Кери Бредшо

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Кери Бредшо
200px
Сара Џесика Паркер како Кери Бредшо Престон
Прво појавување Сексот и градот:
"Сексот и градот"
(епизода 1.01)
Споменарите на Кери:
„Пилот“
(епизода1.01)
Последно појавување Original series:
Sex and the City 2
Информации

Кери Бредшо Престон[1] е измислен лик и главен карактер во драмата на телевизиската куќа HBO и комедијата на ситуацијаСексот и Градот“ како и серијата Дневниците на Кери на телевизиската куќа „CW“ каде главните улоги ги играат Сара Џесика Паркер и Ана Софија Роб. Таа е полу-автобиографски лик измислен од страна на Кендис Бушнел која ја објави книгата „Сексот и Градот“, а е базирана на колумните кои ги пишувала за „Њујорк Обзервер“. Во серијата на телевизиската куќа „HBO“, Бредшо е колумнист во еден Њујоршки весник, помодар, а подоцна и независен писател за „Вог“ и застапен автор. Нејзината колумна „Сексот и Градот“ која излегува секоја седмица ги одредува насловите, приказните и коментарите за секоја епизода од серијата.

Во 2004 година, Бредшо се најде на листата за „најдобрите 100 филсмки ликови“ на магазинот „Браво“. Во 2009 година весникот „The Guardian“ ја нарече Бредшо „икона на деценијата“ наведувајќи дека и Кери Бредшо направила пресврт во културата и разбирањето на одредени прашања за жените како и вистинските пионери. Во 2010 година, пак, се најде како втора по ред, на листата на „ТВ Водич“ за „25 најславни телевизиски лица на сите времиња“. Котираше како 41-ва личност на листата на „незаборавни женски телевизиски личности“ на компанијата „АОЛ“. Според „Тв Водич“ таа е најмодерното ТВ лице. Нејзината љубовна врска со „Ѕверката“ се најде на листата за „Најдобри филмски двојки на сите времиња“ на „Тв Водич“. Паркер за својата изведба доби Еми награда, награда од „Здружението на актери“ како и Златен Глобус. Во февруари 2012 година билп најавено дека Ана Софија Роб ќе ја игра улогата на младата Кери Бредшо во тинејџерската ТВ серијаДневниците на Кери“, чиј претходник е серијата „Сексот и Градот“.

Главни информации и особини за ликот[уреди]

Кери пишува колумни во непостоечкиот весник "Њујорк Стар", која се вика "Сексот и Градот". Колумната се фокусира на сексуалните авантури на Кери и на нејзините блиски пријатели како и размислувања поврзани со љубовните врски помеѓу мажите и жените, состанувањето и животот во Њујорк. Сето тоа станува еден белег по кој Кери ќе стане препознатлива во градот. Луѓето кои ја читаат нејзината колумна понекогаш ја опишуваат како нивна идол. Метју Мекхонаки ќе продуцира филм базиран на нејзината колумна во третата сезона од серијата. Во петтата сезона дел од нејзините колумни ќе се спојат во книга. На крајот на четвртата сезона Кери почнува да пишува хонорарни колумни во "Вог". Иако на почетокот тешко се согласува со Енид (Кендис Берген), нејзината зајадлива и напорна уредничка во "Вог", Кери успева да го пронајде својот пат и да се спријатели со неа.

Кери непоправливо ја водат нејзините емоции, барајќи го своето место во светот на "Ѕверката" (според неа: клучот од неговиот стан или пак фиока во неговата бања) но и кај другите блиски (кога се вознемирува заради критиката напишана во "Њујорк Стар" од страна на книжевниот критичар Мичико Какутани, по повод нејзината книга). На крајот од првата сезона од серијата таа го тера Ѕверката да и каже : "Јас сум таа вистинската" и е загрижена бидејќи тој одбива да ја запознае со неговата мајка. Кери честопати е себична (како што е случајот со нејзината афера), и доколку оваа нејзина "комплицираност" не и ја посочат пријателките, таа е склона да се "понесе во чувствата" - фраза која ја измисли Ѕверката во втората сезона. Од сето ова се создаде еден лик со недостатоци и размислувања како и сите, а тоа се должи на самопотценувачкиот хумор со кој објаснува стереотипни прашања како на пр. машко-женските односи (чија главна цел е секако обврската да се биде со некого).

Кери е пасивен пушач и кога тоа го прави најчесто ја гледаме со "Марлборо" цигари. Во 3 и 4 сезона , кога веќе е во врска со Ејден, неколку пати се обидува да ги откаже цигарите користејќи лепенки против пушење. Таа ужива пиејќи коктели (особено Космополитан - тоа помогна да се популаризира овој пијалок). Иако Кери многу добро ги знае проблемите што ги има во врските, поради лошите искуства во текот на серијата, сепак е романтичарка во бескрајна потрага по вистинската љубов и не се задоволува со : "ништо помалку од пеперутки во стомакот". Но и покрај ова, таа постојано се двоуми дека е од оној тип на жена која би се омажила и би имала семејство.

Кери живее во околината на Менхетен во Њујорк, во зграда од црвенкаст градежен камен, која се наоѓа на горен Менхетен, на измислен куќен број 245, а адресата е East 73rd Street, меѓу Парк и Медисон. Во овој стан живее во сите 4 сезони од серијата и во 4тата сезона го купува од Ејден. Во почетните епизоди од првата сезона може да се забележи дека станот на Кери се наоѓа веднаш над едно кафуле во непосредна близина на Авенијата Медисон. До приближно четвртата сезона сите згради во близина на нејзиното место на живеење се со исти фасади и така остануваат до крајот на серијата. Само во првата епизода станот на Кери е различен од останатите 93 епизоди од тв серијата и од двата дела од играниот филм. Во вистинскиот живот, познатите скали од нејзината зграда се наоѓаат на Пери Стрит 66, Њујорк (Вест Вилиџ, Менхетен).

Многу малку се кажува за животот на Кери пред серијата. Таа за прв пат доаѓа во Менхетен во вторник на 11 Јуни 1986 година, кога имала приближно 21 година земено според нејзината возраст која се спомнува во други сцени од серијата. Во филмот таа кажува дека во истиот стан живее 20 години (иако во една сцена вели дека има 35 години и дека во тој стан живее веќе една деценија), што значи дека живеела во градот 5 години пред да се пресели на наведената локација. Во четвртата сезона, Кери му кажува на еден фотограф дека кога прв пат пристигнала во Њујорк била толку сиромашна што би си купела еден примерок "Вог" наместо јадење. Исто така се спомнува дека таткото на Кери ги напуштил неа и мајка и кога таа имала само 5 години, а браќа и сестри нема. Во серијата се открива и дека на 22 годишна возраст имала абортус, откако се впуштила во авантура со некој келнер во 1988 година.

Во еден разговор со Шарлот, таа и кажува дека кога имала 16 години ја изгубила невиноста во собата на Сет Бејтсмен, поточно на неговата маса за пинг-понг. Во шестата сезона (Момче на паузи), Кери се среќава со уште едно нејзино бившо момче по име Џереми (Дејвид Духовни) и според неа, тие никогаш немале интимен однос, бидејќи биле млади и сакале да се чуваат.

Авторката на "Сексот и Градот", Кендис Бушнел, неодамна ја објави во печат нејзината нова книга насловена како: "Летото и Градот": "Роман за Дневниците на Кери" кои ги опишуваат ликовите во "Сексот и Градот" во нивните тинејџерски години. Романот открива дека Кери учела во престижниот Ivy League University, Brown, во 1980 ите.

Облека/костими Кери е опишана како личност која живее за модата и има признаено дека во одредени моменти купувала "Вог" наместо вечера.

Позната е по тоа што обожува чевли и е наклонета кон скапите брендирани чевли (особено оние на Маноло Бланик , Кристијан Лобутин и Џими Чу). Во една ситуација Миранда сфаќа дека Кери има потрошено над 40 илјади американски долари само за чевли. (Според Миранда) нејзините чевли, односно еден пар чевли, најверојатно чинат приближно 400 американски долари и додава дека во нејзиниот плакар има барем 100 уникатни чевли. Кери често знае да измеша кичести старомодни парчиња облека со модерни брендирани потпетици. Се споменува и дека Barneys, Bergdorf GoodmanSaks Fifth Avenue се меѓу нејзините најомилени места за шопинг.

Taa еднаш се согласува да биде модел на една добротворна модна ревија (со "вистински луѓе" и модели), но под услов да ја задржи оригинална "Долче и Габана" облека која ќе ја носи за снимањето. Но нејзиниот план не успева бидејќи фустанот кој треба да го носи на ревијата е заменет со свилена долна облека. Позната е и по тоа што се облекува и во "Александар Меквин" и многу други: Ана Молинари, Баленсијага, [[Бетси Џонсон], Селин, Шанел, Клои, Кристијан Диор, Кристијан Лакроа, Кристијан Лобутин, Дајан фон Фурстенберг, Фенди, Живанши, Гучи, Хедерет, Хелмут Ланг, Хермес, Жан Пол Готје, Џереми Скот, Џими Чу, Луј Витон, Ланвин, Маноло Бланик, Марк Џејкобс, Марни, Мисони, Миу Миу, Мосчино, Прада, Оскар де ла Рента, Роберто Кавали, Шиаци Чен, Серхо Роси, Соња Рикиел, Том Форд, Ив Сен Лорен, Вера Ванг, Валентино, Версаче, Вивиен Вествуд.

Фантастичниот плакар на Кери изгледа малку прескап за скромниот приход за една писателка (барем така е прикажано до петтата сезона, кога добива понуда да напише книга. Секоја наредна сезона, а и во двата дела од играниот филм, таа станува побогата, иако тоа може да биде поради нејзиниот богат сопруг). Всушност многу од нејзините блиски коментираат дека Кери неможе да си ја дозволи таа нејзина зависност од шопинг. Одвреме - навреме, Кери го надминува лимитот на нејзините кредитни картички и затоа не и е дозволено подигнување на кредит од банка. Таа има признаено дека и нејзината "зависност од чевли" е голем виновник за долговите со кредитните картички. Во една епизода, иронично коментира дека "буквално таа би можела да биде жената која си живеела во својот чевел". Во епизодата "Моќта на женскиот пол" од првата сезона на серијата, својата зависност од чевли Кери ја нарекува "суштинска злоупотреба". Друг моден инцидент од животот на Кери е кога и ја крадат нејзината "Фенди" чанта и омилените "Маноло Бланик" розови сандали со ремчиња од антилоп што ги купила на распродажба.

Во третата сезона, трчајќи по траектот кој вози до Стејтен Ајленд го губи едниот чевел "Џими Чу"и за тоа време го пропушта и траектот. Во епизодата "Правото на жената за чевли" Кери несрамејќи се и бара пари на една нејзина пријателка за чевлите кои се изгубиле на нејзината забава бидејќи истата пријателка не дозволувала на забавата да се влезе обуен. Ова лицемерие од страна на пријателката која и вели дека"самата си виновна бидејќи си купила многу скапи чевли" Кери го забележува откако сфаќа дека во текот на годините потрошила илјадници долари за подароци (за нејзините деца, за свршувачки, за свадбени подароци и слично). По оваа случка Кери се прашува зошто слободните жени не би можеле да си дозволат да потрошат малку повеќе пари за нивните лични потреби, и одговорот го наоѓа во фразата "Халмарк не произведува картички со слоганот: Ви честитаме што не се омаживте за погрешниот човек".

Љубовните врски на Кери[уреди]

"Ѕверката"[уреди]

Серијата почнува и завршува со "Ѕверката" (Крис Нот), најголемата и љубов на Кери во серијата. Нивната врска е проследена со романтични но и кризни периоди како што се неговите нејасни чувства но и срамежливоста на Кери што ја спречува да му се спротивстави и да ги реши сите нејзини стравувања, несигурности и емоционални потреби. И покрај сите кризни моменти во нивната врска тие секогаш завршуваат заедно- а тоа ги причинува и радоста и стресот на Кери.

"Ѕверката" е претставен како богат човек кој случајно налетува на Кери на улица и несакајќи ја турка нејзината чантата од која испаѓаат неколку презервативи - колку засрамувачки за неа. Втората случајна средба е на една забава, од каде што тој ја враќа дома со неговата лимузина. Во текот на серијата тие стануваат се поблиски. На почетокот таа е малку зачудена од него и се однесува резервирано и веднаш му го дава прекарот "Ѕверката". Но сепак, тие имаат пријателски и страсен однос иако тој "секогаш останува малку недостижен за Кери"-според зборовите на продуцентот Мајкл Патрик Кинг. Вистинското име на "Ѕверката" не се открива се до последната епизода од крајната сезона, кога го дознаваме од идентификаторот на мобилниот телефон на Кери. Неговото целосно име и презиме, Џон Џејмс Престон конечно го дознаваме во првиот игран филм "Сексот и градот".

Кога прв пат се разделуваат тоа е поради неспособноста на Ѕверката да ги покаже неговите вистински чувства за Кери. Ќе се смират, но за кратко време повторно се разделуваат бидејќи тој мора да се пресели во Париз на работа. Кога ќе се врати назад во САД, случајно ќе се сретнат во Хемптонс, каде таа дознава дека Ѕверката се свршил со Наташа, која работи во Париз за "Ралф Лорен". Кери се обидува да се помири со околностите и да продолжи по својот пат, започнувајќи ја врската со Ејден Шо. Сепак таа не успева да го заборави Ѕверката и тогаш следува нивната тајна врска за која што Ејден ќе дознае неколку моменти пред венчавката на Шарлот. Кери и Ѕверката имаат пријателски однос еден со друг но сепак тука има и малку романтика, страст и флерт, се до последната епизода во која Ѕверката и изјавува љубов и и ги шепнува на Кери долгоочкуваните зборови: "Ти си вистинската".

На почетокот од филмот "Сексот и градот" тие одлучуваат да се венчаат, но само регистрација, поточно во Градското Собрание. Меѓутоа, свадбените планови прераснуваат во нешто посложено и токму пред свадбата, Ѕверката добива трема од медиумското внимание и од големиот број поканети гости, и се одлучува да избега. Повредена и измамена, Кери се повлекува од секаква комуникација и без да знае ги игнорира сите љубовни писма и е-пораки напишани од него. Кога конечно ќе се сретнат случајно и ќе ги решат сите љубовни проблеми, во во мала, интимна атмосфера ќе се венчаат во Градското Собрание (токму онака како што Ѕверката отсекогаш си замислувал).

Во вториот дел од филмот "Сексот и градот" страста исчезнува. Кери гледа дека "искрата" во нивниот брак полека се губи а Ѕверката слободното време го минува седејќи пред телевизорот и вечерајќи дома. Таа сака да си ги среди мислите а воедно и да ја пишува на мира својата книга, затоа оди во нејзинот стар стан на два дена. Пријатно се изненадува кога таа вечер на врата се појавува Ѕверката за да ја покани на вечера. Тоа за неа е знак дека нивниот брак повторно ќе заблеска со стариот сјај. Ѕверката и предложува на Кери да поминуваат по два дена во неделата одделени, со цел да се зачува "живоста"на нивниот брак. Кери по малку повредена и не по своја волја ќе се согласи на овој предлог и ќе отпатува во Абу Даби заедно со Саманта, Шарлот и Миранда. За време на престојот таму Кери сознава колку е важно да се зачува бракот, откако нејзиниот батлер ја раскажува неговата приказна и како тој е разделен од неговата сопруга дури и по неколку месеци, и кога конечно ќе и се врати дома ништо друго освен тие двајца не е важно. Истовремено, Кери има судбински решавачка средба со нејзината стара љубов, Ејден, случајно на пазарот во Абу Даби. Поради една лоша критика во "Њујоркер" по повод нејзината нова книга, Кери е видно вознемирена и решава да оди на вечера со Ејден. На вечерата тие се посетуваат на нивното минато и ненадејно ќе се бакнат. Кери веднаш се кае за овој нејзин чекор и бара совет од пријателките за тоа дали да му каже на Ѕверката. Саманта и вели тој бакнеж воопшто да не го спомнува зашто е неважен и краток момент, но овој товар е премногу за Кери и сепак му кажува. Ѕверката е повреден а Кери е загрижена дека по овој настан тој ќе сака да се разделат. Кога ќе се врати од Абу Даби, Кери сеуште ќе го нема чуено ниту видено Ѕверката. Таа ноќ кога Ѕверката ќе си дојде дома тие двајца ќе разговараат за иднината на нивниот брак, и за тоа дека Кери треба да престане да се грижи за тоа дека ќе станат уморен и здодевен стар брачен пар. На денот кога ги обновуваат брачните завети, тој ќе и подари прстен со црн дијамант (за да го оправда телевизорот со рамен екран, кој и го подари на Кери за претходната годишнина и со кој воопшто не ја воодушеви). Со тој прстен Ѕверката сака да му каже на "светот" дека Кери е зафатена и дека е негова. Тие никогаш нема да станат едни од оние "здодевни стари брачни парови", напротив, изгледаат многу среќно и опуштено и се чини дека си го вратија назад "стариот сјај" а тоа се должи на нивниот заеднички труд но и на дијамнтскиот прстен на Кери.

Ејден Шо[уреди]

Следната сериозна врска на Кери по болната разделба од "Ѕверката" е дизајнерот на мебел, Ејден Шо (Џон Корбет) кој работи во Менхетен. Со неговата смиреност, воздржаност и трпеливост како и со искрениот и донекаде "старомоден" однос со Кери, Ејден е целосна спротивност од Ѕверката. Тие се запознаваат преку пријателот на Кери, Стенфорд Блеч. Нивната врска е едноставна и романтична, што на моменти ја збунува Кери, бидејќи таа се навикнала на стресот и нервозите кои ги имала додека била во врска со Ѕверката. Почнува да се чувствува заробена зашто никако неможе да се откачи од Ѕверката. Кери и Ејден прв пат ќе раскинат на свадбата на Шарлот, кога таа ќе ја признае љубовната афера со Ѕверката.

Подоцна во серијата следи нивното смирување, заедничкото живеење како и нивната сврувачка која сепак нема да резултира со брак бидејќи Кери ќе сфати дека не е подготвена за таков чекор со него. Уште поголема болка ќе предизвика фактот дека Ејден сакал да се ожени со неа само затоа што не е сигурен во нејзината љубов и сеуште не и верува, а тој пак со бракот сака да докаже на сите дека Кери му припаѓа само нему. Во првите епизоди од шестата сезона на случајната средба на улица со Ејден, Кери дознава дека тој се оженил со Кејти, неговата колешка од работа и дека има син по име Тејт (кој го игра вистинскот син на Сара Џесика Паркер). Се договараат да седнат на кафе во близина, и тогаш следува нејзиниот коментар : "Постојат некои датуми кои едвај ги чекаме да дојдат, а постојат и оние за кои и двајцата знаеме дека никогаш нема да ги дочекаме". Судбинската средба на Ејден и Кери во второто продолжение од филмот "Сексот и градот " е еден од главните заплети. На локалниот пазар во Абу Даби, купувајќи заедно со Миранда, Кери налетува на Ејден и се договараат да излезат на вечера заедно. Кери е многу вознемирена поради краткиот бакнеж со Ејден таа вечер и решава да му ја каже вистината на Ѕверката. По долго размислување за оваа случка Ѕверката сфаќа дека оваа грешка Кери ја направила бидејќи не верува доволно во нивната љубов и решава да и прости.

Џек Бергер[уреди]

Откако ќе заврши нејзината врска со Ејден, Кери започнува да излегува со новелистот Џек Бергер (Рон Ливингстон). Тие се запознаваат во канцеларијата на незиниот издавач (Ејми Седарис) за време на дискусијата по повод нејзината следна книга. На нивниот прв состанок Кери пие милкшејк со вкус на јагода од Мекдоналдс, а на тоа Бергер додава: "Мислев дека милкшејк со вкус на јагода нарачуваат само деца од 11 години". На Кери и се допаѓа неговата смисла за хумор. Но кога ќе го покани да биде нејзина придружба на нејзината забава, тој и вели дека има девојка. По прилично нестабилниот почеток на нивната романса (во кој Бергер мора да ги расчисти работите со неговата поранешна девојка, Лорен) тие имаат една мошне слободна и пријатна врска, поради која Кери изгледа многу среќна.

Бергер е познат по реченицата: "Не му се допаѓаш толку многу" која и ја кажува на Миранда откако е разочарана бидејќи не и се јавил човекот со кој неодамна излегла на состанок. Оваа реплика послужи како инспирација за некои книги а подоцна и авторите на Сексот и градот напишаа сценарио за филм.

Како што Кери станува се поуспешна, особено откако вториот роман на Бергер нема да биде издаден, нивниот однос почнува да се разнишува. Бергер е се понесигурен во своите способности како писател поради новооткриениот успех на Кери и тоа што нејзниата книга станува популарна и надвор од државата, но и големиот приход кој таа го заработува заради авторските права. Нивниот однос уште повеќе се влошува кога Кери без да има лоша намера ќе му каже дека во неговиот прв роман не и се допаднало тоа што косата на главната хероина не би требало да биде врзана со стегач (бидејќи во денешно време модерна жена од Њујорк не го прави тоа).

Нивната врска е проследена со многу кавги и "паузи" еден од друг. Бергер сака повторно да се смират и и изјавува љубов на Кери. Но сепак една вечер тој ќе си замине без да се збогува оставајќи и само едно писменце на кое и напишал: "Прости ми, не можам. Те молам не мрази ме". По ова негово избрзано заминување, тој се спомнува само во уште една епизода - кога Кери налетува на некои негови пријатели и луто им вели дека начинот на кој ја оставил е неучтив и патетичен.

Александар Петровски[уреди]

Во шестата сезона од серијата Кери се запознава со богатиот и успешен руски уметник Александар Петровски (на руски Александр ПетровскиŸ, Mikhail Baryshnikov). Кери ужива во оваа врска но проблемите се јавуваат кога ќе разбере дека тој веќе има дваесетгодишна керќа и дека не сака повеќе деца. Поради тоа направил вазектомија. Кери е под притисок да избере помеѓу долгата љубов со Петровски и можноста во иднина да има свои деца. Се прашува дали неговата љубов ќе го надомести тоа што нема да стане мајка. И покрај тоа што Кери знае дека никогаш нема целосно да и се посвети емотивно само на неа, бидејќи е многу посветен на неговата уметност, таа одлучува да остане со него. Дури во еден момент, тој Кери ја нарекува "љубовница".

Петровски и предлага да ја остави работата и нејзиниот живот во Њујорк и да се пресели со него во Париз, каде што тој има изложба во еден музеј. По извесно убедување, таа го прифаќа предлогот. Во Париз, Кери честопати е осамена, разочарана и збунета од неговите постапки бидејќи ги заборава состаноците со неа и ја остава со часови да чека сама. Таа не го зборува многу добро францускиот јазик а Петровски често ја остава сама додека тој работи. Неговата поранешна жена ја предупредува Кери дека во врската приоритет ќе биде тој. Кери нема пријатели таму, но работите ќе се подобрат кога ќе запознае неколку нејзнини обожаватели и ќе се договорат да се видат во едно кафуле. Повикот од Алекс, видно вознемирен и испаничен неколку минути пред неговата изложба во музејот, ќе ја предомисли да отиде на договорениот состанок со новите пријатели. Кога Кери ќе стигне во музејот Алекс ќе ја остави повторно сама и ќе заборави на неа а таа полека сфаќа дека не му е потребна. Ќе побрза за средбата со обожавателите но тие веќе си заминале и како доказ дека се навредиле од нејзиното извисување Кери ќе забележи дека ја свиткале корицата од нејзината книга. Истата вечер, Кери си заминува и го остава Алекс бидејќи неможе повеќе да ги поднесе неговите емотивни недостатоци и неговата неспособност да и посвети внимание, а при расправијата тој ненамерно и удира шлаканица. Судбината повторно си поигрува со неа во моментот кога наидува на Ѕверката во лобито на хотелот, кој во Париз дошол по неа откако го охрабриле пријателките на Кери и сфатил дека таа е "онаа вистинската". Се враќаат заедно во Њујорк.

Себастијан Кид[уреди]

Првиот бакнеж Кери го доживува со ова богато момче од нејзиниот град, во пливачкиот клуб кога таа имала 15 години. Себастијан е исто така и нејзината прва симпатија.

Џорџ Силвер[уреди]

Тој е првото момче на Кери, а се запознаваат во адвокатската канцеларија каде таа стажира. Кери ќе стави крај на оваа врска откако тој ќе се обиде против нејзина волја да бидат интимни, на задното седиште од неговиот автомобил. Но Кери сеуште го сака Себастијан, а ова го забележуваме од нејзиното божемно "танцување" со Џорџ на училишната игранка.

Данкан Капот[уреди]

Според книгата на Кендис Бушнел "Summer In The City", Данкан бил соученик на Кери во Новото Училиште. На почетокот Кери не го поднесувала бидејќи бил премногу арогантен, но крајот на книгата открива дека тој бил првиот љубовник на Кери.

Библиографија[уреди]

Книги

  • Сексот и градот (збирка од нејзините колумни)
  • „MEN-hattan“
  • Животот на самецот
  • Љубовни писма
  • „I do! Do I?“

Наводи[уреди]

  1. Омажена е за Џон Престон.