Силвестер Шмид

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Силвестер Шмид

Шмит на Тур де Романди 2010
Лични податоци
Цело име Силвестер Шмид
Роден 2 март 1978 (1978-03-02) (36 г.)
Бидгошч, Полска
Висина 1,79 м
Маса 60 кг
Податоци за клубот
Мом. клуб Мувистар Тим
Дисциплина Друмски велосипедизам
Улога Возач
Вид на возач Специјалист за планини
Професионални клубови
2002–2003
2004
2005–2008
2009–2012
2013-
Меркатоне Уно
Саеко Машине пер Кафе
Лампре-Кафита
Ликвигас
Мувистар Тим
Значајни победи
1 етапа, Критериум ду Дофине Либере (2009)
Последна промена
20 јануари 2014

Силвестер Шмид (полски: Sylwester Szmyd; р. 2 март 1978 во Бидгошч) — полски професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата Мувистар Тим.[1] Тој е специјалист за искачување, понекогаш водач на помали етапни трки и силен планински помошник за неговите екипни водачи на големите трки.

Професионална кариера[уреди]

Во 2009, Шмид ја забележал првата победа во неговата кариера, кога ја поминал целта низ Мон Венту во текот на Критериум ду Дофине Либере. Тој бил во бегство со Алехандро Валверде (Кејс д’Епарњ) и двоецот завршил заедни. Потоа, Шмид изјавил дека бил толку користен како помошник за неговите водачи, што неговите нозе на последната кривина скоро да пукнале, кога сфатил дека може да победи.[2]

На Џиро дел Трентино 2012, на Шмид му било дозволено да вози за себе и се пласирал добро на последните две етапи на трката, кои биле планински. На етапата 3 дошол до второто место по стрмните искачувања на етапата. Целта била поставена на 1,5 километри по врвот.[3] На последната етапа до Пасо Пордои, Шмид дошол до четвртото место, обезбедувајќи го третото во генералниот пласман. Снег паѓал на подиумот додека победникот Доменико Поцовиво (Колнаго-ЦСФ Бардијани), Дамијано Кунего (Лампре-ИСД) и тој ги добивале нивните награди.[4]

Учествувал на Џиро д’Италија неколку недели подоцна, возејќи како поддршка на неговиот водач Иван Басо. Бил на чело на групата неколку пати на ридско-планинските етапи и успеал да го обезбеди 26. место.[5]

Шмид ја напуштил неговата екипа Ликвигас-Канондејл на крајот на сезоната 2012 и му се приклучил на Мувистар Тим со двегодишен договор од сезоната 2013.[6]

Достигнувања[уреди]

2001
6. Краен пласман Трка околу Полска
9. Гран Премио де Лодио
2002
3. Краен пласман Трофео Имоблиаре Италија
6. Трка околу Шинберг
2003
8. Краен пласман Џиро дел Трентино
2004
2. ГП Шварцвалд
4. Куп на Јапонија
2005
7. ГП Индустрија & Артиџанато
2006
5. Куп на Јапонија
6. Краен пласман Џиро дел Трентино
9. Краен пласман Сетимана интернационале ди Копи е Бартали
10. Краен пласман Тур де Романди
2007
2. Краен пласман Сетимана Ломбарда
7. Џиро дел’Емилија
9. Краен пласман Тур де Романди
2008
5. Џиро дел’Апенино
8. Краен пласман Џиро дел Трентино
8. Краен пласман Критериум ду Дофине Либере
9. Краен пласман Сетимана интернационале ди Копи е Бартали
2009
1. Етапа 5 Критериум ду Дофине Либере
7. Краен пласман Трка околу Полска
2010
1. Етапа 4 (ТТТ) Џиро д‘Италија
6. Краен пласман Трка околу Полска
10. Краен пласман Критериум ду Дофине
2012
3. Краен пласман Џиро дел Трентино
7. Краен пласман Тур де Романди
2013
9. Вуелта а ла Комунидад де Мадрид

Распоред на резултатите на Гранд Тур[уреди]

Гранд Тур 2002 2003 2004 2005 2006 2007 2008 2009 2010 2011 2012 2013
Jersey pink.svg Џиро 44 24 43 64 19 28 23 43 60 82 26
Jersey yellow.svg Тур 27 61 42 71
Jersey red.svg Вуелта 29 74 24 14 25 17 45

СО = се откажал

Наводи[уреди]

  1. „Мувистар Тим (MOV) – ШПА“. „Светска турнеја UCI“. Меѓународен велосипедистички сојуз. http://www.uciworldtour.com/Modules/SUCI/TEAMS/TeamDetails.asp?id=NA&RefDate=08.01.2013&MenuId=MTY2Njk&LangId=1&BackLink=%2Ftemplates%2FUCI%2FUCI2%2Flayout%2Easp%3FMenuId%3DMTY2Njk%26LangId%3D1. конс. 8 јануари 2013. 
  2. Жан-Франсоа Кене. „Шмид до првата победа на етапата 5 на Дофине“, „Cycling News“, Future Publishing Limited, 12 јуни 2009 (конс. 19 септември 2012).
  3. Даниел Бенсон. „Поцовиво победи во Бренцоне“, „Cycling News“, Future Publishing Limited, 19 април 2012 (конс. 19 септември 2012).
  4. Поцовиво победи на Џиро дел Трентино 2012“, „Cycling News“, Future Publishing Limited, 20 април 2012 (конс. 19 септември 2012).
  5. Резултати од етапата 21 на Џиро д’Италија“, „Velo News“, 2012 Competitor Group, Inc., 29 мај 2012 (конс. 19 септември 2012).
  6. Аткинс, Бен. „Ерос Капеки и Силвестер Шмид го напуштаат Ликвигас-Канондале за Мувистар“, „VeloNation“, VeloNation LLC, 11 август 2012 (конс. 12 август 2012).

Надворешни врски[уреди]