Битлџус

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
„Битлџус
Beetlejuice
Битлџус Филм.jpg
Слика за филмот Битлџус
Режирано од Тим Бартон

Битлџус (англиски: Beetlejuice) е комедија/хорор филм од 1988 година. Во филмот глумат Алек Болдвин, Џина Дејвис, Винона Рајдер, Кетрин О'Хара, Џефри Џоунс и Мајкл Китон како Битлџус. Филмот започнува со неодамна починат брачен пар, кој бара помош од "био-егзорцистот" Битлџус со цел да ги избркаат новите газди на нивната куќа во Англија, кои што потекнуваат од Њу Јорк.

Филмот Битлџус заработи 13 милиони долари во САД, а со целосното прикажување низ светот вкупно заработи 73.330 милиони долари. Својата премиера Битлџус ја имаше на 30 март 1988 год.

Содржина[уреди]

Среќно-венчаниот брачен пар Адам (Алек Болдвин) и Барбара Мејтленд (Џина Дејвис) решаваат да ги проводат празниците во нивната куќа во Англија. Враќајќи се од еден пат, Барбара нагло свртува со нивниот автомобил со цел да избегне куче на патот. Автомобилот се лизнува од мостот и паѓа во река и Адам и Барбара се враќаат во нивната куќа, но не знаат како се вратиле. Адам излегува од куќата и наеднаш се наоѓа во чудна пустинска димензија. Барбара го наоѓа и се враќаат дома, но откриваат дека немаат одраз во огледало и наоѓаат книга со наслов "Прирачник За Неодамна Починати", и сваќаат дека тие се духови.

Адам и Барбара, иако духови не смеат да ја напуштат нивната куќа, бидејќи ако го сторат тоа, ќе се најдат во чудна пустинска димензија со песочни црви. Иако по некое време се смируваат, нивниот мир е прекршен со вселувањето на фалимијата Дитз во нивната куќа. Фамилијата Дитз е составена од: Чарлс (Џефри Џоунс), втората жена на Чарлс, Делија (Кетрин О'Хара) и ќерката на Чарлс од првиот брак, Лидија (Винона Рајдер).

За да ја обноват куќата, на фамилијата Дитз им помага интериерскиот дизајнер Ото (Глен Шедикс) и ја трансформираат куќата во модерно парче уметност, кое многу им пречи на Адам и Барбара. Адам и Барбара бараат помош од работникот на нивниот случај, Џуно (Силвија Сидни) која им кажува дека мораат да останат во куќата уште 125 години. Тие мораат сами да ги исплашат и да ги избркаат од нивниот дом, но никако не успеваат во тоа.

Иако Адам и Барбара се невидливи, Лидија може да ги види и станува нивна пријателка. Иако Џуно ги советува Адам и Барбара да не барра помош од "био-егзорцистот" Битлџус (Мајкл Китон), тие сепак знаат како да го повикаат со кажување на неговото име 3 пати и тоа и го прават. Методите на Битлџус се опасни и тој е повеќе заинтересиран да се ожени за Лидија, отколку да влезе во светот на живите и да им помогне на Адам и Барбара. Во меѓувреме Ото го наоѓа "Прирачникот За Неодамна Починати" и прави ритуал за да ги повика Адам и Барбара меѓу живите. Во тоа ќе успее, но телата на Адам и Барбара ќе почнат да се распаѓаат и Лидија нема друг избор освен да го повика Битлџус. Иако се потребни многу напори потоа да го уништат Битлџус, Адам и Барбгара заедно со Лидија успеваат. Фамилиите Дитз и Мејтленд решаваат да живеат заеднички и мирен живот.

Актери[уреди]

Алек Болдвин и Џина Дејвис како Адам и Барбара Мејтленд: Млад брачен пар, кој загинува во сообраќајна несреќа. Адам е професионален градител на минијатурни модели, додека Барбара ужива да поправа работи во нивниот дом. После нивната смрт, бараат помош од Битлџус, по што после се каат.

Винона Рајдер како Лидија Дитз: Ќерката на Чарлс Дитз (Делија е нејзината маќеа), која има готски менталитет, со што се чувствува како вонземјанин меѓу луѓето. Таа е единствената која може да ги види Адам и Барбара и станува нивна пријателка.

Кетрин О'Хара како Делија Дитз: Жената на Чарлс и маќеата на Лидија и таа исто така е изградувач на скулптури.

Џефри Џоунс како Чарлс Дитз: Успешен човек кој сака мир, да се релаксира и собира купони.

Мајкл Китон како Битлџус: Поранешен соработник на Џуно, кој потоа станува "био-егзорцист". Овој лик во филмот е мистерија;не се знае колку години има и како умрел, но се знае дека умрел од црна смрт.

Глен Шедикс како Ото: Близок пријател на Делија. Тој е интериерски дизајнер и поранешен експерт во паранормалноста.

Силвија Сидни како Џуно: Главната за случаите на луѓето после смртта. Таа инсистира Адам и Барбара да не бараат помош од Битлџус.