Селин Дион

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Селин Дион

Дион ја пее „Taking Chances“ на концерт во Монтреал, Канада на 19 август, 2008.
Биографски податоци
Родено име Селин Мари Клодет Дион
Céline Marie Claudette Dion
Роден(а) 30 март, 1968
Потекло Шарлемањ, Квебек, Канада
Жанрови поп, поп рок
Занимања Пејачка, текстописка, глумица[1]
Инструменти Глас
Период на активност 1980–денес
Издавачи Saisons, Super Étoiles, TBS (1981–1986)
Sony Music Canada (1986–денес)
Epic (1990–2007)
550 (1992–2000)
Columbia (2007–денес)
Мреж. место www.celinedion.com

Селин Мари Клодет Дион (француски: Céline Marie Claudette Dion, француски изговор: [selin djɔ̃]  Fr-Céline-Dion.oga ) (родена на 30 март 1968) е канадска пејачка, композитор, глумица и деловна жена. Родена во голема, сиромашна фамилија во Шарлемањ, Квебек, Дион се појавува како тинејџерска ѕвезда во францускиот свет откако нејзиниот менаџер и сопруг Рене Анжелил (Rene Angelil) го стави под хипотека нивниот дом за да ја финансира нејзината прва плоча. Во 1990, таа го издава англискиот албум Unison, докажувајќи се како изводлив поп артист во Северна Америка и другите англиски подрачја во светот.

Дион прв пат се здоби со меѓународно признание во 80-тите со победа на фестивалите Yamaha, World Popular Song Festival и 1988 Eurovision Song Contest. По сериите на француските албуми во раните осумдесетти, таа потпиша договор со CBS Records Canada во 1986. Во деведесетите, со помош на Анжелил, таа достигна светска слава по потпишувањето договор со Epic Records и издаде неколку англиски албуми заедно со додатните француски албуми и со тоа стана една од најуспешните изведувачи во историјата на поп музиката. Меѓутоа, во 1999 на врвот на нејзиниот успех, Дион објави привремено повлекување од шоу-бизнисот за да основа фамилија и да биде со сопругот, на кого му дијагностицирале рак. Таа се врати на врвот на поп музиката во 2002 и потпиша тригодишен (подоцна продолжен за пет години) договор за вечерна изведба во театарско шоу со пет ѕвезди во Колосеумот на Палатата на Цезар, Лас Вегас.

Музиката на Дион влијаела на другите жанрови од рок до R&B па сè до црковната музика и класичната музика. Додека нејзините изданија добивале различни критики, таа е позната по својот стручно вешт и моќен вокал. Дион е најдобро продаваниот изведувач од Канада на сите времиња; втор најдобро продаван женски изведувач од времето на Nielsen SoundScan , позади Мараја Кери, во САД; а нејзиниот албум D'eux е најдобро продаван албум на француски јазик на сите времиња. По ненадминливите 175 милиони во светските продажби на албуми, таа е наградена со Chopard Diamond Award на World Music Awards за најдобро продавана женски изведувач на сите времиња. Според Сони Мјузик, Дион продала над 200 милиони албуми, ширум светот.

Живот и музичка кариера[уреди]

Детство и рани почетоци[уреди]

Најмала од сите четиринаесет деца на Адемар Дион и Тереза Тенгуај (Adhemar Dion and Therese Tanguay) , двајцата со француско канадско потекло. Селин Дион е воспитувана како римски католик во сиромашен, но, според неа среќен дом во Шарлемањ, Квебек, Канада. Музиката секогаш била дел од фамилијата (Дион е крстена по песната Селин, снимена од францускиот пејач Hugues Aufray две години по нејзиното раѓање), пораснала пеејќи со своите браќа и сестри во малиот пијано бар на нејзините родители Le Voix Baril. Од мали години Дион сонувала да биде изведувач. Во 1994 интервју со списанието People, таа се сетила, „Ми недостига фамилијата и домот, но не се каам што ја загубив мојата младост. Имав еден сон: Сакав да бидам пејачка.“

На дванаесетгодишна возраст, Дион соработувала со нејзината мајка и нејзиниот брат Жак за да ја компонира својата прва песна, "Ce n'etait qu'un reve" ("It Was Only a Dream"). Нејзиниот брат Мишел Дондалингер Дион ја испратил снимката до музички менаџер Рене Анжелил, чие име го открива на позадината на албумот Жинет Рено. Анжелил бил трогнат до солзи од гласот на Дион и решил да ја направи ѕвезда. Во 1981, тој го ставил под хипотека својот дом за да ја финансира нејзината прва снимка La voix du bon Dieu ("The Voice of the Good God"), која подоцна станала локален хит и со тоа Дион се прославила како ѕвезда во Квебек. Нејзината популарност се раширила насекаде низ светот кога таа во 1982 учествувала на Yamaha World Popular Song Festival во Токио, Јапонија и освои музичка награда за „Најдобар изведувач“ како и златниот медал за „Најдобра песна“ со "Tellement j'ai d'amour pour toi" ("I Have So Much Love for You").

До 1983, освен тоа да стане првата канадска изведувачка која се здоби со златна снимка во Франција за синглот "D'amour ou d'amitie" ("Of Love or of Friendship"), Дион исто така освои неколку Felix Awards, вклучувајќи ги „Најдобар женски изведувач“ и „Откритие на годината“. Понатамошниот успех во Европа, Азија и Австралија дојде кога Дион ја претставувала Швајцарија во 1988 на Евровизија со песната Ne partez pas sans moi (Don't Go Without Me) и за малку не победи во Даблин, Ирска. Меѓутоа, американскиот успех само што дојде, делумно поради тоа што таа беше ексклузивен франкофонски изведувач. На осумнаесет години, откако ја гледала изведбата на Мајкл Џексон, Дион му рекла на Анжелил дека сака да биде ѕвезда како Џексон. Иако сигурен во нејзиниот талент, Анжелил сфатил дека нејзиниот одраз мора да се смени за да се промовира низ светот. Дион исчезнала од центарот на вниманието за неколку месеци, дури таа се подложила и на дентална хирургија за да го подобри нејзиниот изглед и била пратена во Екол Берлиц во 1989 за да го подобри нејзиниот англиски.

Пробивање: 1990-1992[уреди]

Поранешните англиски изданија на Дион[уреди]

"Where Does My Heart Beat Now", првиот северно-американски хит на Дион бил мек рок од 80-тите (Забележете ја нагласеноста на електричната гитара). Се склопува со стил на подоцнежни обиди. "Beauty and the Beast" ималa големо влијание од класичната музика, која станала главен белег во понатамошната работа на Дион. Две години подоцна откако го научила англискиот, Дион го направила нејзиниот настап на англофонскиот пазар со Unison (1990) оригинално снимена од Лаура Браниган. Таа ја вклучила помошта од многу докажани музичари, како Вито Лупрано и канадскиот продуцент Дејвид Фостер. Врз албумот најголемо влијание имала рок музиката од 80-тите која брзо создала сегмент во постариот современ радио формат. Unison ги погодил добрите забелешки со критики: Џим Фабер од Entertainment Weekly напишал дека вокалите на Дион „вкусно едноставни“ и дека таа никогаш не пробала да „воведе стилови кои се зад неа“. Стефан Ерлевин од Allmusic изјавил дека е „фин софистициран настап“. Сингловите од албумот меѓу кои "(If There Was) Any Other Way", "The Last to Know", "Unison" и "Where Does My Heart Beat Now", средно-брза рок балада која направи видна употреба на електрична гитара. Вториот стана нејзин прв сингл во листата од топ 10 во САД и низ Европа и Азија. За поддршка на Unison, Селин Дион започна турнеа. За време на концертот од таа турнеа, таа си го повреди гласот. Се консултира со Вилијам Голд, ОРЛ на другите пејачи како Лучиано Павароти, Франк Синатра и претседателот Џон Кенеди. Тој u постави ултиматум: да прави операција на нејзините гласни жици, или воопшто да не ги користи три недели. Дион ја избра втората и се подложи на дневна рехабилитација со Вилијам Рајли, за целосно да u закрепне гласот.

Во 1991, Дион беше солист во Voices That Care, признание за американските борбени трупи во Операцијата Desert Storm. Вистинскиот меѓународен пробив се случи со дуетот со Пеабо Брисон на траката за анимираниот филм на Дизни, Убавицата и ѕверот (1991). Песната опфати музички стил кој Дион ќе го искористи понатаму: општи, класично влијателни балади со нежна инструментација. Како критички а и комерцијален хит, песната го доби второто место од U.S. top ten листата на синглови и победи на Academy Award за најдобра песна и Греми наградата за Најдобар перформанс дует или група со вокал. „Убавицата и ѕверот“ го карактеризира истоименуваниот албум на Дион од 1992, кој, исто како и нејзиниот настап, има силно влијание од рок измешан со елементи на соул и класична музика. Благодарение на успехот на водечкиот сингл и нејзината соработка со Фостер и Дајан Варен, албумот бил исто добро прифатен како и Unison. Други синглови кои достигнаа среден успех вклучувајќи го "If You Asked Me To" (верзијата на песната на Пети Лабел од филмот Дозвола за убивање од 1989) кој стигна на четврто место на U.S. Billboard Hot 100, евангелиско прошараната "Love Can Move Mountains" и "Nothing Broken But My Heart".

Со поранешните плочи на Дион, албумот имал призвук на љубов. Во меѓувреме, Дион го издаде франкофонскиот албум Dion chante Plamondon во 1991. Албумот содржел најмногу верзии, меѓу кои четири нови песни, кои ги вклучуваат "Des mots qui sonnent," "Je danse dans ma tete," "Quelqu'un que j'aime, quelqu'un qui m'aime" and "L'amour existe encore". Оригиналот излезе во Канада и Франција за време на периодот 1991-1992, а потоа доби меѓународен албум во 1994, првата французинка Селин Дион која го направи тоа. "Un garcon pas comme les autres (Ziggy)" стана хит во Франција, достигнувајќи го второто место и доби златна награда.Во Квебек, албумот се здоби со златна награда на денот кога излезе. До денес Dion chante Plamondon продаде 1.5 милиони плочи ширум светот.

До 1992 Unison, Celine Dion и медиумските појавувања ја придвижија Дион кон superstardom во Северна Америка. Таа ја достигна една од нејзините главни цели: да успее на англосаксонскиот пазар и да достигне слава. Меѓутоа, додека се обидуваше да го зголеми успехот во САД, нејзините француски обожаватели во Канада ја критикувале поради тоа што ги запоставила. Подоцна таа повторно ќе се здобие со обожатели на Felix Award шоуто, каде, по добивањето на "Англиски изведувач на годината", таа отворено одби да ја прифати наградата. Таа тврдеше дека секогаш ќе биде француски а не англиски изведувач. Освен нејзиниот комерцијален успех, имало промени и во животот на Дион, Анжелил, кој дваесет и шест години бил нејзин претпоставен, од менаџер станал љубовник. Меѓутоа, врската била чувана како тајна поради тоа што и двајцата се плашеле дека публиката ќе ја смета нивната врска несоодветна.

Зацврстување на популарноста: 1993-1995[уреди]

Во 1993, Дион ги искажала своите чувства кон својот менаџер прогласувајќи го него за "бојата на (нејзината) љубов" делот за посвета на нејзиниот трет албум The Colour of My Love. Меѓутоа, наместо да ја критикуваат нивната врска од што се плашеше Дион, обожавателите ја прифатиле двојката. На крај, Анжелил и Дион се венчале и направиле екстравагнтна свадбена церемонија во декември 1994, која се пренесуваше во живо на телевизиите во Канада.

Како што бил посветен на нејзиниот менаџер, мотивот на албумот бил фокусиран на љубов и романса. Стана нејзин најуспешен албум , со продадени повеќе од шест милиони копии во САД, два милиони во Канада, искачувајќи се на првото место во повеќе земји. Албумот го создал и првиот американски, канадски и австралиски број еден сингл на Дион "The Power of Love" (преработка на хитот на Џенифер Раш од 1985), кој ќе стане нејзин препознатлив хит сe додека не го достигна врвот на нејзината кариера во доцните деведесетти. Синглот "When I Fall in Love", дует со Клив Грифин, достигна среден успех во САД и канадските табели и беше номиниран за две Греми награди, а доби една. The Colour of My Love стана исто прв поголем хит на Дион во Европа, а особено во Обединетото Кралство. И албумот и синглот "Think Twice" истовремено го зазедоа врвот на британските списоци за пет последователни недели. "Think Twice", кој остана број еден за седум недели, на крајот стана четврти сингл од женски изведувач кој надминал еден милион копии во Обединетото Кралство, додека албумот пет пати бил наградуван со Платинум за продадени два милиона копии.

Дион си се придржувала кон своите француски корени и продолжила да издава многу франкофонски снимки помеѓу секое англиско издание. Главно, тие достигнаа повеќе веродостојност од нејзините англофонски работи. Таа го издаде Al'Olympia, албум во живо кој бил снимен за време на еден од концерите на Дион во театарот Олимпија во Париз, во 1994. Имаше еден сингл промоција, верзија во живо на "Calling You", кој се искачи на седумдесет и петтото место на француската листа на синглови. D'eux (исто познат како The French Album во САД), бил издаден во 1995 и станува најдобро продаван француски албум на сите времиња. Поголемиот дел од албумот бил напишан и продуциранод Жан Жак Голдман и се здоби со голем успех со сингловите "Pour que tu m'aimes encore" и "Je sais pas"."Pour que tu m'aimes encore" го достигна првото место во Франција и остана на врвот дванаесет недели. Подоцна беше наградена со Платинум во Франција. Синглот достигна помеѓу топ десетте во Обединетото Кралство и Ирска, ретко достигнување за француска песна. Вториот сингл на албумот, "Je sais pas", го достигна првото место на француските сингл списоци како и Сребро во Франција. Овие песни подоцна ќе се најдат на "If That's What It Takes" и "I Don't Know" на следниот англиски албум на Дион, Falling into You.

Во средината на деведесетите, албумите на Дион продолжија да се градат врз основа на мелодраматични балади, но и со поп и постара модерна тематска музика.Таа соработуваше со талентирани мајстори како Џим Штајнман и Дејвид Фостер кој u помогнал да создава повеќе постари модерни песни. Додека критиките се менувале, песните на Дион се пласирале многу добро на меѓународните списоци и во 1996 таа ја доби наградата за светска музика (World Music Award) за „светски најдобро продаван канадски женски изведувач’ по трет пат. До средината на деведесетите, таа се изградила себеси како една од најдобро продаваните изведувачи на светот.

Светски комерцијални успеси: 1996-1999[уреди]

Falling into You (1996), четвртиот англофонски албум на Дион, ја претстави пејачката на врвот на нејзината популарност и покажа понатамошен напредок во нејзината музика. Во обидот да се достигне поголема публика, албумот соединува многу елементи, како сложени оркестрални звуци, африканско потпевнување и елаборирање музички елементи. Дополнително, инструменти како виолината, шпанската гитара, тромбонот, кавахинјото и саксофонот создадоа нов звук. Сингловите опфатија разновидност од музички стилови. Сингловите "Falling into You" и "River Deep, Mountain High" (верзија на Тина Тарнер) направија значајна употреба на дувачките инструменти; "It's All Coming Back to Me Now" (преработка на песната на Џим Штајнман) и преработка на "All by Myself" на Ерик Кармен ја зачуваа атмосферата на мек рок, а соединет со класилниот звук на пијаното; и синглот број еден "Because You Loved Me", кој е напишан од Дајан Варен, беше балада која послужила како тема на филмот од 1996 Up Close & Personal.

Falling into You собра најдобри критики за кариерата на Дион. Додека Ден Лерој пишуваше дека не се разликува многу од нејзината претходна работа, а Стефан Холден од The New York Times и Натали Николс од Los Angeles Times напишаа дека албумот бил шаблонски, други критичари, како Чак Еди од Entertainment Weekly, Стефан Томас Ерлевин од AMG и Даниел Дурххолц, го нарекле албумот како „задолжителен“, „страствен“, „стилски“, „елегантен“ и „извонредно добро извежбан. Falling Into You стана најкритикуваниот и најкомерцијалниот успешен албум на Дион: се искачи на врвот на листите во повеќе земји и стана еден од најдобро продаваните албуми на сите времиња. Во САД, албумот го достигна првото место, а подоцна беше награден со 11 Платинуми за преку 11 милиони продадени копии. Во Канада, албумот беше награден со Дијамант за преку еден милион продадени копии. IFPI ја награди Falling into You со 9 Платинуми, награда која била дадена на само два албума во историјата, со еден од двата на Дион, Let's Talk About Love. Албумот доби Греми награда за најдобар поп албум и највисоката чест на академијата Албум на годината. Реномето на Дион на светската сцена и понатаму се зацврстувал кога била повикана да ја изведе "The Power of the Dream" на церемонијата на отварање на Олимписките игри во Атланта во 1996. Во март 1996, Дион ја започнала турата Falling into You за промоција на нејзиниот нов албум, со правење концерти низ светот во текот на една година.

Дион се придружила на Falling into You со Let's Talk About Love (1997), која била објавена како негово продолжение. Процесот на снимање се одвивал во Лондон, Њујорк и Лос Анџелес и била придружувана од специјални гости, како Барбара Стрејсенд во "Tell Him"; Би Џиис во "Immortality"; и светски познатиот тенор Лучиано Павароти во "I Hate You Then I Love You". Други музичари меѓу кои и Карол Кинг, Сер Џорџ Мартин и пејачката од Јамајка, Дајана Кинг, која додаде реге призвук на "Treat Her Like a Lady". Критичарот Стефан Ерлевин напишал „Тоа што многу надарени мајстори работеа на Let's Talk About Love, има смисла тоа што број на исечоци успеаја во зависност од постарите модерни услови- тие се предвидливи општи витрини за извишениот, технички вешт глас на Дион. Како и обично, сингловите [...] сјаат најјако, но дури и полнежот е беспрекорно создаден.“ Како и Falling into You, така и Let's Talk About Love беше голем успех за Дион, со достигнување на првото место низ светот, достигнувајќи го статусот Платинум во дваесет и четири продажбени територии и станувајќи најбрзо продаваниот албум на Дион. Во САД албумот се искачи на врвот на листата во неговата седма недела од издавањето, а потоа беше награден со 10 Платинуми во САД за над 10 милиони продадени копии.

Во Канада, албумот продаде 230,212 копии во неговата прва недела на издавање и стана и сe уште е, рекорд. На крајот беше награден со Дијамант во Канада за над еден милион продадени копии. Најуспешниот сингл од албумот стана класичната балада "My Heart Will Go On", чии текст и композиција се на Џејмс Хорнер и Вил Џенингс, а е продуцирана од Хорнер и Валнер Афанасиф. Како љубовна тема за блогбастерот од 1997 година Titanic, песната се искачи на врвовите на листите низ светот и стана нејзина препознатлива песна, како и добивањето на Academy Award и Golden Globe за најдобра оригинална песна. Тие исто u дадоа на Дион две Греми награди за „најдобар поп женски изведувач“ и најпосакуваната „Снимка на годината“, (самата песна доби четири награди, но две беа доделени на текстописците). "My Heart Will Go On" и "Think Twice" ја направија единствениот женски изведувач во Обединетото Кралство која со два сингла продаде повеќе од милион копии. За промоција на нејзиниот албум, Дион се зафати со турнеата Let's Talk About Love Tour помеѓу 1998 и 1999 година.

Деведесетите години Дион ги заврши со три поуспешни албуми – божиќниот албум These Are Special Times (1998), францускиот албум, S'il suffisait d'aimer и компилацијата албум All the Way... A Decade of Song (1999). На These Are Special Times, Дион се вклучи повеќе во пишувањето. Таа беше коавтор на песната, Don't Save It All For Christmas Day покрај Рик Вејк и Петар Зизо. Албумот беше највлијателното класично откритие,со оркестрални аранжмани на секоја нумера. "I'm Your Angel", дует со Р.Кели, стана четвртиот број еден сингл на Дион во САД и друг хит сингл низ светот. All the Way... A Decade of Song ги прикажа заедно нејзините најуспешни хитови споени со седум нови песни, вклучувајќи го и воведниот сингл "That's the Way It Is", верзија на Роберта Флек, "The First Time Ever I Saw Your Face" и "All the Way", дует со Франк Синатра. Самиот албум беше многу успешен низ светот, достигнувајќи го првото место во САД за три недели. Албумот потоа беше награден со 7 Платинуми во САД за 7 милиони продадени копии. All the Way... A Decade of Song исто така се искачи на врвот на листите во Обединетото Кралство, Канада и Австралија. Нејзиниот последен француски студиски албум од девесетите, S'il suffisait d'aimer, беше исто така успешен, искачувајќи се на врвот на секоја поглема земја во која се зборува француски, вклучувајќи ги Франција, Швајцарија, Белгија, Валонија и Канада. Во Франција албумот бил награден со Дијамант, со продадени 1.5 милиони копии. До крајот на деведесетите, Селин Дион продаде 100 милиони албуми низ светот и доби многу индустриски награди.

Нејзиниот статус како една од најголемите поп диви во музичката индустрија и понатаму се зацврсти кога била повикана да настапува на VH1's Divas Live специјално во 1998, со суперѕвездите Арета Френклин, Глорија Естефан, Шанаја Твеин и Мараја Кери. Таа година исто така доби една од најголемата чест од нејзината родена земја: „Управник на Општествениот ред на Канада за извонредниот придонес во светот на модерната музика“ и „Уредник на Националниот општествен мир на Квебек“. Година подоцна таа беше примена во Канадската дифузна хала на слава и беше наградена со ѕвезда на Канадската патека на славата.

За ова време, жанрот поп-рок кој беше најмногу видлив во нејзините рани изданија, беше заменет со постар модерен звук. Меѓутоа, темата „љубов“ останува во повеќето нејзини изданија, која води до некои критики исфрлувајќи ја нејзината музика како банална. Други критики, како на Елиза Гарднер и Хосе Ф. Промис, го пофалија нејзиниот вокал во овој период, опишувајќи го како „техничко чудо“. Меѓутоа, други, како Стив Долар, кој ја критикувал These Are Special Times, изјавувајќи дека Дион е „олимписки вокал за кого не постојат доволно високи планини-ниту скали.“

Пад на кариерата: 2000-2006[уреди]

По издавањето и промоцијата на тринаесетте албуми во деведесетите, Дион изјави дека морала да се одмори и го најавила нејзиниот последен албум All the Way... A Decade of Song, дека требало направи чекор назад од центарот на вниманието и да ужива во животот. Дијагнозата на Анжелил со рак на грлото ја поттикнал кон ова. За време на паузата, Дион не можела да го избегне центарот на вниманието. Во 2000 год, the National Enquirer објавил лажна изјава за пејачката. Објавил слика од Дион со нејзиниот сопруг, а списанието погрешно ја цитирал Дион, со копирање на насловот, „Селин – Очекувам близнаци!“ Дион потоа го тужела списанието за повеќе од дваесет милиони долари. Уредникот на The Enquirer напишал извинување и целосно вовлекување на Дион во наредното издание и донираше пари во Американското здружение против ракот во чест на Дион и нејзиниот сопруг. Една година по настанот, по подложувањето на третмани за плодност, Дион родила син, Рене-Чарлс Дион Анжелил, на 25 јануари 2001 год во Флорида. По нападите од 11 септември 2001год, Дион се вратила на музичката сцена и на телевизиски перформанс ја пеела "God Bless America" на концертот за добротворни цели Америка: чест за херои. Чак Тејлор на Billboard напишал, „перформансот…потсетува она што ја прави една од најпознатиот вокалист на наше време: способноста да покаже емоции кои ја растреперуваат душата. Трогателна, значајна и исполнета со убавина, ова е музички одраз да се сподели со сите нас а сепак во потрага по начини да се излезе на крај.“ Во декември 2001, Дион ја објави својата автобиографија, My Story, My Dream (Моја приказна, мој сон) која ги бележи нејзините rags до побогата приказна.


Враќање на музиката: 2002-2003[уреди]

Селин Дион

A New Day Has Come, точно - именуваниот албум на Дион, издаден во март2002, ја прекинал нејзината пауза од филмската индустрија. Албумот повеќе бил личен, сепак, втемелува позрела страна на Дион со песните "A New Day Has Come", "I'm Alive", and "Goodbye's (The Saddest Word)", промена која настанува од нејзините новооткриение мајчински одговорности,поради тоа што, со нејзини зборови, „да станеш мајка те прави одраснат човек.“ Таа изјавила, „A New Day Has Come, за Рене, за мене, тоа е бебето. Сe има врска со бебето...Таа песна "A New Day Has Come" многу добро го претставува расположението кое сега го чувствувам. Го претставува целиот албум.“ A New Day Has Come дебитирал на првото место во повеќе од 17 држави, вклучувајќи го Обединетото Кралство и Канада. Во САД, албумот дебитирал на прво место на билборд 200, со продажба во првата недела од 527.000 копии; означувајќи го нејзиното прво дебитирање на листата. На крајот бил награден со три Платинуми во САД и шест во Канада.

Додека албумот бил комерцијално успешен, критиките го оцениле како „незаборавен“ а текстовите како „безживотни“. Боб Рот Шефилд од списанието Rolling Stone и Кен Такер од Entertainment Weekly, изјавиле дека музиката на Дион не се развила за време на нејзината пауза и ја класифицира нејзината музика како обична и просечна. Сал Чинквемани од списанието Slant го нарекол албумот „подолга колекција од лигава, сентиментална поп fluffer-nutter. Првиот сингл од албумот, A New Day Has Come го достигнал 22-то место на листите на Билборд Хот 100, being an airplay-only release. Меѓутоа на Hot Adult Contemporary Tracks, песната поминала 21 последователна недела на првото место, рушејќи го рекордот најдолго задржување на врвот. Претходните рекордери биле You'll Be in My Heart на Фил Колинс и Because You Loved Me, на Дион и двете се наоѓале деветнаесет недели на прво место. Во 2002, таа настапувала на повеќе добротворни концерти, познатиот VH1 Divas Live, концерт за помош на VH1 да се спаси музичката фондација, покрај Шер, Анастасија, Дикси Чикс, Мери Џ. Блајџ, Витни Хјустон, Синди Лопер и Стиви Никс.

Црпејќи инспирација од лично искуство, Дион го издала One Heart (2003), албум кој ја претставува нејзината благодарност кон животот. Албумот најмногу се состоел од денс музика- отстапување од високи, мелодраматични балади, за кои таа еднаш има дадено измешан прием. Иако албумот достигнал среден успех, One Heart бил придружен со измешани критики и зборови како „предвидлив“ и „банален“ дури и во попустливите критики. Верзијата на Синди Лопер од 1989 ја погодила "I Drove All Night", поврзана со отпочнувањето на нејзината рекламна кампања со Chrysler, внесува денс-поп и рокенрол.Самиот рекламен пазар, е пречекан со измешани критики, од кои некои изјавуваат дека Дион се обидувала да ги задоволи спонзорите. Меѓутоа, луѓе како Бонита Стјуарт, која била директор на Chrysler Group Marketing Communications изјавила дека „Chrysler бил фатен со тоа како нејзината жалба ги пречекорила етничките граници. „Таа исто така додала, „Таа u дава на марката софистицираност, отменост, романтика и страст.“ По One Heart, Дион го издала наредниот англиски студиски албум, Miracle (2004). Miracle бил мултимедијален проект замислен од Дион и фотографот Ен Геџес, а темата се однесувала на бебиња и мајчинство. Албумот бил исполнет со приспивни песни и други песни за мајчинска љубов и инспирација, двете најпопуларни верзии на "What a Wonderful World" од Луис Армстронг и "Beautiful Boy" од Џон Ленон. Критиките за Miracle биле различни. Стефан Томас Ерлевин од Allmusic.com му дал на албумот три од пет ѕвезди и изјавил, „Најлошото што можете да кажете за снимката е тоа дека нема изненадувања, а публиката за оваа снимка не сака изненадувања; тие сакаат задоволство, без разлика дали доаѓа од полирана музика или уметнички слики од соседи, а Miracle ги нуди и двете, што ги прави дарежливи за бремени жени или нови Мајки на аудицијата на Дион. Чак Тејлор од списанието Billboard напишал дека синглот "Beautiful Boy" бил „неочекуван скапоцен камен“ и ја нарекол Дион „безвременски, ептен искусен изведувач“, Чак Арнолд од списанието People,и покрај тоа, го обележил албумот како претерано сентиментален, додека Ненси Милер од Entertainment Weekly сметала дека „целата глума за мајчинството е само природно прилагодување“. Miracle дебитирал на четврто место на листата на Billboard 200 и на прво место во Канада, а на крај бил награден со Платинуми од RIAA.

Франкофонскиот албум 1 fille & 4 types (1 Girl & 4 Guys, 2003), напредувале подобро од нејзините две изданија и ја претставувале Дион како се обидува да се оддалечи од имиџот „дива“.Таа ги придобила Жан – Жак Голдман, Гилдас Арзел, Ерик Бензи и Жак Венерусо, со кои претходно работела на два од нејзините најдобро продавани албуми S'il suffisait d'aimer и D'eux. Именуван „албумот на задоволство“ од самата Дион, верзијата ја прикажала Дион во едноставен и релаксиран начин, спротивно на кореографските пози на кориците на нејзиниот албум. Албумот достигнал широк комерцијален успех во Франција, Канада и Белгија каде го достигнал првото место. Во Франција, албумот дебитирал на првото место и бил награден со 2 Платинуми по продавањето на 700.000 копии. Критичарот Стефан Ерлевин од AllMusic напишал дека вокалите на Дион „се пак на врвот на на нејзината игра: исчезнати се повеќето хистерии на дивата и викањето и пристигнувањето на нивното место е гласот кој повеќе ја цени динамиката од акробатиката. Групата е симната (споредбено) до нивните главни елементи, доведувајќи ја Дион до релативно непознати области како кантри-поп и фолк, а таа повеќе се докажала себеси од задачата со оддавање на висок степен на изведби во секое време“ и дека пејачката „се вратила на основите на поп музиката и изведувала на непознат степен.“

Иако нејзините албуми биле комерцијално успешни, не ја постигнале продажбата или приемот на нејзините претходни работи. Албуми како The Collector's Series, Volume One (2000) и One Heart (2003) критички не се прикажале толку добро. Нејзините песни добиле помалку пуштање во живо како што радиото помалку ги опфаќаше пејачите на балади како Дион, Кери и Хјустон и биле фокусирани на побрзо темпо, урбан/хип-хоп песни.И покрај тоа, до 2004 год, Дион ја зголемила продажбата на повеќе од 175 милиони албуми светот и ја добила наградата Чопард Дијамант од World Music Awards за нејзините достигнувања. Според официјалната интернет страница на World Music Awards, наградата е ретка; не се ни „прикажува секоја година“ а изведувачот може да биде претставен со наградата за „над 100 милиони продадени албуми за време на нивната кариера.“

A New Day...во живо од Лас Вегас: 2003-2007[уреди]

На почетокот на 2002 Дион најави тригодишен, договор со 600 шоу настапи да се појавува пет вечери неделно во забавна екстраваганција, A New Day..., во Колосеумот на Палатата на Цезар, Лас Вегас. Овој чекор се сметал за „еден од најпаметните бизнис одлуки во годините од било кој поголем изведувач кој снима“. Таа ја смислила идејата за шоуто по видувањето на О од Франко Драгон рано на паузата од снимањето, а започнала на 25 март2003, во арена со 4000 места дизајнирана за шоуто. Многу ѕвезди присуствувале вечерта на отварањето меѓу кои Дик Кларк, Алан Тик, Кети Грифин и Џастин Тимберлејк, кој бил специјален домаќин на телевизијата. Шоуто, составено од Драгон, било комбинација од игра, музика и визуелни ефекти. Вклучени биле изведбите на најголемите хитови на Дион наспроти низа танчери и специјални ефекти. Критичарот Мајк Ветерфорд почуствувал, од прва, дека Дион не била релаксирана како што треба и од време на време, било тешко да се пронајде пејачката помеѓу претераните сценски орнаменти и танчери. Меѓутоа, тој забележил дека шоуто станува позабавно, со подобреното присуство на Дион и поедноставните костуми.

Шоуто исто така билодобро прифатено од публиката и покрај поплаките за скапите билети; шоуто вообичаено се распродало до крајот на 2007 год. Просечната цена на билетите била 135.33 долари. Шоуто било кореографирано од Миа Мајклс, која е светски познат кореограф. Според Pollstar, Дион продала 322.000 билети и добила 43.9 американски долари во првата половина на 2005, а до јули 2005, продала 315 од 384 шоуа. До крајот на 2005 год, Дион добила повеќе од 76 милиони американски долари, пласирајќи се на шестото место на Billboard's Money Makers list за 2005. A New Day... била шестата најпродавана турнеа во Америка во 2006 год. Поради успехот на шоуто, договорот на Дион бил проширен во 2007 год на неодредена сума. На 5 јануари, 2007 год било најавено дека шоуто ќе заврши на 15 декември, 2007 год, со билети за периодот по октомври 2007 год кои почнале со продажба од 1 Март. За времетраењето, шоуто собрало сума од 400 милиони долари, а било гледано од 3 милиони гледачи. ДВД Во живо од Лас Вегас- A New Day...било издадено на 10 декември, 2007 год во Европа а наредниот ден во Северна Америка.

Назад во студио и светска турнеа: 2007-2009[уреди]

Последниот француски албум на Дион, D'elles (About Them), издаден на 21 мај, 2007 год, дебитирал на врвот на листата на канадскиот албум, со продадени 72.200 копии во првата недела. Го обележил нејзиниот десетти албум кој се наоѓал на прво место во ерата SoundScan, а нејзиниот осми да дебитира на врвот.

Во Канада, албумот бил награден со 2 Платинуми, а во првата недела веќе ги достигнала пола милион единици низ светот. D'Elles го достигнала првото место во Франција и Белгија. Првиот сингл "Et s'il n'en restait qu'une (je serais celle-la)" ("And If There Was Only One Woman Left (I Would Be That One)") дебитирал на врвот на листата на француски синглови месец порано. Таа го издала нејзиниот последен англиски албум Taking Chances на 12 ноември во Европа, а на 13-ти во Северна Америка.

Нејзиниот прв англиски студиски албум One Heart, од 2003 год, со појава на поп, R&B и рок музика. Дион соработува со Џон Шенкс, поранешниот гитарист на Еванесенс Бен Моду, како и Кристиан Ландин, Пер Астром, Линда Пери, јапонскиот пејач Јуна Ито и R&B пејачот-текстописец Не-Јо. Дион изјави, „Мислам дека албумот претставува позитивна еволуција во мојата кариера... „Се чувствувам силно, можеби малку похрабра од минатото и и пострастна за музиката и животот отколку што бев.“ Таа ја започна нејзината годишна светска турнеја Taking Chances на 14 февруари, 2008 год во Јужна Африка, со изведување 132 dates на степени и арени низ петте контитенти.

Турнеата Taking Chances била голем успех во САД, достигнувајќи го првото место на Billboard Boxscore а биле продадени сите концерти во САД и Канада. Освен тоа, таа се појавила на Idol Gives Back веќе втора година по ред. Селин Дион била номинирана за 6 Џуно награди (Juno Awards) во 2008 год, водејќи ја канадска група да ја прими оваа чест. Дион ја додала кон своите 53 претходни номинации. Нејзините номинации ги вклучуваат Уметник на годината, Поп албум на годината (за Taking Chances), Франкофонски албум на годината (за D'elles) и Албум на годината (за Taking Chances and D'elles). Наредната година, Дион била номинирана за 3 Џуно награди меѓу кои Fan Choice Award, Song of the Year (за Taking Chances) и музичко ДВД на годината (за Во живо од Лас Вегас — A New Day...).

На 22 август, 2008, Селин Дион претставила слободно шоу, ексклузивно франкофонско, надвор од Plains of Abraham, во Квебек, Канада, за 400та годишнина на Квебек. Прославата собрала 490.000 луѓе (вкупно со ТВ преносот). Концертот, наречен Celine sur les Plaines, бил издаден на ДВД на 11 ноември, 2008 год во Квебек а бил издаден на 20 мај, 2009 год во Франција. Крајот на октомври излезгло светското издание на нејзиниот прв разбирлив англиски албум со најголемите хитови наречен My Love: Essential Collection, достапен во два различни формати.

Во мај 2009 год, Селин Дион била именувана за 20-ти најдобро продаван уметник на деценијата во САД а втор најдобро продаван женски уметник на деценијата во САД, со продадени 17.57 милиони албуми. Во јуни 2009 год, списанието Forbes изјавил дека Селин Дион заработила 100 милиони долари во 2008 год, на второ место по Мадона. Во декември 2009 год, Pollstar најавила дека Селин Дион била најдобро продавана соло изведба на турнеа на деценијата а втора најдобро продавана изведба на деценијата, после групата на Дејв Метју. Дион заработила 522.2 милиони долари за деценијата, голема сума од тоа дошле од нејзиното петгодишно живеење во Палатата на Цезар.

Филм за бременоста и концертите: крајот на 2009-денес[уреди]

Во август 2009, порт-паролот на Селин Дион најавил дека била бремена со второ дете, а потоа изјавил дека треба да го роди во мај 2010 год. Меѓутоа, во ноември 2009, било најавено дека го изгубила детето, но дека сепак се обидувала за друго дете преку третмани за оплодување.

На 17 февруари, 2010 год Дион издала во театрите документарен филм за нејзината турнеа Taking Chances, наречен,:Celine: Through the Eyes of the World. Документарецот покажува снимки од Дион позади сцена и на сцената а и надвор од сцената, заедно со снимките од Дион и нејзината фамилија како патувале со неа. Дистрибутер е подружницата Sony Pictures, Hot Ticket.

Во јануари 2010, The Los Angeles Times ја претставил нивната годишна листа на топ десет најголеми заработувачи на годината и открива дека Селин Дион го зема првото место во целата деценија, со 747.9 милиони американски долари со целиот приход од 2000 до 2009 год. Најголемата цена дошла од салите за билети, со вкупно 522.2 милиони долари.

Накнадно, Дион била именувана „Уметник на Деценијата“ во нејзината родена канадска провинција на Квебек, прогласена од Монтреалскиот весник, Le Journal de Quebec во декември 2009 год. Јавна онлајн анкета побарала од одговарачите да гласаат за оној кој мислат дека ја заслужува горе споменатата награда.

На 52-те Греми награди, Дион изведувала со Смоуки Робинсон, Ашер, Џенифер Хадсон и Кери Андервуд за специјално признание на Мајкл Џексон. Петте изведувачи ја пееја Земјената песна (Earth Song) на Џексон, пред 3Д екран. Во интервју со списанието People објавено во февруари 2010 год, Дион најавила дека ќе се врати во Палатата на Цезар во Лас Вегас за тригодишноприсуство за седумдесет шоуа годишно, со почеток на 15 март2011 год. Таа изјавила дека на шоуто ќе се појават „сите песни од нејзиниот репертоар кои луѓето сакаат да ги слушнат“ и ќе содржат избор музика од класичните Холивуд филмови. Дион исто така најавила дека работи на два нови француски и англиски албуми.

На 4 мај, 2010 год Дион ќе го издаде на ЦД/ДВД Светската турнеа Taking Chances: Концертот и Селин: Низ очите на светот на ДВД и блу – реј. Исто така ќе има и делукс издание вклучувајќи и две ДВД-ја и брошура од 52 страни и прилог сувенир разгледници.

Уметност и имиџ[уреди]

Дион пораснала со музиката на Арета Френклин, Мајкл Џексон, Керол Кинг, Ен Муреј, Барбара Стрејсенд и Би Џис, сите со кои на крај би соработувала. Дион исто така изјавила дека пораснала слушајќи ги уметниците како Џенис Џоплин, Дуби Брадрс и Криденс, но никогаш немала шанса да го пее нивниот жанр на музика, вклучувајќи поп, рок, црковна, R&B и соул, а нејзините текстови биле фокусирани на теми од сиромаштија, глад низ светот и духовни, со акцент на љубов и романса. По раѓањето на нејзиното дете, нејзината работа почнала да става акцент на мајчинската обврска и братската љубов.

Дион се соочила со значајни критики од многу критичари, кои изјавиле дека нејзината музика често се повлекува позади поп и соул конвенциите и е обележана со претерана сентименталност. Според Кејт Херис од списанието Rolling Stone, „Сентименталноста на Дион е повеќе бомбастична и предизвикувачка отколку сериозна и срамежлива... (таа) стои на крајот на синџирот на различно преоѓање кое оди Арета-Витни-Мараја. Далеку од тоа дека е отстапување, Дион всушност претставува симбол на одреден вид на поп сензибилитет- поголемо е подобро, премногу никогаш не е доволно и колку поразвиена е емоцијата толку повистинито.“ Франкофонските изданија на Дион, во споредба, се стремат да бидат подлабоки и поразлични од англиските изданија и затоа постигнаа повеќе уверливост.

"My Heart Will Go On" (1998) - Глобалниот хит на Дион, My Heart Will Go On го извлече жанрот љубовни балади од 90-те.

Многу критичари изјавиле дека многу недостигала вклученоста на Дион во поглед на продукцијата на нејзината музика , што резултирала нејзината работа да биде хиперпродуцирана и нечувствителна. Меѓутоа, тоа штоа доаѓа од фамилија во која сите нејзините браќа и сестри биле музичари, таа научила да свира инструменти како гитара и вежбала со Фендер Стратокастер за време на сесиите на снимање на нејзиниот албум, Falling into You. Исто така, таа помогнала да се создадат многу од нејзините поранешни француски песни и се трудела да се вмеша во продукцијата и снимањето на нејзините албуми. На првиот англиски албум, кој го снимила пред убаво да го владее англискиот јазик, таа изразила несогласување за снимката, која можела да се избегне ако таа презела покреативни податоци. Додека да го издаде вториот англиски албум Celine Dion, таа презела повеќе контрола над продукцијата и процесот на снимање, со надеж дека ќе ги растера поранешните критики. Таа изјавила, „На вториот албум реков, „Па, имам избор да се исплашам уште еднаш а да не бидам 100% среќна, или да не се плашам да бидам дел од овој албум. Ова е мој албум.“ Таа ќе продолжи да се вклучува во продукцијата на наредните изданија, помагајќи да напише неколку нејзини песни на Let's Talk About Love (1997) и These Are Special Times (1998). Дион често е предмет на медиумски исмевања и пародија и често е прикажана на шоуа како MADtv, Saturday Night Live, South Park, Royal Canadian Air Farce и This Hour Has 22 Minutes за нејзиниот јак акцент и движењата на сцена. Меѓутоа, Дион изјавила дека коментарите не допираат до неа и дека е поласкана што луѓето имаат време да ја глумат неа. Таа дури ја поканила Ана Гастејер, која ја исмевала на SNL, да се појави на сцена за време на еден од нејзините перформанси. Додека таа ретко се искажувала политички, во 2005 по катастрофата со ураганот Катрина, Дион се појавила на Larry King Live и низ солзи ја критикувала бавната реакција на американската влада за помош на жртвите од ураганот: „Има луѓе таму некаде кои чекаат да бидат спасени. За мене тоа е неприфатливо... Како може да биде толку лесно да се пратат авиони во други земји да се убие некого за секунда и да се уништи живот. Ние мора да u служиме на нашата земја.“ По интервјуто, таа изјавила, „Кога правам интервју со Лери Кинг или големите ТВ шоуа, тие те ставаат на пик, што е многу тешко. Јас имам мислење, но јас сум пејачка. А не политичар.“

Глас[уреди]

Селин Дион поседува петооктавен вокален ранг и често е наградувана како една од најмоќните гласови на поп музиката. Во одбројувањето на „22 најмоќни гласови во музиката“ од списанието Blender и MTV, таа се пласира на деветто место (шестта за женско), а исто така на четврто место на листата на списанието Cove на „100-те извонредни поп вокалисти“. Дион често е споредувана со Мараја Кери за нејзиниот вокален стил и со нејзиниот идол Барбара Стрејсенд за нејзиниот глас. По нејзиното деби, многу критичари ги поздравија нејзините ограничени вокални промени и била пофалена за нејзината беспрекорност и интензивност. Опишувајќи го нејзиниот глас, The New York Times пишува, „Г-ѓа Дион... е пејачка со висок, тенок, сосема назален, скоро безвибратен сопрано и добар арсенал со технички вештини. Таа може да пренесе лажливи мелизми, произведува изразени вокални прифаќања и содржи долги призвуци без и најмалиот растреперен тон. И како што покажаа и нејзините дуети(...), таа е сигурен хармоничен глас.

Чарлс Александар од Time пишува, „Моќта позади песната (...) е нејзиниот глас кој руши куќа, кој претвара стара, шмалтци балада во висока поп ариа. Тој глас се движи нежно без напор од длабоки шепоти до високи призвуци, нежна сирена која соединува сила со грациозност.“ Според маестро, Кент Нагано и Жан-Пиер Броснан, Дион е „музичар кој има прецизно уво како и отменост и степен на совршеност која создава завист. Критичарот Стефан Томас Ерлевин од AllMusic пишува дека Дион пее со „природен шарм на гласот“ и „елегантност без напор“.

Во нејзиниот француски репертоар, Дион ги разубавува нејзините вокални линии со повеќе нијанси и модулации, а емоционалниот интензитет е „понежен и интимен“. Според Лук Пламондон, кој напишал повеќе песни за неа, има три пејачки; онаа од Квебек, Французинката и Англичанката.

Пофалбата на нејзиниот стеснат вокал на почетокот на нејзината кариера, вокалните перформанси на Дион почнале да наликуваат на оние од современици, особено на Витни Хјустон и Мараја Кери и била премногу искритикувана за прекумереното пеење и за недостигот на емоционален интензитет кој еднаш бил дел од нејзината поранешна работа. Една критика забележила дека емоцијата „изгледа била извежбана на нејзиниот прекрасен глас“, оставајќи јас со „повеќе глас отколку срце“.

Други активности[уреди]

Дион станала претприемач со формирање на нејзиниот овластен ресторант "Nickels" во 1990. Оттогаш ги отстранува нејзините интереси во алката и не е повеќе партнер со Nickels од 1997. Таа исто така има линија на наочари и линија на парфем, произведен од Coty, Inc. Во октомври 2004год, канадскиот национален авио превозник Air Canada ја измамил Дион да биде дел од новата промоциска кампања кога авиокомпанијата открила нови in-flight сервис прозиводи и нова авијатична ливреа. Тематската песна "You and I", испеана од Дион, била напишана од рекламните извршни тела кои работеле за Air Canada. Во 2003год, Дион склучила договор со Coty да ги издаде парфемите Celine Dion. Во септември 2010, Дион ќе го издаде нејзиниот најнов мирис, Pure Brilliance. Од неговото создавање во 2003, парфемите Celine Dion направиле над 850 милиони долари во малопродажба.

Дион активно поддржувала многу добротворни организации низ светот. Таа ја промовирала Канадската фондација против фиброидната дегенерација Canadian Cystic Fibrosis Foundation (CCFF) од 1982 и станала Националниот славен заштитник на фондацијата во 1993. Таа има емоционална приврзаност кон фондацијата; нејзината внука Карин подлегнала на оваа болест на шеснаесет години. Во 2003 год, на Дион u се придружиле број на други познати личности, атлетичари и политичари, вклучувајќи ги Џош Гробан и Јоланда Адамс, за поддршка на „Светскиот ден на децата“, глобална кампања за донирање средства спонзорирана од Мекдоналдс. Кампањата собрала пари повеќе од 100 земји и помогнала на многу сирачиња и здравствени организации за деца. Дион исто така беше голем поддржувач на фондацијата T.J. Martell, меморијалниот фонд на Принцезата Дајана од Велс и многу здравствени и образовни кампањи. Таа исто така донирала 1 милион долари на жртвите од ураганот Катрина и одржала настан за собирање на средства за жртвите од Цунамито во Азија во 2004 год, со собирање на повеќе од 1 милион долари. По земјотресот во Сихуан во 2008 год, Селин Дион донирала 100.000 долари на кинеските деца и фондот за тинејџери и испратила писмо за да ја покаже нејзината утеха и поддршка.

Во 1999, Селин Дион добила ѕвезда на Канадската патека на славата (Canada's Walk of Fame) и на Холивудската патека на славата (Hollywood Walk of Fame) во јануари 2004 год. Таа ја посветила нејзината ѕвезда на нејзиниот татко, кој починал неколку месеци пред тоа. Во 2007, Селин Дион била квалификувана од списанието Forbes како петтата најбогата жена во шоу-бизнисот со заработка вредна 250 милиони американски долари. Таа исто така ја добила највисоката француска награда, Legion d'honneur, во мај 2008 год. Во август 2008, добила почестен докторат од музиката од Универзитетот Лавал во Квебек.

Дискографија[уреди]

Ова е листа од англофонските и франкофонските студиски албуми на Дион. За да се види целосната листа на нејзините албуми види Celine Dion albums discography.

Албуми[уреди]

Англиски студиски албуми

  • 1990: Unison
  • 1992: Celine Dion
  • 1993: The Colour of My Love
  • 1996: Falling into You
  • 1997: Let's Talk About Love
  • 1998: These Are Special Times
  • 2002: A New Day Has Come
  • 2003: One Heart
  • 2004: Miracle
  • 2007: Taking Chances


Француски студиски албуми

  • 1981: La voix du bon Dieu
  • 1981: Celine Dion chante Noel
  • 1982: Tellement j'ai d'amour...
  • 1983: Les chemins de ma maison
  • 1983: Chants et contes de Noel
  • 1984: Melanie
  • 1985: C'est pour toi
  • 1987: Incognito
  • 1991: Dion chante Plamondon
  • 1995: D'eux
  • 1998: S'il suffisait d'aimer
  • 2003: 1 fille & 4 types
  • 2007: D'elles

Турнеи[уреди]

Година Наслов Формат
1983–1984 Les chemins de ma maison tournée Нема
1985 C'est pour toi tournée Плоча Céline Dion en concert
1988 Incognito tournée Нема
1990–1991 Unison Tour VHS Unison
1992–1993 Celine Dion Tour Нема
1994–1995 The Colour of My Love Tour VHS/DVD The Colour of My Love Concert; CD À l'Olympia
1995 D'eux Tour VHS/DVD Live à Paris; CD Live à Paris
1996–1997 Falling into You Tour VHS Live in Memphis
1998–1999 Let's Talk About Love Tour VHS/DVD Au cœur du stade; CD Au cœur du stade
2003–2007 A New Day... DVD/BD Live in Las Vegas - A New Day...; CD A New Day... Live in Las Vegas
2008–2009 Taking Chances Tour DVD Céline sur les Plaines; DVD/BD Celine: Through the Eyes of the World; DVD/CD Taking Chances World Tour: The Concert

Филмографија[уреди]

  • Touched by an Angel
  • The Nanny
  • All My Children
  • La fureur de Celine
  • Des fleurs sur la neige

Наводи[уреди]

  1. Britannica.com. Céline Dion. Проверено на 13 септември, 2009.

Надворешни врски[уреди]