Јордан Леов

Од Википедија — слободната енциклопедија
Јордан Леов
Роден 29 август 1920
Македонија Велес, Македонија
Починал 20 септември 1998
Македонија Скопје, Македонија

Јордан Леов (Велес, 29 август 1920 - Скопје, 20 септември 1998) — македонски раскажувач, романописец и драмски автор.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Јордан Леов е роден во Велес на 29 август 1920 година. Студирал право на Универзитетот во Белград, а студиите ги завршил во Софија. За време на окупацијата на Македонија неколкупати бил затворен од бугарската валст и протеран во Бугарија. Учествувал во НОБ. По ослободувањето на Македонија, работел како заменик на јавниот правобранител на Македонија, а исто така, бил уредник на „Нова Македонија“, „Културен живот“ и други весници и списанија. Бил член на Друштвото на писатели на Македонија од 1952 година.[2][3]

Творештво[уреди | уреди извор]

Леов е автор на следниве дела:[4]

  • „Посилни од смртта“ (раскази, 1952)
  • „Велес во НОБ: велешките партизански одреди“ (заедно со Никола Кирков, 1952)
  • „Длабока рана“ (раскази, 1953)
  • „Побратими“ (роман, 1956)
  • „Виор“ (роман, 1957)
  • „Исчезнат свет“ (раскази за деца, 1957)
  • „Расцветан јасмин“ (драма, 1957)
  • „Глуви мугри“ (роман, 1960)
  • „Афион“ (роман, 1963)
  • „Антологија на болката“ (романизирана биографија, 1968)
  • „Лош сон“ (повест за деца, 1972)

Леов е автор на првиот македонски хумористичен роман, „Побратими“ во кој дава интересна слика на велешката чаршија.[5]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Македонски писатели/Macedonian writers, Друштво на писатели на Македонија, 2004, стр. 139 = 140.
  2. „Македонска енциклопедија“, МАНУ, Скопје, 2009, 793 стр.
  3. Георги Сталев (приредувач), Современи македонски раскажувачи, избор. Скопје: Детска радост, Култура, Македонска книга, Мисла и Наша книга, 1990, стр. 44.
  4. Георги Сталев (приредувач), Современи македонски раскажувачи, избор. Скопје: Детска радост, Култура, Македонска книга, Мисла и Наша книга, 1990, стр. 44.
  5. Георги Сталев (приредувач), Современи македонски раскажувачи, избор. Скопје: Детска радост, Култура, Македонска книга, Мисла и Наша книга, 1990, стр. 44.