Благоја Чоревски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Благоја Чоревски
Роден 9 септември 1947(1947-09-09)(76 г.)
Велес, Македонија Македонија
Националност Македонец
Познат по улога во:
Пресуда
Викенд на мртовци
Време, води
Преспав
Балкан бенд
Хихирику
Исправи се, Делфина
Битолски лакрдии
Тетовирање
Вистинска љубов
Занимање глумец
режисер
Татко Трајко Чоревски
Мајка Ратка Чоревска
Роднини Борис Чоревски (брат)
Илина Чоревска (внука)

Благоја Чоревски (Велес, 9 септември 1947) — македонски глумец и режисер, општественик и државник. Тој е син на доајенот на македонското глумиште Трајко Чоревски и глумицата Ратка Чоревска[1]. Неговиот брат Борис Чоревски е познат битолски глумец[1].

Животопис[уреди | уреди извор]

Чоревски е роден во Велес на 9 септември 1947 година. Завршил Театарска академија во Софија во 1971 година. Член на Драмскиот театар од 1971 година. Бил директор на Драмскиот театар од 1983 до 1998 година, заменик-министер за култура во Владата на Македонија 1998 до 2001, како претставник на ДА и претседател на Советот на град Скопје, каде бил разрешен на 21 јануари 2008[2]. Бил член и висок функционер во Демократската алтернатива, за подоцна да премине во Демократскиот сојуз[3].

Филмографија[уреди | уреди извор]

Настапувал во неформални театарски проекти, на естрадата, на филм и на ТВ.

Година Филм Улога
1960-ти
1969 Волшебниот воз ТВ-серија
1970-ти
1972 Табакерата ТВ-филм Сулејман бег
1973 Новогодишен карусел ТВ-филм
1975 Сребрено јаболко ТВ-филм
1975 Илинка ТВ-филм
1975-1976 Патот кон иднината ТВ-серија
1977 Итар Пејо ТВ-серија Толе
1977 Големата соба ТВ-филм Бранко
1977 Исправи се, Делфина ТВ-филм ТВ Новинар
1977 Пресуда ТВ-филм Командант
1979 Хихирику Радио-емисија
1979 Курирот на Гоце ТВ-серија Мино
1980-ти
1980 Учителот ТВ-филм
1980 Време, води ТВ-филм Кузе
1981 Булки крај шините ТВ-серија Владо
1982 Илинден ТВ-серија Сулејман
1983 Кога тетин Клименте шеташе над градот ТВ-филм Клименте
1983 Премиера ТВ-филм
1984 Исчекување ТВ-филм Ристе
1984 Хихирику - 5 години ТВ-филм
1984 Лет во место ТВ-филм Евто
1984 Камчевци ТВ-серија
1984 Белото циганче ТВ-серија
1984 Комедијанти ТВ-серија Трагичарот
1984 Диво месо ТВ-филм Стефан
1985 Другар на патот ТВ-филм
1985 Дупло дно ТВ-филм Нове
1985 Ајде да се дружиме ТВ-серија Баже
1985 Тетовирани души ТВ-филм
1987 Театарче лево ќоше ТВ-филм
1987 Пикасо ТВ-филм
1987 Случки од животот ТВ-серија
1988 Чук чук Стојанче ТВ-серија
1988 Викенд на мртовци ТВ-серија Кирца
1988-1990 Еурека ТВ-серија Кардинал Балермино
1990-ти
1990 ДО РЕ МИ ТВ-серија Васе
1990 Северна грешка ТВ-филм Брчка
1990 Трст виа Скопје ТВ-серија Маргус
1990 Алф од Ново Лисиче ТВ-филм Чаки Панкерот
1990 Викенд на мртовци ТВ-филм Кирца
1991 Тетовирање ТВ-филм Батко доктор
1991 Болва в' уво ТВ-филм Лакан
1991 Женски оркестар ТВ-филм Благојка
1991 Во кафулето кај Гане ТВ-филм Гене
1992 Чернодрински се враќа дома ТВ-филм
1996 Самоуништување Славчо
1998 Салон Хармони ТВ-серија Богдан
1999 Хихирику ТВ-серија
2000-ти
2000-2001 Во светот на бајките ТВ-серија
2001 Агенција осамени срца ТВ-серија Ведран
2003 Битолски лакрдии ТВ-серија
2004 Хихирику ТВ-серија
2005 Крчма на патот кон Европа ТВ-филм Бержерак
2006 Пусто турско ТВ-филм
2008 Куќен совет ТВ-серија
2009 Ветар низ тополите ТВ-серија
2009 Балкан бенд ТВ-серија Благојка
2010-ти
2016 Вистинска љубов ТВ-филм Васо Пинго
2016 Операција Дијамант ТВ-серија Мистер Џон
2016-2020 Преспав ТВ-серија Генади
2018 Ругање со Христос ТВ-филм Анести
2019 Фамилија Марковски ТВ-серија Извршителот
2019 Врба ТВ-филм Манчо
2020-ти
2020 Дајте музика ТВ-серија Дедо Баже
2021 Кино Љубов ТВ-филм проф. Ѓулев
2022 Лена и Владимир ТВ-филм Ацо
2022 Кајмак ТВ-филм Мишко
2022-2023 Бистра вода ТВ-серија

Награди[уреди | уреди извор]

Чоревски е добитник е на голем број на награди, како во поранешен СФРЈ, така и во Македонија:

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Кон 50-годишнината од смртта на истакнатиот македонски филмски и театарски глумец Трајко Чоревски (1921-1955 )“. Утрински Весник. 2005. Посетено на 2011-01-09.
  2. „Благој Чоревски -ЧЛЕН НА СОВЕТОТ НА ГРАД СКОПЈЕ“. Град Скопје. Архивирано од изворникот на 2015-09-24. Посетено на 2009-11-19.
  3. „Благоја Чоревски премина во Демократскиот сојуз“. Утрински Весник. 23 април 2008. Посетено на 2009-11-19.
  4. „„Златна маска" за Соња Михајлова и Благоја Чоревски“. Утрински Весник. 21 август 2007. Посетено на 2009-11-19.
  5. „Претседателот Пендаровски ги одликуваше Бедија Беговска, Благоја Чоревски, Ѓокица Лукаревски, Оливера Николова, Рефет Абази и Слободан Унковски со Орден за заслуги“. Посетено на 30 јануари 2024. од Телма.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]