Албрехт Пенк

Од Википедија — слободната енциклопедија
Албрехт Пенк

Албрехт Пенк (25 септември 1858 - 7 март 1945) — германски географ и геолог.

Пенк бил директор на Берлинскиот океанографски и географски институт. Пенк го проучувал развојот на облиците на релјефи и површинските наслојки на Алпите, како и глинести карпи во Северногерманската Низина за да го открие степенот на дејствување на ледниците врз нив. Така го открил постоењето на четири основни етапи на глацијација во таа област. На Алпите, исто така, докажал дека извишувањето на планините е ограничено од постојаното воспоставување рамнотежа меѓу нивното извишување и ерозијата. Планините продолжуваат да се извишуваат просечно по 0,5 мм годишно, но тоа извишување се изедначува со сличниот степен на нивната ерозија. Неговото најпознато дела „Морфологија на Земјината површина“ кое е објавено во 1894 година.