Сара Џесика Паркер

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај


Сара Џесика Паркер
Parker072102 big.jpg
Кери Бредшо
Роден(а) Sarah Jessica Parker
25 март 1965
Охајо,Нелсонвил
Активност 1977-денес
Сопруг(а/и) Метју Бродерик
[Страница на фанови Официјална веб-страна]

Сара Џесика Паркер (англиски: Sarah Jessica Parker) родена 25 март 1965 е американска глумица и продуцентка, со портфолио на настапи на телевизија, филм и театар. Позната е по својата улога како Кери Бредшо новинар во весник, на рубриката за секс во телевизискиот серијал на HBO Сексот и Градот (Sex and the City); улога за која освои 4 Златни глобуси и 2 Еми награди. Сексот и Градот е популарна американска серија создадена од Дарен Стар. Премиерно е емитувана на HBO од 1998 до 2004, вкупно од шест сезони. Серијата е сместена во Њујорк и се фокусира на четири женски ликови. Сметана е за ситком, но има серијализирани приказни како во сапуница, како и драматични елементи. Серијата е главно снимана во Њујорк, во Силверкап студијата, но и во Менхетен.

Најпозната е по нејзината улога како Кери Бредшо, хероината од популарната ТВ-серија „Сексот и градот“. Но вистинската Сара е многу поразлична од ексцентричната њујорчанка која секогаш е сама и често се чуди со кој маж да ја помине вечерта ( но ако и вие сте мислеле така – одајте и признание на добрите актерски способности). Упорната работа и тешкото детство ја потиканле да успее во животот. Но, како се вели – тоа, што не те убива само те прави посилен, така и Сара тешкото детство ја мотивирало да стане голема ѕвезда. Крајниот резултат е жена создадена специјално за Бродвеј, надарена со трите карактеристики, кои таму се ценат највисоко: пејачки, танцувачки и актерски. И покрај тоа што нема потреба од пеење и танцување, благодарение на се попризнаените актерски способности, и интересни улоги нејзиниот статус на одлична глумица веќе е потврден.

Биографија[уреди]

Раниот живот и кариерата[уреди]

Паркер е родена во Нелсонвил, Охајо, како ќерка на Барбара, која била оператор и учителка во градинката, и Стивен Паркер кој бил бизнисмен и новинар. Татко ѝ бил родум од Бруклин и бил Евреин, со оригинално семејно презиме „Баркан“ (син на коен). Паркер за себе кажала „Јас секогаш се сметав себеси за Еврејка“. Нејзините родители се развеле кога таа била мала, а мајка ѝ се премажила за Пол Форст. Паркер пораснала со мајка си, очувот и седумте полубраќа и сестри. Како мало девојче, таа вежбала пеење и балет и набргу добила улога во „Невините“ во продукција на Бродвеј. Нејзиното семејство се преселило во Синсинати, Охајо, а потоа во Добс Фери, Њујорк, каде што Паркер ја развивала својата кариера како дете актер. Во 1977 година, семејството се преселило во новоотворената општина на Рузвелт Ајленд, на Ист Ривер меѓу Менхетен и Квинс, а потоа се преселиле и во самиот Менхетен. Нејзините родители подоцна се преселиле во Инглвуд, Њу Џерси каде што таа одела во средното училиште Двајт Мороу. Паркер одела во училиштето за креативна уметност и настап, во училиштето на американскиот балет и училиштето за деца-професионалци, а подоцна во средното училиште Двајт Мороу. Таа и четирите полубраќа се појавиле во римејкот „Звукот на музиката“, а подоцна Паркер заминала во новиот мјузикл на Бродвеј „Ени“ од 1977 до 1981. На почетокот ја имала малата улога на Џули, а потоа ги достигнала Андре Мекардл и Шели Брус со главната улога на храброто сираче од времето на Депресијата, во времетраење од една година дена почнувајќи од 6 март 1979.

Во 1982, Паркер ја добила споредната улога во серијата Сквер Пигс на CBS телевизијата. Серијат траела само година дена пред да биде повлечена од мрежата, но изведбата на Паркер од страна на критичарите била добро оцената. Во следните три години таа играла во четири филма од кои најзначани биле Футлуз во 1985, во кој играла и Хелен Хант. Во истата година започнала врска со актерот Роберт Дауни Џуниор, кого го сретнала на снимањето на филмот Првородениот. Со него живеела до 1991. Во текот на врската Дауни имал проблем со дрогата, а Паркер дала коментар: „Мислам дека јас бев личноста што го држела прибран“.

Подоцнежна кариера[уреди]

До раните 90-ти, кариерата на Паркер добила на значење. Во 1991 таа се појавила во споредна улога во романтичната комедија Приказна од Лос Анџелес. И таа и филмот добиле позитивни критики. Наредната година таа одиграла значајна улога во инаку добро прифатениот филм Меден месец во Вегас, во кој играл и Николас Кејџ. Во 1993 година филмот Хокус Покус имал поголема заработка, но нејзината улога добила негативни критики. Следната година таа се појавила во филмот Рапсодија во Мајами со кој се вратила на позната територија со примеси на комедија и тоа во главна улога. Таа се појавила во уште еден филм на режисерот Тим Бартон Марс Напаѓа!, Клубот на првите жени и Содржината на огинот, од 1996, во кој повторно ја одиграла својата театарска улога од 1991.

Сара Џесика Паркер на снимањето на филмот Сексот и градот

Во 1997 таа се појавила како Франческа Ленфилд, пропадната бивша дете-актер во комедијата Додека ти беше тука. Подоцна истата година и било испратено сценариото за серијата Сексот и градот, која била и драма и комедија во продукција на HBO. Креатотот на серијата Дарен Стар била одлучна да ја земе Паркер во серијата. И покрај сомнежите да прифати телевизиска улога на подолг период, Паркер се согласила. Првата сезона од серијата се покажа како огромен успех, издигајќи ја Паркер на повисок статус. И покрај зголемената провокативност во серијата, Паркер цврсто останала на клаузата од својот договор – без голотија во текот на сите шест сезони од серијата. Таа стана и продуцент на серијата почнувајќи од третата сезона. Во 2004 Паркер освои Еми награда за својата главна улога (после пет неуспеси). Многу кладилници престанале да земаат облози за нејзината Еми победа, бидејќи било општоприфатено мислењето дека таа треба да ја освои наградата. Оттогаш Паркер изјавила дека никогаш нема да игра во телевизиска серија иако ќе се појави како ко-продуцент во новата серија на HBO, базирана на Вашингтон, но нема да се појави во истата.

Откако заврши Сексот и градот во 2004, се ширеа гласини за филмска верзија. Беше откриено дека сценариото за тој проект е завршено. Како и да е Паркер коментираше дека тој никогаш нема да се реализира. Но, две години подоцна подготовките за филмот започнале и HBO во моментот се во преговори со извршниот продуцент Мајкл Патрик Кинг и екипата од Сексот и градот вклучувајќи ја и Паркер за реализирање на игран филм под истото име. Покрај нејзината работа на филмот и телевизијата, Паркер е и почитувана театарска актерка, која ја одиграла одлично критикуваната главна улога во бродвејската претстава Силвија, покрај својот маж Метју Бродерик во претставата „Како да успееш во бизнисот без многу да се трудиш“. Номинирана е за наградата Тони за улогата во „Си беше еднаш еден душек како принцезата Виниферд Вобегон“. Во декември 2005 по неколку години Паркер се појавила во својот прв театарски филм Семејниот камен. За таа улога беше номинирана за Златен глобус во категоријата најдобра актерка во комедија . Нејзиниот следен филм, романтична комедија „Неуспешно лансирање“ во која играше до Метју Меконаги беше прикажан на 10 март 2006. Филмот беше на првото место во северноамериканските билетари со заработка од 24 милиони долари во првиот викенд на прикажувањето и покрај средните оцени на критичарите. Нејзината работа како продуцент продолжи со независниот филм „Вртеќи се во путер“ базиран на драмата на Ребека Гилман, чие прикажување е закажано за 2006 во кој и таа ќе се појави. Нејзиниот последен потврден проект е Слемер. Музичка комедија која се случува во затвор, режирана од Адам Шенкмен и треба да биде прикажан во 2007. Улогата на затворен издавач кој иницира затворски мјузикл ќе ја врати Паркер на нејзините музички корени, кои допрва треба да бидат истражени во нејзината работа на телевизијата и филмот. Паркер беше дел од актерската екипа во филмот Одмор, заедно со нејзиниот колега од филмот Семеен камен, Лук Вилсон, но ја откажала улогата поради подобрите понуди што ги добивала. Улогата ја доби Кејт Бекинсејл.

Личен стил[уреди]

Паркер стана многу влијателна во светот на модата. Во 2005 таа беше домаќин на MTV филмските награди и се пресоблече дури 15 пати во текот на шоуто. Таа стана заштитно лице на многу од светските модни брендови со својата работа и низ многу рекламни кампањи. Паркер потпиша неверојатно добро платен договор со Гарниер. Таа се појави и во нивните реклами на телевизијата и во печатот, промовирајќи ги Нутрис продуктите за коса. Во 2004 таа започна меѓународна кампања за Геп, но нејзиниот договор со овој гигант во светот на облеката беше наеднаш раскинат во пролетта 2005, во корист на британската соул пејачка Џос Стоун. Еден нејзин пријател за печатот коментираше: „Нејзината пролеттна кампања за Геп само што започна и да се објави нејзината смена во истата недела кога излегуваат новите реклами е малку невкусно“. Како додаток на нејината работа во рекламирањето е и излегувањето на нејзиниот сопствен парфем во 2005 со име Прекрасна-невина пародија во самото себе. Во март 2007 Паркер лансираше своја модна линија со име Гризнато, во партнерство со ланецот на облека Стив и Бери која се продава по дисконтни цени. Линијата која содржи стотици парчиња облека и додатоци, сите по цена помала од 20 долари беше лансирана на 7 јуни 2007, искучиво во продавниците на Стив и Бери. Во јуни 2007 по огромниот успех на Прекрасна, Паркер го пушти во продожба својот втор парфем Ковет.

Личен живот[уреди]

Откако нејзината кариера продолжи цути во 90-тите, таа го запозна новинарот Џон Кенеди Џуниор и се забавуваше со него неколку месеци. Пред тоа таа беше во сериозна врска со Роберт Дауни Џуниор. Таа беше поврзана и со кант авторот Џошуа Кадисон во раните 90-ти, кој нивната бурна врска и нивната мачка Мојсеј ги опиша во песната Џеси од албумот Обоена пустинска серенада. На 19 мај, 1997 година таа се омажи со Метју Бродерик со кога ја запознал нејзиниот брат. Двојката се венчала со општинска церемонија во историската синагога на Лоцер Ист Сајд во Менхетен, која веќе не се користи како свето место. И двајцата се сметаат за Евреи од културолошки аспект. Нивното прво дете, синот Џејмс Вилки Бродерик се роди на 28 октомври, 2002. Бил крстен по таткото на Бродерик, истакантиот ирско-американски актер Џејмс Бродерик. Бидејќи Паркер силно ги подржува јавните училишта, советниците за избор на училиште се нестрпливи да видат дали Паркер ќе го одржи ветувањето дадено во 2004, дека Џејмс Вилки ќе влезе во јавните школски системи во 2007-та кога ќе наполни пет години. Паркер и Бродерик живеат во Њујорк и се постојани посетители на настаните од уметноста.

Паркер е истакнат член на Холивудскиот женски политички Комитет и претставник на УНИЦЕФ за уметнички настани.Во 2006 патуваше во Либија како амбасадор на УНИЦЕФ, при што коментираше: „Ова е место кое добива малку или никакво внимание, па ние ќе се обидеме да го свртиме вниманието“. Во моментот е амбасадор на Добрата Волја на УНИЦЕФ за САД. Од 2007 живее во Њујорк со својот сопруг и син.

Награди[уреди]

Златен глобус

  • 2005: Номинација: Најдобра актерска изведба во Филм: Мјузикал или Комедија - Семејниот камен
  • 2005: Номинација: Најдобра актерска изведба во тв серија: Мјузикал или Комедија - Сексот и Градот
  • 2004: Добитник: Најдобра актерска изведба во тв серија: Мјузикал или Комедија - Сексот и Градот
  • 2003: Номинација: Најдобра актерска изведба во тв серија: Мјузикал или Комедија - Сексот и Градот
  • 2002: Добитник: Најдобра актерска изведба во тв серија: Мјузикал или Комедија - Сексот и Градот
  • 2001: Добитник: Најдобра актерска изведба во тв серија: Мјузикал или Комедија - Сексот и Градот
  • 2000: Добитник: Најдобра актерска изведба во тв серија: Мјузикал или Комедија - Сексот и Градот
  • 1999: Номинација: Најдобра актерска изведба во тв серија: Мјузикал или Комедија - Сексот и Градот

Еми

  • 2004: Добитник: Главна актерска улога во комедија - Сексот и Градот
  • 2004: Номинација: Инзвонредна комедија - Сексот и Градот
  • 2003: Номинација: Главна актерска улога во комедија - Сексот и Градот
  • 2003: Номинација: Инзвонредна комедија - Сексот и Градот
  • 2002: Номинација: Главна актерска улога во комедија - Сексот и Градот
  • 2002: Номинација: Инзвонредна комедија - Сексот и Градот
  • 2001: Номинација: Главна актерска улога во комедија - Сексот и Градот
  • 2001: Добитник: Инзвонредна комедија - Сексот и Градот
  • 2000: Номинација: Главна актерска улога во комедија - Сексот и Градот
  • 1999: Номинација: Главна актерска улога во комедија - Сексот и Градот

Филмографија[уреди]

Година Наслов Улога Белешки
1982 Square Pegs Patty Greene
1983 Somewhere Tomorrow Lori Anderson
1984 Footloose Rusty
1985 Girls Just Want to Have Fun Janey Glenn
1986 A Year in the Life Kay Erickson (The "Free Spirited" girl)
Flight of the Navigator Carolyn McAdams
1991 L.A. Story SanDeE*
1992 Honeymoon in Vegas Betsy/Donna
1993 Striking Distance Jo Christman/Det. Emily Harper
Hocus Pocus Sarah Sanderson
1994 Ed Wood Dolores Fuller
1995 Miami Rhapsody Gwyn Marcus
1996 Mars Attacks! Nathalie Lake
If Lucy Fell Lucy Ackerman
The First Wives Club Shelly Stewart
1997 'Til There Was You Francesca Lanfield
1998 Sex and the City Carrie Bradshaw 6 сезони
1999 Dudley Do-Right Nell Fenwick
2000 State and Main Claire Wellesley
2001 Life Without Dick Colleen Gibson
2005 The Family Stone Meredith Morton
2006 Strangers with Candy Peggy Callas
Failure to Launch Paula
2007 Spinning Into Butter Sarah Daniels
2008 Smart People Janet Hartigan
Sex and the City: The Movie Carrie Bradshaw
2009 Did You Hear About The Morgans? Meryl Morgan
2010 Sex and the City 2 Carrie Bradshaw-Preston Се снима

Надворешни врски[уреди]

Интервју[уреди]