Марс напаѓа!
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
| „Марс напаѓа!“ | |
Постер. |
|
| Режирано од | Тим Бартон |
|---|---|
| Продуцент | Тим Бартон Лери Џ. Франко Лори Паркер |
| Сценарист | Џонатан Гемс |
| Настапуваат | Џек Николсон Глен Клоус Анет Бенинг Пирс Броснан Дени Девито Мартин Шорт Сара Џесика Паркер Џек Блек Мајкл Џ. Фокс |
| Музика | Дени Елфман |
| Кинематографија | Питер Сушицки |
| Монтажа | Крис Лебенцон |
| Дистрибутер | Ворнер Брос |
| Премиера | 13 декември, 1996 |
| Времетраење | 106 мин. |
| Јазик | англиски |
| Буџет | 70.000.000 долари |
Марс напаѓа! е американски филм од 1996 година на Тим Бартон, по жанр – црна комедија и научна фантастика.
Филмот е комбинација на „ефтинарија“ со буџет како за блокбастер, изобилувајќи со специјални ефекти. Саундтракот е на Дени Елфман.
Филмот доби различни критики од американски критичари, но беше попопуларен во Европа.
[уреди] Синопсис
Марсовци доаѓаат на планетата Земја и претстедателот на САД бара мирни односи меѓу нив и човечките суштества. Но, марсовците тоа го игнорираат и ја напаѓаат планетата со пиштоли на ласерски зраци. При нападите, може да се види како некои марсовци „си играат“ со некои светски познати споменици, како планината Рашмор и Ајфеловата кула. Луѓето се во паника, и еден од главните личности оди да ја спаси баба му, а при тоа открива начин како да ги уништи вонземјаните, а тоа е свирејќи песна насловена "Indian Love Call" од Слим Витман. Од таа песна, на марсовците им експлодира мозокот. Планетата е спасена, но во голем дел уништена.
[уреди] Надворешни врски
|
||||||||||||||