Јордан Ѓорѓевски

Од Википедија — слободната енциклопедија

Јордан Ѓорѓевски (Тетово, 7 декември 19107 – Скопје, 10 септември 1989) — македонски агроном.

Животопис[уреди | уреди извор]

Ѓорѓевски е роден во Тетово на 7 декември 1910 година. Основно училиште завршил во Тетово, а Земјоделско-шумарски факултет во ЗемунСрбија во 1934 година. Работел во опитните станици во Сараево, Топчидер – Белград и во Скопје. Специјализирал една година во Грција за селекција на памукот. Во 1948 година доаѓа на Земјоделско-шумарскиот факултет во Скопје, како предавач по индустриски култури, каде и се пензионирал како професор. Учествувал во работата на повеќе тела и комисии. Објавил повеќе научни и стручни трудови од областа на индустриските култури, посебно за памукот. Автор е и на учебникот по индустриски култури.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Македонска енциклопедија. I (I. изд.). Скопје: МАНУ. ISBN 978-608-203-024-1.