Свини Тод (филм)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
„Свини Тод: Демонскиот Бербер од Флит Улицата
(Sweeney Todd: The Demon Barber of Fleet Street)“
Sweeneylarge.jpg
Режирано од Тим Бартон
Продуцент Ричард Д. Занук
Сценарист Кристофер Блонд (роман)
Стефан Сондем (текстови)
Хју Вилер (драма)
Настапуваат Џони Деп
Хелена Бонам Картер
Алан Рикмен
Тимоти Спол
Џејми Кембел Боуер
Музика Стефан Сондем
Дистрибутер DreamWorks
Universal Pictures
Warner Bros
Премиера 21 декември 2007
Држава Flag of the United States.svg САД
Обединето Кралство Обединето Кралство
Јазик англиски
Буџет $50,000,000
Бруто заработка $80,000,829

Свини Тод: Демонскиот бербер од улицата Флит (англиски: Sweeney Todd: The Demon Barber of Fleet Street) е хорор-мјузикл филм од 2007 година, во режија на Тим Бартон. Филмот е реазилиран според бродвејскиот мјузиклот Свини Тод. Главните улоги во филмот ги толкуваат: Џони Деп, Хелена Бонам Картер, Саша Барон Коен, Тимоти Спал, Џејни Вајснер и Ален Рикмен. Својата премиера во САД, филмот ја имал на 21 декември 2007 година. Филмот е добитник на наградата „Златен глобус“, во категориите „најдобра комедија или музички филм“ и „најдобар актер во комедија или музички филм“. Исто така, филмот имал и три номинации наградата „Оскар“.[1]

Приказна[уреди]

Бенџамин Баркер (го игра Деп) е неправедно осуден од еден расипан судија. Затоа, тој се заколнува дека ќе се одмазди за претрпената несреќа. Тој се враќа во Лондон по 15 год. од неправедното заробништво во Австралија и ја бара смртта на судијата, кој го одвоил од неговото семејство и му ги грабнал неговата жена и новородената ќерка, Џоана. Во градот, тој отвара берберница под лажното име Свини Тод. Кога дознава дека неговата жена се отрула, откако судијата ја силувал, Свини станува демонски бербер. Доказите за невидените муштерии исчезнуваат, а негова соработничка му е Г-ѓата Ловет (ја игра Бонам Картер).[2] [3]


Глумци Ликови
Џони Деп Бенџамин Баркер / Свини Тод
Хелена Бонам Картер Г-ѓа Ловет
Алан Рикмен Јуџ Турпин
Тимоти Спол Бидл Бамфорд
Саша Барон Коен Адолфо Пирели
Лаура Мишел Кели Луси Баркер
Џејн Виснер Џоана Баркер

Наводи[уреди]

  1. „Сурова одмазда за неправдите од минатото“, Антена, број 842, 15.8.2014, стр. 3.
  2. Антена, број 852, 24.10.2014, стр. 25.
  3. „Сурова одмазда за неправдите од минатото“, Антена, број 842, 15.8.2014, стр. 3.