Јосиф Николај Лауренти

Од Википедија — слободната енциклопедија
Првата скица на човечка рипка во Лаурентиевото дело Specimen Medicum (1768)

Јосиф Николај Лауренти[1] (германски: Josephus Nicolaus Laurenti; 4 декември 173517 февруари 1805) — австриски природонаучник од италијанско потекло.

Лауренти е роден во Виена. Се смета за автор на класата влекачи (Reptilia) со делото Specimen Medicum, Exhibens Synopsin Reptilium Emendatam cum Experimentis circa Venena (1768) во кое расправа за улогата на отровот кај влекачите и водоземците. Ова е мошне значаен труд во историјата на херпетологијата, каде се определени триесетина рода на влекачи (за разлика, да речеме, од X издание на Линеевото дело „Систем на природата“ (1758), каде се даваат само десет. Во 1768 г. Лауренти објавил и дело на италијански, насловено како Il Dragone („Змеј“), каде го опишува слепиот дождовник наречен човечка рипка (Proteus anguinus) која ја зел од пештера како Постојнската Јама во Словенија, или можеби некаде во западна Хрватска). Ова е меѓу првите научни описи на пештерско животно во западниот свет.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. или Јозефус Николаус Лауренти

Надворешни врски[уреди | уреди извор]