Драган Манце

Од Википедија — слободната енциклопедија
Драган Манце
Роден 26 септември 1962( 1962-09-26)
Белград, ФНР Југославија
Починал 3 септември 1985(1985-09-03) (возр. 22)
Белград, СФР Југославија

Драган Манце (Белград, 26 септември 1962Белград, 3 септември 1985 ) бил фудбалер на ФК Партизан.

Животопис[уреди | уреди извор]

Гробот на Манце во Белград

Живел во Земун со татко му Фердинанд, мајка му Душанка и помладиот брат Горан. Бил неоженет. Погинал во сообраќајна несреќа на патот БелградНови Сад, на делот кој проаѓа преку Земун, на својата 23 година. Девојката на Драган била Емилија Ерчиќ, некогашна југословенска ракометарка.

Фудбалска кариера[уреди | уреди извор]

Почнал да игра фудбал во Галеника (сегашен „ФК Земун“). Бил многу талентиран играч, така што до неполнни 17 години станал првотимец на Галеника, тогашниот второлигап. На 15 септември 1980 година се префрла во тимот ФК Партизан. Последниот гол во дресот на ФК Партизан го постигнал во првенствениот меч на Партизан - ФК Иднина на Подгорица 2:1 изигран на стадионот ЈНА, на 1 септември од пеналот во 8 минута од играта. Ќе остане запамтен како најголем идол на Гробарите.

Во дресот на Фудбалска репрезентација на Југославија дебитирал на 23 април 1983 година во пријателскиот натпревар против Фудбалска репрезентација на Франција (0:4). Истата година го одиграл четвртиот натпревар за репрезентацијата, повторно против Франција на 12 ноември во Загреб (0:0).

Смрт[уреди | уреди извор]

Манце починал на 3 септември 1985 година во сообраќајна несреќа додека се брзал за тренинг. Денеска многу Гробари мислат дека е тој легенда на српскиот фудбал бидејќи бил најдобар стрелец и играч во историјата на ФК Партизан. По него е исто така наречена и една улица во Белград, недалеку од стадионот на Партизан.

Статистика[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]