Голема риба (филм)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Големата риба (англиски: Big Fish) е американски филм од 2003 година, во режија на Тим Бартон. Главните улоги ги играат: Јуан Мекгрегор, Алберт Фини и Џесика Ланг.

Содржина[уреди | уреди извор]

Едвард Блум отсекогаш бил раскажувач на драматични приказни за својот живот во младоста, кога неговата страст за патување го одвела од еден мал град во Алабама во разни места ширум светот и пак назад. Со своите чудни приказни за џинови, сијамски близначки-пејачки, вештерки, бури, тој успева шармира секого што ќе го сретне, освен својот отуѓен син, Вил. Кога мајката на Вил, Сандра, ќе се обиде да ги зближи, Вил ќе мора да научи да ги раздвои реалноста и фантазијата, особено кога станува збор за доживувањата на неговиот татко.[1] [2] [3]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Антена, број 822, 28.3.2014, стр. 21.
  2. Антена, број 832, 5.6.2014, стр. 27.
  3. Антена, број 862, 2.1.2015, стр. 27.