Марк Овермарс

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Марк Овермарс
Marc Overmars
Лични податоци
Роден на 29 март 1973 (1973-03-29) (41 г.)
Роден во Емст, Холандија
Висина &100000000000001730000001,73 м
Положба крило
Клупски податоци
Сегашен клуб Ајакс (спортски директор)
Младинска кариера
Го Ахед Иглс
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
1990–1991 Го Ахед Иглс 11 (1)
1991-1992 Вилем II 31 (1)
1992-1997 Ајакс 135 (36)
1997-2000 Арсенал 101 (25)
2000-2004 Барселона 99 (15)
2008-2009 Го Ахед Иглс 24 (0)
Репрезентација
1993-2004 Холандија 86 (17)
* Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари
податоците се од 6 јануари 2011.

† Учества (Голови).

‡ Учествата и головите за репрезентација се според податок од 17 ноември 2010

Марк Овермарс (роден во Емст, на 29 март 1973) е поранешен холандски фудбалер и репрезентативец на Холандија.

Кариера[уреди]

Овермарс ја започнал својата професионална кариера во тимот на Го Ахед Иглс. По својата прва професионална сезона во кариерата во дресот на Го Ахед, Вилем II го купил Овермарс за сума од 200.000 ₤, a по завршувањето на сезоната 1991-92 во холандската лига, тој преминал во редовите на амстердамскиот Ајакс.

Тој бил дел од тимот на Ајакс кој триумфирал во Лигата на шампионите во 1995 година, откако во финалето бил победен Милан со 1-0. Овермарс ги одиграл комплетните 90-минути во овојо натпревар. Поради повреда потоа, тој морал да го пропушти Eвропското првенство во 1996-тата. И покрај тоа што постојано се мачел со повреди во последните неколку сезони додека играл за Ајакс, англискиот, премиерлигаш Арсенал решил да го доведе Овермарс во својте редови во летото 1997 година за 5,5 милиони ₤. Играјќи за Арсенал Овермарс се закитил со три трофеја Премиер лигата во сезоната 1997-98, ФА Куп (1998) и Черити Шилд (истата година), по што во летото 2000 се преселил во Шпанија каде и се приклучил на Барселона за 25 милиони ₤ (40.600.000 €), што го прави Овермарс најскапиот холандски играч на сите времиња.

Овермарс ја завршил својата кариера во 2004 година и станал технички директор на неговиот прв клуб Го Ахед Иглс.

На 10 август 2008 Овермарс ја шокирал јавноста најавувајќи дека повторно му се враќа на фудбалот и дека пак ќе игра за Го Ахед Иглс во сезоната 2008-09. Но поради повреда на коленото пропуштил многу натпревари. По завршувањето на сезоната 2008-09 Овермарс повторно се повлекол од активното играње фудбал, овојпат за секогаш.

За холандската репрезентација Овермарс одиграл 86 натпревари и постигнал 17 голови.

Надворешни врски[уреди]