
| 1923 | Николас Парсонс, англиски глумец. |
| 1930 | Харолд Пинтер, англиски драматург - добитник на Нобеловата награда за литература. |
| 1946 | Наото Кан, јапонски политичар. |
| 1966 | Тони Адамс, англиски фудбалер. |
| 1969 | Илија Зимбо, македонски солист, камерен музичар и прв флејтист во оркестарот на Македонската опера и балет. |
| 1983 | Никос Спиропулос, грчки фудбалер. |
Починале
| 426 | Атик Константинополски, Патријарх на Константинопол. |
| 1359 | Хуго IV, крал на Кипар. |
| 1674 | Томас Трахерн, англиски поет. |
| 1837 | Шарл Фуриер, француски философ. |
| 1930 | Адолф Енглер, германски ботаничар. |
| 1983 | Ралф Ричардсон, англиски актер. |
| 2004 | Кристофер Рив, американски актер. |
11 октомври [уреди]
Настани
| 1941 | Во Прилеп борците на Првиот прилепски партизански одред извршиле напад на бугарската полициска станица во градот, на прилепскиот затвор и на телефонско-телеграфската мрежа. Овој напад се смета за почетокот на востанието на македонскиот народ против бугарскиот окупатор, а со цел конечно ослободување на земјата. |
| 1954 | Во Скопје се пренесени моштите на Гоце Делчев. |
| 1963 | Директно од студиото на ТВ Скопје во Нерези, во 16 часот е емитувана првата емисија, документарниот филм „Востанати“ работена по повод 60-годишнината од Илинденското востание. |
| 1964 | Виет Мин ја презема контролата над Северен Виетнам. |
| 1994 | Во Анталија, Турција, на Петтата меѓународна конференција за безбедност и соработка, на која учествуваа високи официјални личности од земјите-членки на НАТО и КЕБС, македонската делегација ја истакнала заинтересираноста на Република Македонија за интегрирање во НАТО. |
Родени
| 1483 | Мартин Лутер, германски реформатор |
| 1885 | Франсоа Шарл Моријак, француски писател и публицист, добитник на Нобеловата награда за литература. |
| 1910 | Љубен Лапе, редовен член на МАНУ и редовен професор на Филозофскиот факултет во Скопје. |
| 1941 | Кирил Псалтиров, македонски актер. |
| 1975 | Лабина Митевска, македонска актерка. |
Починале
| 1670 | Луј Ле Во, славен француски архитект. |
12 октомври [уреди]
Настани
| 539 п.н.е. | Персискиот цар Цирус од Ахејменидската династија го освоил Вавилон. |
| 1492 | Прочуениот Италијански морепловец Кристофер Колумбо (1451-1506), во служба на Шпанија, по двомесечно пловење, пристигнал на бахамскиот остров Гуанахани, откривајќи ја на тој начин Америка. Колумбо на овој пат тргнал со три брода : „Санта Марија“, „Ниња“ и „Пинта“. Во текот на патувањето ги открил Куба и Хаити, каде што оставил дел од своите луѓе и се вратил во Шпанија. Подоцна, уште неколкупати одел на слични патувања. |
| 1822 | Бразил се стекнува со независност. Дотогаш оваа земја била португалска колонија. |
| 1941 | Во Прилеп, бугарската полиција уапсила 900 граѓани како репресија поради нападот на Прилепскиот партизански одред на бугарската полициска станица, на затворот и на телеграфско-телефонската мрежа, претходниот ден. По малтретирањето биле издвоени членовите на КПЈ и на СКОЈ и префрлени во Битола, а потоа изведени пред суд. |
| 1941 | На денешен и утрешен ден, германските нацисти стрелале 11.000 евреи во Днепропетровск, Украина. |
| 1964 | СССР го лансирал вселенскиот брод „Восход-1“ со пилотот Владимир Комаров, научникот Константин Феоктисов и лекарот Борис Јегоров. |
| 1969 | СССР го лансирал вселенскиот брод „Сојуз-7“ со екипаж од три члена, кои во вселената се сретнале со двајцата членови на екипажот на претходно лансираниот брод „Сојуз-6“. |
| 1994 | Во селото Гиновци, во близина на Крива Паланка започнала изградбата на железничката пруга Куманово - Бељаковци - Деве Баир. Започнат како брзо решение против блокадата кон Србија и Грција, проектот не е завршен ни по 14 години. |
| 1995 | На состанокот на Постојаниот комитет на ОБСЕ во Виена, Република Македонија била премина во редовно членство. |
| 1999 | На овој ден е прогласено раѓањето на 6-милијардитиот жител на планетата Земја. |
Родени
| 1874 | Андонис Влахакис, андарстки капетан. |
| 1896 | Еуџенио Монтале, италијански поет, најголем претставник на италијанскиот херметизам. |
| 1962 | Бранко Црвенковски, третиот претседател на Република Македонија. |
| 1350 | Дмитриј Донски руски кнез |
Починале
| 1875 | Жан-Батист Карпо, славен француски скулптор (р. 1827.) |
| 1924 | Анатол Франс, славен француски писател, нобеловец (р. 1844.) |
| 1996 | Рене Лакост, француски тенисер (р. 1904.) |
13 октомври [уреди]
Настани
| 1307 | Стотици витези Темплари биле уапсени во Франција по наредба на Филип Добриот и подоцна измачувани за да признаат дека се еретици. |
| 1792 | Поставен е камен-темелникот на Белата куќа во Вашингтон. |
| 1884 | Меридијанот што поминува низ Гринич (предградие на Лондон) е усвоен како универзален (нулти) меридијан, од кој се сметаат географските должини на точките и времето на Земјата. |
| 1943 | Под притисок на сојузничките водачи, Италијанскиот крал Виторио Емануел Трети и неговиот премиер Бадолјо ѝ објавиле војна на Германија, на тој начин Италија, барем оној дел кој бил под сојузничка контрола, се придружила на антихитлеровската коалиција. До објавувањето на војната дојшло дури по паѓањето на фашистичката влада на Бенито Мусолини и по капитулацијата на Италија. |
| 1952 | Во издание на Државното книгоиздателство излезе од печат „Граматика на македонскиот литературен јазик“ од Блаже Конески. |
Родени
| 1474 | Мариото Арбертинели, Италијански сликар, еден од претставниците на француската школа на високата ренесанса. |
| 1911 | Андре Навара, француски виолончелист со меѓународно реноме. Извесно време има предавано во Скопје, а бил чест и многу значаен учесник во програмата на Охридско лето. |
| 1923 | Драга Чаловска - Секуловска, македонски новинар, учесник во НОВ од 1941 година и еден од основачите на Радио Скопје. |
| 1925 | Маргарет Тачер, прва жена премиер на Велика Британија, наречена „Железната леди“. |
Починале
| 1822 | Антонио Канова, италијански вајар (р. 1757) |
| 1984 | Илија Зафировски, македонски новинар. |
| 2003 | Ѓорѓи Колозов, македонски глумец. |
14 октомври [уреди]
Настани
| 1941 | Во селото Крупиште, Штипско, како одмазда за загубената борба, германските фашисти со вперени пушки влегувале во куќите и ги собирале мажите од 15 до 60-годишна возраст, притоа пукале во секој што ќе почнел да бега. Злосторниците влегувале во куќите и ги гореле заедно со добитокот. Притоа стрелале 49 луѓе. Истиот ден германските фашисти извршиле масакр над населението во кочанското село Уларци. Селото било опожарено и биле стрелани 40 луѓе. |
| 1993 | Во Њујорк, е потпишано заедничко соопштение за воспоставување на дипломатски односи меѓу Република Македонија и Народна Република Кина, на ниво на амбасадори. Потпишувањето е извршено под Уставното име. |
| 1994 | По Ирската републиканска армија и лојалистичките парамилитарни единици, објавија општ прекин на воените акции, со што се создадени основните предуслови за почеток на крајот на крвавата северно-ирска драма. |
Родени
| 1829 | Аугуст Малмстрем, шведски историски сликар. |
| 1890 | Двајт Ајзенхауер, американски генерал и политичар. |
| 1919 | Димитар Митрев, македонски литературен критичар и есеист, академик, професор на Филозофскиот факултет во Скопје. |
| 1985 | Виталиј Фридзон, руски кошаркар. |
Починале
| 1944 | Ервин Ромел, германски фелдмаршал, познат како „Пустинска лисица“ (р.1891) |
| 1977 | Бинг Крозби, американски актер и пејач, добитник на филмската награда Оскар |
| 1990 | Леонард Бернштајн, американски композитор, пијанист и диригент, познат по музичките нумери во филмот „Приказна од Западната страна“ (англ.West Side Story) |
| 2010 | Беноа Манделброт, франко-американски математичар, познат изучувач на фракталите (р. 1924) |
15 октомври [уреди]
Настани
| 1582 | Почнува да се користи Грегоријанскиот календар. Во Италија, Полска, Португалија и Шпанија датата 4. октомври била следена од 15. октомври, т.е. биле прескокнати 10 дена. |
| 1878 | Компанијата на Едисон за електрични светилки, денешен Џенерал Електрик, започнала со работа. |
| 1894 | Алфред Драјфус, бил уапсен за шпионирање - започнала Аферата „Драјфус“ која кулминирала со написот „Обвинувам!“ од Емил Зола во весникот Аурора. |
| 1928 | Цепелинот „Граф Цепелин“ го завршил првото патување преку Атлантикот и слетал во Лејкхурст, Њу Џерси, САД. |
| 1945 | Втора светска војна: Смртната казна со стрелање била извршена над поранешниот претседател на Вишиевска Франција Пјер Лавал за предавство. |
| 1946 | Нирнбершки процес: Херман Геринг се самоубил со труење ноќта пред извршувањето на смртната казна. |
| 1971 | Иран ја прославил 2500-годишнината од основањето на Персија. |
| 1984 | Во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот на Македонците во Канада „Македонија“. |
| 1992 | Во Скопје е регистрирана Демократската Партија на Турците на Македонија, со седиште во Скопје, а за претседател е избран Едроган Сарач. |
| 1995 | По 20 месеци грчко ембарго, отворена е македонско - грчката граница. |
Родени
| 1608 | Еванџелиста Торичели, италијански физичар и математичар. |
| 1844 | Фридрих Ниче, германски философ, професор по класична филологија. |
| 1854 | Оскар Вајлд, англиски писател. |
| 1977 | Давид Трезеге, француски фудбалер. |
Починале
| 1917 | Мата Хари со вистинско име Гертруд Маргарет Зеле била погубена во Париз. Позната германска шпионка за време на Првата светска војна, по потекло Холанѓанка, |
| 1989 | Данило Киш, еден од најголемите југословенски писатели со светско реноме. |
16 октомври [уреди]
Настани
| 1689 | Армијата на Хабзбуршката монархија го ослободува градот Видин од турско иго. |
| 1813 | Кај Лајпциг почнала т.н. „Битка на народите“, во која Наполеоновите сили се нашле под ударите на здружените сојузници: Русија, Прусија и Австрија. Француската армија била победена, а на 19 октомври, сојузниците го зазеле Лајпциг. Наполеон се повлекол преку Рајна и неколку месеци подоцна бил принуден да абдицира. |
| 1925 | Во Локарно, Швајцарија, бил потпишан гарантен пакет меѓу Германија, Белгија и Франција за меѓусебно почитување на постојните граници. Договорот во Локарно создадал ера на мир и просперитет во Западна Европа, но покажал дека германските граници кон Полска и Чехословачка не се толку „свети“ како западните граници. |
| 1945 | Во Квебек, Канада, е основана Организацијата на обединетите нации за исхрана и земјоделство (ФАО), со задача да ги проучува проблемите на исхраната и на земјоделството во светот и да препорачува национални и меѓународни мерки за унапредување на исхраната на населението. Овој датум во 1979 година е установен како Светски ден на храната, а се прославува од 1982 година. |
| 1949 | Николаос Захаријадис, лидерот на Комунистичката партија на Грција, објавил „привремен прекин на огнот“, со што всушност завршила Граѓанската војна во Грција. |
| 1964 | Владата на НР Кина соопшти дека во оваа земја е извршена прва експериментална експлозија на атомска бомба. Така Кина како петта земја во светот, стапи во редот на атомските сили. |
| 1994 | Во Македонија се одржа првиот круг од парламентарните, а по прв пат и од општи претседателски избори. Киро Глигоров е реизбран за претседател во првиот круг со освоени 52,4% од гласовите. ВМРО ДПМНЕ и останатата опозиција ги отфрли резултатите и го бојкотираше вториот круг на изборите. |
| 2012 | Откриена планетата Алфа Кентаури Bb - најблиска егзопланета до Земјата. |
Родени
| 1351 | Џан Галеацо Висконти, војвода на Милано. |
| 1854 | Карл Кауцки, марксистички теоретичар. |
| 1906 | Оскар Вајлд, ирски драмски писател. |
| 1906 | Клинт Брукс, американски литературен критичар. |
| 1908 | Кузман Сотировски, македонски фудбалер. |
| 1908 | Енвер Хоџа, албански државник. |
| 1906 | Дино Буцати, италијански новинар и писател. |
| 1918 | Луј Алтисер, француски философ. |
| 1921 | Славчо Стојменски, народен херој на Македонија. |
| 1924 | Панче Васоски, македонски актер. |
| 1950 | Милош Бојаниќ, српски пејач. |
| 1951 | Драги Михајловски, македонски писател. |
| 1954 | Вера Чејковска, македонски писател. |
| 1985 | Кејси Стонер, австралијански возач. |
| 1986 | Ина, романска пејачка. |
Починале
| 1793 | Во Париз е погубена француската кралица Марија Антоанета, жена на францускиот крал Луј XVI, кој порано завршил на гилотина. Пресметката на револуцијата со кралската двојка долго време било едно од оправдувањата за интернационалистички војни на монархистичка Европа против Република Франција. |
| 2007 | Тоше Проески, македонската мега ѕвезда |
17 октомври [уреди]
Настани
| 1878 | Започнало Кресненското востание на македонскиот народ против османлиската власт, а за ослободување на Македонија и за создавање на независна држава. Околу 400 востаници, предводени од Димитар Поп Георгиев - Геровски и војводата Стојан Карастоилов, го нападнале селото Кресна, каде што се наоѓаla османлиска касарна. Притоа ја зазеле касарната и ослободиле неколку места каде што била создадена народна власт. Востанието било задушено дури во јуни идната година. |
| 1907 | Воспоставена е првата радиотелеграфска врска меѓу Европа и Северна Америка. Радиоврската меѓу двата континента се покажала многу попрактична од телефонската врска, за која биле потребни скапи подводни кабли. |
| 1912 | Почнала Првата балканска војна. Војната завршила со примирје на 3 декември истата година. На конференцијата во Лондон, на 30.05.1913 година. Турција морала да се откаже од територите на Европскиот континент, освен од Едрене, кое сојузниците не успеале да го заземат. Македонскиот народ зел активно учество во војната, очекувајќи дека ќе се избори за слобода и независност. Но, наместо тоа, сојузниците ја поделиле Македонија, што пак било причина за почетокот на Втората балканска војна. |
Родени
| 1760 | Клод Анри Сен Симон, француски социјалист, утопист и филозоф.. |
1998 Џоко Кимов ,македонски државјанин од градот Валандово ,Југоисточна Македонија
Починале
| 1404 | Катерина Висконти, Војводка на Милано. |
| 1849 | Фредерик Франсоа Шопен, полски композитор и пијанист, наречен поет на клавирот. |
| 1849 | Васил Дилев, македонски фудбалски голман. |
18 октомври [уреди]
Настани
| 1867 | Владата на САД го купила од Русија, полуостровот Аљаска за седум милиони и двесте илјади долари. |
| 1912 | Во Лозана, Турција и Италија потпишале договор за мир, со што завршила Италијанско-турската војна (1911-1912). |
| 1943 | Во Москва почна конференцијата на министрите за надворешни работи на земјите сојузнички во борбата против силите на Оската. |
| 1962 | После неколку дневните поројни дождови, реката Вардар се излеала во градот Скопје. Бидејќи на било регулирано коритото на реката, поплавата го зафатила целиот град, се до насипот во населбата Пролет. Поплавата траела три дена, но без човечки жртви. Предизвикана е голема материјална штета. |
| 1967 | Како прва во историјата на космонаутиката, советската атомска меѓупланетарна станица „Венера-4“, спуштила научна лабораторија на површината на планетата Венера. Со автоматските апарати успешно се испитани атмосферата и површината на планетата. |
| 1972 | Потпишана е спогодба со која СССР се обврзува на САД да им ги врати 722 милиони долари, добиени во Втората светска војна врз основа на договорот за заем и наемнина. |
| 1994 | Британската кралица Елизабета II за прв пат во петвековната соработка допатува во тридневна посета на Русија. Рускиот претседател Борис Елцин изјави дека посетата е признание за руската демократија. |
Родени
| 1898 | Вера Циривири Трена, носител на „Партизанска споменица 1941“, прв претседател на АФЖ на Македонија. |
Починале
| 1893 | Шарл Гуно, француски композитор, кој заедно со Санс, е главен претставник на класичниот правец на француската музика во 19 век. |
| 1901 | Аугуст Малмстрем, шведски историски сликар. |
| 1931 | Томас Алва Едисон, голем американски пронаоѓач кој го задолжил светот со голем број технички откритија од кои речиси сите се сврзани со употребата на електрична струја. |
| 1990 | Гога Џаџу, првоборец и носител на „Партизанска споменица 1941“. |
| 2003 | Мануел Васкез Монталбан, шпански писател |
19 октомври [уреди]
Настани
| 202 п.н.е. | Во битката кај Зама, Римјаните предводени од Сципион Африканецот извојувале конечна победа против картагинците и Ханибал во Втората Пунска војна. |
| 1453 | Французите го освоиле Бордо со што завршила Стогодишната војна. Под англиска власт на француска земја останал само градот Кале на Ла Манш. |
| 1469 | Фердинанд II од Арагон се оженил со Изабела I од Кастилја што било почеток на обединувањето на Арагон и Кастилја во една земја - Шпанија. |
| 1512 | Мартин Лутер станал доктор по теологија (лат. Doctor in Biblia). |
| 1812 | Наполеон почнал да се повлекува од Москва. |
| 1935 | Лигата на народите изгласа санкции против фашистичка Италија поради нападот врз Етиопија. |
| 1944 | Втора Светска војна: трупите на САД се истоварија на Филипинските острови. Филипини целосни се ослободени од јапонската окупација во мај 1945 година. По завршувањето на војната, на 4.07.1946 година е прогласена независна Република Филипини. |
| 1994 | Рускиот премиер Виктор Черномирдин поднел писмо до претседателот Борис Елцин, во кое побарал да биде ослободен од должноста поради нарушено здравје. |
| 2002 | Во Тетово е убиен 18-годишниот Ванчо Јосифовски од страна на албански паравоени банди. |
| 2003 | Папата Јован Павле Втори со свечената процесија што се одржа на плоштадот Свети Петар во Рим, ја беатифицира, односно прогласи за блажена Мајка Тереза, што е последен чин пред нејзиното прогласување за светица. |
Родени
| 1735 | Џон Адамс, втор претседател на САД (1797 - 1801). |
| 1915 | Кирил Симоновски - Џина, македонски и југословенски фудбалер. |
| 1924 | д-р Владимир Брезовски, истакнат македонски историчар. |
Починале
| 1745 | Џонатан Свифт, најголем англиски сатиричар, еден од најостроумните критичари на човековата природа и на општествените процеси. |
| 2003 | Алија Изетбеговиќ, поранешен претседател на Босна и Херцеговина. |
20 октомври [уреди]
Настани
| 1728 | Во Копенхаген избувнал голем пожар, опожарувајќи го поголемиот дел од градот. |
| 1803 | Сенатот на САД го ратификувал договорот со Франција за купување на големата територија околу сливот на реката Мисисипи наречена Луизијана. Со овој договор, САД речиси ја удвоиле својата дотогашна територија. |
| 1865 | Отава станала новата престолнина на Канада. |
| 1941 | Втора Светска војна: Пред силната офанзива на германските армии, советската влада прогласи опсадна состојба во Москва и мина во Кујбишев. Тоа беше најкритичниот момент во текот на нападот на нацистичките трупи врз главниот советски град, но подоцна, по успешната контраофанзива на Црвената армија, дојде до пресврт. |
| 1944 | Втора светска војна: Ослободен градот Белград |
| 1945 | Жените во Франција добиле право на глас |
| 1949 | Југославија била избрана за постојанен член на Советот за безбедност при ООН |
| 1973 | Англиската кралица Елизабета II официјално ја отворила Сиднејската опера |
| 1994 | Амбасадорот на Република Македонија во Руската федерација, Гане Тодоровски, на свечената церемонија во Кремљ, му ги предаде акредитивите на претседателот Елцин. „Не се разочаравме што ве признавме под името Македонија“, изјави Елцин. |
| 2001 | Протести низ француските градови против зависноста од нуклеарна енергија. |
Родени
| 1864 | Алексо Поројлијата, македонски револуционер. |
| 1875 | Димо Хаџи Димов, македонски револуционер. |
| 1915 | Мирче Ацев, народен херој на Македонија. |
| 1915 | Антон Попов, македонски револуционер, публицист, писател, познат комунистички активист и учесник во илегалниот отпор против фашистичкиот режим во Бугарија. |
| 1966 | Абу Мусаб Ал Заркави, член на Ал-Каеда. |
| 1992 | Матија Де Шиљо, италијански фудбалер. |
Починале
| 1940 | Гунар Асплунд, шведски архитект. |
| 1994 | Берт Ланкастер, американски актер и режисер, добитник на филмската награда Оскар |
| 2003 | Миодраг Петровиќ - Чкаља, српски актер и комичар. |
| 2003 | Ѓоко Георгиев, водител на првите контактни емисии на Македонското радио „Три гонга“ и „Средби низ музика“. Тој ќе остане запаметен и како автор на 3.000 текстови на поп-музика. |
| 2011 | Муамер Гадафи - либиски диктатор, соборен во Либиското востание истата година со помош од странски сили |
21 октомври [уреди]
Настани
| 1805 | Во Битката кај Трафалгар британската флота предводена од адмиралот Лорд Нелсон ја победила здружената Француска и Шпанска флота. Оваа победа претставувала почеток на светската доминација на британската морнарица во следните 130 години. |
| 1824 | Џозеф Аспдин, ѕидар од Лидс, Велика Британија, го патентирал Портланд цементот. |
| 1941 | Втора Светска војна: Поради загубите што ги претрпеа фашистичките единици во судирите со партизаните, Германците, како акт на одмазда, извршија масовно злосторство во Крагуевац, во Србија - од 21 до 23 октомври стрелаа околу 7.000 граѓани, меѓу кои имаше многу ученици и деца. |
| 1967 | Над 100.000 демонстранти протестирале против Виетнамската војна во Вашингтон, САД. 683 лица биле уапсени поради судари со полицијата. |
| 1995 | По одземањето на парламентарниот имунитет, генералниот секретар на НАТО, Вили Клас поднесе оставка. |
| 1997 | Мило Ѓукановиќ, е избран за претседател на Црна Гора. |
| 2010 | Усвоено новото знаме на Мјанмар (Бурма). |
Родени
| 1833 | Алфред Нобел, шведски хемичар, пронаоѓач и индустријалец |
| 1919 | Димче Јанко, истакнат македонски копаничар од Охрид |
Починале
| 1494 | Џан Галеацо Сфорца, војвода од Милано. |
| 1927 | Бора Станковиќ, српски писател. |
| 1969 | Џек Керуак, американски писател, претставник на таканаречената „бит генерација“ |
| 1984 | Франсоа Трифо, еден од најпознатите француски филмски режисери со светска слава. |
22 октомври [уреди]
Настани
| 1962 | Претседателот на САД, Џон Кенеди нареди морнарицата и авијацијата на САД да ја блокираат Куба, бидејќи сметаше дека во таа земја се поставени советски лансирни рампи. Така, светот се најде во најдраматичниот период по Втората светска војна, кога лесно можеше да избувне нуклеарна пресметка меѓу двете супер сили (САД и СССР). Директната размена на пораки меѓу Кенеди и Хрушчов доведе најнапред до смирување на ситуацијата, а потоа до отстранување на советските ракети во замена за ветувањето на САД, дека нема да ја нападнат Куба. |
| 1991 | На општите избори во Турција, победи Партијата на вистинскиот пат на Сулејман Демирел. |
| 1997 | Најстарата македонска православна црква во Австралија, „Свети Ѓорѓи“, во Фицрој, осветена во 1960 година, е продадена за 810.000 австралиски долари на некоја градежна фирма. |
Родени
| 1811 | Франц Лист, унгарски пијанист и композитор, музичар со романтичарско определување и предводник на германската школа. |
| 1917 | Борко Лазески, македонски академски сликар, еден од првите апстрактни автори во Македонија. |
| 1973 | Ичиро Сузуки, јапонски безбол спортист. |
Починале
| 1906 | Пол Сезан, француски сликар. |
| 1973 | Димитар Николоски - Луј, македонски музички педагог и композитор |
| 1987 | Лино Вентура, италијански актер |
23 октомври [уреди]
Настани
| 1917 | Кај местото Луневил, во Франција, американските сили ги почнаа првите борбени акции во Првата светска војна. |
| 1942 | Втора Светска војна: Кај гратчето Ел Аламејн, во египетската пустина, британските сили ги нападнаа германско-италијанските позиции. По дванаесетдневни огорчени борби, германско-италијанските трупи беа уништени. Наскоро почна сојузничкото истоварување во Северна Африка. |
| 1944 | Втора светска војна: Во Филипинскиот Архипелаг се одигра најголемата поморско-воздушна битка. Во неа учествуваше целата јапонска флота и три четвртини од флотата на САД. Битката траеше до 25 октомври, кога поразените Јапонци го напуштија боиштето, со обострани големи загуби. |
| 1944 | Втора светска војна: Сојузничките држави ја признаа привремената влада на Франција што ја формира Шарл де Гол. |
| 1954 | САД, СССР, Велика Британија и Франција се спогодија да ја окончаат окупацијата на Германија. |
| 1956 | Започува Унгарската револуција против советската доминација во Унгарија. |
| 1973 | Израелската воена команда соопшти дека Израел и Египет се спогодиле да ги прекинат вооружените напријателства на Блискиот Исток. |
| 1992 | По едномесечна нафтена војна против Македонија, Грција го повлекува ембаргото. |
Родени
| 1698 | Анж Жак Габриел, влијателен француски архитект, еден основоположниците на неокласичната архитектура. |
| 1844 | Сара Бернар, француска артистка со исклучително убав глас и дарба. |
| 1927 | Лешек Колаковски, полски философ. |
| 1940 | Пеле, бразилски фудбалер. |
Починале
| 1872 | Теофил Готје, француски писател. Пишувал песни, романи, патописи и критики. |
| 1893 | Александар I Батенберг, кнез на Бугарија. |
| 1918 | Едмон Бушје Де Бел, француски писател. |
| 1990 | Луј Алтисер, француски философ. |
24 октомври [уреди]
Настани
| 1795 | Русија, Австрија и Прусија ја поделиле територијата на Полска. |
| 1797 | Лима, главниот град на Перу, е разурнат од силен земјотрес, при што загинале околу 5.000 луѓе. |
| 1857 | Во Шефилд, Англија формиран е ФК Шефилд, најстариот фудбалски клуб во светот. |
| 1918 | Сфаќајќи дека со распаѓањето на Австро - Унгарија целосниот пораз на централните сили е неизбежен, царот Карло побара интервенција од Католичката црква за прекинување на војната. Меѓутоа, интервенцијата на Ватикан немаше успех. Сојузниците продолжија со операцијата и ги натераа Австро - Унгарија и Германија на безусловна капитулација. |
| 1945 | Стапи во сила Повелбата на Организацијата на обединетите нации, која заедно со Статутот на Меѓународниот суд, претставува темелен документ за устројството и дејствувањето на оваа светска организација. Тој ден се слави како Ден на Организацијата на обединетите нации. |
| 1992 | Во Тетово е формиран Сојуз на албанските жени. |
| 1997 | На пет километи под површината на Индискиот океан, нуркачите го пронајдоа американскиот брод кој носеше 2.000 тони сребро, кое претседателот Рузвелт му го испратил на Сталин во 1944 година. Рузвелт сакал да им помогне на Русите во борбата против Хитлер, но планот пропаднал кога германскате подморници го потопиле. Во бродот имало сребро во вредност од најмалку 330 милиони долари. |
Родени
| 51 | Домицијан, римски император. |
| 1865 | Григор Ќуркчиев, бугарски генерал, учесник во Балканските војни. |
| 1882 | Имре Калман, унгарски композитор. |
| 1914 | Џонас Едвард Салк, американски микробиолог. |
| 1915 | Тито Гоби, италијански оперски пејач, баритон. |
| 1915 | Боб Кејн, американски уметник, создавач на анимираниот херој Бетмен. |
| 1930 | Јохан Галтунг, норвешки пацифист. |
| 1943 | Христо Георгиевски, македонски поет, есеист, критичар, книжевен историчар. |
| 1960 | Љубе Бошкоски, македонски политичар . |
| 1966 | Роман Абрамович, руски мултимилијардер. |
| 1985 | Вејн Руни, англиски фудбалер. |
Починале
| 996 | Иго Капет, крал на Франција од Капетинската династија. |
| 1535 | Франческо II Сфорца, милански војвода. |
| 1537 | Џејн Симор, третата сопруга на англискиот крал Хенри VIII. |
| 1725 | Алесандро Скарлати, италијански композитор. |
| 1912 | Доксим Михајлов, војвода на Српскиот комитет на четничката акција. |
| 1957 | Кристијан Диор, француски моден креатор. |
| 1991 | Џин Роденбери, американски режисер. |
| 2005 | Роза Паркс, американска активистка за човекови права. |
25 октомври [уреди]
Настани
| 1936 | Нацистичка Германија и фашистичка Италија ја формираа Оската Рим - Берлин, со што е зацврстен сојузот на водечките фашистички држави во Европа. „Оската“ подоцна со вклучувањето на Јапонија за кусо време стана првокласна меѓународна воена и политичка групација и извор на империјалистички амбиции и на агресивни планови. |
| 1971 | НР Кина е примена во членството на ООН. |
| 1993 | Мелина Меркури, артистката во филмот „Никогаш в недела“, која ја доби функцијата министер за култура во Атина, вети дека ќе се бори за враќање на мермерните украси од Британскиот музеј, антички орнаменти кои го краселе Партенон. „Никогаш не почнувам борба без да ја продолжам и без да ја завршам“, изјави Меркури. Сите британски влади одбија да ги вратат мермерите, бидејќи тоа ќе значи преседан, со кој музеите низ светот ќе ги загубат своите богатства. |
| 1994 | Седум слики на шпанскиот сликар Пабло Пикасо се украдени од една уметничка галерија во Цирих, соопшти полицијата. Вредноста на сликите е проценета на 250 милиони швајцарски франци, односно 208 милиони долари. |
Родени
| 1757 | Хенрих Фридрих Карл - пруски политичар. |
| 1811 | Еварист Галоа - француски математичар, |
| 1825 | Јохан Штраус - помладиот, австриски композитор, виолинист и диригент. |
| 1838 | Жорж Бизе, француски композитор, автор на многу познатата опера „Кармен“, најуспешното дело на францускиот реализам. |
| 1881 | Пабло Луис Пикасо, шпанско-француски сликар, еден од најголемите светски сликари, основач на кубизмот. |
| 1911 | Михаил Јангел - советски инженер. |
| 1931 | Ани Жирардо, француска актерка. |
| 1981 | Шон Рајт Филипс - англиски фудбалер. |
| 1984 | Кети Пери, американска пејачка. |
Починале
| 625 | Папа Бонифациј V, еден од најголемите реформатори на црквата во Англија. |
| 1154 | Стефан Англиски, крал на Англија. |
| 1400 | Џефри Чосер, најголем англиски поет во средниот век, еден од основачите на англиската книжевност. |
| 1647 | Еванџелиста Торичели, италијански физичар и математичар. |
| 1987 | Андреј Колмогоров, руски мтатематичар и еден од најистакнатите математичари на 20 век. |
26 октомври [уреди]
Настани
| 1689 | По наредба на австрискиот генерал Силвио Пиколомини, австриската војска го запали Скопје, кое гореше два дена. Австријците го запалија градот за да се спасат од епидемијата на чумата, но опасната болест не беше запрена од огнот. За кусо време изгореа многу куќи, дуќани и други градежни објекти. Покрај загубите што му беа нанесени на населението, неколку илјади австриски војници заболеа и умреа од чумата, а меѓу нив и нивниот генерал Силвио Пиколомини. |
| 1863 | Основан е Фудбалскиот сојуз на Англија. |
| 1905 | Шведска ја признала независноста на Норвешка. |
| 1911 | Прокламирана е Кинеската Република, но по 4 години повторно се вратила монархијата. |
| 1912 | Прва Балканска војна: Грците го освоиле Солун, а Србите Скопје. |
| 1955 | Австрискиот Парламент го прифати Законот за постојана независност на земјата. Тој ден се прославува како национален празник на Република Австрија. |
| 1992 | Перуанскиот печат соопшти дека познатиот археолог Валтер Алва пронашол непозната група од 15 камени пирамиди, опкружени со населби чија старост се пронеценува на 35 векови. Новооткриениот археолошки локалитет зафаќа површина од три километри квадратни и се наоѓа на околу 60 километри од перуанскиот град Чиклајо. |
| 1993 | Водачот на Црвените бригади, Марио Морети, во интервјуто дадено од неговата затворска ќелија, што го пренесуваше телевизискиот канал „РАИ УНО“, призна дека го убил поранешниот премиер Алдо Моро. „Никогаш немаше да дозволам некој друг да го направи тоа. Тоа беше за мене и го извршив“, изјави Морети. |
| 1993 | Во Загреб е основано Хрватско-македонско друштво. |
| 2002 | Со упадот на специјалните сили во московскиот театар Дубровка, заврши заложничката криза во која од чеченски бунтовници два дена порано беа заробени над 900 гледачи. Загинаа 129 заложници и околу 40 бунтовници. |
Родени
| 1685 | Доменико Скарлати, важен барокен композитор за чембало. Ненадминат по влијанието врз клавијатурната музика. |
| 1888 | Нестор Махно, украински анархист. |
| 1916 | Франсоа Митеран, поранешен претседател на Франција. |
| 1919 | Мохамед Реза Пахлави, ирански шах. |
| 1924 | Таип Таипи, југословенски и македонски политички деец. |
| 1925 | Бошко Станковски, македонски политичар, поранешен претседател на Собранието на СРМ. |
| 1942 | Боб Хоскинс, британски актер. |
| 1959 | Ево Моралес, претседател на Боливија. |
| 1974 | Дејан Лилиќ, македонски актер и телевизиски водител. |
| 1980 | Кристијан Киву, романски фудбалер. |
Починале
| 1874 | Алфред Велики, крал на Англија. |
| 1764 | Вилијам Хогарт, важен англиски сликар, графичар, ликовен сатиричар, и карикатурист. |
| 1890 | Карло Колоди, италијански писател. |
| 1837 | Карл Колдевеј, германски поларен истражувач. . |
| 1874 | Петар Корнелиус, германски композитор. |
| 1957 | Герти Кори, американска биохемичарка. |
| 1957 | Никос Казанѕакис, еден од најголемите грчки писатели на XX век. |
| 1955 | Радослав Петковски, македонски писател. |
| 1972 | Игор Иванович Сикорски, руски конструктор на авиони и хеликоптери. |
27 октомври [уреди]
Настани
| 710 | Сарацените извршиле инвазија во Сардинија. |
| 1275 | Oснован градот Амстердам. |
| 1524 | Италијански војни: Француските војски го опседнале градот Павија. |
| 1644 | Започнала Втората Њуберска војна. |
| 1787 | Наполеон Бонапарт бил назначен за генерал на француската армија. |
| 1806 | По големата победа над Прусија, Наполеон Бонапарт влегува триумфално во Берлин. |
| 1807 | Потпишан договор помеѓу Наполеон Бонапарт и Карлос IV за поделба на Португалија. |
| 1920 | Седиштето на меѓународната организација Лига на народите (основана е на 19.04.1919 година со задача да го зачува светскиот мир, колективната безбедност и политичката независност на земјите, членки на Лигата на народите) од Лондон е префрлено во Женева, Швајцарија. Во тој град многубројните институции на Лигата на народите останаа се до 1945 година, кога и формално беше укината, отстапувајќи и го местото на Организацијата на обединетите нации. |
| 1922 | Под притисок на фашистите на чело со Бенито Мусолини, владата на Италија поднела оставка. |
| 1924 | Создадена Узбечка ССР. |
| 1947 | Во Лерин е извршена смртна пресуда врз 13 Македонци од селото Герман, Леринско, обвинети за соработка со партизаните. |
| 1969 | Бања Лука била погодена од голем земјотрес. |
| 1971 | Демократска Република Конго била преименувана во Заир. |
| 1979 | Свети Винсент и Гренадините добиле независност од Обединетото Кралство. |
| 1978 | Египетскиот претседател Анвар ел Садат и израелскиот премиер Менахем Бегин, добиле Нобелова награда за мир. |
| 1991 | Туркменистан ја објавил својата независност. |
| 1991 | Во Полска биле спроведени првите демократски избори. |
| 1998 | Герхард Шредер станал канцелар на Германија, по оставката на Хелмут Кол. |
| 1999 | Фустанот на Мерилин Монро која го носела додека ја пеела песната „Happy Birthay, Mr. President“ на претседателот на САД, Џон Кенеди, бил продаден за рекордни 1.267.500 долари, што претставува рекордна сума на пари потрошени во аукција при таква намена. |
Родени
| 1272 | Вацлав II, крал на Чешка и Полска. |
| 1728 | Џемс Кук, англиски поморски истражувач. |
| 1759 | Ференц Казинци, унгарски поет. |
| 1782 | Николо Паганини, италијански виртуоз на виолина и композитор. |
| 1858 | Теодор Рузвелт, претседател на САД. |
| 1885 | Владимир Чоровиќ, српски историчар. |
| 1898 | Димче Зографски, македонски револуционер и општествено- политички работник. |
| 1920 | Стефан Наумов - Стив, народен херој на Македонија. |
| 1928 | Мирослав Филип, чешки шахист. |
| 1932 | Силвија Плат, американска поетеса и писателка. |
| 1939 | Џон Клиз, британски комичар и актер, еден од основачите Монти Пајтон. |
| 1952 | Роберто Бенињи, италијански актер, комичар и режисер. |
| 1952 | Френсис Фукујама, американски философ, политичко - економски аналитичар и автор. |
| 1992 | Стефан Ел Шарави, италијански фудбалери. |
Починале
| 1449 | Улуг Бег, тимуридски монголски владетел, математичар и астроном. |
| 1505 | Иван III Василевич, кнез на Московското кнежество и „голем кнез на сите Руси“ . |
| 1605 | Акбар Велики, император на Индија. |
| 1949 | Марсел Сердан, светски шампион во бокс. |
| 1990 | Уго Тањаци, прочуен италијански артист. |
| 1992 | Дејвид Бом, американски физичар. |
| 1993 | Винсент Прајс, американски артист. |
| 2009 | Миле Попоски, македонски драмски писател, сценарист, преведувач, прозаист и комедиограф. |
| 2010 | Нестор Киршнер, претседател на Аргентина (р. 1950) |
28 октомври [уреди]
Настани
| 1689 | По наредба на австрискиот генерал Силвио Пиколомини, австриската војска го запали Скопје, кое гореше два дена. Австријците го запалија градот за да се спасат од епидемијата на чумата, но опасната болест не беше запрена од огнот. За кусо време изгореа многу куќи, дуќани и други градежни објекти. Покрај загубите што му беа нанесени на населението, неколку илјади австриски војници заболеа и умреа од чумата, а меѓу нив и нивниот генерал Силвио Пиколомини. |
| 1863 | Основан е Фудбалскиот сојуз на Англија. |
| 1905 | Шведска ја признала независноста на Норвешка. |
| 1911 | Прокламирана е Кинеската Република, но по 4 години повторно се вратила монархијата. |
| 1912 | Прва Балканска војна: Грците го освоиле Солун, а Србите Скопје. |
| 1955 | Австрискиот Парламент го прифати Законот за постојана независност на земјата. Тој ден се прославува како национален празник на Република Австрија. |
| 1992 | Перуанскиот печат соопшти дека познатиот археолог Валтер Алва пронашол непозната група од 15 камени пирамиди, опкружени со населби чија старост се пронеценува на 35 векови. Новооткриениот археолошки локалитет зафаќа површина од три километри квадратни и се наоѓа на околу 60 километри од перуанскиот град Чиклајо. |
| 1993 | Водачот на Црвените бригади, Марио Морети, во интервјуто дадено од неговата затворска ќелија, што го пренесуваше телевизискиот канал „РАИ УНО“, призна дека го убил поранешниот премиер Алдо Моро. „Никогаш немаше да дозволам некој друг да го направи тоа. Тоа беше за мене и го извршив“, изјави Морети. |
| 1993 | Во Загреб е основано Хрватско-македонско друштво. |
| 2002 | Со упадот на специјалните сили во московскиот театар Дубровка, заврши заложничката криза во која од чеченски бунтовници два дена порано беа заробени над 900 гледачи. Загинаа 129 заложници и околу 40 бунтовници. |
Родени
| 1466 | Еразмо Ротердамски, холандски хуманист. |
| 1697 | Џовани Антонио Канал, повеќе познат како Каналето - венецијански сликар. |
| 1818 | Иван Сергеевич Тургенев, руски писател, еден од најзначајните претставници на рускиот реализам. |
| 1910 | Френсис Бејкон, англиски сликар. |
| 1936 | Предраг Угрински, специјалист по патолошка анатомија и поранешен редовен професор на на Медицинскиот факултет во Скопје од 1986 година. |
| 1937 | Зоран Стојановски, македонски психолог и универзитетски професор. |
| 1956 | Махмуд Ахмадинежад, претседател на Исламската Република Иран. |
| 1955 | Бил Гејтс, американски програмер, и ко-основач на компанијата Мајкрософт. |
| 1963 | Ерос Рамацоти, италијански пејач и композитор. |
| 1967 | Џулија Робертс, американска актерка. |
| 1980 | Алан Смит, англиски фудбалер. |
| 1981 | Милан Барош, чешки фудбалер. |
Починале
| 312 | Максенциј, римски император. |
| 1703 | Џон Волис, англиски математичар. |
| 1704 | Џон Лок, англиски философ. |
| 1740 | Ана Руска, руска императорка. |
| 1923 | Стојан Протиќ, српски политичар. |
| 1935 | Џими Макулис, грчки пејач. |
| 1969 | Корнеј Чуковски, руски писател. |
| 1989 | Димитар Гешовски, еден од најпознатите македонски артисти. |
| 1999 | Рафаел Алберти, виден член на Генерацијата '27, еден од најзначајните шпански поети на 20 век. |
| 2005 | Љуба Тадиќ, југословенски и српски актер. |
| 2006 | Тревор Бербик, боксер од Јамајка. |
29 октомври [уреди]
Настани
| 1923 | Турција е прогласена за Република. - Национален ден на Турција. |
| 1944 | Во селото Горно Врановци, велешко, излезе првиот број на весникот „Нова Македонија“ на македонски јазик, орган на Народноослободителниот фронт на Македонија. Вториот број излезе во ослободениот град Битола, а од третиот број излегува во Скопје. Излегувањето на овој весник е од исклучително значење за развојот на современото македонско новинарство. |
| 1994 | По повод вториот круг на гласање за избор на пратеници во Собранието на Република Македонија, почна со работа Прес центарот. |
Родени
| 1507 | Фернандо Алварес де Толедо, шпански военачалник. |
| 1815 | Лудовит Штур, словачки војсководец. |
| 1816 | Фердинанд II Португалски, крал на Португалија од 1836-1855. |
| 1875 | Марија Единбургска, кралица на Романија. |
| 1879 | Франц фон Папен, германски канцелар. |
| 1890 | Ханс-Валентин Хубе, германски генерал-полковник. |
| 1897 | Јозеф Гебелс, германски нацистички функционер и пропагандист. |
| 1906 | Фредрик Браун, американски писател. |
| 1924 | Збигнев Херберт, полски поет, есеист и драматург. |
| 1926 | Неџметин Ербакан, премиер на Турција во периодот од 1996-1997 година. |
| 1929 | Евгениј Примаков, руски политичар. |
| 1930 | Берни Еклстон, генерален директор на Формула 1. |
| 1938 | Елен Џонсон Серлиф, претседател на Либерија. |
| 1943 | Дон Симпсон, американски филмски продуцент. |
| 1945 | Гафур Џабир Ахмети, македонски писател, публицист и преведувач. |
| 1950 | Абдула Ѓул , претседател на Турција. |
| 1954 | Петре Латиновски, градоначалник на Општина Бутел. |
| 1960 | Агим Чеку, премиер на Косово. |
| 1964 | Зоран Ставревски, министер за финансии во Владата на Република Македонија. |
| 1970 | Едвин ван дер Сар, холандски фудбалер. |
| 1970 | Филип Коку, холандски фудбалер. |
| 1971 | Винона Рајдер, американска актерка. |
| 1973 | Роберт Пирес, француски фудбалер. |
| 1981 | Аманда Берд, американска пливачка. |
| 1984 | Алваро Рафаел Гонзалез, уругвајски фудбалер. |
Починале
| 1268 | Конрадин, крал на Ерусалим. |
| 1321 | Стефан II Милутин, крал на Србија. |
| 1395 | Иван Шишман, бугарски цар. |
| 1618 | Волтер Роли, англиски шпионин, писател и поет . |
| 1911 | Џозеф Пулицер, американски новинар. |
| 1914 | Пејо Јаворов, бугарски поет, публицист и револуционер. |
| 1932 | Жозеф Бабински, француски невролог. |
| 1940 | Димитрија Чуповски, еден од најистакнатите и најдоследни организатори и афирматори на македонската национална мисла. |
| 1957 | Луис Б. Мејер, ко-основч на холивудското филмско студио Metro-Goldwyn-Mayer. |
| 1975 | Ристо Крле, македонски писател и драматург. |
| 1995 | Киро Поповски, прв претседател на Социјалистичката партија на Македонија. |
| 1997 | Антон Шандор Ла Веј, основач на Црквата на Сатаната. |
| 2004 | Перо Коробар, македонски општествен деец. |
30 октомври [уреди]
Настани
| 1890 | Охридското граѓанство испрати молба до Високата порта во Цариград, во која молеше да се дозволи основање на македонски училишта во градот и околината и да се дозволи наставата во училиштата да се изведува на македонски јазик. |
| 1905 | За време на првата Руска револуција, рускиот цар Николај II воведува устав, кој предвидува законодавно собрание |
| 1918 | Со капитулацијата на Турција, која во Првата Светска војна била на страната на Централните Сили, престанува да постои Отоманската Империја. |
| 1938 | Младиот режисер Орсон Велс ја објави во Њујоршкото радио Ен-Би-Ес радиодрамата „Војната на световите“, врз основа на текстот на Џ.Велс. Нападот на Марсовците на Земјата, режисерот го прикажа така што повеќе слушатели поверуваа во вистинитоста на настанот, што предизвика неверојатен хаос и тревога во тој дел на Америка. Орсон Велс преку ноќ стана еден вид национален херој. |
| 1945 | Индија стана член на Организацијата на Обединетите нации. |
| 1967 | За првпат во историјата на космонаутиката е извршено спојување и раздвојување на вештачки земјини сателити. Ова го изведоа советските научници со леталата „Космос - 186“ и „Космос - 188“. |
| 1973 | Пуштен е во сообраќај мостот на Босфор, во Турција, кој ги поврзува Европа и Азија. |
| 1974 | Со нокаутот над Џорџ Форман, Мухамед Али се враќа во боксот како светски шампион. |
| 1975 | Принцот Хуан Карлос станува претседател на Шпанија, заменувајќи го болниот генерал Франциско Франко. |
| 1983 | Во силниот земјотрес со силина од 6 степени според Рихтеровата скала, што ја погоди Анадолија, во Турција, загинаа 1.300 луѓе. |
| 1993 | Министерството за односи со странство на Република Македонија, официјално е известено од генералниот секретар на Обединетите нации, дека е прифатена нотификацијата на Република Македонија, со која се пристапува кон Виенската конвенција за патниот сообраќај од 1968 година. Според тоа возилата регистрирани во Македонија ја користат ознаката „МК“. |
| 1994 | Втори повеќепартиски избори во Македонија. СДСМ оствари уверлива победа, а ВМРО ДПМНЕ не ги прифати резултатите и се откажа од учество во работата на Парламентот. |
| 1995 | Со тесен пораз, пропаѓа референдумот на Квебек за независност од Канада. |
Родени
| 1735 | Џон Адамс, вториот претседател на Соединетите Американски Држави. |
| 1751 | Ричард Шеридан, ирски драматург. |
| 1871 | Пол Валери, француски писател, еден од најголемите лиричари. |
| 1873 | Франсиско Мадеро, мексикански политичар. |
| 1906 | Џузепе Фарина, поранешен шампион во Формула 1. |
| 1946 | Рене Јакобс, белгијски пејач и диригент. |
| 1958 | Атила Клинче, македонски актер. |
| 1960 | Диего Марадона, аргентински фудбалер. |
| 1978 | Гаел Гарсија Бернал, мексикански актер. |
Починале
| 1757 | Осман III, отомански султан. |
| 1787 | Фердинандо Галијани, италијански економист и значаен општественик од времето на просветителството. |
| 1910 | Жан Анри Динан, швајцарски филантроп, основач на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во 1863 година, кој подоцна прерасна во меѓународна организација. |
| 1914 | Ернст Штадлер, германски поет. |
| 1950 | Борис Верлински, советски шахист. |
| 1953 | Имре Калман, унгарски композитор. |
| 1987 | Џозеф Кембел, американски митолог, писател и оратор. |
| 1975 | Густав Лудвиг Херц, германски физичар. |
| 2006 | Клифорд Гирц, американски антрополог. |
| 2009 | Клод Леви-Строс, француски антрополог, познат како „татко на модерната антропологија“. |
31 октомври [уреди]
Настани
| 1517 | На портата на црквата во Витенберг, Мартин Лутер ги објавил своите 95 тези. Со тоа започнала протестантската реформација во католичката црква. Овој ден се слави како „Ден на Реформацијата“. |
| 1876 | Страотен циклон ја разурнал Индија во областа на сливот на реката Ганг, оставајќи зад себе над 100.000 загинати. Уште 100.000 загинале по невремето од болести. |
| 1892 | Артур Конан Дојл ги објавил Авантурите на Шерлок Холмс. |
| 1924 | Во Милано, Италија бил одржан Првиот меѓународен конгрес на штедилниците. Тој ден е прогласен за Светски ден на штедењето. |
| 1956 | Во Египет избувна Суецката војна. За да ја задржат контролата над Суецкиот канал, Британските и француските авиони го бомбардираа Египет. |
| 1984 | Индира Ганди, премиерката на Индија, била убиена од двајца членови на обезбедувањето, етнички Сики. По убиството следеле немири во Њу Делхи во кои биле убиени скоро 2.000 невини Сики. |
| 1994 | Лидерот на босанските Срби, Радован Караџиќ, објавил „воена состојба“ во Босна, наредувајќи сите резервисти да се јават кај своите команданти, за да се подготват за контра-офанзива во северозападниот дел на земјата. |
| 1995 | Република Македонија e вклучена во програмата ФАРЕ. |
Родени
| 1345 | Фернандо I Португалски, португалски крал. |
| 1391 | Едвард Португалски, португалски крал. |
| 1424 | Владислав III, крал на Полска и Унгарија. |
| 1705 | Папа Климент XIV, римски папа од 19 мај 1769 до 22 септември 1774 година. |
| 1835 | Адолф фон Бајер, германски хемичар. |
| 1838 | Луис I Португалски, португалски крал. |
| 1920 | Фриц Валтер, германски фудбалер. |
| 1919 | Димитар Богоевски - Мите, народен херој на Македонија. |
| 1930 | Мајкл Колинс, американски астронаут. |
| 1942 | Атанас Ќушкоски, македонски драмски писател. |
| 1947 | Херман ван Ромпој, белгиски политичар. |
| 1961 | Питер Џексон, новозенландски режисер. |
| 1964 | Марко Ван Бастен, холандски фудбалер. |
| 1968 | Ванила Ајс, американски рапер. |
| 1971 | Сашо Гешовски, првата жртва од Македонија во воените конфликти кои избиле во 1991 година во СФРЈ. |
| 1972 | Григорис Георгатос, грчки фудбалер. |
| 1976 | Гути, шпански фудбалер. |
| 1979 | Симао Саброса, португалски фудбалер. |
Починале
| 1448 | Јован VIII Палеолог - претпоследен византиски цар. |
| 1851 | Петар Петровиќ - Његош, владика и владетел на Црна Гора. |
| 1898 | Јосиф Ковачев, македонски педагог, реформатор, револуционер, политичар и научник. |
| 1984 | Индира Ганди, премиер на Индија и истакнат лидер на Движењето на неврзаните. |
| 1987 | Џозеф Кембел, американски митолог . |
| 1993 | Федерико Фелини, италијански филмски режисер. |
| 2002 | Михалис Стасинопулос, претседател на Грција. |
| 2006 | Питер Бота, претседател на ЈАР. |