Пирамидална измама

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Пирамидална измама е манипулативна финансиска операција која им исплаќа на инвеститорите (или на штедачите) поврат во форма на дивиденда или на камата од нивните сопствени вложени средства, или од средствата вложени од следните инвеститори/штедачи, наместо од реален заработен профит. Пирамидалната измама обично вклучува и невообичаено висок поврат кој ниеден друг инвеститор или банка не може да го гаратнира, со цел да придобие нови жртви, во форма на краткорочни дивиденди (или камати) кои се или ненормално високи или невообичаено конзистентни.

Траењето на Пирамидалната шема зависи од постојаното зголемување на протокот на пари од инвеститорите за да се одржи измамата. Системот е осуден на пропаст, бидејќи профитот од вложувањата (ако воопшто постојат) е помал од повратот што им се исплаќа на инвеститорите (вложувачите). Вообичаено овие шеми ги прекинуваат властите, бидејќи се забележливи тогаш кога ќе се зголеми бројот на учесниците, или кога текот на парите ќе стане голем и забележлив.

Во Македонија се познати повеќе пирамидални измами: штедилниците ТАТ, Лавци, Алфа-С и други, играта Џек-Пот, итн. Најголема е онаа со Аферата ТАТ, во која биле оштетени околу 13.000 граѓани за повеќе од 120 милиони германски марки или 60 милиони евра.[1]

Во светот, најпозната пирамидална измама е онаа што ја извел Бернард Мејдоф, која траела цели 28 години (1960 - 2008), и биле проневерени вкупно околу 65 милијарди долари. За ова дело Мејдоф бил осуден на 150 години затвор без право на помилување.[2]

Наводи[уреди]