Лазо Милошевски

Од Википедија — слободната енциклопедија

Лазо Милошевски (Тетово, 5 март 1926 - Скопје, 1963) бил југословенски и македонски атлетичар. Бил член на АК Работнички од Скопје.

Животопис[уреди | уреди извор]

Милошевски е роден во Тетово на 5 март 1926 година. Завршил Сојузен курс за атлетски инструктори во Белград. Бил првак на Македонија во атлетика на куси патеки. Прв атлетичар од Македонија, член на Репрезентацијата на Југославија на 400 и 4 Х 400 м, за која настапил шестпати. На Балканските игри во Букурешт (Романија, 1947) освоил златен медал на 4 Х 400 м со балкански рекорд и четврто место на 200 м. На двомечот Италија : Југославија во Милано во 1948 година го освоил прво место на 4 Х 400 м со нов југословенски рекорд. На Првенството на Југославија во Загреб (1950), освоил златен медал на 400 м, со нов македонски рекорд. Бил и уредник на Спортската редакција на Радио Скопје. Во негова чест во Македонија подолго време се организираше меѓународниот меморијален митинг „Лазо Милошевски“, кој во последните години прави пауза во одржувањето[1].

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „АТЛЕТИКА - ВО МАЈ, НА ГРАДСКИОТ СТАДИОН ВО СКОПЈЕ Меморијал во чест на Трајковски“. 18 март 2006. Посетено на 2009-10-24.[мртва врска]