Кени ван Хумел

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Кени ван Хумел

Ван Хумел на Енеко Тур 2008.
Лични податоци
Цело име Кени Роберт ван Хумел
Прекар Камиказа Кени
Роден 30 септември 1982 (1982-09-30) (31 г.)
Елден, Холандија
Висина 1,76 м
Маса 64 кг
Податоци за клубот
Мом. клуб Андрони Џакатоли-Венецуела
Дисциплина Друмски велосипедизам
Улога Возач
Вид на возач Спринтер
Аматерски клубови
2002–2003
2004
2005
Рабобанк ТТ3
Ван Хемерт-Јурогифтс
Eurogifts.com
Професионални клубови
2006–2011
2012–2013
2014–
Скил-Шимано
Вакансолел-ДКМ
Андрони Џокатоли-Венецуела
Последна промена
29 јануари 2014

Кени Роберт ван Хумел (холандски: Kenny Robert van Hummel; р. 26 септември 1982 во Елден, Гелдерланд) — холандски професионален друмски велосипедист, специјализиран за спринтерски завршници, кој вози за професионалната континетална екипа Андрони Џакатоли-Венецуела,[1] и живее во Дрил, пред тоа преселувајќи се од Елден.[2][3]

Кариера[уреди]

Ван Хумел започнал со велосипедски трки на седумгодишна возраст и една година подоцна станал член на велосипедскиот клуб „Де Аделар“ во Апелдорн. Имал успешна младинска кариера и во 1998 се придружил на младионскиот клуб Рабобанк. Започнал со друмски и велодромски трки. Во 2000, неговата втора година како јуниор, завршил четврти на Светското велодромско првенство за младинци.

Во 2004, Ван Хумел ја променил екипата за Ван Хемерт-Јурогифтс. Ван Хумел го освоил спринтот на ЗЛМ Тур и станал втор во националното првенство за еспоарс. Една година подоцна, Ван Хумел го освоил холандското друмско првенство за велосипедисти без професионален договор и победил на пет критериума.

Во 2006, Ван Хумел станал професионален велосипедист за Скил-Шимано. Таа година стигнал на подиумот на етапите од Трката околу Белгија и Енеко Тур и ја освоил Трката околу Северна Холандија, која завршила со спринт.

2009 била успешна година за Ван Хумел, особено месец мај. Освоил пет трки, Профронде ван Фрислан, Венделан-Венделан, Тур де Рајк и етапа на Четири дена Денкерк и потврдил дека може да победи во спринтови како професионалец. Станал лидер во Европската турнеја UCI 2008-2009.[4] На националното друмско првенство, Ван Хумел се натпреварувал цел ден за победи. Кос Муренхаут побегнал на крајот, но Ван Хумел завршил втор со освојување на спринтот.[5]

Ван Хумел бил избран да се придружи на Тур де Франс 2009, откако неговата екипа Скил-Шимано добила покана. Ван Хумел бил првиот, кој заминал на хронометар во првата етапа и го завршил хронометарот со второ најлошо време. По шестата етапа, Ван Хумел бил на последното место. Во наредните планински етапи, Ван Хумел не можел да се одржува со другите велосипедисти и завршувал меѓу последните велосипедисти секој ден, понекогаш возел десетици километри сам, со големо задоцнување за другите велосипедисти. Неговите потешкотии биле зголемени од фактот дека неговата екипа не можела да му посвети поддршка (како што вообичаено се прави за другите спринтери, како Марк Кевендиш), како што не можеле да си го дозволат ризикот, двајца возачи да бидат дисквалификувани. Неговата дневна борба против временската граница и неговиот позитивен став го направиле популарен велосипедист во Холандија. На 17. етапа паднал и ја напуштил трката поради неговите повреди.

По планинските етапи, францускиот весник L'Équipe го именувал Ван Хумел „најлош искачувач некогаш“ на Тур де Франс. Весникот вели дека не се случило претходно, истиот велосипедист да заврши последен на секоја планинска етапа.[6] Тоа што тие не го рекле, дека некои други возачи не ни завршиле во текот на Трката, поради тешките планински етапи.

Ван Хумел се придружил на Вакансолел-ДКМ за сезоната 2012, потпишувајќи двегодишен договор.[7]

Ван Хумел се приклучил на Андрони Џокатоли-Венецуела за сезоната 2014, откако неговата претходна екипа, Вакансолел-ДКМ[8], се распаднал на крајот на сезоната 2013.[1]

Достигнувања[уреди]

2006
3. Национални велодромски првенства - Медисон со Арт Вирхутен)
2007
1. Трка околу Северна Холандија
2008
4. Дач Фуд Вали Класик
10. Париз-Брисел
2009
1. Профронде ван Оверајсел
1. Етапа 1 Четири дена Денкерк
1. Батавус Про Рејс
1. Венендал-Венендал
1. Тур де Рајк
1. Трка околу Дренте
2. Гроте Шелдепрајс
2. Трка околу Северна Холандија
2. Холандско национално друмско првенство
2010
1. Трка околу Хајнан
1. Етапа 4
1. Етапа 5
1. Етапа 7
1. Етапа 8 (поништен резултат [9])
1. Етапа 9
1. Етапа 1 Тур де Пикарди
1. Етапа 2 Трка околу Белгија
2011
1. Краен пласман Трка околу Дренте
1. Етапа 1
1. Етапа 2
1. Етапа 8 Трка околу Турција
1. Меморијал Рик ван Стенберген
Трка околу Хајнан
1. Етапа 6
1. Етапа 7
1. Етапа 9
2. Тур де Рајк
2012
1. Етапа 2 Тур де Пикарди
3. Курне-Брисел-Курне
2013
2. Краен пласман Арктичка трка Норвешка
1. Етапа 1
2. Класик Хандзаме
3. Краен пласман Тур де Пикарди
3. Делта Тур Зеланд
3. Дач Фуд Вали Класик
5. Омлоп ван хет Хутланд

Наводи[уреди]

Надворешни врски[уреди]