Кристијан Бентеке

Од Википедија — слободната енциклопедија
Белгија Кристијан Бентеке
Лични податоци
Роден на 3 декември 1990(1990-12-03)(33 г.)
Роден во Киншаса, ДР Конго
Висина &100000000000001910000001,91 м
Позиција напаѓач
Клупски податоци
Сегашен клуб Кристал Палас Кристал Палас
Број 17
Младинска кариера
Генк Генк
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2007–2008 Генк Генк 10 (1)
2005-2008 Стандард Стандард 18 (3)
2009–2010Кортријк Кортријк 34 (15)
2010-2011Мехелен Мехелен 18 (6)
2011-2012 Генк Генк 37 (19)
2012-2015 Астон Вила Астон Вила 89 (42)
2015-2016 Ливерпул Ливерпул 29 (9)
2016- Кристал Палас Кристал Палас 162 (35)
Репрезентација
2010- Белгија Белгија 45 (18)
*Настапи и голови само на првенствени натпревари, според податок од 17 јануари 2012
‡ Настапи и голови за репрезентација, според податок од 17 јануари 2012

Кристијан Бентеке (роден на 3 декември 1990 година) во Киншса, е белгиски фудбалер со конгоанско потекло, напаѓач на Кристал Палас и на белгиската репрезентација. Тој ја започна кариерата во Стандард Лиеж, играјќи во сезената 2008–09 во првата белгиска дивизија која ја заврши со триумф.Нардната сезона Бентеке го засили тимот на Кортрајк како позејмен играч, а година подоцна беше пратен на уште една позајмица во тимот на Мехелен. Во 2011 година тој се пресели во екипата на Генк, каде што имаше две усшени сезони постигнувајќи 19 погодоци. Добрите игри во Генк му донесоа трансфер во Астон Вила во вредност од £7 милиони фунти. Тој постигна 49 гола на 100 натпревари за Вила во сите натпреварувања вклучувајќи, 19 постигнати голови во дебитанстака сезона во Премиер лигата, а со добрите игри и помогна на екипата да стигне до финалето на ФА Купот, во 2015 година. Во 2015 година тој беше продаден на Ливерпул за £32,5 милиони фунти. Тој не ги даде очекуваните резултати и покрај неговиот скап трансфер, и само по една година помината на Енфилд беше продаден на Кристал Палас за 27 милиони фунти.

Бенетеке има забележано повеќе од 30 настапи за фудбалската репрезентација на Белгија, од неговото деби во 2010 година. Тој го пропушти Светското првенство во фудбал во Бразил 2014 година поради повреда, но сепак беше дел од тимот кој стигна до четвртфиналето на Еуро 2016 година во Франција.

Наводи[уреди | уреди извор]

{{|30em}}

Надворешни врски[уреди | уреди извор]