Јакоб Фугер
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (октомври 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
| Јакоб Фугер | |
| Јакоб Фугер од Албрехт Дирер | |
| Роден/а | 6 март 1459 |
|---|---|
| Починал/а | 30 декември 1525 (на 66 г.) |
| Татко | |
| Родители | Ханс Фугер |
| Роднини | Антон Фугер, внук |
Јакоб Фугер (герм. Jacob Fugger), (6 март 1459— 30 декември 1525 во Аугсбург), наречен и Јакоб Фугер Богатиот, бил прочуен германски банкар од семејството Фугер.
Биографија [уреди]
Фугер е роден во баварскиот град Аугсбург во Светата Римска империја како син на ткајач кој таму се преселил на крајот на XV век. Бил трговец како неговите браќа, па научил двојно книговодство во Венеција.
Ја наследил трговската дејност на татка си, па го проширил семејното претпријатие на Јадранот преку Венеција. Кога го прашале дали ќе се пензионира, Фугер одговорил дека ќе продолжи да прави пари сѐ додека не падне мртов. Накратко пред да умре во декември 1525 за негов наследник го назначил внукот Антон Фугер. Јакоб Фугер бил мошне познат низ Европа, и го користел своето богатство за зајмување на пари на владетелите. Често давал пари на платени војски за да можат да водат меѓусебни војни.
Во цутот на својот просперитет, семејството Фугер имало насобрано богатство во вредност од 5.100.000 гулдени — поголема сума од сите 30 фирми на денешната германска берза заедно.
Избор на Карл V [уреди]
Фугер му овозможил на Карл V доволна сума пари за да ги поткупи седумте електори за да го направат Свет Римски цар во 1519. Карл го облагородил семејството и му дал суверени права над своите земјишта, меѓу кои и ковање на свои пари. Јакоб го обезбедил и правото да продава папски индулгенции, со што го зголемил своето веќе огромно богатство десетократно.