Тони Кукоч

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Тони Кукоч
Позиција бек
крило
Висина 2,11 м
Тежина 107 кг
Лига Југословенска лига
Евролига
НБА
Роден 18 септември 1968
Сплит, СР Хрватска
Националност Хрват
Проф. кариера 1985–2006
Натпрев. историја Југопластика
Бенетон
Чикаго Булс
Филаделфија 76ерс
Атланта Хоукс
Милвоки Бакс
Медали
Кошарка (мажи)
Натпреварувач за  Југославија
Сребро 1988 Сеул Национален тим
Натпреварувач за  Хрватска
Сребро 1992 Барселона Национален тим
Светско првенство
Злато 1990 Аргентина  Југославија
Бронза 1994 Канада  Хрватска
Европско првенство
Бронза 1987 Грција  Југославија
Злато 1989 Југославија  Југославија
Злато 1991 Италија  Југославија
Бронза 1995 Грција  Хрватска

Тони Кукоч (роден на 18 септември 1968 во Сплит) е поранешен југословенски и хрватски кошаркар.

Европска кариера[уреди]

Својата кариера ја започнал во 1988 година во Југопластика од Сплит со која на три пати станал шампион во Евролига. Во периодот од 1991 до 1993 година настапувал за Бенетон од Тревизо каде три пати бил прогласуван за најдобар играч во Европа. Во овој период репрезентацијата на Југославија го освоила Светското првенство за јуниори во Бормио, сребрен медал на Олимписките игри во 1988 и Светско првенство во 1990 година во Буенос Аирес. По распаѓањето на Југославија, со хрватската кошаркарска репрезентација на Олимписките игри во 1992 година во Барселона го освоил сребрениот медал.

НБА кариера[уреди]

На НБА драфтот Кукоч бил избран од страна на Чикаго Булс во 1990 година, но продолжил да настапува во Европа до 1993 година кога Чикаго Булс ја освоиле својата трета титула. Во првата сезона Кукоч влегувал како замена на Скоти Пипен и Хорас Грант постигнувајќи солидна дебитантска сезона.

По заминувањето на Грант, Кукоч станал стандарден член на првата петорка станувајќи втор стрелец во тимот по Пипен. По враќањето на Џордан во сезоната 1995/96 и Денис Родман како центар, Кукоч ја изгубил својата првотимска улога. Тој бил трет стрелец во екипата станувајќи најдобар шести играч во оваа сезона. Во истата сезона Чикаго Булс станал шампион поставувајќи рекорд во однос на победите (72:10). Во сезоните 1997 и 1998 година, со Чикаго повторно станал шампион во НБА лигата.

По заминувањето на Џордан и Пипен во 1999 година, Кукоч станал прв стрелец во тимот. По крајот на сезоната бил испратен во Филаделфија а по кратко време заминал најпрвин во Атланта Хоукс а потоа во Милвоки Бакс.

Повлекување[уреди]

Кукоч на 12 септември 2006 година изјавил дека доколку не постигне договор со Милвоки Бакс или Чикаго Булс ќе се повлече од активното натпреварување. И покрај тоа што голем број на клубови пројавиле интерес за Кукоч, тој решил да остане да живее во близина на своето семејство.

Официјално се повлекол на 6 јануари 2007 година кога имал 38 години.