Википедија:На денешен ден/Архива/Јануари

Од Википедија, слободната енциклопедија
Скокни на: содржини, барај
Јануари - Февруари - Март - Април - Мај - Јуни - Јули - Август - Септември - Октомври - Ноември - Декември

Начин на користење на шаблоните во рубриката


[уреди] 1 јануари

Настани

45 п.н.е.  Започнал да се применува новиот календар, денес познат како јулианскиот календар.
404  Последната гладијаторска борба во римскиот колосеум.
439  Објавен е Теодосиевиот Законик (Codex Theodosianus), најголемата збирка на Римски закони во тој период.
1651  Чарлс II е крунисан за крал на Шкотска.
1801  Церес, првиот познат астероид е откриен од Џузепе Пјаци.
1804  Независност на Хаити од Франција.
1818  Мери Шели го објави романот за чудовиштето на Франкенштајн.
1880  Фердинанд Лесепс ја започна изградбата на Панамскиот канал.
1892  Островот Елис е отворен како место каде се примаа првите имигранти во Соединетите Американски Држави.
1901  Британските колонии Нов Јужен Велс, Квинсленд, Јужна Австралија, Тасманија и Западна Австралија го формираат Австралискиот Сојуз; Едмунд Бартон е избран за прв премиер.
1908  За прв пат беше пуштена топка изработена од кристали и електрични светла на Њујоршкиот Тајмс Сквер, традиција на сите понатамошни прославувања на Новата Година.
1909  Во Битола излезе првиот број на весникот „Работничка искра“ на бугарски јазик како орган на македонските социјалисти. Прв уредник на весникот беше Васил Главинов.
1925  Главниот град на Норвешка го промени името во денешното Осло. Предходното име, Кристијанија, го носеше од 1624 година.
1932  Во Виена се одржа првиот Новогодишен концертВиена се одржа првиот Новогодишен концерт.
1942  Во Вашингтон 26 држави од целиот свет ја потпишаа Декларацијата на Обединетите Нации.
1945  Во Скопје излезе првиот број на сатирично - хумористичниот весник „Остен“.
1948  Основана е Државната опера на Народна Република Македонија
1959  За време на Кубанската револуција, Фидел Кастро го симна од власт дотогашниот кубански претседател Фулгенцио Батиста.
1965  Под водство на лидерот на движењето Ал Фатах, Јасер Арафат, формирана е Палестинската ослободителна организација - ПЛО.
1982  Перез де Куељар стана првиот Латино-американец, Генерален секретар на Обединетите Нации.
1990  формирана е политичката партија НДП.
1995  Започна со работа Светската трговска организација.
1997  Здружението на издавачите и книжарите на Македонија е примено во Меѓународната асоцијација на издавачите со седиште во Женева.
2002  Еврото започна да се користи во повеќето членки на Европската унија.
2006  Почна примената на Законот за заштита од пушењето.
2007  Влез на Бугарија и Романија во Европската Унија.


Родени

1823  Шандор Петефи, унгарски револуцинер, лирски поет, поет на слободата и љубовта.
1863  Пјер де Кубертен, францускиот основоположник на модерните Олимписки игри.
1873  Марија Јуриќ Загорка, хрватска писателка и новинарка.
1878  Пејо Јаворов, бугарски поет, сопатник и биограф на Гоце Делчев.
1895  Џ. Едгар Хувер, еден од најпознатите и најконтраверзните директори на ФБИ.
1912  Ким Филби, британец, долгогодишен таен агент на КГБ.
1915  Бранко Ќопиќ, српски писател.
1934  Бранко Варошлија, македонски писател, литературен критичар, драматург и новинар.
1968  Давор Шукер, хрватски фудбалер.
1973  Врбица Стефанов, македонски кошаркар.
1973  Искра Трпева, македонска поп пејачка.
1982  Давид Налбандијан, аргентински тенисер.


Починале

1515  Луј XII, француски крал.
1894  Хајнрих Рудолф Херц, германски физичар.
1941  Петар Поп Арсов, македонски револуционер, еден од основоположниците на Македонската револуционерна организација, автор на првиот македонски Устав.
1972  Морис Шевалије, француски пејач и актер.
1995  Методија Ивановски - Менде, македонски сликар и сценограф.
2001  Фабијан Шоваговиќ, хрватски актер.


[уреди] 2 јануари

Настани

1905  Над селото Кнежево, кратовско, почна Конгресот на Скопскиот револуционерен округ на ТМОРО, што траеше до 7-ми јануари истата година.
1946  Македонските политички затвореници од затворот „Касандра“ во Грција, упатија апел до владите на СССР, на Велика Британија и на САД во кој меѓу другото, се вели: „Во сегашните историски денови, ние припадниците на македонскиот народ во Егејска Македонија, кои се боревме против другите окупатори и нивните слуги, принудени сме сега и на политичко поле да водиме тешка борба против грчката реакција...“.


Родени

1642  Мехмед IV, отомански султан.
1699  Осман III, отомански султан.
1920  Исак Асимов, американски писател.
1936  Роџер Милер, американски композитор и пејач (†1992)
1968  Олег Дерипаска, руски бизнисмен.
1969  Кристи Тарлингтон, американски модел и манекенка
1982  Макси Родригез, аргентински фудбалер.


Починале

1952  Христо Татарчев, македонски револуционер.
1987  Методи Поповски, македонски командант од НОАВМ.


[уреди] 3 јануари

Настани

1918  Признаена е независноста на Финска.
1945  Во Скопје излезе првиот број на првото детско списание на македонски јазик во слободна Македонија „Пионер“. Негови први уредници беа познатиот македонски писател Славко Јаневски и професорот Јонче Јосифовски.
1945  По наредба на главниот штаб на НОВ и ПО на Македонија е формирана Командата на градот Скопје.
1961  САД ги прекинаа дипломатските односи со Куба. Во април истата година кубанската армија и кубанскиот народ ја попречија инвазијата на кубанските контрареволуционери кои со помош на САД се истоварија во Лас Вегас.
1996  Во Скопје почна со работа канцеларијата за врски на Светската здравствена организација.


Родени

106 п.н.е.  Цицерон, римски државник.
1840  Отец Дамјан, белгиски свештеник.
1849  Папа Адријан VI, римски папа.
1867  Андон Димитров, еден од основачите на МРО.
1901  Нго Дин Дием, првиот претседател на Јужен Виетнам.
1902  Умберто Барбаро, италијански режисер.
1929  Серхио Леоне, италијански глумец.
1933  Хисен Рамадани, македонски политичар и политиколог.
1956  Мел Гибсон, американски глумец.
1969  Михаел Шумахер, германски возач на Ф1.


Починале

236  Папа Антерус, римски папа.
1322  Филип V, француски крал.
1945  Едгар Кејси, американски парапсихолог и јасновидец.
1987  Драган Ѓаконовски - Шпато, истакнат македонски композитор, диригент и музички аранжер.
1987  Д-р Иван Влашки, шеф на Уролошката клиника на медицинскиот факултет во Скопје.
1996  Д-р Христо Маловски, македонски историчар и педагог.
1999  Воислав Кушевски, македонски историчар.


[уреди] 4 јануари

Настани

1992  Владата на Република Македонија донесе одлука со која 7 јануари - првиот ден Божик, се прогласува за неработен ден. Ова е прв пат во Македонија верски празник и официјално да биде прогласен за неработен.
1996  Република Македонија и Република Таџикистан воспоставија дипломатски односи.


Родени

1643  Исак Њутн, англиски физичар и математичар.
1710  Џовани Батиста Перголези, италијански композитор, познат по делата: опера „Слугинката господарка“ и црковната музика „Stabat mater“.
1785  Јакоб Грим, германски филолог и фолклорист, основач на современата германистика.
1809  Луј Брај, француски учител, пронаоѓач на азбуката за слепи, наречена Брајов систем.
1883  Макс Истмен, американски политичар.
1909  Тодор Ангеловски, меѓу народот познат како Тошо Даскалот, учител и просветител, борец против угнетувачкиот великосрпски режим, бестрашен борец против фашистичкиот окупатор и еден од првите учесници во НОВ во Македонија.
1973  Јозеф Кабањ, словачки автоконструктор, дизајнер на суперавтомобилот Bugatti Veyron


Починале

1782  Анж-Жак Габриел, влијателен француски архитект, еден основоположниците на неокласичната архитектура.
1941  Анри Бергсон, француски филозоф.
1942  Орце Николов, Народен херој на Македонија на планината Кукавица, близу до селото Туба, (Владички Хан, Србија) во пробивањето низ демаркационата линија во заседа на бугарскиот фашистички окупатор.
1943  Мирче Ацев, Народен херој на Македонија.
1943  Страшо Пинџур, Народен херој на Македонија.
1954  Димитар Андонов Папрадишки, последниот македонски зограф и првиот профан сликар и основач на „западното“ сликарство во Македонија
1960  Албер Ками, француски писател.
1961  Ервин Шредингер, австриски теоретски физичар. Eден од основоположниците на квантната механика и добитник на Нобеловата награда за физика во 1933 година.


[уреди] 5 јануари

Настани

1895  Вилхелм Рентген, германски физичар, ги пронајде „Х“ зраците, подоцна по него наречени „Рентгенски зраци“.
1968  Александар Дупчек стана прв секретар на КП на Чехословачка и со него започна процесот на внатрешна либерализација, дефиниран како „Прашка пролет“.
1981  Започна електрификацијата на железничката пруга Скопје-Гевгелија, што заврши на 24 ноември 1986 година.
1995  Владата на Република Македонија донесе одлука за воспоставување на дипломатски односи на Република Македонија со Република Узбекистан и со Република Молдавија.


Родени

1875  Владислав Ковачев, штипски војвода и публицист, уредник на весникот „Автономна Македонија“ и идеолог на Македонската емигрантска федеративна организација.


Починале

911  Свети Наум Охридски Чудотворец, еден од основоположниците на словенската и македонската писменост и просвета.
1990  Филип Симоновски, истакнато име на македонското новинарство, уредник и публицист во „Нова Македонија“.


[уреди] 6 јануари

Настани

1392  Скопје потпаднало под османлиска власт и станало седиште на новоформираниот санџак. Скопскиот санџак била прва организирана османлиска провинција на територијата на земјите од некогашна Југославија и база за навлегување кон север и запад.
1838  Во американскиот град Мористаун, во државата Њу Џерси, Семјуел Морзе првпат изведе јавна демонстрација на телеграфот - електричен апарат за испраќање на далечина на знаци составени од точки и цртички. Првиот телеграф е пуштен во работа шест години подоцна (1844) во САД, на линијата Вашингтон - Балтимор.
1896  Во Париз премиерно е прикажан филмот „Пристигање на воз на станицата во Ла Сиота“ (1895) од браќата Лимиер.
1916  Нa Бадник, кај месноста Дервишка Нива, Бугарската војска извршила колеж врз 103 жители на Поречието. Масакрираните луѓе биле фрлени во ископ.
1945  Во Скопје во присуство на околу 1.000 делегати на македонската младина од Егејска и од Пиринска Македонија, потоа претставници на советската, бугарската, грчката, албанската, српската, хрватската, словенечката и на црногорската младина, како и претставници на англиската мисија, започна со работа Вториот конгрес на Антифашистичката младина на Македонија (НОМСМ). Конгресот ја анализира состојбата во организацијата, донесе низа заклучоци и постави нови задачи. Исто така, беше упатен Проглас до младината на Македонија, повикувајќи ја на нови постигања.
1992  По успешниот референдум, прогласена е независност на Нагорно Карабах, која сѐ уште не е признаена од ниту една меѓународна организација, ниту пак држава.


Родени

1367  Ричард II, крал на Англија.
1412  Јованка Орлеанка (Жан Д' Арк), француска национална хероина од Стогодишната војна (1337 - 1453.).
1848  Христо Ботев, револуционер револуционер.
1850  Едуард Бернштајн, германски социјалдемократски теоретичар.
1903  Валтер Ниг, швајцарски теолог.
1941  Милутин Бебековски, македонски поет.
1942  Јанис Бутарис, градоначалник на Солун.
1961  Шабан Салиу, македонски политичар.
1973  Христина Андоновска, македонски професор.


Починале

1693  Мехмед IV, отомански султан.
1882  Ричард Хенри Дана, американски писател.
1884  Грегор Мендел, австриски свештеник, биолог, ботаничар и математичар.
1904  Александар Малинов, македонски револуционер.
1949  Виктор Флеминг, американски филмски режисер.
1983  Д-р Владимир Брезовски, истакнат македонски историчар.
1987  Маргарет Лоренс, канадска писателка.


[уреди] 7 јануари

Настани

1584  Католичките држави во рамките на светото Римско царство го усвоија Грегоријанскиот календар.
1789  По донесувањето на американскиот Устав со кој се утврдија начелата на државното уредување и надлежностите на претседателот, во САД се одржаа првите претседателски избори на кои убедливо победи Џорџ Вашингтон, прочуениот водач на војната за независност.
1898  По конституирањето на првата подморница која се движеше на тркала по морското дно и со додавање на цевка низ која во подморницата влегуваше свеж воздух, американскиот техничар Симон Лејк водеше телефонски разговор од својата подморница со претседателот на општината на градот Балтимор. Тоа значеше почеток на новиот начин на телефонско комуницирање.


Родени

1502  Папа Григур XIII, римски папа.
1768  Жозеф Бонапарта, крал на Неапол и крал на Шпанија.
1800  Милард Филмор, 13-ти пр=етседател на САД.
1846  Теодосиј Гологанов, скопски митрополит.
1856  Стојан Михајловски, бугарски писател.
1862  Иван Георгов, бугарски педагог, научник, философ.
1916  Орце Николов, Народен херој на Македонија.
1923  Иван Мазов, македонски раскажувач.
1846  Теодосиј Гологанов, скопски митрополит.
1942  Божин Павловски, македонски писател.
1948  Ичиро Мизуки, јапонски пејач.
1956  Дејвид Карузо, американски глумец.
1979  Кристоф Жено, француски борач.
1973  Никола Тодоров, министер за образование на Македонија.
1983  Матео Таљариол, италијански мечувалец.
1985  Луис Хамилтон, англиски возач на Формула 1.


Починале

1536  Катерина Арагонска, кралица на Англија.
1655  Папа Инокентие X, римски папа.
1943  Никола Тесла, истражувач и пронаоѓач на полето на електриката и радиотехниката.
1988  Венко Марковски, македонски и бугарски поет.
1989  Хирохито, цар на Јапонија.


[уреди] 8 јануари

Настани

1198  Инокентие III станува папа.
1679  Францускиот истражувач Рене-Робер Кавелје де ла Сал ги откри величенствените Нијагарини водопади, една од најубавите природни реткости на светот. Во следните три години го помина целиот тек на реката Мисисипи, и во чест на Луј XIV сливот го прогласил за француски посед наречен „Луизијана“. Убиен e во 1687 година во бунт на членовите на неговата експедиција.
1991  Во Скопје е конституирано првото повеќепартиско Собрание на СР Македонија. За прв претседател беше избран Стојан Андов, пратеник на Сојузот на реформиските сили.
1993  На пат кон Сараевскиот аеродром, во конвој под заштита на силите на УНПРОФОР, од страна на српските сили е убиен заменик-премиерот на Босна и Херцеговина, Хакија Тураљиќ.


Родени

1589  Иван Гундулиќ, хрватски поет и драмски писател.
1931  Видое Видичевски, македонски поет.
1935  Елвис Присли, американски пејач.
1942  Стивен Хокинг, англиски физичар.
1942  Валја Балканска, бугарска пејачка.
1942  Џуничиро Коизуми, премиер на Јапонија од 2001-2006.
1947  Дејвид Боуви, англиски пејач и рок артист.
1957  Ризван Сулејмани, македонски политичар.
1961  Иџет Мемети, Народен правобранител на Република Македонија.


Починале

1198  Папа Целестин III, римски папа.
1324  Марко Поло, венецијански трговец.
1642  Галилео Галилеј, италијански астроном и физичар.
1713  Арканџело Корели, италијански композитор и виолинист, претставник на италијанската класична музика.
1951  Војдан Чернодрински, македонски драматург, основоположник на македонскиот театар.
1980  Џон Мокли, aмерикански физичар .
2007  Ѓорѓи Здравев, македонски етнолог и костимограф.
2010  Славка Манева, македонска писателка.


[уреди] 9 јануари

Настани

1431  Во Руен, седиштето англиската окупациона влада, започнува судењето на Јованка Орлеанка.
1960  Започнува изградбата на Асуанската брана во Египет.
1991  Претседателството на СФРЈ усвојува наредба со која изричито се бара расформирање на сите нерегуларни вооружени формации на територијата на државата.
1996  Британската новинска куќа Би-Би-Си почна да емитува програма и на македонски јазик.


Родени

1554  Папа Григур XV, римски папа.
1856  Антон Ашкерц, истакнат словенечки поет, претставник на реализмот во словенечката литература.
1856  Стеван Мокрањац, српски композитор кој се одликувал со извонредна смисла за уметничка обработка на музичкиот фолклор.
1890  Карел Чапек, чешки писател.
1908  Симон де Бовоар, француска писателка и философ.
1909  Рампо Левков - Левката, народен херој на Македонија.
1913  Ричард Никсон, американски државник.
1914  Иван Точко, македонски писател и новинар.
1941  Џоан Бејз, американска пејачка и активист.
1942  Рампо Левков - Левката, народен херој на Македонија.


Починале

1873  Наполеон III, француски крал.
1908  Вилхелм Буш, германски сликар и писател.


[уреди] 10 јануари

Настани

49 п.н.е.  Гај Јулиј Цезар (римски војсководец, државник, диктатор) ја изговорил познатата реченица „Коцката е фрлена“, по што ја мина реката Рубикон (денешен Вар), со што почнала граѓанската војна со приврзаниците на Помпеј која завршила со воведување негова лична диктатура. Во 44 г.п.н.е. Цезар бил убиен од припадниците на републиканската опозиција.
1863  Во Лондон, Велика Британија, е отворена Метрополската линија - првата подземна железница во светот.
1920  По иницијатива на претседателот на САД, Вудро Вилсон, формирана е Лига на народите со седиште во Женева. Целите на оваа организација беа да се зачува мирот и да се зајакне меѓународната соработка. Нејзината активност не ги донесе очекуваните резултати. Фактички престана да дејствува уште во 1940 година, а формално беше укината во 1946 година.
1975  Пуштен е во сообраќај три километри долгиот тунел под реката Елба или Лаба, што ги спои автопатиштата од Централна Европа со оние во Данска и во Шведска.
1994  Владата на Република Македонија донесе одлука за пристапување на Република Македонија кон Конвенцијата за меѓународен превоз со железница од 1980 година.
1996  Генералниот секретар на Обединетите нации Кофи Анан ја посети Република Македонија.
1996  Република Македонија и Европската унија воспоставија дипломатски односи.
2006  Отворени Зимските Олимписки Игри во Торино, Италија.


Родени

1897  Методија Шаторов - Шарло, македонски комунист и национален деец.
1902  Добриша Цесариќ, хрватски поет.
1913  Густав Хусак, последниот социјалистички претседател на Чехословачка.
1931  Јован Зизиулас, Митрополит Пергамски на Вселенската Патријаршија на Константинопол.
1935  Леонид Кравчук, украински политичар
1945  Род Стјуарт, англиски пејач.
1945  Иво Ивановски, министер за информатичко општество на Македонија.
1950  Вецко Домазетовски, македонски есеист, критичар и книжевен теоретичар.


Починале

1778  Карл фон Лине, шведски ботаничар - систематичар, прв претседател на Шведската академија на науките, еден од најголемите дескриптивни ботаничари на сите времиња.
1862  Семјуел Колт, американски пронаоѓач.
1917  Вилијам Коди, познат како Бафало Бил, американски каубоец.
1971  Коко Шанел, француска модна дизајнерка.
1991  Д-р Александар Лазаров, редовен професор на Медицинскиот факултет, долгогодишен директор на Гинеколошката клиника во Скопје и еден од првите стручњаци на гинекологијата во Македонија.


[уреди] 11 јануари

Настани

1693  Во земјотресот што се случи во Катанија, Италија, загинаа околу 80.000 луѓе.
1897  САД и Велика Британија се согласија со арбитража да ги регулираат границите меѓу Канада - британски доминион и Алјаска, огромна територија од 1,5 милиони квадратни километри, која Американците во 1867 година ја купија од Русија за 7,2 милиони долари. Утврдените граници се непроменети до денес.
1945  Во Скопје е одржана Првата конференција на балканската младина на која присуствуваа делегати од Југославија, Грција, Албанија и Бугарија. Меѓу другото, беше донесена Резолуција за зближување на младината од балканските земји.
1994  Република Финска и Република Македонија воспоставија дипломатски односи.
1995  Република Македонија воспостави дипломатски односи на амбасадорско ниво со Република Романија и со Кралството Саудиска Арабија.


Родени

347  Теодосиј I, римски император.
1814  Танкреди Пазеро, еден од најголемите италијански оперски бас пејачи.
1842  Вилијам Џејмс, американски психолог.
1920  Славко Јаневски, македонски писател.
1923  Јово Камберски, македонски раскажувач и романсиер.
1961  Жан Митрев, македонски кардиохирург.
1968  Саша Ќириќ, македонски фудбалер.


Починале

705  Папа Јован VI, римски папа.
1801  Доменико Чимароза, Италијански композитор, претставник на Неаполската оперска школа.
1928  Томас Харди, англиски писател.
1923  Константин I, грчки крал.
1941  Емануел Ласкер, германски шахист.
1990  Асен Тодоров, еден од доајените на македонското новинарство.
2008  Едмунд Хилари, првиот освојувач на Монт Еверест.


[уреди] 12 јануари

Настани

1915  Претседателскиот дом на САД го отфрли предлогот жените да добијат право на глас.
1945  Втора Светска војна: Во текот на жестоките борби во Ардените, советските сили тргнаа во голема офанзива против Третиот рајх. Челичниот валјак брзо ја проби непријателската одбрана во длабочина од 150 километри, а на 3 февруари првите советски тенкови стигнаа до Кистрин и Франкфурт, само 80 километри од Берлин.


Родени

1746  Јохан Хајнрих Песталоци, швајцарски педагог и реформатор.
1876  Џек Лондон, американски писател.
1893  Херман Геринг, член на водството на Националсоцијалистичката партија.
1944  Џо Фрејзер, американски боксер.


Починале

1987  Анатолиј Ефрос, познат советски режисер.
1990  Епископот велички Гаврил (Паранџиев), во манастирот „Свети Гаврил Лесновски“. Роден е во Штип, во 1926 година.
1995  Климе Савин, македонски пливачки маратонец и спортски работник.


[уреди] 13 јануари

Настани

532  Бунтот Ника во Константинопол.
1610  Галилео Галилеи го открил Ганимед, четвртиот сателит на Јупитер.
1785  Џон Волтер во Лондон го објавил првиот број на Тајмс (The Times).
1898  Емил Зола во парискиот весник „Аурора“ го објавил написот „Обвинувам!“ со кој ја обелоденил аферата Драјфус и ја обвинил француската влада за дискриминација на евреите.
1938  Англиканската црква ја прифатила теоријата за еволуцијата на живиот свет.
1953  Јосип Броз Тито е избран за претседател на Југославија.


Родени

1888  Назим Хикмет, пролетерски писател и револуционер, еден од најголемите турски поети на XX век.
1898  Живоин Павловиќ, југословенски комунист.
1920  Проф. Христо Стамболиев, еден од основачите на Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје и негов прв декан.
1929  Џо Пас, американски гитарист.
1953  Јордан Витанов, македонски актер.
1970  Шонда Рајмс, американски сценарист, режисер и продуцент.
1977  Орландо Блум, англиски глумец.
1989  Александар Минченков, руски фудбалер.


Починале

1625  Јан Бројгел Постариот, фламански сликар, син на познатиот уметник Питер Бројгел Постариот.
1977  Жорж Клузо, француски филмски режисер и сценарист.
1984  Вера Циривири Трена, носител на „Партизанска споменица 1941“, прв претседател на АФЖ на Македонија.
1994  Добри Ставревски, еден од најпознатите пејачи на македонската естрада.


[уреди] 14 јануари

Настани

1914  Хенри Форд, „крал на американската автомобилска индустрија“, ја пушти во работа првата бескрајна производна лента. Тоа значеше пресвртница, бидејќи го забрза производството на автомобили и придонесе за големо намалување на нивната цена.
1969  Во СССР се лансирани во вселената бродовите „Сојуз-4“ и „Сојуз-5“ и за првпат во историјата е формирана експериментална вселенска станица и е остварено преминување на астронаутите од еден во друг вселенски брод.
1994  Фудбалскиот сојуз на Македонија стана придружен член на Европската фудбалска унија.


Родени

1860  Атанас Бадев, истакнат македонски композитор и музиколог.
1861  Мехмед VI, отомански султан.
1875  Алберт Швајцер, познат француски хуманист, лекар, филозоф и музичар.
1906  Васил Хаџиманов, македонски етномузиколог и педагог.
1914  Паскал Паскалевски, македонски поет.
1930  Љубица Дамјановска, македонска историчарка на уметноста.
1933  Јозо Т. Бошковски - Јон, македонски поет, раскажувач.
1968  Зоран Маџиров, македонски музичар.


Починале

1742  Едмунд Халеј, англиски астроном и геофизичар.
1833  Готлоб Ернст Шулце, германски скептички философ.
1986  Дона Рид, американска филмска и телевизиска артистка.


[уреди] 15 јануари

Настани

1945  Во Скопје почна дводневна Прва земска конференција на ветеринарните лекари во Македонија. Притоа беа формирани првите ветеринарни станици, а со тоа беа удрени темелите на ветеринарната служба во Македонија.
1945  Во Велес без јавно судење, биле стрелани 53 затвореници од велешкиот затвор, лица за кои имало сомневање дека биле озлогласени противници на НОБ. Без заокружена истражна постапка и без јавно судење, биле групно стрелани и масакрирани, а потоа и закопани во заедничка гробница која била откриена по педесет години. Ова преставува најголем масакр врз цивили извршен од ОЗНА во ослободена Македонија.
1992  Владата на Република Бугарија ја призна Република Македонија за суверена и независна држава. Бугарија беше првата земја што ја призна Република Македонија.
1992  Арбитражната комисија на Европската заедница, на чело со претседателот, господин Бадинтер (Бадинтерова комисија), соопшти во својот извештај дека се исполнети сите услови за меѓународно признавање на Македонија.


Родени

1622  Жан Батист Поклен Молиер, француски писател и артист.
1850  Михај Еминеску, романски поет.
1875  Војдан Поп Георгиев - Чернодрински, основоположник на првиот македонски театар.
1893  Драгиша Цветковиќ, југословенски политичар.
1906  Аристотел Оназис, грчки бизнисмен.
1918  Гамал Абдел Насер, претседател на Египет.
1926  Љутви Сејфула, македонски актер.
1927  Георги Арсовски, македонски поет.
1929  Мартин Лутер Кинг, борец за граѓански права и за мир.
1946  Јован Дамјановски, македонски романсиер и драмски автор.
1957  Јордан Даниловски, македонски поет, критичар, есеист, романсиер.
1967  Азиз Кељменди, војник во ЈНА, познат во Масакрот во Параќин.
1968  Борис Тадиќ, претседател на Србија.
1982  Емина Јаховиќ, српска пејачка.


Починале

69  Галба, римски император.
1595  Мурат III, отомански султан.
1919  Роза Луксембург, една од организаторите на полското и на германското работничко двиење.


[уреди] 16 јануари

Настани

27 п.н.е.  Римскиот сенат му ја доделил титулата „Август“ (латински: велик, славен) на Гај Јулиј Цезар. Подоцна, сите римски императори си ја придодавале оваа титула.
1492  Првата современа граматика, граматиката на шпанскиот јазик, ѝ е претставена на кралицата Изабела I од Кастилја.
1547  Кнезот Иван IV Василјевич, во историјата познат како Иван Грозни, во Москва е крунисан за руски цар.
1605  Излегло од печат првото издание на „Генијалниот витез Дон Кихоте од Манча“ од Мигуел де Сервантес.
1778  Франција ја призна независноста на САД, кои водеа ослободителна војна против британското колонијално владеење. Во борбата на страната на Американците учествуваа неколку илјади Французи, меѓу кои и маркизот Ла Фајет, еден од најистакнатите воени соработници на Џорџ Вашингтон. Победата на САД и демократското уредување на новата држава имаше голем одек во Франција, каде што набрзо дојде до буржоаската револуција.
1920  Во САД е воведена прохибиција на производството, на точењето и уживањето на алкохолни пијалоци. Оваа мерка не доведе до подобрување на општествените прилики, туку, напротив, лавината на корупцијата и на ганстерството доби уште поголем замав. Прохибицијата во 1933 година ја укина претседателот Франклин Рузвелт, отфрлајќи ја како штетна, утопистичка идеја.
1945  Втора светска војна: Адолф Хитлер се преселил во подземниот бункер во Берлин, каде што и се самоубил 4 месеци подоцна.
1979  Реза Пахлави, иранскиот шах, избегал од земјата. Иран станува исламска република под водство на верскиот лидер Хомеини.
1996  Одржано е основачко собрание на партијата Македонска алијанса. Регистрирана е на 22.03.1996 година, а промовирана на 14.06.1996 година. За претседател на партијата е избран Ѓорѓија Атанасовски.


Родени

1853  Андре Мишелин, француски индустријалец.
1948  Џон Карпентер, американски режисер и сценарист.
1974  Кејт Мос, британски модел.


Починале

1957  Артуро Тосканини, италијански оперски и симфониски диригент, еден од најпознатите диригенти на сите времиња.
1962  Иван Мештровиќ, вајар, еден од најголемите светски уметници.
1991  Густав Влахов, првоборец, носител на „Партизанска споменица 1941“ и општествено-политички работник.
1997  Олга Милосавлева, македонска балерина, кореограф и педагог.


[уреди] 17 јануари

Настани

1377  Папа Григур XI од Авињон го врати средиштето на римокатоличките поглавари во Рим.
1562  На сила стапува едиктот од Сен Жермен со која се признати хугенотите (протестанти) во Франција
1601  Шпанската престолнина од Мадрид е пренесена во Ваљадолид.
1773  Англискиот морепловец Џејмс Кук со бродот „Резолушн“ прв го премина Антарктичкиот круг.
1912  Ескпедицијата на англискиот истражувач, поморскиот капетан Роберт Скот стигна на Јужниот пол, еден месец по експедицијата на Норвежанецот Руал Амундсен.
1919  Полскиот композитор Игнац Јан Падеревски, пијанист од светски глас, стана првиот претседател на владата на Полска, воспоставена по завршувањето на Првата светска војна.
1939  Со учество на многу жандарми и војници во Велес беа задушени тридневните демонстрации на монополските работници и на другите граѓани. Демонстрациите имаа големо економско и политичко значење во тоа време.
1945  Втора светска војна: Советските сили ја ослободуваат Варшава, главниот град на Полска
1948  Основано препријатието за јавен превоз Јсп СКОПЈЕ во Скопје
1953  Во Скопје излезе првиот број на „Стопански весник“, весник на Стопанската комора и стопанството на Македонија.
1961  По налог на Моис Чомбе, белите платеници го убија законскиот конгоански премиер Патрис Лумумба, творец на конгоанската независност и херој на „црна Африка“.
1991  Заливска војна: Рано изутрината започнува Операцијата "Пустинска бура". Ирак лансира 8 Скад ракети погодувајќи цели во Израел
1995  Катастрофален земјотрес го потресува градот Кобе, Јапонија, предизвикувајќи огромна материјална штета и убивајќи 6,433 лица.
1996  Во Скопје и во Атина се отворени канцелариите за врски на Република Македонија и на Република Грција.
1998  Претседателот на САД Бил Клинтон, како прв шеф на државата во американската историја, беше принуден да сведочи во своја одбрана по повод обвинувањето од страна на Пол Џонс за сексуално вознемирување.
2001  Во Скопје, во организација на телевизиската куќа БТР, излезе првиот број на весникот „Рома тајмс“, на македонски и на англиски јазик


Родени

1504  Папа Пиј V, римски папа.
1600  Педро Калдерон де ла Барка, шпански драматург и поет.
1706  Бенџамин Франклин, американски политичар и дипломат.
1798  Огист Конт, француски филозоф.
1820  Ана Бронте, британска писателка.
1863  Дејвид Лојд Џорџ, британски премиер.
1863  Константин Сергеевич Алексеев, руски режисер и актер.
1899  Ал Капоне, американски гангстер.
1870  Глигор Соколов, деец на македонското револуцинерно движење.
1913  Асен Тодоров, македонски новинар.
1923  Благој Попов, македонски академ.
1924  Благоја Талески, македонски државник.
1925  Зина Креља, македонска оперска пејачка.
1942  Мохамед Али, американски боксер
1949  Љубомир Груевски, македонски поет.
1962  Џим Кери, канадски актер.
1964  Тајс Вервест, диџеј од Холандија познат како Тиесто.
1964  Мишел Обама, сопруга на Барак Обама.
1964  Рефет Абази, македонски актер и педагог.
1966  Љубчо Георгиевски, премиер на Република Македонија (1998-2002).
1971  Кид Рок, американски пејач.
1982  Двејн Вејд, американски кошаркар.
1983  Алваро Арбелоа, шпански фудбалер.


Починале

395  Теодосиј I, римски император.
1468  Скендербег, албански национален херој.
1598  Фјодор I, руски цар.
1751  Томазо Албинони, италијански композитор
1864  Марко Павлов, првиот дипломиран македонски лекар.
1961  Патрис Лумумба, прв премиер на Демократска Република Конго.
1978  Атанас Далчев, бугарски поет.
1986  Станко Липша, оперски пејач.
1997  Славко Поп Антовски, македонски професор.
2010  Михалис Папаконстантину, грчки политичар.
2008  Роберт Фишер, американски шаховски велемајстор.


[уреди] 18 јануари

Настани

1535  Конквистадорот Франциско Пизаро го основал Сјудад де лос Рејес, денешна Лима, како главен град на новоосвоените територии на шпанската круна во Јужна Америка.
1778  Англискиот морепловец Џемс Кук ги откри Хаваите.
1871  На иницијатива на премиерот на Прусија Бизмарк, 26 држави се обединиле и ја формирале Германската империја, на чело со прускиот цар Вилхелм I.
1995  Струмица стана членка на Федерацијата на карневалските градови.
1996  Владеачката социјалистичка партија во Грција (ПАСОК) го избра Костас Симитис за премиер на Грција. Основачот на ПАСОК, Андреас Папандреу поднесе оставка на функцијата поради нарушена здравствена состојба.
1997  Австрискиот канцелар Франц Враницки поднесе оставка на функцијата по 11 години служба.
2000  Поранешниот германски канцелар Хелмут Кол поднесе оставка на местото почесен претседател на Демохристијанската унија поради финансиски скандал односно противзаконско собирање парични донации додека ја предводеше германската Влада.
2002  Поранешниот политички лидер на расформираната ОНА, Али Ахмети официјално побара од трите партии на Албанците во Македонија да делегираат по двајца свои претставници кои ќе бидат членови на Координативниот одбор на албанските политички субјекти и поранешните припадници на ОНА.


Родени

1519  Изабела Јагелонска, кралица на Унгарија.
1689  Шарл Монтескје, еден од најголемите француски философско-политички писатели.
1702  Сава Петровиќ Његош, црногорски владика и митрополит.
1795  Ана Павловна, кралица на Холандија.
1825  Григор Прличев, македонски поет, преведувач и народен деец.
1834  Јоаким III, константинополски патријарх.
1864  Кантаро Судзуки, премиер на Јапонија.
1879  Александар Балабанов, бугарски научник.
1894  Едмунд Бартон, премиер на Австралија.
1916  Волче Наумчески, македонски писател.
1921  Јоиширо Намбу, американски физичар.
1923  Александар Грличков, претседател на владата на СР Македонија.
1925  Гого Ивановски, македонски поет и раскажувач.
1950  Жил Вилнев, возач на Формула 1.
1955  Кевин Костнер, американски актер.
1966  Александар Халифман, руски шахист.
1968  Драгана Мирковиќ, српска пејачка.
1970  Џонатан Дејвис, вокалист на Korn.
1971  Жузеп Гвардиола, шпански фудбалер и тренер.
1980  Роберт Грин, англиски фудбалер.


Починале

350  Констанс I, римски император.
474  Лав I, византиски император.
1367  Петар I, крал на Португалија.
1567  Маргарита Пармска, регент на Холандија.
1860  Џон Тајлер, претседател на САД.
1862  Константин Миладинов, македонски поет, собирач на македонски народни песни и умотворби.
1890  Амадеј I, шпански крал.
1906  Петар Јуруков, бугарски револуционер.
1910  Александар Чакаров, македонски деец.
1936  Радјард Киплинг, англиски писател.
1982  Хуанг Сјенфан, кинески историчар и антрополог.


[уреди] 19 јануари

Настани

1419  Стогодишна војна: Градот Руан, а со тоа и сета Нормандија влегува во составот на Англија.
1806  Велика Британија го окупирала ’Рт на Добра Надеж.
1853  Операта „Трубадур“ од Џузепе Верди премиерно е прикажана во Рим.
1861  Џорџија станала петтата држава која се оделила од САД.
1899  Судан станал кондоминиум на Велика Британија и Египет.
1915  Францускиот пронаоѓач Жорж Клод ја патентирал неонската светилка за примена во рекламирањето.
1945  Втора светска војна: Советската војска го ослободила Варшавското гето. Од вкупно 230.000 жители во 1940, нацистичката окупација ја преживеале помалку од 900.
1966  Индира Ганди станала премиер на Индија.
1969  Студентот Јан Палах починал од повредите здобиени 3 дена претходно кога се запалил на плоштадот Вацлавски Намести во знак на протест поради задушувањето на Прашката пролет.


Родени

1544  Франсоа II, Крал на Франција.
1736  Џејмс Ват, англиски физичар и пронаоѓач.
1798  Огист Конт, француски философ.
1809  Едгар Алан По, северноамерикански поет и раскажувач.
1839  Пол Сезан, француски сликар.
1871  Дамјан Груев, македонски револуционер, еден од основачите на ТМОРО.
1879  Симеон Радев, публицист и новинар.
1925  Кирил Македонски, македонски композитор.
1941  Климе Савин, македонски пливачки маратонец и спортски работник.
1969  Предраг Мијатовиќ, фудбалер.
1980  Влатко Илиевски, македонски кошаркар.
1980  Џејсон Батон, возач во Формула 1.
1986  Клаудио Маркизио, италијански фудбалер.


Починале

1526  Изабела, данска кралица.
1938  Бранислав Нушиќ, српски комедиограф, сатиричар и критичар.


[уреди] 20 јануари

Настани

1265  Првпат е свикан англискиот Парламент со што беше ограничена власта на монархијата.
1327  Високото благородништво го принуди англискиот крал Едвард II да абдицира во корист на синот Едвард III.
1649  Заробениот крал Чарлс I на крајот на граѓанската војна меѓу монархистите и следбениците на парламентот во Англија беше изведен на суд обвинет за предавство, односно за тајни преговори со Шкотите. Наброзо беше осуден на смрт и погубен 10 дена подоцна.
1667  По 13-годишните борби Русија ја порази Полска во војната која изби во 1654 година. По мирен пат во Андрусова, Полска се одрече од Киев, Смоленска и од делови на Украина на левиот брег од реката Дњепар.
1921  Прогласен е првиот устав на Турција.
1936  Едвард VIII станал крал на Обединетото Кралство.
1936  Инвазиските италијански фашистички трупи, кои на почетокот на октомври 1935 година без објава на војна упаднаа во Етиопија, презедоа решителна офанзива против етиопските сили, успеаја да го скршат нивниот отпор и да ја колонизираат таа земја.
1936  Пуштена е во сообраќај железничката линија Прилеп - Велес во должина од 86 километри.
1941  Франклин Рузвелт, водач на Демократската партија, по трет пат е избран за претседател на САД. Првиот мандат го презеде во 1932 година, во времето на големата економска криза, а во 1945 година по четврти пат е избран за претседател, што е единствен случај во историјата на САД.
1945  Во Воденско, Егејска Македонија, е формирана Тајната македонска ослободителна револуционерна организација (ТМОРО). Иницијатор, организатор и раководител на организацијата беше Вангел Ајановски - Оче.
1961  Демократот Џон Кенеди е инаугуриран во 43-та година од животот за претседател на САД, како најмлад шеф на државата во американската историја.
1970  По двегодишна пауза, во Варшава продолжија американско-кинеските контакти на ниво на амбасадори.
1981  Републиканецот Роналд Реган, на 70-годишна возраст ја презеде функцијата претседател на државата, станувајќи најстар претседател во американската историја.
1981  По 444 денови во заробеништво, од амбасадата на САД во Техеран беа ослободени 52 американски заложници.
1992  Падот на „Ербас А-230“ јужно од францускиот град Стразбур го преживеаја само девет од вкупно 96 луѓе во авионот.
1996  На изборите во Газа и на Западниот брег, одржани според договорот меѓу Израел и Палестинците, водачот на ПЛО Јасер Арафат стана првиот демократски избран лидер на палестинскиот народ.
2001  Потпрестедателот на Филипините, Глорија Аројо ја презеде должноста шеф на државата, бидејќи филипинскиот Врховен суд пресуди дека сменетиот претседател Џозеф Естрад не може да ја врши оваа функција.
2011  На космодромот Бајконур е лансиран „Електро-Л“ - првиот функционален метеоролошки сателит на Русија.


Родени

225  Гордијан III, римски император.
1716  Карлос III, шпански крал.
1775  Андре Мари Ампер, француски физичар.
1888  Назим Хикмет, турски писател.
1920  Федерико Фелини, италијански режисер.
1945  Владимир Борозанов, македонски кардиолог.
1945  Сабит Кранли, македонски правник.
1946  Дејвид Линч, американски режисер.
1949  Геран Персон, шведски премиер.


Починале

250  Папа Фабијан, римски папа.
287  Свети Севастијан, христијански маченик.
842  Теофил, византиски император.
1513  Елена Ивановна, полска кралица.
1612  Рудолф II, германски император.
1666  Ана, француска кралица.
1693  Мустафа I, отомански султан.
1819  Карлос IV, шпански крал.
1878  Јани Попов, бугарски револуционер.
1904  Фердинанд Манлихер, автриски конструктор на оружје, изумител на Манлихерката.
1984  Џони Вајсмилер, aмерикански пливач и актер.
1993  Одри Хепберн, англиска актерка со белгиско потекло, добитничка на оскар, изведувачка на Бродвеј, балерина, манекенка и хуманитарка.
2000  Славко Јаневски, македонски писател.
2003  Паскал Сотировски, македонски научник.


[уреди] 21 јануари

Настани

1793  Откако бил осуден од Француската конвенција, Луј XVI бил егзекутиран на гилотина.
1899  Опел го произвел првиот автомобил.
1911  Првото Рели Монте Карло.
1924  Починал Владимир Илич Ленин.
1925  Албанија се прогласила за република.


Родени

1338  Шарл V Мудриот, француски крал.
1823  Имре Мадач, унгарски писател.
1829  Оскар II, крал на Шведска и Норвешка.
1881  Иван Рибар, југословенски политичар.
1905  Кристијан Диор, француски моден дизајнер.
1909  Тодор Скаловски, македонски композитор.
1923  Љутви Руси, македонски новинар.
1924  Бени Хил, англиски актер.
1941  Пласидо Доминго, шпански оперски пејач.
1956  Џина Дејвис, американска актерка.
1960  Садула Дураку, македонски политичар.
1970  Ален Бокшиќ, хрватски фудбалер.
1975  Оливер Друлиќ, српски политичар.
1977  Фил Невил, англиски фудбалер.
1982  Лидија Размоска, македонска поетеса.
1985  Дмитриј Соколов, руски кошаркар.


Починале

304  Света Агнија, христијански маченик.
1118  Папа Пасхалиј II, римски папа.
1744  Џовани Батиста Вико, италијански филозоф.
1774  Мустафа III, отомански султан.
1793  Луј XVI, крал на Франција.
1851  Алберт Лорцинг, германски композитор.
1879  Љубен Каравелов, бугарски писател.
1919  Ахмед Мухтар Паша, отомански голем визер.
1924  Владимир Илич Ленин, руски револуционер.
1926  Камилио Голџи, италијански лекар.
1940  Кристофер, принц на Грција.
1950  Џорџ Орвел, англиски писател.
1979  Трајко Прокопиев, македонски композитор и диригент.
2006  Ибрахим Ругова, косовски политичар.


[уреди] 22 јануари

Настани

1506  Првиот контингент од 150 војници, кои имале за цел да го заштитуваат папата Јулие II пристигнал во Рим. Овој датум официјално се смета за денот на основање на папската швајцарска гарда.
1727  Георг Фридрих Хендл се стекнува со британско државјанство.
1964  Кенет Дејвид Каунда стана прв претседател на Владата во Северна Родезија (Замбија).
1978  Првпат во историјата на космонаутиката, во вселенската орбита е остварена „операцијата снабдување“. По дводневно самостојно летање товарниот брод без екипаж „Прогрес - 1“ автоматски се спои со системот „Саљут - 6“ - „Сојуз - 27“. Ова летало однесе во вселената гориво за моторите, материјали за натамошно истражување, како и вода, воздух и храна за космонаутите.
1990  Делегатите од Македонија, Словенија и Хрватска го напушаат 14-тиот и последен Конгрес на СКЈ .
2001  Еден македонски полицаец е убиен, а тројца ранети во нападот на полициската станица во Теарце, во близина на Тетово.


Родени

1561  Френсис Бејкон, англиски философ, научник, есеист и државник, еден од основачите на современиот материјализам.
1775  Андре Мари Ампер, француски физичар и математичар.
1788  Џорџ Гордон Бајрон, англиски поет.
1909  У Тант, бурмански дипломат.
1977  Хидетоши Наката, јапонски фудбалер.
1987  Дмитриj Комбаров, руски фудбалер.
1987  Кирил Комбаров, руски фудбалер.


Починале

1997  Ордан Петлески, македонски академски сликар.


[уреди] 23 јануари

Настани

1556  Најкатастрофалниот земјотрес во историјата се случил во густо населената провинција Шаанкси во Кина, во кој се проценува дека загинале околу 830.000 луѓе. Огромниот број на жртви се должи на тоа што живееле во вештачки пештери (тнр. јаодонг) ископани во растресита глина.
1793  Русија и Прусија си ја поделиле Полска.
1960  Батискафот на САД „Трст“ постигнал рекордна длабочина од 10.911 м во водите на Пацификот.
1968  Морнарицата на ДНР Кореја го зароби американскиот шпионски брод „Пуебло“, тврдејќи дека навлегол во севернокорејските води. Случајот предизвика голема напнатост меѓу двете земји. ДНР Кореја подоцна го ослободи екипажот, а бродот и денес претставува туристичка атракција во Пјонгјанг.
1973  Претседателот на САД Ричард Никсон објавил дека е постигнат мировен договор за Виетнам.


Родени

1783  Мари Анри Бејл, (Стендал), француски писател, основоположник на големата епоха на францускиот реализам.
1832  Едуар Мане, француски сликар, непосреден претходник на импресионистите.
1878  Отон Жупанчич, словенечки поет.
1945  Тито Петковски, претседател на Нова социјалдемократска партија.


Починале

1837  Џон Филд, ирски композитор.
1862  Димитрија Миладинов, македонски народен преродбеник, поет, учител, публицист и научник.
1989  Салвадор Дали, шпански сликар.
1995  Вањо Хаџиев, повеќегодишен соработник на весникот „Нова Македонија“.


[уреди] 24 јануари

Настани

41  Римскиот император Калигула, познат по својот ексцентризам и суров деспотизам, е убиен од неговата незадоволна преторијанска гарда.
1848  Започнува Калифорниската златна треска во Сакраменто.
1946  Со решение на Министерството за народна просвета на Македонија првата македонска граматика е одобрена за учебник во средните училишта. Нејзин автор беше професорот Круме Кепески.
1991  Во Скопје, во издание на НИП „Нова Македонија, излезе првиот број на независниот македонски неделник „Пулс“.


Родени

1712  Фридрих II, крал на Прусија.
1752  Муцио Клементи, англиски композитор.
1776  Ернест Теодор Хофман, германски писател, композитор, цртач, судија и професор по музика.
1799  Пјер Огистен Карон де Бомарше, француски писател.
1922  Ава Гарднер, една од легендите на Холивуд.
1967  Џон Мјанг, басист на американската прогресивна метал група Dream Theater.


Починале

41  Калигула, римски император.
1929  Васил Главинов, еден од првите организатори на социјалистичките идеи и организатор на работничкото движење во Македонија, поборник за Балканска Федерација.
1965  Винстон Черчил, британски политичар, државник и писател.
2006  Марија Мирчов - Скаловска, истакната македонска оперска и концертна пеачка


[уреди] 25 јануари

Настани

1533  Англискиот крал Хенри VIII се ожени со Ана Болејн, спротивно на ставот на папата кој не му дозволи развод од првата сопруга Катарина Арагонска.
1579  Во Утрехт побунетите провинции Холандија, Зеланд, Утрехт, Галдерленд, Фризија, Гронинген и Оверајсел, поради пропаднатите обиди за смирување со шпанската управа, создадоа Утрехтска унија за борба против Шпанија.
1904  Излезе првиот број на белградскиот весник „Политика“.
1918  Со цел да згасне контрареволуционерната побуна беше создадена Црвена армија.
1924  Во францускиот град Шамони почнаа првите зимски Олимписки игри.
1942  Втора Светска војна: Тајланд им објави војна на Велика Британија и САД.
1955  Президиумот на Врховниот совет на СССР издаде указ за окончување на воената состојба меѓу СССР и Германија.
1996  Парламентарното Собрание на Советот на Европа одлучи да ја прими Русија наспроти острите критики поради воената интервенција во Чеченија.
1996  Република Македонија и Белизе воспоставија дипломатски односи.


Родени

750  Лав IV Хазар, византиски император.
1627  Роберт Бојл, ирски физичар и хемичар.
1736  Жозеф Луј Лагранж, италијански математичар и астроном.
1832  Иван Иванович Шишкин, руски сликар.
1865  Елизабета Маврикиевна, руска кнегиња.
1874  Вилијам Сомерсет Мом, англиски писател.
1882  Вирџинија Вулф, англиска писателка и есеист.
1927  Едуард Шеварнаѕе, грузиски претседател.
1931  Ефтим Манев, македонски поет и преведувач.
1933  Корасон Акино, претседател на Филипини.
1938  Владимир Висоцки, советски пејач.
1953  Методи Манев, македонски писател.
1970  Џејсон Ли, американски глумец.
1975  Тим Монтгомери, американски атлетичар.
1981  Тоше Проески, македонски пејач.
1983  Ексел Цедрич Конан, фудбалер.
1984  Робињо, бразилски фудбалер.
1987  Марија Кириленко, руска тенисерка.


Починале

844  Папа Григур IV, римски папа.
1756  Христоф Томас Шефлер, германски фрескописец.
1824  Теодор Жерико, француски сликар и графичар.
1896  Фредерик Лејтон, англиски академски сликар.
1920  Амадео Модилјани, Италијански сликар.


[уреди] 26 јануари

Настани

1531  Лисабон го погоди катастрофален земјотрес при што загинаа околу 30.000 луѓе.
1788  736 затвореници од Англија пристигнале во Австралија, во Порт Џексон (денешен Сиднеј), и ја формирале првата европска колонија на новиот континент. Ден на Австралија.
1827  Перу прогласи независност.
1841  Прогласен е британски суверенитет над Хонгконг. По шест денови Кина беше принудена да го отстапи Хонгконг на Велика Британија.
1905  Кај Преторија во Јужна Африка откриен е „Калинан“, најголемиот дијамант во светот, со вредност од 3.106 карати.
1934  Потпишана е германско-полска изјава за ненапаѓање и за мирно решавање на споровите. Со тоа Хитлер доби безбедност на исток и можеше да тргне во освојување на Подунавје. Излегувањето на Полска од францускиот блок значеше голема пукнатина на европскиот систем на колективна безбедност и успех на Хитлер.
1942  Втора Светска војна: САД упатија први сили во Европа, во која во тоа време војна се водеше само на Источниот фронт и на подрачјето на Југославија. Трупите беа стационирани во Северна Ирска.
1946  Излезе од печат првата граматика на македонски јазик што ја напиша професорот Круме Кепески.
1950  Индија формално е прогласена за Република во рамките на Британскиот комонвелт.
1993  Вацлав Хавел е избран за прв претседател на Чешка.
1994  Романија стана прва поранешна членка на Варшавскиот пакт која со НАТО пактот потпиша Документ „Партнерство за мир“.
1994  Во Рим, Република Македонија е примена за полноправен член на Меѓународната банка за финансирање на развојот на земјоделството (ИФАД).
1996  Американскиот Сенат го одобри Договорот Старт-2 за намалување на бројот на американските и руските нуклеарни ракети.


Родени

1959  Александар Станковски, македонски уметник.


Починале

1823  Едвард Џенер, пронаоѓач на вакцината против големи сипаници.
1864  Лео фон Кленце, прочуен германски неокласичен архитект .
1961  Сотир Ставридис, македонски хирург и уролог.
1990  Ава Гарднер, една од легендите на Холивуд.


[уреди] 27 јануари

Настани

1916  Во Берлин е формирана социјалистичка револуционерна организација „Сојуз на спартаковците“, на чие чело се наоѓаа Роза Луксембург и Карл Либкнехт.
1945  Црвената армија го ослободи Аушвиц, најголемиот и најстраотниот логор во Втората светска војна.
1995  Република Молдавија и Република Македонија воспоставија дипломатски односи.


Родени

1585  Хендрик Аверкамп, пејзажист од „златното доба на холандската уметност
1687  Балтазар Нојман, истакнат германски барокен архитект.
1756  Волфганг Амадеус Моцарт, прославен австриски композитор.
1775  Вилхелм Шелинг, германски философ и последен претставник на германската класична философија. Во своето учење го поврзуваше Фихтеовиот идеализам со Спинозовиот пантеизам.
1987  Денис Глушаков, руски фудбалер.


Починале

1814  Јохан Готлиб Фихте, германски идеалистички философ
1901  Џузепе Верди, италијански композитор, еден од најголемите творци на опери во XIX век.
1860  Јанош Бојаи, прочуен унгарски математичар.


[уреди] 28 јануари

Настани

1531  Лисабон го погоди катастрофален земјотрес при што загинаа околу 30.000 луѓе.
1788  736 затвореници од Англија пристигнале во Австралија, во Порт Џексон (денешен Сиднеј), и ја формирале првата европска колонија на новиот континент. Ден на Австралија.
1827  Перу прогласи независност.
1841  Прогласен е британски суверенитет над Хонгконг. По шест денови Кина беше принудена да го отстапи Хонгконг на Велика Британија.
1905  Кај Преторија во Јужна Африка откриен е „Калинан“, најголемиот дијамант во светот, со вредност од 3.106 карати.
1934  Потпишана е германско-полска изјава за ненапаѓање и за мирно решавање на споровите. Со тоа Хитлер доби безбедност на исток и можеше да тргне во освојување на Подунавје. Излегувањето на Полска од францускиот блок значеше голема пукнатина на европскиот систем на колективна безбедност и успех на Хитлер.
1942  Втора Светска војна: САД упатија први сили во Европа, во која во тоа време војна се водеше само на Источниот фронт и на подрачјето на Југославија. Трупите беа стационирани во Северна Ирска.
1946  Излезе од печат првата граматика на македонски јазик што ја напиша професорот Круме Кепески.
1950  Индија формално е прогласена за Република во рамките на Британскиот комонвелт.
1993  Вацлав Хавел е избран за прв претседател на Чешка.
1994  Романија стана прва поранешна членка на Варшавскиот пакт која со НАТО пактот потпиша Документ „Партнерство за мир“.
1994  Во Рим, Република Македонија е примена за полноправен член на Меѓународната банка за финансирање на развојот на земјоделството (ИФАД).
1996  Американскиот Сенат го одобри Договорот Старт-2 за намалување на бројот на американските и руските нуклеарни ракети.


Родени

1887  Артур Рубинштајн, пијанист и еден од најголемите интерпретатори на класичната музика во 20 век.
1928  Славко Милосавлевски, македонски социолог.


Починале

592  Гунтрам, крал на Франките.
1547  Хенри VIII, славен крал на Англија.
1996  Јосиф Бродски, руски поет, добитник на Нобеловата награда за литература и „Златен венец“ на Струшките вечери на поезијата.


[уреди] 29 јануари

Настани

1573  Под водство на Матија Губец, во Хрватска избувна Селанската буна против неподносливите услови за живот што ги наметнаа австриските и унгарските феудалци. Тоа беше една од најголемите селански буни во Европа во тоа време. Востанието беше крваво задушено, а Матија Губец беше погубен во Загреб, на 15.02.1573 година. Хрватскиот писател Август Шеноа по тој повод го напиша романот „Селанска буна“.
1963  Францускиот претседател Шарл де Гол стави вето на приемот на Велика Британија во Европската економска заедница.
1973  Во Адис Абеба почна заседанието на Советот за безбедност на ООН, прво заседание на овој орган на ООН на африканскиот континент.


Родени

1843  Вилијам Мекинли Џуниор, претседател на САД.
1860  Антон Павлович Чехов, руски раскажувач и драмски писател.
1866  Ромен Ролан, француски раскажувач, романсиер, драматург, музиколог и борец за мир и демократија.
1924  Лујџи Ноно, италијански композитор.
1981  Јордан Георгиевски, македонски фудбалер.


Починале

1992  Иван Дојчинов, борец во шпанската граѓанска војна, учесник на Првото заседание на АСНОМ, член на Главниот штаб на НОВ на Македонија и носител на „Партизанска споменица 1941“.


[уреди] 30 јануари

Настани

1945  Руска подморница го торпедира и потопи германскиот брод Вилхелм Густлов, преполн со бегалци. Преку 9000 лица го загубија животот во трагедијата која се смета за најголема поморска катастрофа во историјата.
1948  Во Њу Делхи е извршен атентат врз Махатма Ганди, водач на индиското ослободително движење. Ганди, наречен Махатма (голема душа) ги пропагираше не насилничките методи за национално ослободување и поради тоа стана симбол на борбата на народите на Индија за независност. Роден е на 2.10.1869 година.
1996  Како прилог на весникот „Вечер“ излезе првиот број на весникот „Занаетчија“, гласило на Здружението на занаетчиски и други самостојни стопанственици на град Скопје - Стопанска комора на Македонија.


Родени

133  Дидиј Јулијан, римски император.
1781  Аделберт фон Шамисо, германски книжевник.
1848  Фердинанд Манлихер, австриски конструктор на оружје, изумител на Манлихерката.
1875  Климент Шапкарев, македонски револуционер.
1878  Дончо Лазаров, македонски револуционер.
1882  Франклин Делано Рузвелт, американски претседател.
1894  Борис ІІІ, цар на Бугарија.
1909  Д-р Харалампие Поленаковиќ, еден од основоположниците на историјата на македонската литература.
1925  Даглас Енгелбарт, американски пронаоѓач.
1954  Чак Свирски, кошаркарски коментатор.
1976  Ѓорѓи Христов, македонски фудбалер.
1983  Влатко Грозданоски, македонски фудбалер.
1989  Џакомо Ницоло, италијански велосипедист.


Починале

1948  Махатма Ганди, водач на индиското ослободително движење.


[уреди] 31 јануари

Настани

1945  Со решение број 581 на Президиумот на АСНОМ е основан Македонскиот народен театар. Првата драмска претстава ја прикажа на 3 април истата година. Тоа беше драмската претстава „Платон Кречет“ од советскиот драматург Александар Корнејчук, а во режија на Димитар Костаров.
1958  САД го лансираа во орбитата околу Земјата, својот прв вештачки сателит „Експлорер 1“.
1994  Швајцарската Конфедерација и Принципатот Лихтенштајн воспоставија дипломатски односи со Република Македонија.
1994  Во Скопје е формирано Друштво на македонско - турско пријателство и соработка.


Родени

1624  Арнолд Гелинкс, фламански философ и следбеник на Декарт
1797  Франц Шуберт, значаен претставник на музичкиот романтизам и најголем композитор на соло песната.
1841  Лаза Костиќ, српски писател и преведувач, родоначалник на српската авангардна лирика.
1911  Баба Ванѓа, позната јасновитка.
1921  Марио Ланца, американски тенор и филмска ѕвезда.
1927  Ацо Караманов, македонски поет и борец.
1943  Ристо Василевски, македонски поет, есеист, критичар, преведувач.
1969  Ивана, бугарска пејачка.
1981  Џастин Тимберлејк, американска поп-музичар и актер.
1982  Елена Папаризу, грчка пејачка.
1985  Каломира, грчка пејачка.


Починале

1632  Јост Бирги, швајцарски часовничар и математичар.
1933  Џон Голсфорди, англиски писател.
1948  Махатма Ганди, индиски национален водач.


Јануари - Февруари - Март - Април - Мај - Јуни - Јули - Август - Септември - Октомври - Ноември - Декември

Начин на користење на шаблоните во рубриката
Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник
Други јазици