Иван Петрович Павлов

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај


Иван Петрович Павлов
Ivan Pavlov nobel.jpg
Павлов во 1904 година
Роден 14 септември 1849
Русија
Починал 27 февеуари 1936
Ленинград, Советски сојуз
Националност Русин
Поважни награди Нобелова награда за физиологија или медицина (1904)

Иван Петрович Павлов (14 септември 1849 - 27 февруари 1936), бил руски научник и физиолог познат по неговите експерименти со кучиња. Со својата теорија за условните рефлекси и со други трудови од областа на вишата нервна дејност ги удрил темелите на материјалистичкото толкување на највисоките функции на кората на големиот мозок. Во 1904 ја добил Нобеловата награда за медицина и за физиологија за научно изтражување однесувајќи се на системот за варење.

Неговото познато иследување[уреди]

Павлов им ја презентирал храната на кучињата во исто време заѕвонувајќи со ѕвоно. Откако ќе ја повторел оваа постапка неколку пати, кучето со антиципирање почнувало да лачи плунка уште на звукот од ѕвончето, без оглед дали храната му била донесена или не. Павлов заклучил дека сите стекнати навики, дури и повисоките ментални активности на човекот, зависат од условните рефлекси.