Тери Хачер

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај


Тери Хачер
Teri Hatcher cropped.jpg
Тери Хачер, 1995
Роден(а) Тери Лин Хачер
8 декември 1964
Пало Алто, Калифорнија, САД
Други имиња Хач
Занимање Водителка, глумица, писателка
Активност 1985 - денес

Тери Лин Хачер (англиски: Teri Lynn Hatcher) (родена на 8 декември, 1964) е американска глумица. Го толкуваше ликот на Лоис Лејн во серијата „Лоис и Кларк: Новите авантури на Супермен“, а беше и една од девојките на Бонд, во филмот Секогаш има утре во 1997. Доби Златен глобус за најдобра актерка во 2005 за нејзината улога во Очајни домаќинки, каде што го глуми ликот Сузан Маер/Делфино.


Телевизиски и филмски улоги[уреди]

Година Филм/Програма/Серија Улога Белешки
1985 Љубовно бротче (ТВ Серија) Ејми од 1985 до 1986
1986 МекГајвер (ТВ Серија) Пени Паркер гостува во седум епизоди од 1986 и 1991
Капитол (ТВ Серија) Анџелика Клег од 1986 до 1987
1987 Песната на Карен (ТВ Серија) Лора Метјуз
Ноќен суд (ТВ Серија) Кити
Ми недостасуваш сега (музички спот) Девојка музички спот на Мајкл Болтон
1988 Летна куќичка на СиБиЕс (ТВ Серија) Лаури Стивенс гостувачка улога во епизода
Стар Трек: Следната генерација (ТВ Серија) Пор. Бронвин Гејл Робинс гостувачка улога во епизода
1989 Голема слика Гречен
Закон во Лос Анџелес (ТВ Серија) Трејси Шоу гостувачка улога во епизода
Квантен скок (ТВ серија) Дона Елис гостувачка улога во епизода
Танго и кеш Кики Танго
1990 Марфи Браун (ТВ серија) Медлин Стилвел гостувачка улога во епизода
Приказни од гробот (ТВ серија) Стејси гостувачка улога во епизода
1991 Братство Тереса Џенаро ТВ филм
Неделна вечера (ТВ серија) Тити Фагори
Мртов во вода Лора Стујарт ТВ филм
Прогонет (ТВ серија) Мариса гостувачка улога во епизода
1992 Да зборуваме искрено Џенис
Лоис и Кларк: Новите авантури на Супермен (ТВ Серија) Лоис Лејн 1993 - 1997
Сајнфелд (ТВ Серија) Сидра гостува во три епизоди мепу 1993 и 1998
1996 Затвореници во рајот Клодет Рок
Два дена во долината Беки Фокс
1997 Секогаш има утре Парис Карвер
1998 Откако ти замина Марија Голдстајн ТВ филм
Фрејзер (ТВ серија) Мари гостува во една епизода
1999 Треска Шарлот Паркер
2000 Деца шпиони Г-ѓа Граденко
Џејн Доу Џејн Доу ТВ филм
2003 Допир на судбината Меган Маргилас
Моментум Џордан Рипс ТВ филм
2004 Очајни домаќинки (ТВ серија) Сузан Маер 2004 - денес
Два и пол мажи (ТВ серија) Лиз гостува во епизода
2007 Воскреснувајќи го шампионот Андреа Флек
2008 Коралин Мајка