Карлос Валдерама

Од Википедија — слободната енциклопедија
Карлос Валдерама
Лични податоци
Роден на 2 септември 1961(1961-09-02)(62 г.)
Роден во Санта Марта, Колумбија
Држава Колумбија Колумбија
Висина &100000000000001830000001,83 м
Играчки податоци
Позиција среден ред
Повлекување 2002
Младинска кариера
Унион Магдалена Унион Магдалена
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
1981-1983 Унион Магдалена Унион Магдалена 94 (5)
1984 Миљонариос Миљонариос 33 (0)
1985-1987 Депортиво Кали Депортиво Кали 131 (22)
1988-1990 Монпелје Монпелје 77 (4)
1990-1991 Реал Ваљадолид Реал Ваљадолид 17 (1)
1992 Индепендиенте Меделин Инд. Меделјин 10 (1)
1993-1995 Атлетико Хуниор Атлетико Хуниор 82 (5)
1996 Тампа Беј Мутини Тампа Беј Мутини 23 (4)
1996-1997 Депортиво Кали Депортиво Кали 18 (4)
1997 Тампа Беј Мутини Тампа Беј Мутини 20 (3)
1998-1999 Мајами Фјушн Мајами Фјушн 22 (3)
1999-2001 Тампа Беј Мутини Тампа Беј Мутини 71 (5)
2001-2002 Колорадо Рапидс Колорадо Рапидс 39 (1)
Репрезентација
1980-1981 Колумбија Колумбија 20 ? (?)
1985-1998 Колумбија Колумбија 111 (11)
  • Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари
податоците се од 6 јануари 2011.

† Учества (Голови).

‡ Учествата и головите за репрезентација се според податок од 17 ноември 2010

Карлос Алберто Валдерама Паласио (роден на 2 септември 1961, во Санта Марта, Колумбија) — поранешен колумбиски фудбалер, играч од средниот ред.

Познат по долгата руса-афро коса, црните мустаќи, заедно со неговата екстравагантна техника со топката, го направиле еден од најпрепознатливите фудбалери на сите времиња.[1] Во неговата кариера, тој двапати ја добил наградата за Фудбалер на годината во Јужна Америка (1987 и 1993). Неговиот прекар бил El Pibe (детето).

Со својата репрезентација има учествувано како капитен на три светски првенства - Италија 1990, САД 1994 и Франција 1998 - за вкупен период од единаесет години (1987-1998). Со 111 настапи, е играчот со најмногу изиграни натпревари за репрезентацијата на Колумбија.[2] Тој станал меѓународно познат во доцните осумдесетти и раните деведесетти. Во март 2004 е додаден на ФИФА 100 списокот на Пеле во која се вклучувени 125-те најголеми живи фудбалери. Исто така, Валдерама ја зазема триесет и деветтата позиција на списокот на најдобрите јужноамерикански фудбалери на дваесеттиот век објавенa од страна на IFFHS, исто така, во 2004.[3]

Животопис[уреди | уреди извор]

Валдерама е оженет и има три деца. Тој во моментов е тренер на фудбалската академија во Клирвотер, на Флорида.

Технички одлики[уреди | уреди извор]

Неговиот стил на игра вклучува широк репертоар на брзи додавања, прв допир и долги топки, како и вешт дриблинг, кој му дозволуваат да ја задржи топката долго во посед. По победата над Аргентина на Копа Америка 1987 бил дефиниран како класичен број десет, кој може да се справи топката со голема прецизност.

Неговиот главен недостаток бил бавноста, но можел да го надомести тоа поради техничките вештини; други слабости му биле ударот со глава и задачите во одбранбената фаза, во која учествувал малку. На теренот многу ретко се покажал како себичен, често обезбедувајќи одлучувачки асистенции за своите соиграчи: обично се поставувал во улогата на плејмејкер, со оглед на неговата визија за играта, извршенита функција на разигрувач, диктирање на темпото на тимот бил и те како полезен за својот тим. Тој играл фудбал спротивен од денешниот, без физичка и атлетска сила кој стануваат сè повеќе и повеќе важни, малку трчање, но маневрирање и циркулирање на топката со брзина и интелигенција.

Клупска кариера[уреди | уреди извор]

Почетоците со Унион Магдалена[уреди | уреди извор]

Откако го поминал детството и адолесценцијата му помагал на неговиот татко на тренинзите во Унион Магдалена и се приклучил на младинскиот сектор во истата екипа, каде бил член во периодот од 1978 до 1980. За првиот тим на Унион Магдалена дебитирал во Првата колумбиска лига на 15 март 1981, кога влегол во игра во 74-тата минута наместото на Карлос Алберто Барето во натпреварот против Индепендиенте Санта Фе, што завршил 1-1.[4] Првото првенство на Валдерама со Унион Магдалена било она во 1981 година кога клубот стигнал до полуфиналната групна фаза (во времето кога турнирот бил структуриран во различни фази по група), каде завршиле на последното место и тоа им предрасудило да останат надвор од конкуренција за титулата. Валдерама го постигнал првиот гол во својата професионална кариера на 12 август 1981 против Депортес Киндио во неговиот 15-ти натпревар.[5] Првиот период во клубот не бил многу позитивен за Валдерама, сепак, заедно со неговиот братучед Диди, уживал во довербата на тренерот Перфекто Родригес. Следната година резултатите се влошуваат, и Унион е запрен во вториот круг, собирајќи вкупно 18 бода во групата 21 натпревар во групата. Валдерама го направил своето деби на 3 март против Депортиво Кали, го постигнал првиот гол на 20 мај против Онсе Калдас, а во август за првпат во својата кариера бил санкциониран со црвен картон, во натпреварот со Атлетико Насионал. На крајот на сезоната имал 43 настапи и 2 гола (вклучувајќи 25 настапи со 1 гол во Апертура). Форматот на натпреварување се променил следната сезона, но не се подобрила ефикасноста на тимот. Сепак тоа не му пречело на Валдерама да одигра уште една одлична поединечна сезона во која запишал 36 настапи и постигнал 2 гола. Тој подоцна бил продаден на Миљонариос од Богота, во тоа време тим кој бил еден од главните конкуренти за насловот во првенството на Колумбија.

Миљонариос[уреди | уреди извор]

По пристигнување во клубот од Богота, тој морал да промени многу работи како на пример: климата тука е постудена, најголемиот град и најголемата одговорност. Тренерот Хорхе Луис Пинто му понудил многу можности да игра, иако најчесто започнувал на клупата, но играчот од средниот ред не можеше да го даде својот максимум. Поради тоа клубот одлучил да го стави на продажба. Тука била екипата на Депортиво Кали кој сакале да го купат младиот плејмејкер, и го платиле истиот износ за кој претходно Миљонариос ги натерал челните луѓе на Унион Магдалена да се откажат од неговите услуги, односно десет милиони пезоси.

Депортиво Кали[уреди | уреди извор]

Свеж од малку среќното искуство во клубот од главниот град, Валдерама бил во можност да направи промена во својата кариера со Депортиво Кали, тимот со кој се поставиле темелите на неговата иднина и богатство на европско и меѓународно ниво. Во 1985 на клупата на клубот седнал Владимир Поповиќ, поранешен играч од средниот ред на Југославија, кој многу години работел како тренер во Јужна Америка, а особено во Колумбија. Во првата сезона се родила силна врска помеѓу Валдерама и Бернардо Редин, исто така, играч од средниот ред, двајцата толкувале сличен начин на игра и со упорност и вештина, формирајќи дуо со имагинација. Во првенството, тимот одржувал добри перформанси, толку многу што на крајот на сезоната тој завршил на второто место, само надминат од Америка де Кали што довело до тоа да имаат двајца играчи на списокот на стрелци, Серхио Ангуло со 25 гола и Мигел Гонсалес со 34. Во еден натпревар против Кукута, Валдерама ги постигнал првите два гола (на еден натпревар) во неговата кариера. На крајот на сезоната тој направил 48 настапи и постигнал фантастични 13 гола.

Следната година екипата се вратила на настапите во Копа Либертадорес по пет години отсуство и стојат како еден од главните претенденти за титулата. Предводени од тандемот Редин-Валдерама, во својата најдобра форма во моментот, клубот тој заврши на второто место во групата 2 (а понатаму одел само првиот) зад Америка на Габриел Очоа Урибе, кој им го земале насловот и во првенството втора година по ред. Во неговата последна сезона, Депортиво Кали бил елиминиран во Копа Либертадорес овој пат на пенали со 4-2, а во првенството на Колумбија шампион станал неговиот поранешен тим Миљонариос. По завршувањето на сезоната Валдерама го напуштил клубот.

Доаѓање во Европа: Монпелје и Реал Ваљадолид[уреди | уреди извор]

Во 1988 колумбискиот играч од средниот ред пристигнува во Европа, кога на возраст од дваесет и седум години потпишал за францускиот Монпелје. Всушност тој имал неколку настапи на репрезентативно ниво, и се опоравувал од повреда задобиена во натпреварот во кој имал позитивни перформанси против Англија што завршил со резултат 1-1 на 24 мај 1988 на Вембли. Како последица на натпреварот, англиските весници, пишувале дека Монпелје има "среќа" што обезбедил играч како Валдерама.[6] Иако тој направил фантастично деби постигнувајќи ги двата гола за неговиот тим во победата со 2-0 во пријателски натпревар против Партизан од Белград, почетокот во Лига 1 не бил најдобaр; тој дошол во Франција надвор од форма, а потоа тренерот на Монпелје Пјер Моска го вади од почетната постава, со што тој останал на клупата. Лоран Блан, тогашниот негов тимски колега, ги припишувал тешкотиите со кои се соочил Валдерама на разликата меѓу колумбискиот-јужноамерикански фудбал и европскиот фудбал, особено на тактички и физички план.

Во 1989 со доаѓањето на новиот тренер Хенрик Касперчак, Валдерама добил постојано место во почетната постава, успевајќи да биде одлучувачки за тимот, како што се случило за време на Купот на Франција 1989-1990 (иако не бил присутен на теренот во финалето), особено во полуфиналето против Сент Етјен. Во 1990 бил продаден на шпанскиот клуб Реал Ваљадолид - за околу четириесет милиони пезети - каде што веќе играле двајца од неговите колеги во репрезентацијата Рене Игита и Леонел Алварез, и тренер бил неговиот поранешен соиграч Франсиско Матурана, кој ја предводел Колумбија на Светското првенство 1990 во Италија. Кратко време по доаѓањето на јужноамериканците, претседателот на тимот ја напуштил својата функција, факт што бил проследен со неколку економски потешкотии внатре во клубот. Откако колумбискиот тренер Матурана неуспеал да избори добри резултати му бил врачен отказ, и со него заминале и другите три сонародници; Индепендиенте Меделјин го купува Валдерама за 45.000.000 пезети.

Назад во Колумбија[уреди | уреди извор]

Откако пристигнал во Меделјин, Валдерама настапувал за Индепендиенте во колумбиското првенство во сезоната 1992, но клубот разочарал целосно завршувајќи на тринаесеттото место во првата фаза од првенството (не поминале понатаму во борбите за титулата), во кое доминирал и ја освоил титулата тимот на Америка Кали. По завршувањето на првенството 1992, незадоволен од резултатите постигнати во клубот претходната сезона, Валдерама се решил да ја смени клупската средина приклучувајќи му се на Хуниор за сума од 1.200.000 $. Хуниор во претходната сезона стигнал до финалната група, но таму го заземале последното место со 6 порази од 6 натпревари. Сезоната 1993 за Валдерама и неговиот нов клуб започнала успешно бидејќи во првата фаза на турнирот Хуниор завршил како победник, освојувајќи го првото место со два бода повеќе од неговиот довчерашен клуб Индепендиенте Меделјин. Во полуфиналната група клубот играл многу послабо отколку во првата фаза, но сепак завршувајќи како втори во групата зад Аталетико Насионал избориле пласман во финалната група, во која покрај овие два тима се нашле и екипите на Индепендиенте Меделјин и Америка Кали. На 19 декември 1993, погодокот на Освалдо Мекензи во 89-тата минута против Атлетико Насионал му ја донел првата титула на Хуниор по тринаесет години пост. Така и Валдерама ја освоил својата прва титула во домашното првенство на возраст од 32 години, а неговиот придонес во тоа се состоел од 5 постигнати гола и, пред сè, голем број на асистенции и креативни акции во средниот ред.

Следната сезона, започнала без Валдерама: по убиството на Андрес Ескобар, всушност, популарниот El Pibe најавил повлекување од фудбалот, но два месеци подоцна, тој ја променил својата одлука, благодарение на влијанието на тренерот Комесања. Ситуацијата била непријателски настроена: по елиминацијата на репрезентацијата на Колумбија во првиот круг на Светското првенство 1994, поранешниот идол бил несреќен поради навивачите на различни екипи, кои го обвинувале за неуспехот што се случил во САД. Сезоната на клупско ниво исто така завршила неуспешно со испаѓањето на Атлетико Хуниор во полуфиналната група, поради слабите резултати особено за време на првата фаза од сезоната кога играле без Валдерама. Следната сезона се сменил форматот на натпреварување и тоа очигледно многу повеќе му одговарало на Валдерама кој веќе бил во фудбалски поодминати години. Тој го предводел Хуниор до четвртата титула шампион на Колумбија во историјата на клубот.

Искуството во САД[уреди | уреди извор]

Во 1996, во поглед на создавањето на националното фудбалско првенство, на Фудбалската федерација на САД одлучила, да се балансираат вредностите на тимовите да се обезбеди турнир што е можно повеќе урамнотежен, да се додели на секој од различните тимови четири играчи избрани меѓу најдобрите според некој елементи, кои биле одбрани да играат во новата лига. Како резултат на тоа, Валдерама бил доделен на Тампа Беј Мутини, тимот во кој тој изразил желба да игра, a дебитирал на 13 април 1996 во натпреварот против Њу Ингланд Револушн. Првата сезона на колумбиецот во САД се одликувала со одлична изведба : одиграл 23 натпревари во регуларниот дел од сезоната, постигнувајќи 4 гола и, што е најважно, остварил седумнаесет асистенции, и покрај тоа што бил на возраст од 35.

Авантура во плејофот е прекината во полуфиналето, кога салвадорецот Раул Диаз Арсе постигнал хет-трик во првиот натпревар, со што речиси го одвел во следната рунда тимот на Ди Си Јунајтед, кој го добил и вториот натпревар одигран во Тампа со 2-1, откако направиле пресврт по негативата од 1-0. На крајот на сезоната Валдерама ја добил наградата за МВП (ем-ви-пи) - најдобар играч на сезоната, додека неговиот соиграч Рој Ласитер брилирал на списокот на стрелци со 27 постигнати голови. Следната сезона ја отворил на 6 април 1997; Тампа Беј Мутини завршиле на второто место во источната конференција, а Валдерама го одржал просекот од 0,95 асистенции по натпревар во регуларниот дел од сезоната, додека нокаут-фазата за тимот завршила во првиот круг, по двојниот пораз против Колумбус Кру. Сепак, тој уште еднаш бил посочен како еден од најдобрите во лигата, и бил на списокот на играчи кој конкурирале за МВП (која отишла кај американецот роден во Србија Преки) и бил прогласен за најдобар играч на МЛС Ол-стар натпреварот. Набргу потоа ја напуштил Тампа, и имал краток период во Депортиво Кали во 1997, што завршил во март, кога одлучил да се врати во МЛС, приклучувајќи му се на Мајами Фјушн тим кој го имал своето прво учество во првенството по нејзиното основање минатата година. Во 18 настапи играчот од средниот ред му помогнал на клубот со дванаесет асистенции да стигне до плејофот откако го освоиле четвртото место во источната конференција, последното место на располагање за плејоф, со само еден бод предност во однос на поранешниот тим на Валдерама. Во обидот да ја минат првата фаза од плејофот на клубот на колумбискиот фудбалер повторно му се испречил Ди Си Јунајтед, кој бил подобар на пенали.

Искуството на колумбиецот во Мајами завршило на 23 април 1999, по четири натпревари од регуларниот дел од сезоната (во кои тој постигнал еден гол и направил две асистенции), делумно поради влошените односи со бразилскиот тренер Иво Вортман[7], потоа тој одиграл два несреќни плејоф натпревари за Тампа Беј Мутини против Колумбус Кру. Во сезоната 2000, првата целосна по враќањето во Мутини, Валдерама поставил рекорд 26 асистенции во 30 натпревари, и на тој начин придонел за квалификација на тимот во плејофот, каде уште еднаш во разигрувањето за титулата застанал по одиграни два натпревари: со Лос Анџелес Галакси кој всушност бил подобар од екипата на Тампа во двата натпревари, со што ја затвориле последната сезона на Валдерама во Флорида. Сезоната 2001 била пресвртница за играчот од средниот ред кој поминал од топлата Флорида во сувото Колорадо, потпишувајќи за екипата на Колорадо Рапидс. Тој "се подготвувал" да наполни 40 години, возраст која го направила најстариот играч во МЛС.[8] Тој се преселил во Колорадо Рапидс во размена на играчи меѓу клубовите.[9] И покрај тежината на возраста, сепак успеал да одигра дванаесет натпревари во лигата, но не се квалификувал за плејофот, исто така се намалил и бројот на асистенции, во износ од три.

Сезоната 2002 била последната година во кариерата на Валдерама, како и еден од најдобрите во лигата : всушност формацијата на Колорадо достигна до полуфиналето, и таму морале да се предадат само на подоцнежните шампиони Лос Анџелес Галакси (одлучувачки за двомечот бил трите гола на гватемалецот Карлос Руиз). Неговата поединечна статистика била фантастична (16 асистенции во 27 натпревари во регуларниот дел од сезоната). Валдерама ја затворил својата кариера во професионалниот фудбал на четириесет години, и бил запаметен како еден од најдобрите играчи во МЛС лигата и го држи рекордот за најголем број на асистенции (114).[10] На 1 февруари 2004, официјално го одиграл својот последен натпревар на кој присуствувале разни други личности од фудбалот во Јужна Америка.[11]

Репрезентативна кариера[уреди | уреди извор]

Валдерама дебитирал за Колумбија во 1985 г. против Парагвај во плејофот за пласман на Светското првенство 1986 - во првиот натпревар, загубен со 3-0, тој ги одиграл само последните десет минути, а во реваншот, добиен со 2-1, започнал како стартер. Во 1987 Колумбија, заедно со Чиле, се пријатно изненадување на Копа Америка, достигајќи соодветно до третото и второто место. Колумбија била на чекор од финалето, но загубиле од Чиле по продолженија. Валдерама бил ѕвездата на турнирот со пет асистенции и еден гол во четири натпревари.

Во квалификациите за Светското првенство 1990 Валдерама бил капитен на Колумбија и репрезентацијата успева да се пласира на таков собир за првпат по 28 години. Таму за првпат во историјата Колумбија стигнала до натпревар од директните елиминации, но отпаднале од Камерун на Роже Мила по продолженија. Валдерама одново е на висина на задачата со две асистенции и гол при вкупно четирите гола за тимот на турнирот. На светските првенства во 1994 и 1998 година Колумбија остварува само по една победа во групната фаза и испаѓа рано, а Валдерама бил стартер во сите натпревари. Иако на светското првенство 1998 имал 36 години тој бил прва ѕвезда и главен играч на тимот. Колумбија во групата не можела да им се спротивстави на силните Англија и Романија, но го совладала Тунис со 1-0 со голот на Лејдер Пресиадо на асистенција на Валдерама, што не било доволно за пласман во нокаут-фазата.

Клупска статистика[уреди | уреди извор]

Сезона Тим Првенство Национален куп Континентални купови Останати купови Вкупно
Лига Наст Гол Куп Наст Гол Куп Наст Гол Куп Наст Гол Наст Гол
1981 Колумбија Унион Магдалена CP 15 1 15 1
1982 CP 43 2 43 2
1983 CP 36 2 36 2
Вкупно Унион Магдалена 94 5 94 5
1984 Колумбија Миљонариос CP 33 0 33 0
1985 Колумбија Депортиво Кали CP 48 13 48 13
1986 CP 46 5 CL ? ? 46+ 5+
1987 CP 37 4 CL ? 1 37+ 5
1988-1989 Франција Монпелје Л1 24 1 CdF 2 0 К. УЕФА 1 0 27 1
1989-1990 Л1 18 1 CdF 5 1 23 2
1990-1991 Л1 35 2 CdF 2 0 КПК 4 0 41 2
Вкупно Монпелје 77 4 9 1 5 0 91 4
1991-1992 Шпанија Реал Ваљадолид ПД 17 1 КШ 2+ ? 19+ 1+
1992 Колумбија Индепендиенте Меделјин CM 10 1 10+ 1+
1993 Колумбија Атлетико Хуниор CM 35 4 35 4
1994 CM 18 1 CL ? ? 18+ 1+
1995 CM 29 0 29 0
Вкупно Атлетико Хуниор 82 5 82+ 5+
1996 САД Тампа Беј Мутини МЛС 23+4 4+0 27 4
1996-1997 Колумбија Депортиво Кали CM 18 4 CL ? 1 18+ 5
Вкупно Депортиво Кали 149 26 ? 2+ 149+ 28
1997 САД Тампа Беј Мутини МЛС 20+2 3+0 22 3
1998 САД Мајами Фјушн МЛС 18+2 2+0 20 2
1999 МЛС 4 1 4 1
Вкупно Мајами Фјушн 22 3 22 3
1999 САД Тампа Беј Мутини МЛС 0+2 0+0 2 0
2000 МЛС 32+2 1+0 34 1
Вкупно Тампа Беј Мутини 83 8 83 8
2001 САД Колорадо Рапидс МЛС 12+0 0+0 12 0
2002 МЛС 27+5 5+1 32 6
Вкупно Колорадо Рапидс 44 6 44 6
Вкупно во кариерата 611 59 9+ 1+ 5+ 2+ 625+ 62+

Титули[уреди | уреди извор]

Франција Монпелје[уреди | уреди извор]

Колумбија Хуниор[уреди | уреди извор]

Колумбија Репрезентација на Колумбија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Цесар Муњос. colombia.com (уред.). „El más querido, el inolvidable...“ (шпански). Посетено на 3 мај 2010.
  2. RSSSF (уред.). „Colombia - Record International Players“ (шпански). Посетено на 28 мај 2010.
  3. IFFHS (уред.). „South America best Player of the Century“ (германски, англиски, шпански, и француски). Посетено на 8 ноември 2010.
  4. colombia.golgolgol.net (уред.). „Санта Фе-Унион Магдалена“ (шпански). Архивирано од изворникот на 2012-07-10. Посетено на 11 април 2012.
  5. colombia.golgolgol.net (уред.). „Campeonato Profesional 1981“ (шпански). Архивирано од изворникот на 2012-07-26. Посетено на 11 април 2012.
  6. FIFA, уред. (2003). „Valderrama: an artist's short spell in Montpellier5“ (шпански). Архивирано од изворникот на 2010-12-22. Посетено на 6 мај 2010.
  7. Los Angeles Times, уред. (1999). „Valderrama Provides Some Drama for Mutiny“ (англиски). Посетено на 22 јуни 2010.
  8. ФИФА (уред.). „Гривата на лавот наполни 40“ (англиски). Посетено на 11 мај 2010.[мртва врска]
  9. Хартфорд Курант, уред. (2001). „Transactions“ (англиски). Посетено на 25 август 2011.[мртва врска]
  10. mlssoccer.com, уред. (2005). „Rapids Alumni Players Marcelo Balboa and Carlos Valderrama Named to MLS All-Time Best XI Team“ (англиски). Посетено на 24 мај 2010.[мртва врска]
  11. Ел Тиемпо (уред.). „El Día Del Pibe Fue De 30 Horas“ (шпански). Посетено на 24 мај 2010.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]