Валтер Самуел
| Лични податоци | |||
|---|---|---|---|
| Роден на | 23 март 1978 | ||
| Роден во | Лаборде, Аргентина | ||
| Висина | 1,83 м | ||
| Положба | централен одбранбен | ||
| Клупски податоци | |||
| Сегашен клуб | Интер | ||
| Број | 25 | ||
| Кариера* | |||
| Години | Клуб | Apps† | (Gls)† |
| 1996-1997 | Њуел Олд Боис | 37 | (0) |
| 1997–2000 | Бока Хуниорс | 75 | (4) |
| 2000–2004 | Рома | 122 | (9) |
| 2004-2005 | Реал Мадрид | 30 | (2) |
| 2005- | Интер | 146 | (11) |
| Репрезентација ‡ | |||
| 1999- | Аргентина | 56 | (5) |
| * Senior club appearances and goals counted for the domestic league only and correct as of 21 септември 2011. † Appearances (Goals). |
|||
Валтер Адријан Самуел (роден на 23. март 1978 година во Лаборде, Аргентина) е аргентински фудбалер кој моментално игра за Интер од Милано во Серија А на позицијата централен одбранбен играч.
Содржина |
Клубска кариера [уреди]
Њуел Олд Боис [уреди]
Самуел ја започнал својата фудбалска кариера во 1995 во Аргентина, играјќи за младинскиот тим на Њуел Олд Боис. Година дена подоцна, во јануари 1996, станал професионалец и заиграл за првиот тим на Њуел Олд Боис и таму останал до јануари 1997. Година дена по неговиот прв официјален настап во кариерата тој направил трансфер во Бока Хуниорс.
Бока Хуниорс [уреди]
Тој одиграл две и пол сезони во дресот на Бока, во кој забележил 103 настапи и кој постигнал 5 гола во сите конкуренции. Во јули 2000 Рома го откупила неговиот договор за 20 милиони евра и Самуел се сели на "Стариот континент".
Рома [уреди]
По доаѓањето во Рома Самуел, уште на почетокот на првенството се изборил за место во стартната постава. Тој направил добро партнерство во одбраната со Алдаир и Џонатан Зебина во 3-4-1-2 формацијата на Фабио Капело примајќи 33 голови во Серија А што беше третата најдобра одбрана во првенството. Врвот на неговата кариера го постигнал со освојувањето на Скудетото (прво во неговата кариера) во сезоната 2000-01. Во првата сезони тој одиграл 31 натпревар и го постигнал својот деби гол во Серија А носејќи му водство на својот тим нагостувањето кај Верона со 1-0, во натпревар што завршил 1-1. Тој одиграл 7 натпревари и во Купот на Уефа истотака, и постигнал 3 гола во својата прва сезона. Втората сезона во клубот му била истотака успешна. Го освоил Суперкупот на Италија со победа над Фиорентина, а истоака дебитирал и во Лигата на шампионите каде Рома стигнала до втората групна фаза. Во Серија А тој одиграл 30 натпревари и постигнал 5 гола, а неговиот тим завршил втор со само еден бод помалку од шампионот Јувентус. Самуел останал во Рома се до 2004 година, но во следните две сезони клубо немал позначајни успеси, а и заминувањето на сонародникот Габриел Батистута го наведува и тој да размислува во оваа насока. Во јули 2004 година, Самуел потпишал за Реал Мадрид за сума од 25 милиони евра.
Реал Мадрид [уреди]
Во Реал Мадрид тој не успеал да се снајде најдобро. Големиот притисок и големите очекувања што навивачите ги имаат од својот клуб биле нешто ново за Самуел. Тој дебитирал во Примера на 18 септември 2004 во поразот од Еспањол на гости со 1-0. На 14 ноември 2004 Самуел го постигнал 4-тиот гол за Реал Мадрид во победата со 6-1 над Албасете, што бил негов дебитантски погодок во Шпанија. Тој одиграл 30 натпревари во Примера и постигнал 2 гола во единствената сезона во Реал Мадрид. Истотака имал и 8 настапи во Лигата на шампионите. Во јули 2005, се враќа во Серија А за 16 милиона евра во тимот на Интер.
Интер [уреди]
По доаѓањето во Интер, Валтер во почетокот на сезоната бил резерва на Марко Матераци и Иван Кордоба во центарот на одбраната. Но, по повредата на Матераци, тој станал постојан првотимец во клубот. Самуел освоил четири скудета по ред во пеиродот од 2005 и 2009. Кога во 2009 година во тимот пристигнал и бразилецот Лусио, тие двајца формираат една од најдобрите централно одбранбени двојки во светот. Доказ за тоа била и титулата која Интер ја освоил во Лигата на шампионите во сезоната 2009-10. Следната сезона Самуел се повредил во ноември и ја пропуштил речиси целата сезона, враќајќи се на 15 мај 2011. Во сезоната 2011-12, тој го решил миланското дерби со погодок во 4-тата минута носејќи му победа на својот тим на гости со 1-0.