Љубомир Цуцуловски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Љубомир Цуцуловски

Љубомир Цуцуловски
Цело име Љубомир Цуцуловски
Роден 1 септември 1948
Битола, Македонија, СФРЈ

Љубомир Цуцуловски (Битола, 1 септември 1948) е македонски филозоф, писател, есеист и теоретичар.[1][2] Тој е професор на Филозофскиот факултет - Скопје и е автор на повеќе книги и стручни публикации. Во периодот од 1999 до 2005 година бил раководител на Институтот за философија. Во периодот 1993-1994 бил член на управниот одбор на Македонскиот центар за меѓународна соработка.[3] Во 2000 година бил избран е за Претседател на Универзитетскиот сенат на „Св. Кирил и Методиј“.

Кариера[уреди]

Љубомир Цуцуловски дипломирал на Катедрата за филозофија на Филозофскиот факултет во Скопје, на тема „Изворите на Бергсоновата теорија на познанието“. Магистрира по социолошки науки во 1982 година, на Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања - Скопје, на тема: „Религијата и моралот“. Во 1992 година докторира по философски науки на Филозофскиот факултет во Скопје, на тема „Карл Маркс: Раѓањето на историскиот материјализам (1841-1849)“.

Во периодот од 1973 до 1975 година работел како асистент при Институтот за социолошки и политичко-правни науки. Од 1975, па сè до денес, е вработен на Филозофски факултет (Институт за филозофија). За доцент бил избран во 1992 година. Како вонреден професор бил избран 1997 година, а за редовен професор во 2002 година. Во 2007 година станал professor ordinarius. Досега држел настава по повеќе филозофски предмети, помеѓу кои и предметот „Историја на марскизмот“.

Во исто време, активно бил ангажиран во наставата на последипломските студии на следниве институти од Филозофскиот факултет: Институт за филозофија, Институт за одбранбени и мировни студии и на Институтот за историја на уметност со археологија.

Неговиот филозофски интерес е насочен, пред сè, кон проблемот на човековото оттуѓување, кон темелните филозофски прашања и проблемите што се непосредно поврзани со метафизичките прашања за Бог, за неговото постоење, за доброто и злото, под претпоставката дека седобриот, сеумниот и семоќен Бог го создал светот. Оттука, според него, едно од централните прашања на секоја филозофија на религијата е теодикејата. На планот на социјалната и политичка филозофија близок е до Марксовите анализи и сознанија за состојбите и процесите во современиот свет.

Објавени книги[уреди]

  • Марксовиот концепт за човекот, трудот и отуѓувањето“, Комунист, Скопје, 1981;
  • Сведоштва и коментари“, Култура, Скопје, 1999;
  • Разни сказни[1], Култура, Скопје, 2002;
  • Политички сказни“, Култура, Скопје, 2002;
  • Марксовата антрополошка критика на капиталот“, Аз-Буки, Скопје, 2007.
  • Некои контроверзи околу Маркс“: Предговор кон К. Маркс - Ф. Енгелс: „Манифест на комунистичката партија“, Аз-Буки, Скопје, 2008;
  • Роман во една ноќ[2], ВиГ Зеница, Скопје, 2011, 179 стр., ISBN 9786084587156

Извори[уреди]

Наводи[уреди]

  1. 1,0 1,1 "Разни сказни" од Љубомир Цуцуловски“, Вест, 8 јуни 2002, Година: 3, Број:622 (конс. 28 мај 2012).
  2. 2,0 2,1 Пет нови литературни изданија на „ВиГ зеница““, Утрински весник, 27 октомври 2011 (конс. 28 мај 2012).
  3. „Управен одбор на МЦМС“. Македонски центар за меѓународна соработка. http://www.mcms.org.mk/mk/za-nas/nasata-struktura/upraven-odbor-na-mcms.html. конс. 28 мај 2012. 

Надворешни врски[уреди]