Патрик Зискинд

Од Википедија, слободната енциклопедија
Скокни на: содржини, барај

Патрик Зискинд, германски писател и сценарист.

Патрик Зискинд е роден на 26 март 1949 во Амбах, Германија, во близина на Минхен. Студирал средновековна и модерна историја на Минхенскиот Универзитет. Ја пишува својата прва пиеса „Контрабас“ во 1980-та и со неа се здобива со меѓународна слава. Го пишува својот прв роман „Парфем“ во 1985. Тој е воедно и негово најпознато дело, кое е светски бестселер, продаден во повеќе од 12 милиони примероци. Оваа книга во 1996 година беше прогласена за роман на годината од страна на Њујорк Тајмс. Оваа награда по Втората Светска Војна ја имаат добиено само уште два германски автори. Автор е и на книгите „Гулабот“, „Приказна за господинот Сумер“ и „Три приказни и рефлекција“. Работел и како сценарист, при што најпознато е неговото коавторство за познатата германска серија „Кир Ројал“. Живее и твори во Минхен, ретко давајќи интервјуа, најчесто дистанциран од благодетите што ги носи славата.

Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник
Други јазици