Бернардо Бертолучи

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Bernardo Bertolucci

Бернардо Бертолучи е италијански режисер, сценограф и продуцент кој има режирано филмови со светски успех:„Последниот император“, „Последно танго во Париз“(кој има освоено 9 Оскари, вклучувајќи го и оној за режија), „Чај во пустината“, „Малиот Буда“ итн.

Роден е во Парма на 16 март 1941. На почетокот на своето школување тој студирал на факултетот за модерна литература во Рим, а потоа ги напушта студиите за сметка на киното, станувајки асистент на својот близок пријател Пјер Паоло Пазолини, правејќи ги воедно и првите чекори во седмата уметност, филмот. Благодарение на Пазолини, како и на интерсот од страна на продуцентот Дел Лука, Бертолучи за првпат работи како асистент на првиот филм од фријулијанскиот регион, Акатоне [1961], кога воедно ја сретнува и неговата идна сопатничка, актерката Адријана Асти.

Следната 1962. година, со Тонино Черви како продуцент и Пазолини како сценарист го реализира првиот долгометражен филм, „Мрачниот убиец“. Брзо се одделува од светот и поетиката на Пазолини, за да ја следи својата индивидуална идеја за киното базирана на личности кои се наоѓаат пред нагли промени на нивниот свет. Tаквата тематика е практично присутна во сите дела на Бертолучи. Неговото име посебно е одбележано во 1972 со скандалот за филмот „Последно танго во Париз“ кој ја одбележува и самата епоха. Во 80-те години патува насекаде во странство, при што неговите острварувања (филмови и дела) се здобиваат со извонредна гледаност. Во 1987 го режира меѓународно познатиот филм, „Последниот император“, кој е награден со повеќе Оскари, меѓу кои за најдобар филм и режија. Во 1990 патува во Мароко за филмот „Чај во пустината“, додека во 1993 работи на проектот за „Малиот буда“ со Киану Ривс.

Последен досега (11.2008.) снимен филм му е „Сонувачи“ од 2003.