Википедија:На денешен ден/Архива/Јули

Од Википедија, слободната енциклопедија
Скокни на: содржини, барај

Ова е Архивата на рубриката „На денешен ден...“

Истата има започнато да функционира на 25 јуни 2007.


Јануари - Февруари - Март - Април - Мај - Јуни - Јули - Август - Септември - Октомври - Ноември - Декември

Начин на користење на шаблоните во рубриката


Денес е вторник, 29 мај 2012; часот е 00:35 (UTC)

Шаблон:Јули 2012 Извор

[уреди] 1 јули

Настани

1097  Започнала Битката кај Дорилеја во текот на Првата крстоносна војна помеѓу турците селџуци и крстоносците.
1147  Започнала Опсадата на Лисабон која траела се до 25 октомври 1147 година. После ова Лисабон бил преземан од страна на португалците и крстоносците.
1520  La Noche Triste (Тажната ноќ) - здружените мексиканко-индијански сили, предводени од Ацтеките, ги поразуваат шпанските конквистадори на чело со Ернан Кортес.
1867  Стапил во сила Актот за британска Северна Америка, со кој се обединиле провинциите Канада, Њу Бранзвик и Нова Шкотска во Канадска конфедерација. Ден на Канада.
1921  Основана е комунистичката партија во Кина.
1962  Руанда и Бурунди се здобиваат со независност.
1963  Битлси го издаваат еден од најуспешните синглови на сите времиња - She Loves You - во Велика Британијa.
1979  Сони го патентира вокменот.
1997  Предавање на суверенитетот над Хонг Конг од Велика Британија на НР Кина.
2000  Пуштен во употреба Ересундскиот мост помеѓу Данска и Шведска


Родени

1646  Готфрид Лајбниц, германски математичар.
1804  Жорж Санд, француска писателка.
1902  Вилијам Вајлер, американски режисер-трократен оскаровец, роден во Франција.
1909  Никола Парапунов, македонски револуционер.
1938  Александар Курлјандски, творец на Ну, погоди!.
1939  Паскал Гилевски, македонски поет.
1961  Карл Луис, познат американски атлетичар.
1961  Дијана, Принцеза од Велс.
1967  Тони Михајловски, македонски татарски, филмски и телевизиски актер, водител и шоумен.
1976  Реваз Миндорашвили, грузиски борач, на ЛОИ 2008 одржани во Пекинг го освои златниот медал во дисциплината слободен стил до 84 kg.
1976  Руд ван Нистелрој и Патрик Клајверт, холандски фудбалер.


Починале

251  Дециј Трајан, римски цар, попознат е и како Гај Месиј Квинт Дециј Трајан.
1839  Махмуд II, триесетиот султан на Отоманската империја.
1876  Михаил Бакунин, руски револуционер.
1894  Алан Пинкертон, американски приватен детектив, основач на првата детективска агенција.
1896  Хариет Бичер Стоу, американски аболиционист и автор.
1974  Хуан Перон, претседател на Аргентина.
2001  Николај Басов, руски физичар, добитник на Нобелова награда.
2004  Тодор Скаловски, македонски композитор.
2004  Марлон Брандо, легендарен американски актер.
2008  Живко Стефановски, македонски функционер, писател, новинар и публицист.
2008  Шерафетин Неби, македонски актер.


[уреди] 2 јули

Настани

1853  Руската армија врши инвазија врз Турција - започнува Кримската војна.
1934  Завршува таканаречената Ноќ на долгите ножеви, операција што се одвивала во Германија од 30 јуни до 2 јули 1934, кога нацистичкиот режим се погрижил најмалку осумдесет и пет луѓе да бидат убиени од политички причини.
1937  Амелија Ерхарт исчезнува над Тихиот Океан додека се обидува да го изведе првиот лет околу светот по екваторот; нејзиното тело никогаш не е пронајдено.
1947  Објект за кој очевидци тврдат дека бил НЛО се срушува во Росвел, Мексико.
1983  Полис го издаваат својот последен албум - Synchronicity, 17 недели на првото место на листата на најпродавани албуми во САД.
2000  Отворен е Ересундскиот мост, комбиниран дволентен железнички и четирилентен патен мост кој поминува низ Ересуднскиот канал, комбинација од мост и тунел кој ги поврзува Копенхаген Малме. Мостот е еден од најдолгите во светот.
2005  Во рамките на манифестацијата Live 8 се одржуваат десет концерти во различни градови во светот.


Родени

1492  Елизабет Тјудор, ќерка на Хенри VII.
1486  Јакопо Сансовино, италијански вајар и архитект, прочуен по своите градби околу плоштадот Св. Марко во Венеција.
1714  Кристоф Вилибалд Глук, германски композитор и диригент.
1843  Антонио Лабриола, италијански марксистички теоретичар.
1876  Тодор Паница, учесник во македонското национално-револуционерно движење.
1877  Херман Хесе, германски писател и Нобелов лауреат.
1903  Олаф V, норвешки крал.
1904  Жан Рене Лакост, француски тенисер и бизнисмен.
1911  Михаил Д. Петрушевски, македонски академик.
1914  Богољуб Арсиќ, македонски полковник.
1923  Вислава Шимборска, полска поетеса и Нобелов лауреат.
1940  Георги Иванов, бугарски офицер (генерал-лејтенант).


Починале

1566  Мишел Нострадамус, француски астролог и пророк.
1733  Кристијан Пецолд, германски композитор и органист.
1778  Жан-Жак Русо, француски филозоф, роден во Швајцарија.
1800  Виктор Луј, француски архитект, добитник на Римската награда.
1877  Херман Хесе, германски романсиер, писател и поет - добитник на Нобеловата награда за книжевност (1946).
1934  Ернст Рем, германски нацист и началник на СА.
1949  Георги Димитров, политичар од Бугарија со потекло од Македонија, раководител на Бугарската комунистичка партија и на Коминтерната, како и премиер на НР Бугарија од 1946 до својата смрт.
1961  Ернест Хемингвеј, американски писател и Нобелов лауреат.
1977  Владимир Набоков, руски прозаист, автор на познатиот роман „Лолита“.
1989  Христо Стамболиев, еден од основачите на Технолошко - Металургискиот факултет во Скопје и негов прв декан.
1997  Џими Стјуарт, легендарен американски актер.
2001  Казимјеж Фелешко, полски полонист, македонист и славист.


[уреди] 3 јули

Настани

321  Римскиот император Константин I, првиот римски владетел со христијанска вера, ја прогласува неделата за ден за одмор и верски обреди.
1583  Рускиот цар Иван Грозни го убива, во настап на гнев, својот син и престолонаследник Димитриј.
1881  Под притисок на Велика Британија, Турција потпишува договор со Грција, со кој Грција ги добива Тесалија како и делови на Епир.
1900  Полета првиот воздушен балон конструиран од Фердинанд Цепелин.
1995  Југославија станува европски кошаркарски шампион.


Родени

1423  Луј XI, француски крал.
1883  Франц Кафка, чешки писател.
1902  Виторио де Сика, италијански филмски режисер и артист.
1934  Славка Арсова, македонски поет, писател за деца.
1935  Харисон Шмит, американски космонаут.
1942  Најдо Георгиевски, македонски поет.
1948  Вади Садех, либанско-австралиски поет.
1949  Емилија Масларова, бугарски политичар.
1962  Том Круз, американски актер.
1968  Рамуш Харадинај, поранешен герилски водич на ОВК и поранешен премиер на Косово.
1971  Џулијан Асанж, австралиски новинар и интернетски активист.
1980  Тарас Данко, украински борач.
1987  Себастијан Фетел, германски возач на Формула 1.


Починале

683  Папа Лав II, римски папа од 17 август 682 до 3 јули 683. По неговот избирање за папа, ја објавил анатемата против монотелитизмот, донесена на Шестиот вселенски собор. Во негово време биле потиснати Лангобардите.
1918  Мехмед V, султан на Отоманската Империја.
1969  Брајан Џонс, англиски музичар (поранешен член на The Rolling Stones).
1971  Џим Морисон, американски музичар и поет, член и основач на The Doors.
1977  Александар М. Волков, руски математичар и романсиер.


[уреди] 4 јули

Настани

1054  Експлозија на супернова е набљудувана од страна на Кинезите, Арапите и најверојатно Индијанците во близина на ѕвездата ζ Таури. Неколку месеци останува доволно светла за да може да се гледа и преку ден. Нејзините остатоција ја оформуваат Небулата Рак.
1776  На континентален конгрес во Филаделфија е усвоена Декларацијата за независност на Соединетите Американски Држави; овој ден во САД се слави како Ден на независноста.
1802  Вест Поинт, познатата воена академија на САД е отворена во истоимениот град во државата Њујорк.
1855  Во Бруклин, Њујорк од печат излегува првата збирка поеми на Волт Витмен - Листови трева.
1862  Луис Керол почнува да и раскажува приказна на Алиса Лидл што подоцна ќе прерасне во Алиса во Земјата на Чудата; точно три години подоцна, на 4 јули, издадена е првата книга од оваа незаборавна бајка.
1918  Болшевиците ги убиле рускиот цар Николај II Романов и неговото семејство (17 јули по новиот календар).
1939  Лу Гериг, легендарен американски бејзбол играч, го објавува своето повлекување од бејзболот.
2004  Формирана е ВМРО Народна партија од страна на приврзаниците на Љубчо Георгиевски, по неуспешниот обид за преземање на раководството во ВМРО-ДПМНЕ. За прв в.д. претседател на партијата е избрана Весна Јаневска.


Родени

1546  Мурат III, отомански султан.
1804  Натаниел Хоторн, американски писател.
1807  Џузепе Гарибалди, италијански патриот.
1884  Луис Б. Маер, филмски продуцент.
1917  Манолете, шпански матадор.
1921  Жерар Дебр, француски економист и Нобелов лауреат.
1927  Џина Лолобриџида, италијaнска актерка.


Починале

1826  Џон Адамс, американси политичар.
1826  Томас Џеферсон, третиот американски претседател.
1826  Џон Адамс, вториот американски претседател.
1868  Димитриј Иванович Писарев, руски писател.
1916  Алан Зигер, американски воен поет, познат по својата песна Вечерва имам состанок со Смртта.
1934  Марија Кири-Склодовска, француски научник од полско потекло.
1938  Ото Бауер, австриски социјалист.
1944  Благој Јанков - Мучето, народен херој на Македонија.
1977  Мигуел Најдорф, аргентиснки шаховски велемајстор.
2003  Бери Вајт, американски пејач, Човекот со велветен глас.
2005  Неџми Мехмети, македонски писател.


[уреди] 5 јули

Настани

1687  Исак Њутн ја објавува книгата „Математички принципи на природната философија“.
1811  Венецуела објавува независност од Шпанија.
1830  Франција го окупира Алжир.
1884  Германија го освојува Камерун.
1946  Во Париз, Франција, за прв пат е промовиран новиот женски костум за капење - бикинито.
1954  Елвис Присли ја има својата прва снимачка сесија. Ги пее That's All Right (Mama) како и Blue Moon of Kentucky. За многумина овој ден го означува раѓањето на рокенролот.
1962  Алжир добива независност од Франција.
1975  Зелено'ртските Острови добија независност од Португалија.
1977  Со воен удар во Пакистан е соборен Зулфиќар Али Буто, првиот слободно избран пакистански премиер.
1989  Се емитува првата епизода од комичната серија Зајнфелд, прогласена за најдобро телевизиско шоу според влијателното списание TV Guide.
2000  Излегува првиот број на дневниот весник „Вест
2006  Парламентарни избори во Република Македонија: Победа на опозиционата ВМРО-ДПМНЕ. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски стана премиер на Република Македонија.


Родени

1321  Јована, кралица на Шкотска.
1857  Клара Цеткин, борец за женски права.
1889  Жан Кокто, француски писател, поет, дизајнер, драматург, боксерски менаџер и режисер.
1891  Тин Ујевиќ, еден од најголемите хрватски поети на сите времиња.
1891  Џон Хауард Нортроп, американски хемичар и Нобелов лауреат.
1911  Жорж Помпиду, француски политичар.
1973  Рошин Марфи, ирска пејачка.
1979  Милош Симовиќ, српски криминалец.
1987  Александер Кристоф, норвешки велосипедист.
1996  Доли, првиот клониран цицач.


Починале

1833  Жозеф Ниепс, француски иноватор, човекот кој ја направил првата успешна трајна фотографија.
1932  Саша Черни, руски поет.
1939  Ефтим Спространов, македонски револуционер.
1965  Порфирио Рубироса, доминикански дипломат, Формула 1 возач и меѓународен плејбој.
1969  Валтер Гропиус, германски архитект.
1988  Драга Чаловска - Секуловска, македонски новинар.


[уреди] 6 јули

Настани

1415  Во Констанц, денешна Германија, од католичкиот екуменски собор е осуден и погубен Јан Хус, свештеник и реформатор.
1535  Сер Томас Мор, автор на познатото дело Утопија и еднаш англиски Лорд-канцелар, е погубен поради предавство на Кралот Хенри VIII откако одбива да се согласи со кралската одлука Англиската Црква да се одвои од Римската католичка црква.
1885  Луј Пастер успешно ја тестира својата вакцина против беснило; пациентот е Жозеф Мајстер, деветгодишо дете гризнато од бесно куче.
1908  Во Турција започнува т.н. „Младотурска револуција“, предводена од група млади офицери и интелектуалци незадоволни од владеењето на султанот Абдул Хамид II.
1928  Во Њујорк е одржана премиерата на филмот Светлата на Њујорк, првиот звучен филм во историјата на светската кинематографија.
1957  Во Ливерпул се запознаваат Џон Ленон и Пол Мекартни, идните основачи на една од најголемите групи на сите времиња Битлси.
1964  Малави прогласува независност од Обединетото Кралство.
1966  Малави станува република, со Хестингс Банда како прв претседател.
1967  Основана светската библиографска организација OCLC.
2002  Светиот архиерејски синод на МПЦ го разрешил од должност митрополитот велешки и повардарски Јован, поради еднострано пристапување во екуменско единство со СПЦ.
2005  Играорците од битолското КУД „Гоце Делчев“ играа оро пред британската амбасада во Скопје во знак на протест поради недобивањето на визи за настап на меѓународниот фолклорен фестивал во Ланголен, Англија.


Родени

1599  Диего Веласкез, шпански сликар.
1818  Адолф Андерсен, германски шахист.
1832  Максимилијан, надвојвода од Австрија и император на Мексико.
1838  Ватрослав Јагиќ, хрватски славист.
1859  Вернер фон Хејденстам, истакнат шведски поет и нобеловец.
1907  Фрида Кало, мексиканска сликарка.
1927  Џенет Ли, американска актерка; останува запаметена по туш-сцената во Хичкоковиот филм „Психо“.
1935  Тенцин Гјацо, моменталниот Далај Лама.
1943  Глигорие Гоговски, македонски општественик.
1946  Силвестер Сталоне, американски актер; познат по своите неколку пати репризирани улоги во Роки и Рамбо.
1946  Џорџ Буш, 43от американски претседател.
1951  Џефри Раш, австралиски глумец.
1964  Садула Ергин, министер за правда на Турција.
1980  По Гасол, шпански професионален кошаркарски играч.
1984  Роман Широков, руски фудбалер.


Починале

1189  Хенри II, англиски крал.
1415  Јан Хус, чешки рефораматор.
1533  Лудовико Ариосто, италијански поет.
1553  Едвард VI, англиски крал.
1854  Георг Симеон Ом, германски физичар.
1893  Ги де Мопасан, француски писател, мајстор на расказот.
1962  Вилијам Фокнер, американски писател и Нобелов лауреат.
1971  Луj Армстронг, американски трубач и џез музичар.
1991  Антон Југов, бугарски политичар.
1999  г.г. Михаил, Архиепископ Охридски и Македонски.
2000  Лазар Колишевски, македонски комунистички лидер.
2010  Тили Армстронг, британска писателка.


[уреди] 7 јули

Настани

1937  Јапонската армија го напаѓа кинескиот гарнизон кај Лучиоа, во близина на Пекинг. Кинеските сили се спротиставуваат, па Јапонија тоа го искористува како повод за агресија врз Кина. Кинеско-јапонската војна трае сè до капитулацијата на Јапонија во септември 1945 година.
1969  Во Канада, прифатен е Актот за официјален јазик според кого францускиот јазик станува еднаков со англискиот јазик.
1985  Борис Бекер станува првиот нерангиран играч, најмладиот тенисер (дотогаш), како и првиот Германец што го освојува Вимблдон, на возраст од само 17 години и 7 месеци.
2000  Целиот тираж на Хари Потер и Огнениот Пехар, четвртото продолжение на авантурите на малиот волшебник, е распродаден уште во претплата, пред и воопшто да биде испечатено делото.
2005  Се случува серија од терористички напади на Лондонското метро, во кое убиени се 52 луѓе, меѓу кои и четворицата бомбаши-самоубијци.


Родени

1690  Јохан Тобијас Кребс, германски композитор.
1860  Густав Малер, австриски композитор.
1887  Марк Шагал, руско-француски сликар.
1893  Владимир Мајаковски, руски писател.
1893  Мирослав Крлежа, хрватски писател.
1921  Васко Карангелески, народен херој на Македонија.
1922  Пјер Карден, италијански- француски моден креатор.
1926  Радка Кушлева, бугарска народна пејачка.
1940  Ринго Стар, тапанар на Битлси.
1959  Муса Џафери, македонски политичар и член на ОНА.
1967  Сашо Мацановски - Трендо, македонски ТВ водител.
1974  Наталија Тодоровска, македонска ракометарка.


Починале

1304  Папа Бенедикт XI, римски папа.
1307  Едвард I, англиски крал.
1573  Јакопо Бароци да Вињола, италијански архитект.
1854  Георг Ом, германски физичар.
1890  Анри Нестле, основач на „Нестле“.
1907  Телос Агапинос, офицер во грчката армија.
1914  Дејвид Брајан, американски филмски актер.
1923  Таската Серски, македонски револуционер.
1930  Артур Конан Дојл, шкотски писател.
1972  Атинагора Константинополски, патријарх на Константинопол.
1973  Вероника Лејк, американска актерка.
2006  Сид Берет, англиски музичар.


[уреди] 8 јули

Настани

70  Римјаните го освојуваат и разрушуваат Ерусалим. Единствениот дел што останува од градот е само западниот ѕид на Големиот Еврејски Храм, денес познат под името Ѕид на Плачот.
1497  Португалскиот морепловец Васко де Гама испловува од Лисабон на патувањето кое ќе му овозможи да го открие поморскиот пат кон Индија.
1997  Усвоен Законот за употреба на знамињата, со кој беше регулирана употребата на македонското државно знаме, а беше забранета употребата на знамиња на други држави во државните и локалните институции.


Родени

1621  Жан де Ла Фонтен, француски поет и баснописец.
1809  Људевит Гај, хрватски идеолог и водач на Илирското движење.
1839  Џон Дејвисон Рокфелер, американски индустријалец и филантроп.
1885  Ернст Блох, германски филозоф.
1893  Фердинанд Цепелин, германски генерал и конструктор на воздушните бродови.
1943  Илија Карајанов, македонски поет, есеист и критичар.
1961  Фикри Фејзули, член на ОНА..
1967  Клаус Чичер, премиер на Лихтенштајн (2009-).
1977  Кристиjан Абиjати, италијански фудбалски голман.
1984  Марина Мијаковска, македонска поетеса.


Починале

1153  Папа Евгениј III, римски папа.
1623  Папа Григур XV, римски папа.
1822  Перси Биш Шели, англиски писател.
1946  Александар Василевич Александров, руски и советски композитор.
1967  Вивиен Ли, американска филмска и театарска актерка.
1994  Ким Ил Сунг, комунистичкиот водач на Северна Кореја.
2010  Крум Томовски, македонски академик, архитект и конзерватор.


[уреди] 9 јули

Настани

1873  Педесет години по пуштањето на првата железница во светот, меѓу Скопје и Солун е воспоставена првата железничка врска.
1877  Се одржува првиот тениски турнир во Вимблдон. Денес, овој турнир, кој е единствен гренд-слем што се игра на трева, се смета за неофицијално светско првенство на белиот спорт.
1922  Познатиот американски пливач кој подоцна ќе стане уште попознат филмски актер откако ќе ја одигра улогата на Тарзан во истоимениот филм - Џони Вајсмилер - станува првиот човек во историјата кој делницата од 100 метри ќе ја преплива за време помало од една минута (58,6 секунди).
1960  Советскиот водач Никита Хрушчов го предупредува САД да не ја напаѓа Куба зашто во тој случај СССР би интервенирал.
1997  Масовни нереди во Гостивар, тројца етнички Албанци загинаа, а десетици цивили и полицајци се повредени.


Родени

1834  Јан Неруда, чешки писател и публицист.
1850  Иван Вазов, бугарски поет.
1937  Дејвид Ворк Грифит, англиски сликар.
1938  Петар Башески, македонски поет.
1952  Димо Н. Димчев, македонски поет.
1956  Том Хенкс, американски актер.
1974  Никола Ѓуричко, српски актер.
1981  Ристо Арнаудoвски, македонски ракометар.


Починале

1441  Јан ван Ајк, фламански сликар.
1746  Филип, шпански крал.
1850  Маргарет Фулер, американска новинарка.
1913  Михаил Анагностакос, грчки офицер.
1934  Иван Хаџи Николов, македонски општественик и револуционер.
1942  Цветан Димов, народен херој на Македонија; убиен е од бугарските фашисти во Скопје, во Обласната полициска управа.
1943  Иван Горан Ковачиќ, хрватски поет, есеист, новинар, политичар, преведувач и борец во НОВ.
1992  Ханс Ем, најстариот член на МАНУ. Учесник е во НОВ на македонскиот народ од 1941 година.
2001  Бедри Халими, член на ОНА.


[уреди] 10 јули

Настани

1943  Англо-американските трупи, во текот на Втората светска војна се истоваруваат во Сицилија.
1953  Советскиот претседател Никита Хрушчов го сменува министерот за внатрешни работи - Лаврентиј Бериј, егзекуторот на Сталинистичките чистки. Подоцна Бериј е уапсен, осуден на смрт и стрелан.
1962  САД го лансираа првиот телекомуникациски сателит Телстар-1 за пренос на телевизиските програми од САД во Европа.
1973  Бахамските Острови стекнаа независност по три векови британско колонијално владеење.
1992  Американски суд го осудува поранешниот диктатор на Панама - Мануел Нориега на 40 години затвор поради тоа што дозволил криумчарење на дрога во Панама.


Родени

1509  Жан Калвин, верски реформатор.
1830  Камиј Писаро, француски сликар и графичар.
1856  Никола Тесла, генијален истражувач и пронаоѓач на полето на електриката и радиотехниката.
1871  Марсел Пруст, француски писател и академик.
1895  Карл Орф, германски композитор.
1930  Иван Ивановски, македонски поет.
1950  Абдираим Идризи, македонски и косовски писател.
1957  Петар Нечовски, македонски пејач.
1965  Алексија, принцеза на Грција.
1967  Зоран Џорлев, македонски виолинист.


Починале

685  Константин IV, византиски император.
983  Папа Бенедикт VII, римски папа.
1099  Ел Сид, шпански национален херој.
1559  Анри II, француски крал.
1851  Луј Дагер, француски иноватор и фотограф.
1884  Пол Морфи, американски шахист.
2001  Хусни Џемаили, член на ОНА.


[уреди] 11 јули

Настани

1921  Почна борбата за ослободување на Монголија што ја поведе монголската Народна револуционерна партија под раководство на Суха Батор. Овој датум се прославува како национален празник на Народна Репулика Монголија.
1979  Американската вселенска станица Скајлаб по шестгодишно кружење по орбитата околу Земјата, се распадна при приземјувањето.
1987  Обединетите Нации објавуваат дека новороденчето Матеј Гаспар од Загреб е петомилирдитиот жител на Земјата.
1995  Република Македонија и Република Литванија воспоставија дипломатски односи на ниво на амбасади.
1995  Околу 8.000 Бошњаци, главно цивили, се убиени од српските сили под команда на генерал Ратко Младиќ близу Сребреница, Босна и Херцеговина.
2000  Во посредништво на американсиот претседател Бил Клинтон, започнуваат преговорите меѓу израелскиот премиер Ехуд Барак и водачот на Палестинците Јасер Арафат околу суверенитетот на Ерусалим.
2008  Принцот на Хунзите Газафар Али Кан со титула мир и неговата сопруга, принцезата Рани Атика, пристигнале во посета на Македонија и биле примени од премиерот Никола Груевски и од архиепископот г.г. Стефан.


Родени

1274  Роберт Брус, крал на Шкотска.
1767  Џон Квинси Адамс, претседател на САД.
1844  Петар I Караѓорѓевиќ, крал на Србија и Кралство СХС.
1871  Стјепан Радиќ, хрватски политичар и писател.
1927  Теодор Мајмен, американски физичар, конструктор на првиот ласер.
1934  Џорџо Армани, италијански моден креатор.
1934  Љупка Арсова - Џундева, македонска актерка.
1970  Џастин Чејмберс, американски актер.
1990  Каролина Возњацки, данска тенисерка.


Починале

1903  Вилијам Хенли Ернест, англиски поет.
1937  Џорџ Гершвин, голем американски композитор и музичар.
1942  Отон Жупанчич, словенечки поет.
1982  Меша Мехмед Селимовиќ, писател.
1989  Лоренс Оливие, англиски филмски и театарски актер, продуцент и режисер, еден од најпознатите актери на сите времиња.


[уреди] 12 јули

Настани

1784  Францускиот професор по физика С. Ленорман, заедно со Жан Моголфје, го конструирааат првиот падобран.
1960  Франција им призна независност на своите поранешни колонии Дахомеј, Нигерија, Горна Волта, Брегот на Слоновата Коска, Чад, Централна Африка и Конго.
1993  Република Македонија е примена за полноправна членка на Универзалната поштенска унија, специјализирана Агенција на Организацијата на Обединетите Нации со седиште во Берн, Швајцарија.
1996  Република Македонија воспостави дипломатски односи на амбасадорско ниво со Авганистан и Малта
2006  Започна Израелско-либанската војна.


Родени

100 п.н.е.  Гај Јулиј Цезар, римски војсководец, политичар и писател.
1884  Амедео Модиљани, познат италијански сликар.
1904  Пабло Неруда, познат чилеански поет и комунист, добитник на Нобеловата награда и венценосец на Струшките вечери на поезијата.
1952  Ирина Бокова, бугарски политичар.
1967  Џон Петручи, гитарист на американската прогресивна метал група Dream Theater.
1967  Катерина Блажевска, македонски новинар.
1973  Билјана Раева, бугарски политичар.
1982  Антонио Касано, италијански фудбалер.


Починале

1536  Еразмо Ротердамски, прочуен холандски хуманист.
1682  Жан Пикар, француски астроном.
1712  Ричард Кромвел, англиски лорд.
1935  Алфред Драјфус, француски офицер, човекот околу кој ќе се исплете Аферата Драјфус.
2007  Блага Алексова, македонски археолог и академик.
2010  Харви Пикар, американски писател.


[уреди] 13 јули

Настани

1822  Грчката војска ја победува турската кај Термопилите во текот на борбата за независност на Грција.
1878  Завршува Берлинскиот конгрес, на кој тогашните големи сили (Германија, Австро-Унгарија, Русија, Англија, Франција и Отоманската Империја) воспоставуваат нов однос на силите на Балканот.
1930  Во Монтевидео, главниот град на Уругвај, започнува првото светско фудбалско првенство, на кое домаќинот ја освојува титулата.
1946  При Земската болница во Скопје е формирана првата Станица за трансфузија на крв. Од мала станица со еден лекар и три медицински сестри прерасна во Републички завод за трансфузиологија.
1985  Советскиот скокач со стап Сергеј Бубка, во Париз станува првиот човек во историјата на овој спорт што прескокнал над шест метри.
1985  На лондонскиот стадион „Вембли“ и на стадионот „Џон Кенеди“ во Филаделфија, САД во исто време беа одржани големите хуманитарни концерти под името „Лајв ејд“ (Live Aid). Во акцијата за помош на гладните во Африка, која ја организираше Боб Гелдоф, најпознатиот рок и поп музичар во светот, собрани се 60 милиони долари, а ТВ-преносот од концертите го следеа околу милијарда и пол гледачи ширум светот.
1990  Во Скопје е основана Социјалистичката партија на Македонија. За претседател е избран Киро Поповски.


Родени

1590  Папа Климент X, римски папа.
1907  Елисие Поповски, македонски учесник во Шпанската граѓанска војна.
1934  Воле Сојинка, нигериски писател и Нобелов лауреат.
1942  Харисон Форд, американски актер, познат по улогата на Индијана Џонс во истоимената филмска трилогија.
1957  Камерон Кроу, американски режисер-оскаровец.
1970  Симеон Ѓанков, бугарски политичар.


Починале

574  Папа Јован III, римски папа.
1762  Џемс Бредли, англиски астроном.
1793  Жан Пол Мара, познат француски револуционер,.
1896  Август Кекуле, германски хемичар.
1943  Иван Горан Ковачиќ, хрватски поет.
1951  Панко Брашнаров, македонски револуционер.
1954  Фрида Кало, мексиканска сликарка.
2008  Михо Атанасовски, македонски поет.


[уреди] 14 јули

Настани

1789  Граѓаните на Париз го освоија злогласниот затвор Бастилја и ги ослободија затворениците, со што почна Француската Револуција. Овој ден се слави како национален празник на Франција.
1867  Алфред Нобел, шведскиот иноватор, кај англискиот град Редхил за прв пат го демонстрира разорното дејство на неговиот најнов изум - динамитот.
1933  Национал-социјалистите во Германија, кои во јануари на чело со Адолф Хитлер доаѓаат на власт, ги забрануваат сите опозициски партии.
1999  17 години по завршувањето на Фолкландската војна меѓу Аргентина и Велика Британија, обновена е воздушната линија меѓу Аргентина и овој архипелаг во Атлантикот.
2006  Љубчо Георгиевски, поранешен премиер на Република Македонија и поранешен лидер на ВМРО-ДПМНЕ наводно стана бугарски државјанин. Оваа постапка, која до денес не е потврдена од никого, предизвика бројни полемики во Република Македонија околу неговата вистинска улога во политичкиот живот на земјата во претходните 15 години.


Родени

1743  Гаврила Романович Державин, руски класицистички поет, сметан за најголемиот руски поет пред Пушкин.
1817  Мадам де Стал, француска писателка. Во 1810 година ја напиша книгата - манифест „За Германија“, која Наполеон ја забрани, затоа што авторот се восхитува на германската философија и литература. Ја сметаат за основоположник на францускиот романтизам. Родена е во Париз, на 22 април 1766 година.
1862  Густав Климт, австриски сликар-симболист. Неговата слика Портер на Адел-Блох Бауер I, продадена за 135 милиони долари, е третата најскапа слика во историјата.
1904  Исак Башевис Сингер, американски писател и Нобелов лауреат, по потекло полски Евреин.
1918  Ингмар Бергман, шведски филмски и театарски режисер и сценарист, за многумина еден од најголемите во историјата. Неговиот филм Седмиот печат останува запаметен како едно од големите филмски ремек-дела.
1942  Хавиер Солана, шпански политичар.


Починале

1223  Филип II Август, француски крал.
1887  Алфред Круп, германски индустриалец и производител на оружје.
1944  Благој Јанков - Мучето, народен херој на Македонија; умира во Струмица, во борба против бугарската полиција. Роден е во 1911 година.
1998  Ричард Мекдоналд, основач на најголемиот ланец на ресторани во светот - Мекдоналдс.


[уреди] 15 јули

Настани

1099  Во Првата крстоносна војна, Крстоносците го зазеле Ерусалим кој бил 461 година под власта на Фатимидите. Градот останал во христијански раце сè до 2 октомври 1187 година кога бил освоен од страна на Саладин и никогаш повторно не бил безусловно во христијански раце.
1556  Во Рим свечено е осветена грандиозната купола на црквата Свети Петар, што ја изгради прочуениот италијански архитект, вајар, сликар и поет Микеланџело Буонароти. Овој датум е земен како ден на раѓањето на барокот.
1869  Французинот Иполит Меж Морис го патентира маргаринот, прехранбен продукт кој ќе треба да се обиде да го спречи масовниот глад меѓу сиромашните слоеви на населението.
1965  Американскиот вселенски брод Маринер 4 ги испрати првите снимки од планетата Марс.
1968  На линијата Москва-Њујорк воспоставена е првата директна авио-врска меѓу СССР и САД. Летовите почнуваат да ги изведуваат компаниите Аерофлот и Пан Америкен.
1990  Во Охрид е извршено осветување на новоизградената црква „Свети Тројца“.


Родени

1606  Харменс ван Ријн Рембрант, познат холандски сликар, еден од најголемите во историјата на уметноста. Умре во Амстердам, на 4 октомври 1669 година.
1919  Ирис Мурдок, ирска писателка.
1930  Жак Дерида, француски философ.
1956  Џо Сатријани, американски гитарист.


Починале

1291  Рудолф I Хабсбург, германски цар и оснoвач на династијата на Хабсбурговците.
1904  Антон Павлович Чехов, руски раскажувач и драмски писател. Најпознати негови дела се драмите „Галеб“, „Три сестри“, „Вујко Вања“ и „Вишновата градина“, како и збирките раскази „Човекот во футрола“, „Куќа на кат“ и „Селани“. Роден е во Таганрог, на 29 јануари 1860 година.
1929  Хуго фон Хофманштал, австриски писател.
1941  Валтер Рутман, значаен германски експериментален режисер.
1944  Вера Циривири-Трена, првоборец и активен учесник во напредното работничко движење. Убиена е од страна на бугарските фашисти во Штип. Родена е во Прилеп во 1921 година.
1997  Џани Версаче, италијански моден креатор.


[уреди] 16 јули

Настани

1054  Големата Шизма - поделба на христијанството на католицизам и православие.
1661  За прв пат во Европа една банка издава книжна валута. Тоа се случува во Шведска, а банкнотите почнува да ги печати Стокхолмската банка.
1885  Воспоставена е британска колонијална власт над Австралија, со исклучок на Западна Австралија.
1940  Адолф Хитлер ја издал директивата "Морски лав", план за инвазија врз Велика Британија.
1945  Проект Менхетен: Тринити проба, првиот тест на атомска бомба.
1969  Лансиран вселенскиот брод Аполо 11 кон Месечината.


Родени

1723  Џошуа Рејнолдс, англиски сликар - портретист.
1872  Роалд Амундсен, норвешки поларен истражувач..
1921  Крсте Црвенковски, македонски политичар.
1986  Тимофеј Мозгов, руски кошаркар.


Починале

1533  Атахуалпа, цар на Инките.
1985  Хајнрих Бел, германски писател и Нобелов лауреат во 1972 година.
1989  Херберт фон Карајан, австриски диригент.
1995  Стефан Спендер, британски поет.


[уреди] 17 јули

Настани

1203  Во текот на Четвртата крстоносна војна крстоносците го освоиле Константинопол.
1762  Катерина Велика станува царица на Русија.
1862  Во САД стапи во сила Законот за ослободување на црнците-робови. Тогаш околу 190.000 поранешни робови од територијата на југот на САД стапија во редовите на федералната армија.
1917  Во знак на револт од улогата на Германија во Првата светска војна, кралот Џорџ V издал објава според која британското кралско семејство ќе го носи презимето Виндзор, наместо дотогашното Сакс-Кобург-Гота.
1918  По наредба на болшевиците, рускиот цар Николај II и неговото потесно семејство се стрелани во близината на Екатеринбург, Русија од единиците на Че-Ка.
1936  Почнува Шпанската граѓанска војна.
1942  Почна Сталинградската битка меѓу германските фашисти и советската армија, веројатно најголемата битка во Втората светска војна.
1945  Во Потсдам, Германија, се одржала Потсдамската конференција на која се поништени освојувањата на Германија пред и во Втората светска војна, и нејзината територија е поделена меѓу сојузниците на четири окупациони зони.
1965  Американските бомбардери од типот Б-52 од базата Гуам за првпат ги бомбардираа целите на територијата на Виетнам.
1976  Индонезија го анектира Источен Тимор.
1984  Лансиран е советскиот вселенски брод „Сојуз 12“. Членот на екипажот Светлана Савицкаја стана првата жена која се прошета во вселенскиот простор надвор од леталото.
1993  Во Будимпешта, деветте земји-членки на Централноевропската иницијатива (ЦЕИ), ја примија Република Македонија како полноправна, десетта членка на оваа асоцијација.


Родени

1899  Џими Кегни, легендарен американски актер.
1925  Ласло Наѓ, унгарски поет и преведувач.
1935  Доналд Сатерленд, канадски актер.
1937  Петре Наковски, македонски романсиер и преведувач.
1950  Стево Степановски, македонски библиофил.
1954  Ангела Меркел, германски канцелар.
1987  Андреј Воронцевич, руски кошаркари.


Починале

855  Папа Лав IV, римски папа.
1790  Адам Смит, најпознат претставник на англиската класична политичка економија.
1918  Николај II Романов, убиен заедно со членовите на неговото семејство.
1941  Аугуст Цесарец, хрватски револуционер и писател.
1946  Дража Михајловиќ, српски четнички водач.
1959  Били Холидеј, американскa пејачкa.
1969  Нестор Алексиев Мирчевски, македонски резбар.
1976  Вељо Личеноски, прв филмски монтажер во Македонија.
1986  Ристо Шишков, македонски глумец.
1992  Стефан Гајдов, македонски композитор.


[уреди] 18 јули

Настани

64  Во Рим избувна голем пожар во кој стариот град изгоре до темели. Легендата вели дека пожарот го подметнал неурамнотежениот римски император Нерон. За тоа нема никакви докази во старите извори.
1830  Уругвај го усвојува својот прв Устав.
1846  Во Бостон д-р Вилијам Мортон првпат во својата забна ординација го употреби етерот како средство за наркоза. Тој датум се смета за предпочеток на модерната анестезиологија.
1898  Во Париз француските научници, сопружниците Марија и Пјер Кири го открија полониумот, првиот познат радиоактивен елемент.
1925  Адолф Хитлер го објавува првиот том од својот личен манифестМојата борба“.
1936  Шпанска граѓанска војна: востаниците ја завземаат Галиција, западна Кастиља, западна Андалузија и Арагон.
1968  Во Санта Клара, Калифорнија е формирана корпорацијата Интел.
1967  Во Охрид, на третиот црковно-народен собор, Архиепископскиот синод донесе одлука за прогласување автокефалност на Македонската православна црква како наследничка на обновената Охридска архиепископија. Одлуката ја соопшти новиот Архиепископ Охридски и Македонски г. г. Доситеј.


Родени

1635  Роберт Хук, англиски физичар.
1664  Франц Лудвиг Фалечко-Нојбуршки, германски епископ († 1732)
1837  Васил Левски, бугарски револуционер.
1877  Елин Пелин, бугарски писател.
1887  Видкун Квислинг, норвешки соработник на нацистите. Неговото име стана синоним за велепредавство на идеалите на сопствената држава.
1918  Нелсон Мандела, јужно-африкански претседател.
1924  Џон Глен, американски космонаут.
1934  Наум Манивилов - Преспански, македонски поет.
1970  Анатоли Тишченко, руски спринт-кануист.
1971  Пени Хардевеј, американски кошаркар.
1980  Кристен Бел, американска актерка.


Починале

1721  Жан Антоан Вато, француски барокен сликар.
1817  Џејн Остин, англиска писателка.
1872  Бенито Хуарез, мексикански претседател.
1895  Стефан Стамболов, бугарски револуционер.
1949  Вичеслав Новак, чешки композитор.
1997  Јуџин Шумејкер, американски астрогеолог.


[уреди] 19 јули

Настани

1799  Во текот на походот на Египет група војници на Наполеон го пронашле Каменот од Розета, што му овозможило на Шамполион да ги дешифрира хиероглифите.
1870  Почна француско-пруската војна. Французите беа поразени за неколку месеци, а војната заврши со мировниот договор склучен во Франкфурт, во мај 1871 година.
1900  Во Лајпциг, Аугуст Велер, професор по физиологија, во својот кабинет го прикажа епохалниот изум - кардиографот, кој денеска претставува основа за научно испитување на срцевите заболувања.
1941  Британскиот премиер Винстон Черчил ја започнува кампањата со име „В за победа“ (V for Victory) во текот на Втората светска војна.
1943  Во борбите во Сицилија, сојузниците со ескадрили бомбардери го нападнаа Рим.
1956  Лидерите на СФР Југославијa, Индија и Египет - Јосип Броз Тито, Џавахарлал Нехру и Гамал Абдел Насер ја потпишуваат Брионската декларација за заедничка против-блоковска политика, што го означува почетокот на создавањето на Движењето на неврзаните земји.
1967  Македонската Православна Црква прогласи автокефалност.


Родени

1814  Семјуел Колт, творецот на најпознатиот тип на револвери кој и денес го носи неговото презиме.
1834  Едгар Дега, француски сликар.
1893  Владимир Мајаковски, руски поет.
1900  Арно Брекер, најистакнатиот вајар во нацистичка Германија.
1921  Борка Талески, народен херој на Македонија.


Починале

1374  Франческо Петрарка, голем лирски поет на италијанската предренесанса.
1543  Мери Болејн, сестра на англиската кралица Ана Болејн.
1631  Чезаре Кремонини, италијански философ.
1954  Малина Попиванова, македонска револуционерка.
2010  Стивен Шнајдер, професор по биологија на животната средина.


[уреди] 20 јули

Настани

1402  Монголскиот хан Тамерлан во Битката кај Ангора, денешна Анкара, ја победува турската војска и го заробува султанот Бајазит I, кој во 1403 година умира во ропство.
1903  Првиот автомобил на Форд излегол од производство.
1924  Во Париз е основана Светската шаховска организација.
1944  Германскиот полковник Клаус Шенк извршува атентат врз нацистичкиот лидер Адолф Хитлер со подметнување на бомба под неговиот стол во бункерот Волчја јама кај Берлин. Хитлер е само полесно повреден, а заговорниците се погубени.
1969  Лунарното возило „Орел“ на американскиот вселенски брод „Аполо 11“, со космонаутите Нил Армстронг и Едвин Олдрин, се упати на површината на Месечината, додека Мајкл Колинс го продолжи кружењето околу Месечевата орбита со матичниот брод „Аполо 11“.
2001  Карло Џулијани, италијански активист и анархист е убиен во текот на демонстрациите против Групата 8 во Џенова во 2001 година од страна на италијанските Карабињери.


Родени

356 п.н.е.  Александар III Македонски, крал на Македонија, еден од најголемите војсководци и освојувачи на сите времиња.
1304  Франческо Петрарка, голем лирски поет на италијанската предренесанса.
1519  Папа Инокентие IX, римски папа.
1659  Ијасент Риго, важен француски барокен сликар и портретист.
1785  Махмуд II, отомански султан.
1847  Макс Либерман, германски постимпресионистички сликар.
1878  Петар Манџуков, македонски револуционер и анархист.
1890  Георги II, крал на Грција.
1919  Сер Едмунд Хилари, новозеландски офицер и истражувач, учесник во хималајските и во поларните експедиции.
1927  Нешо Марковски, македонски новинар.
1947  Карлос Сантана, мексиканско-американски гитарист.
1948  Жан Рено, француски актер.
1948  Сафет Алиу, македонски правник.
1960  Првослав Вујчиќ, српски поет.
1969  Џош Холовеј, американски актер .
1988  Дејан Митрев, македонски фудбалер.


Починале

1816  Гаврила Романович Державин, руски класицистички поет, сметан за најголемиот руски поет пред Пушкин.
1903  Папа Лав XIII, римски папа.
1913  Феликс Ѓержински („Железниот Феликс“), полски комунист со револуционерни идеи, основач на Болшевичката тајна полиција Чека, подоцна КГБ.
1923  Панчо Виља, мексикански револуционeр, водач на селанската револуција од 1910 година.
1913  Васил Чакаларов, македонски војвода од Костурско.
1937  Гуљелмо Маркони, италијански инжинер.
1945  Пол Валери, француски поет.
1951  Абдула I, јордански крал.
1973  Брус Ли, актер и борач.


[уреди] 21 јули

Настани

1542  Папата Павле II донел одлука за основање на инквизиција во Рим.
1798  По победата на битката кај пирамидите, Наполеон Бонапарта стана владетел на Египет.
1962  Со решение на Извршниот совет на НР Македонија, името на „Радио Скопје“ е променето во „Радио-Телевизија Скопје“.
1983  Во станицата Восток на Антарктикот, измерена е најниската температура на Земјата, која изнесувала -89.2 °C.
1994  Рускиот писател Александар Солжењицин пристигнува во Москва после двомесечно патување низ Русија, од каде 20 години претходно е прогонет во егзил.


Родени

1816  Паул Јулиус фон Ројтер, основач на британската новинскa агенцијa Ројтерс.
1899  Ернест Хемингвеј, американски писател. Учесник е во Првата светска војна, во Шпанската граѓанска војна и во Втората светска војна. За романот Старецот и морето во 1954 година ја доби Нобеловата награда за литература. Изврши самоубиство во својата куќа во Кечам, во Ајдахо, на 2 јули 1961 година.
1911  Маршал Меклуан, канадски автор.
1951  Робин Вилијамс, американски актер.
1964  Јенс Вајслог, германски ски-скокач.


Починале

1870  Јозеф Штраус, австриски композитор.
1984  Живко Фирфов, македонски етномузиколог, педагог, диригент и музички деец. За својата богата музичка активност има добиено повеќе награди и признанија, меѓу кои и почесен доктор на Географското здружение од Колумбија, САД, во 1955 година. Роден е во Велес, на 20 ноември 1906 година.
1998  Ален Шепард, американски космонаут.
2001  Крсте Црвенковски, македонски политичар.


[уреди] 22 јули

Настани

1099  Прва крстоносна војна: Годфри од Бујон е избран за прв Бранител на Светиот Гроб на Кралството Ерусалим.
1456  Унгарскиот регент Јанош Хуњади ја пробил опсадата на Белград и им нанел тежок пораз на Отоманските освојувачи предводени од Мехмед II.
1894  Првата воопшто моторизирана трка се одржала во Франција, на 128-километарски пат помеѓу Париз и Руен. Победил Албер де Дион, основачот на Тур де Франс.
1908  Младотурците ја презеле власта во Битола и ги ослободиле сите затвореници.
1933  Американскиот авијатичар Вили Пост го извел првото самостојно летање со авион околу Земјината топка. Прелетал 25.000 километри со 14 застанувања за 7 дена, 18 часа и 45 минути.
1948  Во Скопје, со одлука на Владата на НРМ, е основан Институтот за национална историја.
1962  Пропадна првиот американски обид за лансирање автоматска сонда на Венера. Ракетата лансирана од Кејп Канаверал на Флорида ја промени насоката и по неколку минути експлодира.
1992  Најголемиот колумбиски производител и дилер со дрога Пабло Ескобар побегнал од затвор. Убиен е во декември следната година во Медељин, во престрелка со полицијата.


Родени

356 п.н.е.  Александар III Македонски, една од најпознатите личности на стариот век, војсководец и државник. Го порази огромното персиско царство и во своите походи стигна се до Индија. Умре во Вавилон, на 13 јуни 323 година п.н.е.
1210  Јоана, кралица на Шкотска.
1784  Фридрих Вилхелм Бесел, германски астроном и математичар.
1822  Грегор Мендел, австриски ботаничар и генетичар.
1888  Селман Ејбрахам Ваксман, американски микробиолог по потекло од Украинa, добитник на Нобеловaта награде за медицинa во 1952 година.
1894  Оскар Марија Граф, германски писател.
1916  Марсел Сердан, франсуски боксер.
1944  Ананд Сатјананд, Генерален гувернер на Нов Зеланд.
1969  Деспина Ванди, грчка пејачка.


Починале

1461  Шарл VII Победникот, француски крал.
1676  Папа Климент X, римски папа.
1822  Наполеон II, француски крал.
1934  Џон Дилинџер, американски криминалец.
1968  Павлос Гипарис, грчки официр.
1979  Шандор Кочиш, унгарски фудбалер.
1990  Асан Керим, македонски и југословенски политичар .


[уреди] 23 јули

Настани

1914  Австро-Унгарија ѝ поставила ултиматум на Србија во врска со атентатот на престолонаследникот Франц Фердинанд во Сараево. Ова било најава за почетокот на Првата светска војна.
1942  Започнал со работа логорот Треблинка.
1942  Во Софија, бугарските фашисти ги стрелаа Никола Јонков Вапцаров, македонски поет и патриот, Антон Попов-Дончо, македонски револуционер, писател и публицист и Атанас Романов, македонски патриот.
1993  Република Македонија стана 138 членка на Светската организација за интелектуална сопственост.
2000  Ленс Армстронг, втора година по ред победува на престижната велосипедска трка Тур де Франс, иако неговите лекари, четири години претходно, го известуваат дека постојат мали шанси да преживее, зашто болува од рак.


Родени

1892  Хаиле Селасије I, етиопски цар.
1906  Владимир Прелог, швајцарско-хрватски хемичар.
1915  Тихомир Милошевски, народен херој на Македонија.
1931  Виктор Корчној, руски шаховски велемајстор.
1976  Јудит Полгар, унгарска шахистка.


Починале

1536  Хенри ФицРој, незаконски син на Хенри VIII.
1757  Доменико Скарлати, барокен композитор за чембало.
1875  Ајзак Мерит Сингер, американски иноватор.
1916  Вилијам Ремзи, шкотски хемичар.
1942  Антон Попов, македонски поет.
1948  Дејвид Ворк Грифит, американски филмски режисер и продуцент.
2001  Муртезан Етхеми, поранешен член на ОНА.


[уреди] 24 јули

Настани

1148  Луј VII од Франција поставил опсада на Дамаск во текот на Втората крстоносна војна.
1534  Жак Картие поставил крст на северноамериканското копно близу до устието на реката Сент Лоренс и го прогласил за прва француска територија во името на кралот Франсоа I.
1715  Шпанска флота со богатство составена од 10 брода заминала од Хавана, Куба кон Шпанија. Седум дена подоцна, 9 брода потонале во бура близу до Флорида. Богатството е откриено и извлечено од морето во 1960-тите.
1823  Укинато е ропството во Чиле.
1908  Турција е прогласена за уставна монархија. Овој датум се зема како Ден на победата на Младотурската револуција.
1923  Грција, Турција и сојузничките сили од Првата светска војна ја потпишаа Лозанската декларација, врз основа на која е извршена принудна размена на население: христијаните од Турција во Грција, а муслиманите од Грција во Турција. Ова во голема мера го изменило националниот состав на Егејска Македонија.
1946  Во Пацификот, во близина на островот Бакини, САД ја извршија првата подводна атомска експлозија.
1974  По инвазијата на Турција врз Северен Кипар, паднала од власт воената хунта во Грција.
2002  Алфред Мојсиу е избран за претседател на Албанија.


Родени

1725  Џон Њутон, англиски морнар и свештеник.
1783  Симон Боливар, јужно-американски борец за независност. Истиот ден се слави како Ден на Симон Боливар во Еквадор.
1802  Александар Дима Таткото, француски писател.
1828  Николај Чернишевски, руски писател, критичар и револуционер.
1921  Џузепе Ди Стефано, италијански оперски пејач.
1946  Тито Беличанец, македонски правник.
1969  Џенифер Лопез, американска актерка и пејачка.
1974  Милан Јуришиќ, српски криминалец.
1975  Рајан Стак, натурализиран македонски кошаркар.


Починале

1957  Методија Андонов - Ченто, македонски револуционер и државник, прв претседател на Иницијативниот одбор за свикување на Првото заседание на АСНОМ и борец за правата и слободата на македонскиот народ. Роден е во Прилеп, на 17 август 1902 година.
1974  Џејмс Чедвик, англиски физичар, откривач на неутронот и Нобелов лауреат во 1935 година.
1980  Питер Селерс, британски филмски актер, комичар.
1991  Исак Башевис Сингер, американски писател и Нобелов лауреат, по потекло полски Евреин.
2000  Клод Соте, француски филмски режисер-оскаровeц.
2001  Махир Камбери, поранешен член на ОНА.
2001  Сељман Нухиу, поранешен член на ОНА.
2001  Неџмедин Сулејмани, поранешен член на ОНА.


[уреди] 25 јули

Настани

1878  Првата кинеска дипломатска мисијa во САД пристигнува во Вашингтон.
1917  Холанѓанката Маргарета Гертруда Целе, попозната како Мата Хари, осудена е на смрт под обвинение дека шпионирала за Германија во текот на Првата светска војна.
1945  Со одлука на Европската консултативна комисија, Германија во периодот до склучувањето на мировниот договор е поделена на четири зони: источна-советска, северозападна-британска, југозападна-американска и западна-француска. Таа поделба подоцна доведе до формирање на двете германски држави.
1968  Папата Павле VI им ги забранува на католичките верници сите вештачки методи за спречување на зачнувањето.
1984  Советскиот космонаут Светлана Савитцкаја стана првата жена која излегла надвор од бродот во вселената и првата жена во историјата на освојувањето на вселената која два пати била во нејзиното пространство.


Родени

1894  Гаврило Принцип, атентаторот на Франц Фердинанд.
1919  Илија Антевски - Смок, македонски комунист.
1920  Розалинд Френклин, англиски научник.
1920  Куширо Хајаши, јапонски астрофизичар.
1925  Невена Георгиева Дуња, млада македонска партизанка во НОВ.
1946  Љупка Димитровска, македонска пејачка.
1966  Сервет Хајредини, поранешен член на ОНА.
1973  Билјана Беличанец - Алексиќ, македонска глумица.
1976  Јовица Тасевски - Етернијан, македонски поет.
1978  Луис Џој Браун, првото бебe од епрувета.
1986  Андреј Шкиотов, руски кану спринтер.


Починале

1492  Папа Инокентие VIII, римски папа.
1533  Атахуалпа, последен владетел на Тавантинсују.
1564  Фердинанд I, цар на Светара Римска Империја.
1794  Андре Шение, француски поет.
1834  Семјуел Тејлор Колриџ, aнглиски поет.
1980  Владимир Висоцки, советски пејач.
1986  Винсент Минели, американски филмски режисер.
1987  Крсто Симовски, учесник во НОВ.
1999  Богољуб Арсиќ, учесник во НОВ.


[уреди] 26 јули

Настани

1953  Со нападот на герилците на касарната „Монкада“ во градот Сантијаго де Куба, Фидел Кастро ја започнува борбата против диктаторот Фулгенсио Батиста.
1956  Египетскиот претседател Гамал Абдел Насер го национализира Суецкиот канал, кој претходно беше под контрола на англо-француска компанија.
1963  Катастрофален земјотрес го разурна главниот град на Република Македонија - Скопје. Во земјотресот загинаа 1.070 луѓе, 2.900 беа повредени, а беше уништен или оштетен 4/5 од стамбениот фонд. Веста за земјотресот што го зафати Скопје брзо се рашири низ целиот свет, кој покажа голема солидарност.
1996  Република Македонија и Европската Унија потпишаа рамковна спогодба за соработка на Република Македонија во Европската Унија. Истиот ден во Република Македонија пристигнува и првиот американски амбасадор - Кристофер Хил.
1996  Република Македонија стана потписничка на Рамковната конвенција на Советот на Европа за заштита на националните малцинства и потписничка на повелбата на Советот на Европа за регионални или малцински јазици.


Родени

1782  Џон Филд, ирски композитор.
1856  Џорџ Бернард Шо, англиски писател.
1862  Васил Иванов К’нчов, бугарски научник.
1875  Карл Густав Јунг, швајцарски психијатар.
1894  Олдос Хаксли, англиски писател и есеист.
1928  Стенли Кјубрик, американски режисер.
1934  Даница Ручигај, македонска поетеса.
1943  Мик Џегер, американски музичар.
1954  Роза Топузова Каревска, македонски политичар.


Починале

1471  Папа Павле II, римски папа.
1867  Ото I, грчки крал.
1902  Шарл Дадан, француско-американски пчелар, таткото на современото пчеларство.
1917  Едгар Дега, француски сликар.
1925  Готлоб Фреге, германски математичар.
1926  Крсте Петков Мисирков, истакнат македонски филолог, лингвист, историчар, фолклорист, етнограф, публицист, политичар, дипломат, револуционер и борец за македонската национална афирмација. Во 1903 година ја издаде книгата „За македонцките работи“. Роден е во Ениџе, Вардарска околија, Солунска област, на 18 ноември 1874 година.
1952  Ева Перон, популарната „прва дама“ на Аргентина, сопруга на Хуан Перон.
1985  Фреди Перлман, анархиста, писател, теоретичар и музичар, голем критичар на современиот свет.


[уреди] 27 јули

Настани

1830  Во Франција избива „Јулската револуција“ предизвикана од одлуката на кралот Шарл X Бурбонски да ги укине весниците, да го распушти штотуку избраното собрание и да го промени изборниот закон. Кралот абдицира и емигрира во Шкотска.
1839  Почнува Опиумската војна меѓу Кина и Велика Британија откако кинеските власти во едно пристаниште во Кантон запленуваат и уништуваат 20.000 сандаци со опиум.
1981  Почна со работа новата Железничка станица во состав на Транспортниот центар во Скопје. Последниот воз од Старата железничка станица замина во 11 часот и 30 минути, а првиот воз на новата железничка станица стигна во 12 часот и 35 минути.
1989  Кристер Петерсон прогласен е за виновен и е осуден на доживотна казна затвор заради убиството на шведскиот премиер Улоф Палме во 1986 година. Подоцна тој е ослободен, а убиството останува неразјаснето.
2001  САД ги продолжуваат санкциите врз Иран и Либија на уште пет години.


Родени

1832  Ѓура Јакшиќ, најголемиот лиричар во српскиот романтизам и еден од најталентираните српски сликари на XIX век.
1835  Џозуе Кардучи, италијански поет, добитник на Нобелова награда за литература во 1906 година.
1874  Иван Ачков, македонски револуционер.
1915  Марио дел Монако, италијански драмски тенор.
1946  Раде Шербеџија, српски актер и пејач со потекло од Хрватска.
1965  Хозе Луис Чилаверт, парагвајски голман.
1972  Јанко Нинов, македонски поет.
1977  Џонатан Рис Маерс, ирски актер.
1983  Горан Пандев, македонски фудбалер


Починале

916  Климент Охридски, словенски просветител.
1061  Папа Никола II, римски папа.
1741  Антонио Вивалди, венецијански свештеник и композитор.
1841  Михаил Јурјевич Лермонтов, руски поет, еден од најголемите светски романтичари, автор на познатиот роман во стихови Демонот.
1844  Џон Далтон, англиски хемичар и физичар.
1880  Мохамед Реза Пахлави, ирански шах во прогонство, кој 37 години владеел со Иран. Роден е во 1819 година
1950  Вецко Домазетовски, македонски есеист.
1981  Вилијам Вајлер, американски режисер-трократен оскаровец, роден во Франција.
1982  Загорка Миќиќ, југословенски и македонски доктор по философија.
2001  Сељман Нухиу, поранешен член на ОНА.
2010  Димитар Циев, југословенски и македонски одбојкар.


[уреди] 28 јули

Настани

1953  Со нападот на герилците на касарната „Монкада“ во градот Сантијаго де Куба, Фидел Кастро ја започнува борбата против диктаторот Фулгенсио Батиста.
1956  Египетскиот претседател Гамал Абдел Насер го национализира Суецкиот канал, кој претходно беше под контрола на англо-француска компанија.
1963  Катастрофален земјотрес го разурна главниот град на Република Македонија - Скопје. Во земјотресот загинаа 1.070 луѓе, 2.900 беа повредени, а беше уништен или оштетен 4/5 од стамбениот фонд. Веста за земјотресот што го зафати Скопје брзо се рашири низ целиот свет, кој покажа голема солидарност.
1996  Република Македонија и Европската Унија потпишаа рамковна спогодба за соработка на Република Македонија во Европската Унија. Истиот ден во Република Македонија пристигнува и првиот американски амбасадор - Кристофер Хил.
1996  Република Македонија стана потписничка на Рамковната конвенција на Советот на Европа за заштита на националните малцинства и потписничка на повелбата на Советот на Европа за регионални или малцински јазици.


Родени

1165  Ибн Араби, арапски философ.
1804  Лудвиг Андреас Фоербах, германски философ.
1887  Марсел Дишан, француски сликар и скулптор.
1915  Чарлс Таунс, американски физичар и Нобелов лауреат.
1921  Воислав Кушевски, македонски историчар.
1929  Жаклина Кенеди Оназис, сопруга на Џон Кенеди и Аристотел Оназис.
1943  Ричард Рајт, англиски музичар, член на Пинк Флојд.
1954  Хуго Чавез, претседател на Венецуела од 1998 година, ориентиран кон воведување на демократски социјализам во земјата.
1956  Ирена Колиштрковска Настева, македонски археолог.
1974  Алексис Ципрас, грчки политичар.


Починале

1741  Антонио Вивалди, италијански композитор и виртуоз на виолина.
1750  Јохан Себастијан Бах, германски композитор, еден од најзначајните композитори во историјата на музиката.
1794  Максимилијан Робеспјер, еден од главните водачи на Француската револуција.
1904  Никола Каранџулов, македонски револуционер, војвода и учител. Роден е во Прилеп.
1968  Ото Хан, германски хемичар и нуклеарен физичар. Добитник е на Нобеловата награда за хемија.


[уреди] 29 јули

Настани

1014  Во битката на планината Беласица кај Струмица, војската на македонскиот цар Самоил била тешко поразена од војската на византискиот цар Василиј Втори.
1588  Британската флота под команда на Лорд Хавард и Сер Франсис Дрејк ја поразува шпанската Непобедлива армада составена од околу 125 бродови, која во инвазија на Англија ја испраќа шпанскиот крал Филип II.
1940  Почнува воздушната офанзива на Германија на Великa Британијa за време на Втората светска војна.
1948  На стадионот Вембли во Лондон отворени се првите Олимписки игри по Втората светска војна.
1993  Киргистан ја признава Република Македонија.
2002  Основана Федерацијата на фармерите на Република Македонија (ФФРМ) под името „Федерација на македонските фармери“.


Родени

1883  Бенито Мусолини, италијански диктатор и фашист.
1905  Даг Хамаршелд, шведски политичар.
1925  Микис Теодоракис, грчки композитор.
1927  Хари Мулиш, холандски писател.
1929  Жан Бодријар, француски социолог и философ.
1930  Абдулазис Ислами, македонски поет.
1949  Љупчо Силјановски, македонски поет.
1961  Муртезан Етхеми, поранешен член на ОНА.
1981  Фернандо Алонсо, возач на Формула 1.
1982  Перо Антиќ, македонски кошаркар.
1985  Золта Фодор, унгарски борач.


Починале

1099  Папа Урбан II, римски папа.
1108  Филип I, француски крал.
1644  Папа Урбан VIII, римски папа.
1808  Селим III, отомански султан.
1856  Роберт Шуман, германски композитор и музичар.
1890  Винсент ван Гог, холандски сликар.
1910  Глигор Соколов, деец на македонското револуцинерно движење.
1974  Ерих Кестнер, германски писател.
1982  Владимир Зворник, „таткото на телевизијата“.
1983  Луис Буњел, француско-мексикански филмски режисер.
2008  Мате Парлов, југословенски и хрватски боксер.


[уреди] 30 јули

Настани

1619  Во Џемстаун, во Вирџинија, САД, се одржа првото колонијално преставничко Собрание. Овој град е прво населено место во новиот свет каде првите англиски доселеници пристигнаа во 1607 година.
1971  Астронаутите на „Аполо 15“, Дејвид Скот и Џејмс Ирвин се спуштија на Месечината.
1974  Турција, Грција и Велика Британија потпишаа спогодба за прекин на огнот на Кипар.
1975  Во Хелсинки почна Конференцијата за европска безбедност и соработка (КЕБС), на која присуствуваа државници од 35 земји. Целта на Конференцијата беше да се осигура мирот во Европа.
1980  Вануату прогласува независност.


Родени

1511  Џорџо Вазари, италијански сликар и архитект.
1818  Емили Бронте, англиска писателка.
1863  Хенри Форд, производител и конструктор на автомобили.
1898  Хенри Мур, британски вајар.
1947  Арнолд Шварценегер, американски актер и политичар.
1950  Габриеле Салваторес, италијански режисер и сценограф.
1970  Кристофер Нолан, британско-американски филмски режисер.
1982  Ивон Страховски, австалиска актерка.


Починале

579  Папа Бенедикт I, римски папа.
1771  Томас Греј англиски поет.
1898  Ото фон Бизмарк, Железниот Канцелар, обединителот на Германија.
1912  Муцухито, јапонски цар.
1974  Лав Книпер, руски композитор.
1996  Клодет Колбер, ѕвезда на Холивудските комедии.
2007  Ингмар Бергман, шведски филмски и театарски режисер и сценарист.
2007  Микеланџело Антониони, италијански режисер.


[уреди] 31 јули

Настани

904  Солун бил освоен и уништен од Арапите. Околу 20.000, претежно млади, биле одведени во ропство.
1498  Кристифор Колумбо, големиот шпански морепловец, на своето трето патување во новиот свет, го откри островот Тринидад, а потоа и за првпат стапна на брегот на Јужна Америка.
1849  Во битката кај Шегешвар, умира Шандор Петефи, најголемиот унгарски поет на сите времиња, водачот на националното движење од 1848 година.
1941  Германскиот рајхсмаршал Херман Геринг му дава писмена директива на шефот на полицијата Рајнхард Хајдрих да направи нацрт-план за елиминирање на Евреите во Европа.
1945  Пјер Лавал, водачот на Вишиевска Франција, е уапсен од сојузничките војници во Австрија.
1954  Италијанска експедиција предводена од Ардито Десио прва го освојува врвот Годвин Остин, попознат како К2, на Каракорум, кој со своите 8.611 метри, е втор највисок врв на Земјата.
1964  Американската вселенска сондаРенџер 9“ ги емитува на Земјата првите снимки од темната страна на Месечината. Овој успех научниците го оценија како најголем домет на астрономијата по Галилеј.

2006 – Fidel Castro hands over power temporarily to brother Raúl Castro. This leads to a celebration in Little Havana (La Pequeña Habana in Spanish), Miami, Florida, where many Cuban Americans participated.


Родени

1800  Фридрих Велер, германски хемичар.
1912  Милтон Фридман, американски економист и нобеловец
1919  Примо Леви, италијански писател.
1965  Џоан Роулинг, шкотска писателка.


Починале

1784  Дени Дидро, француски филозоф.
1849  Шандор Петефи, унгарски поет.
1886  Франц Лист, унгарски пијанист и композитор.
1907  Пандо Кљашев, македонски револуционер.
1944  Антоан де Сент-Егзипери, француски писател и авијатичар.
2001  Тахир Синани, поранешен член на ОНА.
2001  Бурим Хусеини, поранешен член на ОНА.



Јануари - Февруари - Март - Април - Мај - Јуни - Јули - Август - Септември - Октомври - Ноември - Декември

Начин на користење на шаблоните во рубриката
Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник
Други јазици